филип кузмановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 02 May 2023 17:09:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png филип кузмановски – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Филип Кузмановски ги скина лигаменти на скочниот зглоб https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-gi-skina-ligamenti-na-skochniot-zglob/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-gi-skina-ligamenti-na-skochniot-zglob/#respond Tue, 02 May 2023 17:09:37 +0000 https://kurir.mk/?p=829841

По извршените детални медицински прегледи клубот за кој настапува нашиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, Вецлар објави дека нашиот ракометар го очекува подолга пауза и станува збор за тешка повреда на ракометарот. Лекарите констатирале дека Кузмановски има скинати лигаменти на десниот скочен зглоб и дека се уште не е познато колку долго ќе трае периодот на рехабилитација, но се чини дека сезоната за него е завршена. Кузмановски се повреди на неделниот натпревар од квалификациите за Европското првенство против Турција во Скопје кога при еден обид да се упати удар кон голот на противникот се судри со противничките играчи и незгодно доскокна на подлогата по што мораше предвреме да го заврши настапот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-gi-skina-ligamenti-na-skochniot-zglob/feed/ 0
Филип Кузмановски на прегледи во Германија https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-na-pregledi-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-na-pregledi-vo-germanija/#respond Mon, 01 May 2023 16:59:41 +0000 https://kurir.mk/?p=829462

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски не го заврши последниот квалификациски меч и заедно со своите соиграчи од репрезентацијата да го прослави пласманот на Европското првенство 2024. Во 22. минута беше изнесен од теренот на носилка откако незгодно доскокна и го превитка скочниот зглоб по што беше изнесен на носилки од салата. Кузмановски веќе е во Германија каде ќе му бидат извршени дополнителни лекарски прегледи по кои ќе биде познато колку време ќе треба да паузира и секако за каква повреда станува збор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-na-pregledi-vo-germanija/feed/ 0
Кузмановски: Да ги поправиме грешките од првиот меч https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-gi-popravime-greshkite-od-prviot-mech/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-gi-popravime-greshkite-od-prviot-mech/#respond Sat, 11 Mar 2023 18:56:20 +0000 https://kurir.mk/?p=810830

Ракометарите на Македонија утре ќе го одиграа вториот дуел од овој циклус на квалификации за пласман на Европското првенство против селекцијата на Португалија нагости. По поразот во Скопје, избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе се обидат во реваншот да направат сензација и да се вратат со триумф над противникот кој во четвртокот славеа со 29:23. “Треба добро да го анализираме првиот дуел и да се поправиме на реваншот. Со играч повеќе мораме да имаме подобра реализација. Имавме два дена за добра анализа и ќе се бориме во Португалија, зошто да не дојдеме до победа. Дадовме максимум за Македонија и секогаш ќе биде така”, изјави Филип Кузмановски. Мечот против Португалија се игра утре во Матошињош, а почетокот е закажан за 18 часот и 30 минути,]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-gi-popravime-greshkite-od-prviot-mech/feed/ 0
Кузмановски: Да се навратиме на убавите моменти https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-se-navratime-na-ubavite-momenti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-se-navratime-na-ubavite-momenti/#respond Thu, 09 Mar 2023 05:46:46 +0000 https://kurir.mk/?p=809732

Македонската ракометна репрезентација значително подмладена ќе го одигра претстојниот квалификациски двомеч против Португалија, а Филип Кузмановски ќе ја преземе целосно улогата на лидер во бековската линија „Точно е дека заедно со Митревски сме од поискусните, но тука има играчи кои се со нас долго време, добро се познаваме. Сите знаеме која е нашата цел со Португалија, играме на домашен терен. Не треба да се зборува за Португалците, имаат многу добар тим, како во напад, така во напад, многу време се заедно, многу добро се познаваат зад нив имаат добар настап на Светското првенство, со сите селекции беа егал до последните минути. Сигурен сум дека во Скопје ќе дојдат мотивирани, знаат што ги очекува. Нам ни е потребна максимална поддршка од трибините. Имаме два натпревари со нив, да дадеме се од себе, се е можно. Кажавме дека со Португалија ќе се бориме за првото место во групата. Играме со против големи селекции, со играчи кои играат во Топ-лигите во Европа, како во Бундес-лигата, така и во Лигата на шампиони, сите се носители“, изјави Кузмановски. Кузмановски смета дека јавноста треба да има верба во оваа репрезентација, која работи напорно на секој собир и е оптимист дека резултатите ќе дојдат. „Да се навратам на убавите моменти против Чешка, игравме пред полна сала, сите веруваа дека можеме да направиме нешто. Ние на овој начин растеме како тим. Секој од нас сака да ја израдува нацијата, ќе пружиме максимум како во нападот, така во одбраната.  Сепак ние сме мала нација, мора да се поддржуваме. Одиме во нагорна линија, имаме цели до кои мора да се држиме, а успехот сам ќе дојде“, оптимситички е расположен Филип Кузмановски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-se-navratime-na-ubavite-momenti/feed/ 0
Филип Кузмановски потпиша за Вецлар https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-potpisha-za-vetslar/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-potpisha-za-vetslar/#respond Fri, 10 Feb 2023 13:15:46 +0000 https://kurir.mk/?p=798978

Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски ја смени клупската средина во Бундеслигата и премина од Хановер во Вецлар. Откако успешно ги мина задолжителните медицински прегледи, 26-годишниот Кузмановски денеска со Вецлар потпиша договор за соработка до крајот на следната сезона. Кузмановски доаѓа во Вецлар, каде дел од стручниот штаб е поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски, со задача да му помогне на клубот да избори опстанок во германското првенство. Вецлар се наоѓа на 16. место на табелата во Бундеслигата, а дебито на Кузмановски е најавено за идната недела на гостувањето кај Фуксе Берлин во рамки на 20. коло. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/filip-kuzmanovski-potpisha-za-vetslar/feed/ 0
„Едно договараме, друго играме“: Кузмановски разочаран по поразот, еве што истакна https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/edno-dogovarame-drugo-igrame-kuzmanovski-razocharan-po-porazot-eve-shto-istakna/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/edno-dogovarame-drugo-igrame-kuzmanovski-razocharan-po-porazot-eve-shto-istakna/#respond Sun, 15 Jan 2023 18:57:16 +0000 https://kurir.mk/?p=787635

По натпреварот на кој Македонија беше поразена од Холандија, ракометарите не ја криеја својата разочараност. ГОЛ.МК пренесува изјава на Филип Кузмановски кој го анализира поразот од „лалињата“. „Многу спремни отпатувавме на овој шампионат. Се тренираше многу напорно и посветено на подготовките. Но, навистина не знам што се случи вечерва. Исто како и против Норвешка. Игравме само 20 минути и потоа ништо не покажавме. Сега сум под емоции, не знам што да кажам.  Едно договараме, друго играме. Повеќе нема стари и млади во селекцијата, има само добри и лоши. Момците што ќе влезат од клупата мора да ни помогнат, не може цел товар да биде само на одредени ракометари. Ова не треба да биде изговор за високиот пораз. Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи што дојдоа во ваков број да не бодрат“, рече Кузмановски.

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/edno-dogovarame-drugo-igrame-kuzmanovski-razocharan-po-porazot-eve-shto-istakna/feed/ 0
Кузмановски: Има уште многу што да покажеме на овој шампионат, Холандија е прв момент за тоа! https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-ima-ushte-mnogu-shto-da-pokazheme-na-ovoj-shampionat-holandija-e-prv-moment-za-toa/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-ima-ushte-mnogu-shto-da-pokazheme-na-ovoj-shampionat-holandija-e-prv-moment-za-toa/#respond Sun, 15 Jan 2023 10:08:10 +0000 https://kurir.mk/?p=787500

Македонската репрезентација денеска од 18 часот во „Таурон арена“ во Краков против Холандија во обид за своја прва победа на Светското првенство 2023 во Полска. Ако се суди според прикажаното изминатиов период, ако се суди и според составот на искусната „портокалова“ репрезентација наспроти подмладениот македонски национален тим, факт е дека Холанѓаните ја носат фаворитската улога… Но, факт е и дека желбата во таборот на Кирил Лазаров е огромна за докажување и пред себе и пред ракометниот свет и пред Македонија. Еден од најдобрите македонски ракометари Филип Кузмановски пред денешната пресметка со „лалињата“ нагласува дека сега почнуваат сите оние моменти на СП 2023 на кои ќе треба да се докаже квалитетот на оваа млада генерација ракометари. -Знам дека потфрливме против Норвешка во одредени делови од играта, но тоа е се зад нас. Има уште многу што да покажеме на ова првенство и ние сме свесни за тоа. Холандија е прв момент за тоа! Знаеме дека се работи за исклучително квалитетна репрезентација, знаеме дека ја носи фаворитската улога, но ние мора да веруваме во себе. Сега почнува вистинскиот шампионат за нас како тим и она за кое допатувавме во Полска,истакнува Кузмановски. извор: ekipa.mk

