филхармонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 19 Oct 2023 05:17:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png филхармонија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Музика на Прајснер од филмовите на Кишловски во изведба на Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzika-na-prajsner-od-filmovite-na-kishlovski-vo-izvedba-na-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzika-na-prajsner-od-filmovite-na-kishlovski-vo-izvedba-na-filharmonija/#respond Thu, 19 Oct 2023 05:20:41 +0000 https://kurir.mk/?p=890552

Музика на Збигњев Прајснер, напишана за филмовите на режисерот Кшиштоф Кишловски, вечер, од 20 часот, ќе биде изведена од оркестарот на Македонската филхармонија под диригентската палка на Николас Чалмерс од Англија. - На програмата се: „Лакримоса“ од „Реквием за мојот пријател“, селекција на филмска музика од филмовите: „Декалог“, „Тајната градина“, „Двојниот живот на Вероника“, „Трибои: сино, бело и црвено“. Како солистка ќе ја чуеме Филипа Бојл од Англија, а ќе настапи и хорот “Про Арс”, информираат од Филхармонија. Збигњев Прајснер (1955) е еден од водечките композитори на филмска музика и еден од најзначајните во неговата генерација. Прајснер соработуваше со познатиот полски режисер Кшиштоф Кишловски на неговите филмови „Декалог“, „Двојниот живот на Вероника“, трилогијата „Три бои: сино, бело и црвено“, кои му донесоа интернационална слава. Токму за неговиот близок пријател и соработник Кишловски го пишува првото поголемо дело – „Реквием за мојот пријател“ што го издава во 1998 година за „Ворнер класикс“. Истата година делото ја доживува и својата светска премиера во Варшава. Делото е издадено и на цеде и на винил од издавачката куќа „Сони Поланд“. „Реквиемот“ е напишан во девет ставови. Николас Чалмерс е уметнички директор на „Невил Холт Опера“ од основањето на фестивалот во 2013 година. Под негово раководство, во рамките на фестивалот се изведени седум нови опери и пет обнови на постари продукции... Со оркестарот на „Невил Холт Опера“ ги диригирал „Волшебната флејта“, „Боеми“, „Вртење на шрафот“, „Кармен“, „Риголето“, „Љубовен напиток“, „Тоска“, „Така прават сите“ и други. Чалмерс работи со водечките оркестри и хорови во Велика Британија, меѓу кои со „The BBC Singers“, Симфонискиот оркестар на Бирмингем, Англискиот камерен оркестар, Симфонискиот оркестар „Бритн“. Филипа Бојл е една од најактивните вокалистки на сцената во Велика Британија, каде важи за етаблиран изведувач на германскиот репертоар. Нејзините најнови изведби ја вклучуваат Елеонора во „Моќта на судбината“ и главната улога на Јенуфа во истоимената опера на Јаначек, Виолета во Вердиевата „Травијата“ на оперските сцени во Британија. Освен што активно настапува како солистка во оперски продукции, Филипа Бојл е активнa и како концертен музичар. Професионалниот мешан хор „Про Арс“ е формиран 2011 година од диригентот Сашо Татарчевски, по повеќегодишно дејствување во сферата на хорската уметност и анализа која укажа на недостаток од еден ваков ансамбл, кој професионално и пред сѐ квалитетно ќе одговори на потребите на музичката сцена во државата. Од 2018 година хорот е редовен гостин на концертите со вокално- инструментална музика на Филхармонијата на РС Македонија, настапувајќи не само со маестро Татарчевски туку и со диригенти како: Густав Кун, Емил Табаков, Габриел Бебешелеа, Лубнан Балбаки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/muzika-na-prajsner-od-filmovite-na-kishlovski-vo-izvedba-na-filharmonija/feed/ 0
Концерт на камерниот ансамбл „Алтус“ во Филхармонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontsert-na-kamerniot-ansambl-altus-vo-filharmonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontsert-na-kamerniot-ansambl-altus-vo-filharmonija/#respond Mon, 09 Oct 2023 06:28:35 +0000 https://kurir.mk/?p=886685

