Филип Рикер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Jun 2021 20:35:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Филип Рикер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Рикер утре во посета на Тирана, ќе се сретне со Рама и Баша https://arhiva.kurir.mk/svet/region/riker-utre-vo-poseta-na-tirana-kje-se-sretne-so-rama-i-basha/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/riker-utre-vo-poseta-na-tirana-kje-se-sretne-so-rama-i-basha/#respond Tue, 29 Jun 2021 20:35:20 +0000 https://kurir.mk/?p=529587

Заменик-помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Филип Рикер утре ќе престојува во Тирана, јави агенцијата Балкан веб. Високиот амеркански функционер ќе се сретне со премиерот Еди Рама и со лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша. Средбата со Баша ќе биде во седиштето на партијата. На средбите ќе се „разговара за американско-албанските односи и други области од заедничи интерес“. Според агенцијата, Рикер во Албанија ќе допатува од Италија а на први јули ќе пристигне во Охрид, Северна Македонија. -Тој во Охрид, ќе присуствува на конференцијата „Патот до Преспа„ ( Road to Prespa), за да ја истакне поддршката на САД за продолжен дијалог и соработка кон стабилноста и прогресот во регионот. Ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и други високи официјални лица, наведува агенцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/riker-utre-vo-poseta-na-tirana-kje-se-sretne-so-rama-i-basha/feed/ 0
Филип Рикер на почетокот од следниот месец доаѓа во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filip-riker-na-pochetokot-od-sledniot-mesec-doagja-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filip-riker-na-pochetokot-od-sledniot-mesec-doagja-vo-makedonija/#respond Sat, 19 Jun 2021 15:26:36 +0000 https://kurir.mk/?p=525476

Вршителот на должност, помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер од 1-ви до 3-ти јули доаѓа во посета на Охрид, а претходно ќе престојува во Милано и Тирана, соопштија синоќа од американскиот Стејт департмент. -Амбасадорот Рикер во Охрид ќе пристигне на 1-ви јули, за да присуствува на конференцијата „Пат до Преспа“ (Road to Prespa), и да ја истакне поддршката на САД за продолжителен дијалог и соработка кон стабилност и прогрес во регионот, се вели во соопштението. Се додава дека во Охрид гостинот од САД ќе се сретне со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Бујар Османи, и други високи официјални лица, „за да разговараат за нашите заеднички приоритети за Западен Балкан“. Рикер во Тирана ќе се сретне со премиерот Еди Рама и други официјали претставници „за да разговара за американско-албанските односи и други области од заедничи интерес“. Рикер ќе го придружува државниот секретар Ентони Блинкон, кој од 22 до 29 јуни оди во посета на Берлин, Париз, Рим, Ватикан, Бари и Матера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filip-riker-na-pochetokot-od-sledniot-mesec-doagja-vo-makedonija/feed/ 0
Средба Мицкоски-Рикер во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-mickoski-riker-vo-sedishteto-na-vmro-dpmne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-mickoski-riker-vo-sedishteto-na-vmro-dpmne/#respond Fri, 26 Jul 2019 08:57:24 +0000 https://kurir.mk/?p=222992

Во текот на денешниот ден Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ќе оствари средба со вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер. Од ВМРО-ДПМНЕ за „Курир“ потврдуваат дека во попладневните часови во партиското седиште ќе биде остварена средба меѓу Мицкоски и Рикер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sredba-mickoski-riker-vo-sedishteto-na-vmro-dpmne/feed/ 0
Рикер во Скопје на средби со државниот врв и со опозицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riker-vo-skopje-na-sredbi-so-drzavniot-vrv-i-so-opozicijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riker-vo-skopje-na-sredbi-so-drzavniot-vrv-i-so-opozicijata/#respond Fri, 26 Jul 2019 06:54:07 +0000 https://kurir.mk/?p=222899

 Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во работна посета на нашата држава, денеска во Скопје ќе има средби со државниот врв, а ќе разговара и со претставници на опозицијата.

Предвидено е Рикер да има средби со претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, со премиерот Зоран Заев, со министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, за време на посетата на Собранието, покарј со Џафери, ќе има средби и со пратениците од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

Според најавата од Стејт департментот и соопштението од нашето МНР, централни теми ќе бидат билатералните односи и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ, а ќе бидат разменети и мислења за состојбите во регионот. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО.

