филипини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Oct 2023 11:10:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png филипини – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Кина им порача на САД дека не смеат да се мешаат во нејзините проблеми со Филипини во Јужно Кинеско Море https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/#respond Thu, 26 Oct 2023 11:10:23 +0000 https://kurir.mk/?p=893360

САД немаат право да се мешаат во проблемите меѓу Кина и Филипините, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи за тензиите околу спорните води во Јужното Кинеско Море. -САД не се страна во прашањето на Јужното Кинеско Море, тие немаат право да се мешаат во проблемот меѓу Кина и Филипините, изјави портпаролот на министерството Мао Нинг на редовниот брифинг со новинарите како одговор на прашање за американската порака дека ќе ги брани Филипините. Кина и Филипините имаат неколку големи спорови во Јужното Кинеско Море, првенствено во спорните води околу вториот атол Томас Шоал, дел од островите Спратли. Во неделата кинески брод се судри со филипински брод, по што Манила најостро ги осуди „опасните маневри за блокирање“ на кинескиот брод. -Ветувањето на САД дека ќе ги бранат Филипините не смее да го наруши суверенитетот и поморските интереси на Кина во Јужното Кинеско Море и не смее да поттикнува незаконски претензии од Филипините, кажа Нинг. Портпаролот на филипинското Министерство за надворешни работи допрва треба да одговори на барањето за коментар. Американскиот претседател Џо Бајден вчера во Белата куќа изјави дека посветеноста на САД за одбраната на Филипините е „цврста како железо“, откако ја обвини Кина дека дејствува „опасно и незаконски“ во Јужното Кинеско Море. -Секој напад врз филипински авиони, бродови или вооружени сили ќе го активира... нашиот договор за заемна одбрана со Филипините, рече Бајден на заедничката средба со австралискиот премиер. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kina-im-poracha-na-sad-deka-ne-smeat-da-se-meshaat-vo-nejzinite-problemi-so-filipini-vo-juzhno-kinesko-more/feed/ 0
САД со поддршка за Филипините по „повторното малтретирање“ од Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-poddrshka-za-filipinite-po-povtornoto-maltretirane-od-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-poddrshka-za-filipinite-po-povtornoto-maltretirane-od-kina/#respond Mon, 23 Oct 2023 08:21:17 +0000 https://kurir.mk/?p=892100

Соединетите Американски Држави ги поддржуваат Филипините против, како што го нарекуваат, „повторното малтретирање“ од Кина во Јужното Кинеско Море, соопшти американскиот Стејт департмент, нарекувајќи ги дејствијата на Кина како „опасни и „незаконски“. Кина и Филипините разменија обвинувања во врска со застојот во спорните води на Јужното Кинеско Море, откако кинески бродови ги блокираа филипинските бродови што ги снабдуваат силите таму. Во последните месеци, двете земји имаа бројни судири во Јужното Кинеско Море, особено во близина на спорниот гребен кој е дел од архипелагот Спратли.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sad-so-poddrshka-za-filipinite-po-povtornoto-maltretirane-od-kina/feed/ 0
Земјотрес на Филипини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-na-filipini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-na-filipini/#respond Fri, 13 Oct 2023 08:45:44 +0000 https://kurir.mk/?p=888402

Земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска Филипините, соопшти Сеизмолошката служба на САД, а локалните власти предупредија на можни штети и последователни потреси. Нема жртви, соопштија локалните власти. Земјотресот бил на мала длабочина, на околу 100 километри јужно од главниот град Манила во 8:24 часот по локално време. Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на Пацифичкиот огнен прстен, област со интензивна сеизмичка и вулканска активност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-na-filipini/feed/ 0
Силен земјотрес ги погоди Филипини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-gi-pogodi-filipini-2/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-gi-pogodi-filipini-2/#respond Thu, 15 Jun 2023 05:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=845865