Камерниот ансамбл на Филхармонија – „Алтус“ вечерва со почеток во 19 часот ќе одржи концерт под диргентската палка на маестро Паскал Галоа од Франција. Камерниот ансамбл „Алтус“ во состав од Катарина Павлович – виолина, Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано и Антоние Весковски – вибрафон, ќе изведе дела од А.Р. Томас, Ј. М. Стауд, П. Булез и дело на македонскиот композитор Панде Шахов. Како уметник со многу таленти и мајстор на фагот, еден од најенигматичните дувачки инструменти, Паскал Галоа е солист, оркестарски музичар и професор кој остава печат и со својата работа како диригент. Неговата прва изведба на „Секвенца 7“ од Берио беше исклучително важен настан за неговата кариера, исто како и неговата изведба на „Дијалог на сенките“ од Пјер Булез и „Псалми“ на Волфганг Рим за кларинет и оркестар. Галоа ги организира и т.н. Музички моменти заедно со своите пријатели, како за 85. роденден на Пјер Булез во Музејот на уметноста во Париз, или за 95. роденден на Анри Дутие во хотелот „Де Лаузун“. Тој ги снима и своите современици со исто толку голем ентузијазам, како што Пјер Булез, Лучано Берио и Олга Ноивирт. Неговото мото како уметник е дека музиката како уметност заслужува подобро место во општеството. И токму поради тоа тој го води најголемиот конзерваториум во срцето на Париз. Во 2015 година, тој го формира и фестивалот во Киброн во кој се среќаваат класичната и модерната музика. Диригирањето во моментов е негова централна определба преку која ја искажува својата пасија кон музиката и неговата оригинална перспектива и гледање на современиот и на класичниот репертоар. Концертот се реализира во соработка со Центарот за едукација и музика – ЦЕМ МКД и Францускиот институт Скопје.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/kontsert-na-kamerniot-ansambl-altus-vo-filharmonija/feed/ 0
Филхармонија ја отвора новата концертна сезона со виолинистот Барнабаш Келемен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-ja-otvora-novata-kontsertna-sezona-so-violinistot-barnabash-kelemen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-ja-otvora-novata-kontsertna-sezona-so-violinistot-barnabash-kelemen/#respond Thu, 05 Oct 2023 05:46:40 +0000 https://kurir.mk/?p=885331

Македонската филхармонија вечерва во 20 часот ќе ја отвори новата концертна сезона насловена „80 години-Љубов!“. Првиот концерт е насловен „Будење“ и како солист ќе настапи еден од најдобрите виолинисти на светската музичка сцена – Барнабаш Келемен од Унгарија, а диригент е Бенџамин Шварц од Израел/САД. На програмата се Концертот за виолина и оркестар бр. 2 од Бела Барток и Извадоци од балетот „Ромео и Јулија“ од Сергеј Прокофјев. - Виолинистот Барнабаш Келемен ги освои најпознатите концертни сцени во светот со својата виртуозна техника и динамика, како и со страсниот изведувачки стил. Различен и со отворен ум, тој важи за исклучителен солист и камерен музичар, како и уметнички директор на фестивали и професор на водечки музички институции. Во последните неколку години, Келемен работи и како диригент. Поседува филигранско чувство за креирање стил и поседува неверојатна техничка подготвеност која му дава сигурност да изведува комплексни дела од виолинската литература. Неговиот репертоар е диверзитетен, изведува дела од раниот барок, класиката, дела од романтизмот, како и современа музика, велат од Македонската филхармонија. За диригентот Бенџамин Шварц, од Македонска филхармонија ги пренесуваат зборовите на критичарите кои го опишуваат како сензација. Тој, како што оценуваат критичарите, „има јасна визија во своите интерпретации“. - Овие квалитети заедно со широкиот репертоар на дела произлегуваат од неговата постојано присутна желба за истражување и проширување на индивидуалните звучни хоризонти. Следната сезона Шварц ќе работи како шеф-диригент на државниот оркестар на Рајнската филхармонија. Од 2013 до 2016 година работи како музички директор на Филхармонискиот оркестар на Вроцлав, Полска, информираат од Македонската филхармонија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonija-ja-otvora-novata-kontsertna-sezona-so-violinistot-barnabash-kelemen/feed/ 0
Во Филхармонија втората сезона на „Денови на македонска музика“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-filharmonija-vtorata-sezona-na-denovi-na-makedonska-muzika/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-filharmonija-vtorata-sezona-na-denovi-na-makedonska-muzika/#respond Thu, 21 Sep 2023 06:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=880092

