Филип Андов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 01 Feb 2023 08:44:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Филип Андов – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Андов за бегствата од затвор и одговорност од надлежните за корумпираноста и партизираноста во затворскиот решето систем https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ostavka-od-andov-za-begstvata-od-zatvor-i-odgovornost-od-nadlezhnite-za-korumpiranosta-i-partiziranosta-vo-zatvorskiot-resheto-sistem/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ostavka-od-andov-za-begstvata-od-zatvor-i-odgovornost-od-nadlezhnite-za-korumpiranosta-i-partiziranosta-vo-zatvorskiot-resheto-sistem/#respond Wed, 01 Feb 2023 08:44:29 +0000 https://kurir.mk/?p=794533

Надлежните и функционерите кои ги раководат затворите се одговорни за скандалозните бегства од затворите кои се случуваат во низа. На Ковачевски око не му трепнува што во рок од еден месец јавноста дозна за три скандалозни бегства, од кои две се случија во затворот Шутка во кој директорува кадарот на СДС, Филип Андов викан Сокол. После ваков случај Филип Андов требаше да биде разрешен, кога веќе самиот нема доблест да си поднесе оставка. После ваква серија бегства од затвор, одговорност треба да понесе и министерот за правда, Тупанчевски, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ. -Корупцијата и партизираноста во затворските служби се причината поради која на Македонија и се случува распад на затворскиот систем. Македонија е на врвот во Европа по бегства од затвор. Решето системот на затворите овозможува сериозни криминалци да бидат во отворени одделенија, да излегуваат, па дури и да ги повторуваат делата додека се избегани од затворите. Да потсетиме во едно од скандалозните бегства кое настана поради непочитување на протоколите, еден затворски чувар беше ранет, а во еден друг случај еден избеган убиец го повтори делото, односно усмрти уште едно лице. Да потсетиме и дека еден од оние кои што избегаа од затворот имал привилегија да биде во полуслободно оддление, што можеби е резултат на неговата блискост со половина државно раководство на СДС, за што сведочи цел фото албум, се вели во партиското соопштение. Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат: „Што уште треба да се случи Филип Андов Сокол да биде разрешен? Што уште треба да се случи некој да понесе одговорност за овие инциденти?“ -Оваа власт на СДС и ДУИ е криминализирана и затоа криминалците уживаат ваква слобода. Ова мора да престане. Оваа власт мора да замине, порачуваат од партијата.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ostavka-od-andov-za-begstvata-od-zatvor-i-odgovornost-od-nadlezhnite-za-korumpiranosta-i-partiziranosta-vo-zatvorskiot-resheto-sistem/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ: Оставка од Филип Андов – Сокол и одговорност од Тупанчевски https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ostavka-od-filip-andov-sokol-i-odgovornost-od-tupanchevski/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ostavka-od-filip-andov-sokol-i-odgovornost-od-tupanchevski/#respond Tue, 31 Jan 2023 07:34:29 +0000 https://kurir.mk/?p=793998

Во рок од еден месец јавноста дозна за три бегства од затвор. Последниот случај на бегство е повторно од затворот Шутка каде што директор е кадарот на СДС, Филип Андов - Сокол. Имено лицето Ариф Алили од Кичево, уапсен за дрога, избегал од „слободно одделение“ на затворот. Да потсетиме пред извесно време од затворот избега и Нафи Абдиоски, лице со полн фотоалбум од заеднички слики со функционери на СДС. За овие скандалозни бегства нема никаква одговорност од директорот Филип Андов, ниту владата му бара оставка, ниту се најавува смена, велат од ВМРО-ДПМНЕ. -Ваквите бегства покажуваат дека се работи за целосен распад на затворскиот систем, кој се претвори во решето систем. Пред неколку недели се случи и скандалозното бегство од затворот Идризово, при што беше ранет и еден затворски полицаец. Овој случај, но и останатите покажуваат дека корупцијата и криминалот владеат со затворите во Македонија. Дали владата на Ковачевски чека и во затворот Шутка да се случи скандалозно бегство со жртви за да преземе конкретни мерки и да побара одговорност одФилип Андов - Сокол и од Тупанчевски? Затоа потребна е оставка од Филип Андов - Сокол и одговорност од Тупанчевски веднаш. Јавноста логично прашува дали врската со мафијата на власт и корупцијата затворски врати отвора? Одговорност за бегствата и за решето затворскиот систем мора да има, порачуваат од партијата.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-ostavka-od-filip-andov-sokol-i-odgovornost-od-tupanchevski/feed/ 0