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди главниот филипински остров, соопштија властите. Потресот го запре железничкиот сообраќај во главниот град Манила. Нема извештаи за жртви или поголема материјална штета по земјотресот, што се случи во морето на длабочина од 10 километри и се почувствува во околните провинции, објави Филипинската сеизмолошка агенција. Министерството за транспорт соопшти дека работата на три железнички линии во Манила е прекината поради земјотресот. „Железницата и аеродромите престанаа да работат. Засега нема извештаи за поголеми последици од земјотресот и се надеваме дека така ќе остане“, изјави портпаролот на цивилната одбрана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-gi-pogodi-filipini-2/feed/ 0
Вулкан на Филипините исфрла пепел и отровни гасови, илјадници луѓе евакуирани https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkan-na-filipinite-isfrla-pepel-i-otrovni-gasovi-iljadnitsi-luge-evakuirani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkan-na-filipinite-isfrla-pepel-i-otrovni-gasovi-iljadnitsi-luge-evakuirani/#respond Sun, 11 Jun 2023 11:42:10 +0000 https://kurir.mk/?p=844599

Илјадници луѓе кои живеат во близина на вулканот Мајон во централниот дел на Филипините се евакуирани за да се избегне денешната закана од пепел, запалени карпи и отровни гасови кои протекуваат од кратерот, соопштија локалните власти. Сеизмолозите известија дека во последните 24 часа се случил вулкански земјотрес и дека запалени камења паѓаат во радиус од два километри околу вулканот. Околу 13.000 луѓе, главно од селата во подножјето на вулканот или во негова близина, се евакуирани, соопшти националната канцеларија за цивилна заштита. „Ризик за здравјето е да се биде блиску до ерупцијата поради сулфур диоксид или поради пепел“, изјави министерот за здравство Теодоро Ербоса. Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос вчера ги повика жителите на провинцијата Албај, каде што се наоѓа вулканот, да добијат инструкции за евакуација од локалните власти. Вулканот Мајон, кој се наоѓа на 330 километри југоисточно од главниот град Манила, се смета за еден од најнестабилните од 24-те активни вулкани во земјата, која се наоѓа на пацифичкиот „огнен појас“. Пред пет години тој вулкан еруптираше и исфрли милиони тони пепел, камења и лава и принуди на евакуација десетици илјади луѓе.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vulkan-na-filipinite-isfrla-pepel-i-otrovni-gasovi-iljadnitsi-luge-evakuirani/feed/ 0
Силен земјотрес на Филипините, издадено предупредување за цунами https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-na-filipinite-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-na-filipinite-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/#respond Tue, 04 Apr 2023 15:39:31 +0000 https://kurir.mk/?p=820159

Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени го погоди денеска источниот дел на Филипините, по што државната сеизмолошка агенција издаде предупредување за цунами. Епицентарот на земјотресот бил на 120 километри од градот Виго, на длабочина од 45 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт, кој првично соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени. Филипинскиот институт за вулканологија и сеизмологија ги повика луѓето што живеат во близина на брегот да се оддалечат од океанот, предупредувајќи дека може да се соочат со бранови високи еден метар над просекот и дека брановите би можеле да бидат уште повисоки во заливите и теснецот. - Јавноста е информирана да биде подготвена во случај на големи бранови. Им беше препорачано да се држат настрана од плажите, изјави за радиото ДЗММ, Терезито Баколол, директор на државната сеизмолошка агенција. Тој додаде дека засега нема извештаи за штети или жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-zemjotres-na-filipinite-izdadeno-predupreduvane-za-tsunami/feed/ 0
Земјотрес од шест степени на Филипините https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjotres-od-shest-stepeni-na-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjotres-od-shest-stepeni-na-filipinite/#respond Tue, 07 Mar 2023 08:44:23 +0000 https://kurir.mk/?p=808957

Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди јужниот дел на Филипините, соопшти Американскиот сеизмолошки институт (УСГС). Локалните власти предупредуваат на можна материјална штета и дополнителни последователни потреси. Земјотресот не бил на голема длабочина, а се случил околу 14 часот по локално време во близина на селото Сан Маријано во провинцијата Давао де Оро, на јужниот филипински остров Минданао. Официјален претставник од локалната канцеларија за катастрофи изјави дека се проверуваат информациите за лизгање на земјиштето на националниот пат. Тој рече дека не добиле информации за други штети или жртви, но дека ги проверуваат околните села. Земјотресите се вообичаени на Филипините, кои се наоѓаат на пацифичкиот „огнен појас“, зона на интензивна вулканска и сеизмичка активност. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zemjotres-od-shest-stepeni-na-filipinite/feed/ 0
Земјотрес на Филипините, нема информации за жртви https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-na-filipinite-nema-informatsii-za-zhrtvi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-na-filipinite-nema-informatsii-za-zhrtvi/#respond Thu, 16 Feb 2023 08:19:14 +0000 https://kurir.mk/?p=801124

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините во текот на ноќта, соопшти Сеизмолошкиот институт USGS, додавајќи дека нема извештаи за жртви или материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, на 11 километри од најблиското село на островот Масбате. Не се издадени предупредувања за цунами. Филипинската сеизмолошка служба соопшти дека регистрирала повеќе од 80 последователни потреси.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-na-filipinite-nema-informatsii-za-zhrtvi/feed/ 0
За Денот на вљубените, филипинска општина награди самци https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-denot-na-vlubenite-filipinska-opshtina-nagradi-samtsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-denot-na-vlubenite-filipinska-opshtina-nagradi-samtsi/#respond Tue, 14 Feb 2023 13:14:12 +0000 https://kurir.mk/?p=800393

По повод Денот на вљубените, самци вработени во градска општина на Филипините добија парична награда, бидејќи локалните власти сакаат да ги наградат за прекувремената работа и да ги потсетат дека „некој ги сака“. Луѓето кои се сами повеќе од пет години и работат во општината на мал град во провинцијата Кезон на југоисточниот дел на Филипините, добија парична награда во вредност од три дневни плати, изјави градоначалникот Мет Флоридо. „Знам низ што минуваат денеска, ги разбирам“, додаде Флоридо, кој вели дека е „самец од раѓање“. Градоначалникот рече дека на Денот на вљубените никој нема да им подарува и додаде дека затоа смислил таков подарок, за да знаат самците дека некој ги сака. Веќе трета година Флорида им дава бонус на самците кои работат во малиот град во кој се одгледуваат ананаси. Тие пари се и потврда за ограничувањата што им се наметнуваат на самците, бидејќи тие често работат и прекувремено.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/za-denot-na-vlubenite-filipinska-opshtina-nagradi-samtsi/feed/ 0
Јапонија и Филипините ја зајакнуваат економската и безбедносната соработка https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-i-filipinite-ja-zajaknuvaat-ekonomskata-i-bezbednosnata-sorabotka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-i-filipinite-ja-zajaknuvaat-ekonomskata-i-bezbednosnata-sorabotka/#respond Thu, 09 Feb 2023 13:55:52 +0000 https://kurir.mk/?p=798480

Јапонскиот премиер Фумио Кишида и филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор денеска изјавија дека двете земји ќе работат на дополнително зајакнување на економската и безбедносната соработка, поради зголеменото присуство на Кина во индо-пацифичкиот регион. На заедничката прес-конференција по разговорите со Маркос Јуниор во Токио, Кишида рече дека Јапонија ќе им обезбеди на Филипините пакет поддршка во вредност од 600 милијарди јени, или 4,6 милијарди долари, од јавниот и приватниот сектор на Јапонија во период од две години, пренесува јапонската агенција Кјодо. Кишида и Маркос потврдија дека двете земји ќе продолжат со разговорите „два плус два“, во кои се вклучени министрите за одбрана и за надворешни работи на двете земји. Кјодо наведува дека двајцата се согласиле да ги ослободат филипинските дипломати од барањата за виза за Јапонија со цел да ја промовираат размената меѓу луѓето меѓу земјите. Кина, Филипините, Тајван, Малезија, Виетнам и Брунеи имаат интереси во Јужното Кинеско Море, поморска област богата со природни ресурси што служи и како критична трговска рута. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/japonija-i-filipinite-ja-zajaknuvaat-ekonomskata-i-bezbednosnata-sorabotka/feed/ 0