Во Големата сала на Филхармонија од 20 часот вечерва ќе започне втората сезона на манифестацијата „Денови на македонска музика“, соопшти Сојузот на композитори на Македонија. Како што се појаснува во соопштението, под палката на нашата реномирана диригентка Бисера Чадловска, ќе настапат солистите Маја Кастратовиќ на пијано, Златка Митева на флејта и Владимир Лазаревски на обоа, кои заедно со оркестарот на Филхармонијата, ќе изведат неколку дела. Влезот на концертот е слободен и не се потребни резервации.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-filharmonija-vtorata-sezona-na-denovi-na-makedonska-muzika/feed/ 0
Разрешена е директорката на Филхармонија: Несовесно постапување или непослушност? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-e-direktorkata-na-filharmonija-nesovesno-postapuvane-ili-neposlushnost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-e-direktorkata-na-filharmonija-nesovesno-postapuvane-ili-neposlushnost/#respond Thu, 14 Sep 2023 12:52:32 +0000 https://kurir.mk/?p=878054

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска донесе одлука за разрешување на директорката Тина Иванова по извештајот од извршениот увид на Комисија од Министерството за култура, на 6 септември 2023 година, во документацијата на НУ Национална филхармонија и констатираните бројни законски повреди и неусогласености во работењето, информираа денеска од ресорното Министерство. -Од документацијата и направените записници се заклучува дека директорката Иванова постапувала несоодветно, несовесно, неекономично, неуредно, ненавремено и спротивно на склучените договори и правилници при издавање на просториите на Филхармонија. Одговорното лице на установата склучувало договори кои самото не ги испочитувало и прекршен е Правилникот на установата кој го донел Управниот одбор, велат  од Министерството за култура и додаваат дека е „скандалозно и запрепастувачки да се увиди како досегашната директорка ја водела НУ Филхармонија“. Низ овие активности, посочуваат, несовесно постапувале и не спречиле несовесно постапување и членовите на Управниот одбор, поради што министерката Костадиновска-Стојчевска донела одлука и за разрешување на сите членови на УО на Филхармонија. -Потенцираме дека Тина Иванова и Управниот одбор на Филхармонијата, се разрешени исклучиво поради низа откриени неправилности при работењето и раководењето на институцијата. За в.д. директор е назначен Даниел Лазаровски, од редот на вработените во Филхармонијата. Министерството за култура ги отфрла сите инсинуации на досегашната директорка на Филхармонија, Тина Иванова, како целосно произволни, неточни и најблаго речено, невистинити. Националната филхармонија е гордост на нашата држава и на македонската култура и, како врвна национална установа, мора да биде водена професионално, велат од Министерството за култура. Во јавно обраќање Тина Иванова вели дека не е разрешена од функцијата директор поради несовесно работење како што е наведено во дописот од страна на министерката. -Единствената причина за разрешувањето е фактот што како директорка, на грешната и неодржлива одлука на министерката, застанав на страната на колективот и на страната на институцијата. Разрешена сум вчера, а не пролетоска кога оркестарот на Филхармонијата и вработените го изразуваа револтот, затоа што и покрај купот инспекции што министерката наменски и во континуитет се до вчера ги испраќаше во Филхармонијата со отворена намера да најде причина за нејзиниот вчерашен чин, инспекциите не беа во можност да и го испорачаат од неа бараниот материјал и не утврдија никакви неправилности во моето и работењето на работењето и на институцијата, вели Иванова. Таа во реакцијата за разрешувањето наведува дека „Трудова инспекција, две вонредни инспекции од Инспекторатот на Министерството за култура, комисија за увид во документација, група на административни службеници, вработени во Министерството за култура, станале редовни посетители во нашата институција и се праќаа дури и по неколку пати за да „копаат“ работи кои не постојат единствено затоа што немаше, а и се уште нема, храброст да се каже дека ме разрешуваат поради непослушност“. Нагласува дека резултатите од инспекциите се јавно достапни документи и секој кој е заинтересиран може да види дека „работата е прилично јасна и чиста“. -Со ова разрешување и со начинот на кој тоа е направено, Министерството за култура, се разбира актуелната министерка, само ми потврди дека во моментот кога како директор на Македонската филхармонија одлучив да застанам на страна на мојот колектив, го направив, вистинскиот потег. Јавно изјавувам дека се уште цврсто стојам на својот тогашен став, и уште еднаш и со ова јавно обраќање, ја потврдувам својата поддршка кон оркестарот, колективот, целата институција од каде што всушност, на јавен конкурс, и бев избрана на одговорната работна работната позиција директор, посочува Иванова и додава дека разрешувањето на некој начин „и претставува и растоварување од континуираниот мобинг зашто сите тие притисоци, навреди, обиди за понижувања, се нешто неразбирливо за мојот урбан културолошки карактер“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/razreshena-e-direktorkata-na-filharmonija-nesovesno-postapuvane-ili-neposlushnost/feed/ 0
Филхармонија загуби врвен професионалец, почина Горан Арменски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filharmonija-zagubi-vrven-profesionalets-pochina-goran-armenski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filharmonija-zagubi-vrven-profesionalets-pochina-goran-armenski/#respond Tue, 01 Aug 2023 14:52:44 +0000 https://kurir.mk/?p=862411