Рикер придружуван од американската амбасадорка Кејт Мари Бернс вчера ги посетија општините Битола и Кавадарци каде остварија средби со градоначалниците Наташа Петровска и Митко Јанчев. Пред посетата на Скопје, Рикер престојуваше во Атина каде имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас. Филип Рикер кој е поранешниот амбасадор на САД во земјава, последен пат го посети Скопје во март годинава во својство на цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД, должност што ја извршуваше пред назначувањето за американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања. Рикер неодамна во изјава за МИА во Вашингтон оцени дека Северна Македонија во изминатиот период сработи одлично, и не треба да се дозволи земјата да подлегне на некаква дестабилизиција со непотребни политички игри. Администрацијата во Вашингтон е убедена дека Северна Македонија е на вистинскиот пат и оти процесот треба да се истурка до крај со цел земјата да стане 30. членка на НАТО и да ги почне преговорите за полноправно членство во ЕУ, истакна Рикер. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riker-vo-skopje-na-sredbi-so-drzavniot-vrv-i-so-opozicijata/feed/ 0
Хан и Рикер доаѓаат во Скопје на средби со власта и опозицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-i-riker-doagjaat-vo-skopje-na-sredbi-so-vlasta-i-opozicijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-i-riker-doagjaat-vo-skopje-na-sredbi-so-vlasta-i-opozicijata/#respond Wed, 24 Jul 2019 06:46:05 +0000 https://kurir.mk/?p=221845

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан утре доаѓа во Скопје на средби со државниот врв и со лидери на политички партии. Хан ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев и со лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Според официјалната агенда, ќе се разговара за реформите поврзани со евроинтеграцијата на земјата и очекувањата наесен да биде одрен датум за почеток на пристапните преговори. Се очекува да стане збор и за новиот закон за јавното обвинителство со кој треба да се регулира идниот статус на СЈО. Предвидено е премиерот Заев и еврокомесарот Хан по средбата да одржат и заедничка прес-конференција во Клубот на пратениците. Ден подоцна во посета на земјава треба да пристигне и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Филип Рикер. Тој доаѓа во Скопје од Атина каде што имаше средби со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, со други владини претставници, како и со поранешниот премиер Алексис Ципрас. Во Скопје, според најавата од Стејт департментот, Филип Рикер ќе се сретне со претседателот Стево Пендаровски, со премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и други владини претставници. Централни теми ќе бидат билатералните прашања и патот на Северна Македонија кон членство во НАТО и ЕУ. Помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе разговара и со пратеници и со претставници на опозицијата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/han-i-riker-doagjaat-vo-skopje-na-sredbi-so-vlasta-i-opozicijata/feed/ 0
Мицкоски се сретна со Рикер: Власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-sretna-so-riker-vlasta-vo-ovie-momenti-sproveduva-zloupotreba-na-instituciite-narachani-obvinenija-pritvori-i-presudi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-sretna-so-riker-vlasta-vo-ovie-momenti-sproveduva-zloupotreba-na-instituciite-narachani-obvinenija-pritvori-i-presudi/#respond Mon, 04 Mar 2019 16:11:58 +0000 https://kurir.mk/?p=171082

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес оствари средба со помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Филип Рикер. На средбата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба во државата, како и реализацијата на стратешките цели на државава. Мицкоски посочи дека власта во овие моменти спроведува злоупотреба на институциите, нарачани обвиненија, притвори и пресуди. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека власта врши сериозни нарушувања на правната држава и владеењето на правото и дека тоа државата ја уназадува во поглед на исполнување на стратешките приоритети и назадувањето на демократските процеси. Воедно тој подвлече дека Република Македонија се соочува со сериозни економски проблеми, лош стандард на граѓаните и сиромаштија која е производ на недоволната ангажираност на владата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ја истакна важноста на стратешкото партнерство на Македонија со своите сојузници и додаде дека клучна стратешка определба на ВМРО-ДПМНЕ останува интеграцијата во ЕУ и НАТО. Соговорниците се согласија дека членството во НАТО и Европската интеграција е клучен фактор за стабилност во нашиот регион и дека е потребна поддршка која ќе придонесе остварување на тие цели. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-sretna-so-riker-vlasta-vo-ovie-momenti-sproveduva-zloupotreba-na-instituciite-narachani-obvinenija-pritvori-i-presudi/feed/ 0
Рикер во Скопје: „Напад врз земја членка на НАТО е напад врз сите земји членки“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riker-vo-skopje-napad-vrz-zemja-chlenka-na-nato-e-napad-vrz-site-zemji-chlenki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riker-vo-skopje-napad-vrz-zemja-chlenka-na-nato-e-napad-vrz-site-zemji-chlenki/#respond Mon, 04 Mar 2019 13:55:37 +0000 https://kurir.mk/?p=171019