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-ima-ushte-mnogu-shto-da-pokazheme-na-ovoj-shampionat-holandija-e-prv-moment-za-toa/feed/ 0
Кузмановски: Норвешка со ништо не не изненади, самите сме виновни за овој пораз https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-norveshka-so-nishto-ne-ne-iznenadi-samite-sme-vinovni-za-ovoj-poraz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-norveshka-so-nishto-ne-ne-iznenadi-samite-sme-vinovni-za-ovoj-poraz/#respond Fri, 13 Jan 2023 22:41:27 +0000 https://kurir.mk/?p=787131

-Со толку технички грешки како во првиот дел, не може да се победи една селекција како Норвешка. Со ништо не не изненадија, самите сме си виновни. Ова беше прв натпревар загубивме со разлика, сега мораме да се спремаме за следните два меча. Сепак колку и да се подготвуваме, Норвешка за мене е фаворит за златото. Сега пред нас се дуелите со Холандија и Аргентина, во кои мораме да влеземе со ладни глави.Атмосферата ќе остане иста, имаме уште две шанси за пласман во главната фаза, не се предаваме, верувам дека имаме што да покажеме. Ако кон некого сме строги, мора да бидеме кон нас, затоа што ние правиме технички грешки и имаме периоди со пад во играта во која противникот гради разлика, потоа е тешко да се вратиш во игра, -истакна Филип Кузмановски. Следен ривал на Македонија е селекцијата на Холандија која денеска рутински ја доби Аргентина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-norveshka-so-nishto-ne-ne-iznenadi-samite-sme-vinovni-za-ovoj-poraz/feed/ 0
Кузмановски: Треба да бидеме зрели и во тешки моменти https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-treba-da-bideme-zreli-i-vo-teshki-momenti/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-treba-da-bideme-zreli-i-vo-teshki-momenti/#respond Sun, 08 Jan 2023 07:54:00 +0000 https://kurir.mk/?p=784510

Ова беше последна контрола за нашите ракометари пред заминувањето за Краков. Еден од главните играчи во репрезентацијата на Македонија, Филип Кузмановски истакна дека не е задоволен од денешнаат прикажана игра, посебно во одбраната.
,,Тоа што го тренираме, тоа и го играме, но сигурно не тренираме да примаме толку многу голови, треба да се запрашаме, односно секој да се запраша која му е задачата тука, ние тренираме и има посветено многу внимание на тие играчи, кои играат во средината и мислам дека се ни е пружено од страна на селекторот и треба тоа само да го изработиме и да се држиме до планот, добро да ги анализираме ривалите, бидејќи имаме уште четири дена до стартот на СП. Не сум среќен за овој натпревар што го изигравме денес со Израел, бидејќи примивме 37 гола, ние никогаш нема да ги потцениме Израел, голем респект за нив, но треба да бидеме спремни за Норвешка, која има страшна бековска линија и треба да бидеме спремни посебно во одбраната, да бидеме максимално фокусирани, тука имаме исто многу млади играчи, на кои му е дадено шанса да се докажат, но мора брзо да ја искористат. Доколку тие тренираат максимално на тренинг, така ќе ги мотивираат постарите, така и јас ќе се мотивирам, и јас ако гризам на паркетот, ќе ги мотивирам Манасков, Георгиевски, Пешевски и останатите поискусни играчи…Тие треба да бидат среќни што се во репрезентација, да бидат позитивни, бидејќи тука се игра за Македонија, не се игра клуб. Тоа е едно големо признаие што играш за Македонија” изјави Кузманоски.
Филип Кузмановски заедно со Филип Талески ќе треба на СП да се наметнат како лидери на македонската репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-treba-da-bideme-zreli-i-vo-teshki-momenti/feed/ 0
Кузмановски: Да се пласираме во вториот круг на СП https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-se-plasirame-vo-vtoriot-krug-na-sp/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-se-plasirame-vo-vtoriot-krug-na-sp/#respond Thu, 05 Jan 2023 05:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=783870

Македонија ќе игра во групата во Краков со Норвешка, Холандија и Аргентина, што е незгоден состав на репрезентации кои се многу квалитетни и задачата нема да биде лесна. „Имаме тешка група, но ние сме подготвени и целта е да се најдеме во вториот круг. Сега најважно е да го искористиме последниот дел од подготовките и двата пријателски дуели со Хрватска и Израел и здрави да заминеме за Полска. Имаме добра репрезентација со претежно млади ракометари, но и неколку искусни и прекалени волци, па верувам дека таков спој и квалитет ќе нè одведе до целта и до настап во вториот круг на СП“, вели Кузмановски. Македонските ракометари денеска патуваат за Пореч, каде што ќе ги имаат завршните подготовки за настапот на ракометниот Мундијал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/kuzmanovski-da-se-plasirame-vo-vtoriot-krug-na-sp/feed/ 0