Нашиот трубач Горан Арменски денеска ја изгуби битката со тешката болест со која храбро се бореше во изминативе неколку месеци, објавија од Филхармонија. Велат, Горан беше исклучителен трубач, посветен уметник и прекрасен колега. -Нашиот оркестар изгуби врвен професионалец и човек кој имаше питома душа и искрен однос со сите, се наведува во објавата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filharmonija-zagubi-vrven-profesionalets-pochina-goran-armenski/feed/ 0
Филхармонијата ќе гостува во Подгорица и во Дубровник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonijata-ke-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonijata-ke-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/#respond Thu, 06 Jul 2023 06:41:04 +0000 https://kurir.mk/?p=853400

Оркестарот на Македонската филхармонија следната недела ќе гостува во Подгорица (4 јули) и во Дубровник (6 јули). Во Подгорица концертот ќе се одржи во Музички центар на Црна Гора, а во Дубровник, оркестарот на Филхармонија ќе настапи во „Књежев двор“. На програмата се Концертот за пијано и оркестар бр.2 од Kамиј Сен-Санс, „Пајдушко“ од македонскиот композитор Филип Иванов и Симфонија бр.4 од Лудвиг ван Бетовен, а на концертот во Дубровник ќе биде изведено и делото „Идила“ од хрватскиот композитор Благој Берса. Диригент е Борјан Цанев, а како солистка ќе настапи македонската пијанистка Марија Ѓошевска. -По успешното гостување во Белград и Ниш, сега следува турнеја во Црна Гора и во Хрватска, каде знам дека повторно ќе се претставиме во одлично светло и ние како институција, и секако нашата држава. Гостувањето во Хрватска го реализираме на покана на Симфонискиот оркестар во Дубровник, додека во Подгорица, два дена претходно, настапуваме благодарение на несебичната поддршка на Министерството за култура на Црна Гора и амбасадорката на Црна Гора во РС Македонија, Марија Петровиќ. Од огромно значење е и ова меѓународно претставување како круна на концертната сезона која беше исполнета со голем број на успешни настани. За впечатоците потоа, а сега можам само да кажам дека сум навистина среќна што Македонската филхармонија чекори гордо по патот којшто го зацрта – вели Тина Иванова, директорка на Филхармонија. Добитникот на македонското признание Виртуози „Најдобар музички изведувач во 2013 година“, диригентот Борјан Цанев, се смета за еден од најпрефинетите музичари во Македонија. Од 1999 година е постојан диригент на Македонската филхармонија и на чело на овој оркестар постигнува забележителни резултати во својата земја и во странство. Дипломира на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Државната музичка академија во Софија. Веднаш потоа, Цанев специјализира диригирање на Кралскиот музички колеџ во Лондон, каде што работи со реномираните диригенти сер Сајмон Ратл, Даниеле Гати и Јанош Фурст, а ќе биде поканет да му биде асистент-диригент на сер Колин Дејвис на Кралскaта оперска школа. Добитник е на наградата „Аугуст Манс“ за најдобар диригент токму на Кралскиот музички колеџ, за потоа да диригира со Лондонскиот симфониски оркестар како дел од мајсторскиот клас на сер Колин Дејвис. Марија Ѓошевска е еден од најистакнатите пијанисти во Република Македонија. Секој нејзин нов настап ја потврдува констатацијата дека во нејзината личност македонската музичка сцена доби пијанист со врвни професионални перформанси, мунициозна виртуозност и изразита индивидуалност. Добитничка е на повеќе награди и признанија на голем број државни и меѓународни натпревари од кои се издвојуваат следните награди: Прва награда на Републичките натпревари по пијано, финалист на Меѓународниот натпревар по пијано во Усти над Лабен - Чешка (1995), финалист на Меѓународниот натпревар во Сенегалија - Италија (1996), трета награда на Меѓународниот натпревар „Никола Рубинштајн“ во Париз - Франција (1997), прва награда на натпреварот за полифонија на Факултетот за музичка уметност - Скопје (1999, 2000, 2001). Како солист и камерен музичар настапувала во САД, Англија, Франција, Австрија, Италија, Полска, Чешка, Хрватска, Србија, Бугарија, Турција...]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/filharmonijata-ke-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/feed/ 0
Македонска филхармонија ќе гостува во Подгорица и во Дубровник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-filharmonija-ke-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-filharmonija-ke-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/#respond Wed, 28 Jun 2023 10:17:44 +0000 https://kurir.mk/?p=850419