Историјата е училиште а не затвор. Направивте огромен чекор напред кон место во НАТО и ЕУ, а трансатлантската заедница останува темел на надворешната политика на САД. Идниот американски помошник државен секретар Филип Рикер во Скопје ја истакна поддршка за земјава, но и за регионот кој и натаму се соочува со големи предизвици, во свет полн со турбуленции. -Пресреќен сум што сум тука. Особено сега кога Северна Македонија направи огромен чекор напред кон нејзиното место во Европа и во НАТО… Цели 27 години меѓусебната недоверба и историските несогласувања меѓу Скопје и Атина го блокираа патот напред. Од мое лично искуство можам да ви кажам дека ова прашање е неверојатно сложено и, според многумина, се сметаше за нерешливо. Да се дојде до оваа точка не беше лесно, се разбира. Толку многу пати инволвираните лидери одбиваа да се откажат од процесот и продолжија – изјави Рикер во Скопје. Рикер упати пораки до сите земји во регионот дека се соочуваат со опасности и од геополитички, но и од внатрешен аспект. -Трансатлантската заедница останува темел на надворешната политика на САД. Европската унија е еден од нашите најблиски партнери во голем број меѓународни напори. Додека другите можеби сакаат да го свртат вниманието на нашите разлики, во реалноста ние се согласуваме многу повеќе отколку што не се согласуваме. САД остануваат железно посветени на Членот 5 од договорот за НАТО, кој значи дека напад врз секоја земја членка е напад врз сите членки – рече поранешниот американски амбасадор во Македонија Филип Рикер. Рикер се сретна со шефот на дипломатијата Никола Димитров кој му посака успех во извршувањето на новата функција помошник државен секрета и со кого разменија мислења за новата реалност во земјава. Попладнево ќе има средба и со премиерот Заев. Ова е прва посета на Рикер на регионот по најавата дека ќе биде именуван на позицијата помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од која во почетокот на годинава се повлече Вес Мичел.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/riker-vo-skopje-napad-vrz-zemja-chlenka-na-nato-e-napad-vrz-site-zemji-chlenki/feed/ 0
Филип Рикер во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filip-riker-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filip-riker-vo-skopje/#respond Mon, 04 Mar 2019 07:40:17 +0000 https://kurir.mk/?p=170811

Поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, кој е цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД и иден американски помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања, денеска е во посета на Скопје. Како што информираа од владината прес-служба, Рикер попладне ќе има средба со премиерот Зоран Заев по што двајцата ќе дадат изјави за медиумите. Претпладне предвидена е и средба на Рикер со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. Рикер во Скопје ќе учествува на конференција во организација на Маршаловиот фонд на САД. Филип Рикер беше амбасадор на САД во Република Македонија од 2008 до 2011 година. Ова е негова прва посета на земјава по најавите дека ќе го презеде местото помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија откако Вес Мичел се повлече од таа функција на почетокот од годинава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filip-riker-vo-skopje/feed/ 0
Поранешниот амбасадор во земјава Филип Рикер ќе го замени Вест Мичел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-ambasador-vo-zemjava-filip-riker-kje-go-zameni-vest-michel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-ambasador-vo-zemjava-filip-riker-kje-go-zameni-vest-michel/#respond Sat, 23 Feb 2019 15:01:50 +0000 https://kurir.mk/?p=167432

Поранешниот амбасадор на САД во земјава Филип Рикер, е назначен за заменик на помошникот на државниот секретар на Америка, објави Катимерини. Тој ќе го замени Вес Мичел и ќе ги преземе своите должности во март. Филип Рикер беше амбасадор во Македонија од 2008-2011 година – назначен од администрацијата на Џорџ Буш – и асистент на помошникот на државниот секретар, одговорен за европските прашања, од 2011 до 2013 година. Вес Мичел поднесе оставка пред неколку месеци, а беше особено ангажиран околу склучувањето на Преспанскиот договор и разрешувањето на кризата во Македонија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-ambasador-vo-zemjava-filip-riker-kje-go-zameni-vest-michel/feed/ 0