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonska-filharmonija-ke-gostuva-vo-podgoritsa-i-vo-dubrovnik/feed/ 0
Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-filharmonija-protestiraa-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-filharmonija-protestiraa-pred-vladata/#respond Fri, 16 Jun 2023 14:13:39 +0000 https://kurir.mk/?p=846593

Вработените во Филхармонија, денеска, на нов протест пред Владата, повторно побараа промена на одлуката во објектот наменет за потребите на симфонискиот оркестар да биде сместена уште една институција. -Првична идеја беше новата институција да биде постојано сместена во објектот на Македонската филхармонија, а дури потоа се додаде референцијата привремено, за да се изманипулира јавноста дека решението не е постојано, изјави претседателот на Синдикатот на филхармонија, Владимир Лазаревски. Тој додаде дека доколку се смести уште една институција во нивниот објект, сосема легитимно секој може да бара сместување во Филхармонија, и така тие засекогаш да го изгубат работниот простор. -Нашата концертна сала ја добивме по 77 годишна борба за сопствен дом, изјави Лазаревски истакнувајќи дека голема поддршка добиваат од нивните колеги од Белградската филхармонија, чија сала, како што рече, за разлика од кај нас, допрва почнува да се гради со голема поддршка од маестро Зубин Мехта кој неколкупати досега го потенцирал значењето на сопствен концертен простор за секој синфониски концерт во светот. Лазаревски најави интензивирање на протестите од следната недела, а ќе се одржуваат пред зградата Филхармонија пред почетокот на концертот на Белградската филхармонија и маестро Зубин Мехта на 24 јуни. -Нашата борба е искрена и не е лична! Нема да се откажеме од неа и ќе протестираме се до конечната промена на оштетената одлука!, порачаа вработените во Македонската филхармонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vrabotenite-vo-filharmonija-protestiraa-pred-vladata/feed/ 0
„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zhivotot-e-ubav-kontsert-na-filharmonijata-vo-gradskiot-park/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zhivotot-e-ubav-kontsert-na-filharmonijata-vo-gradskiot-park/#respond Thu, 15 Jun 2023 05:21:50 +0000 https://kurir.mk/?p=845838

„Животот е убав“ е насловен традиционалниот концерт на Филхармонијата кој вечер од 21 часот ќе се одржи во Градскиот парк. На програмата е музика од познати италијански филмови, а изведбата ќе биде надополнета со видеопроекции. -Концертот претставува спој на италијанската музика и филм, а на програмата се „Омаж на Федерико Фелини“, суита од филмот „Кум“, „Љубовна тема“ од филмот „Ромео и Јулија“ и музика од „Јулија и духовите“ од Нино Рота, музика од филмот „Анонимен венецијанец“ на Стелвио Чипријани, „Кучешки свет” од Р. Ортолани/Н. Оливиеро, тема од филмот „Животот е убав“ од Никола Пиовани, „Карузо“ од Лучио Дала, „Јулија и духовите“ од Армандо Тровајоли, „Звучен пејзаж“ од филмските теми на Енио Мориконе и суита од музиката за филмот „Мисија“, соопшти Филхармонија. Диригент е Мириан Хухунаишвили од Грузија, а како солисти ќе настапат сопранистката Саломе Џикија од Грузија, Марио Стефано Пјетродарки на бандонеон од Италија и хорот „ПроАрс“. Концертот се реализира со поддршка на Италијанскиот институт за култура во Белград и Италијанската амбасада во Скопје и со него воедно ќе се одбележат 30 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу РС Македонија и Италија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/zhivotot-e-ubav-kontsert-na-filharmonijata-vo-gradskiot-park/feed/ 0