филипините – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 31 Aug 2023 07:18:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png филипините – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На Филипините 15 лица загинаа во пожар, пожарникарите доцнеле поради поплави и погрешна адреса https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-filipinite-15-litsa-zaginaa-vo-pozhar-pozharnikarite-dotsnele-poradi-poplavi-i-pogreshna-adresa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-filipinite-15-litsa-zaginaa-vo-pozhar-pozharnikarite-dotsnele-poradi-poplavi-i-pogreshna-adresa/#respond Thu, 31 Aug 2023 07:18:46 +0000 https://kurir.mk/?p=872796

Во пожар во мала фабрика за облека на Филипините утринава загинаа 15 луѓе бидејќи пожарникарите не можеле навреме да стигнат до зградата поради поплавите во областа и погрешна адреса. „Покрај поплавите, пожарникарите доцнеа и поради метеж, а им беше дадена и погрешна адреса“, изјави Наум Тароза од Бирото за противпожарна заштита. Пожарот во селото Таданг Сора во предградието на Кезон Сити е изгаснат по два часа, а истрагата за причините за пожарот е во тек. „Се претпоставува дека повеќето од жртвите се работници во фабриката, кои спиеле во своите соби кога избувнал пожарот. Меѓу загинатите се и сопственикот на фабриката и неговото дете“, рече Тароза. Според него, три лица преживеале, панично скокајќи од вториот кат на фабриката. Во фабриката се чувале запаливи материјали и текстил што се користат за изработка на облека.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-filipinite-15-litsa-zaginaa-vo-pozhar-pozharnikarite-dotsnele-poradi-poplavi-i-pogreshna-adresa/feed/ 0
Седуммина загинати при пожар на траект на Филипините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedummina-zaginati-pri-pozar-na-traekt-na-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedummina-zaginati-pri-pozar-na-traekt-na-filipinite/#respond Mon, 23 May 2022 05:34:18 +0000 https://kurir.mk/?p=680288

Пожар избувна на траект со над 130 лица на Филипините, а во несреќата загинаа седум лица, информираше денеска крајбрежната стража, јави ДПА. Кога пожарот избувна, траектот бил на помалку од еден километар од својата дестинација во провинцијата Кезон, 67 километри западно од Манила. На траектот имало 124 патници и 10 членови на екипажот. Крајбрежната стража спаси 120 лица, од кои 23 повредени и пренесени во болница, додека седуммина се водат како исчезнати. Според првичните информации, пожарот избувнал од моторниот дел на траектот. На фотографии од сведоци се гледа пожарот на траектот, како и црн чад, додека поединци се во водата во близина, откако скокнале од бродот. Германската новинска агенција наведува дека патувањето по море е клучната форма на транспорт на Филипините, а инцидентите се чести и во голем дел, се препишуваат на недоволно добри безбедносни стандарди и пренатрупаност. На Филипините во 1987 година, траект се судри со танкер со нафта, притоа загинаа над 4.000 лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sedummina-zaginati-pri-pozar-na-traekt-na-filipinite/feed/ 0
Бројот на загинати во поплавите и свлечиштата на Филипините се искачи на 172 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-poplavite-i-svlechishtata-na-filipinite-se-iskachi-na-172/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-poplavite-i-svlechishtata-na-filipinite-se-iskachi-na-172/#respond Sun, 17 Apr 2022 07:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=664227

Бројот на загинати од лизгање на земјиштето и поплавите предизвикани од првата тропска бура на Филипините оваа година се искачи на 172, а 110 лица се уште се водат како исчезнати, соопшти денеска филипинската служба за управување со катастрофи. Повеќето од жртвите, 156 биле од провинцијата Лејте, на околу 600 километри југоисточно од главниот град Манила, каде лизгањата на земјиштето ги опустошиле заедниците во градовите Бајбај и Абујог. Шеснаесет луѓе ги загубија животите во други области погодени од поплавите предизвикани од тропската бура Меги од 10 април, додаде службата. Повеќе од два милиона луѓе во 30 провинции беа погодени од невремето, кое принуди повеќе од 207.500 жители да ги напуштат своите домови и да останат во центрите за евакуација. Потрагата по исчезнатите лица продолжува и покрај загриженоста за безбедноста на спасувачките тимови во областите каде има лизгање на земјиштето, изјави Марк Тимбал, портпарол на државната служба за катастрофи. „Засега нашите спасувачки служби не ги прекинаа своите операции. Повеќе од 300 членови на тимот се мобилизирани да им помогнат на жртвите“, изјави Тимбал за радио станицата ДЗББ во Манила. Секоја година во просек по 20 тропски циклони го погодуваат филипинскиот архипелаг. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-poplavite-i-svlechishtata-na-filipinite-se-iskachi-na-172/feed/ 0
Расте бројот на загинати во тропската бура на Филипините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-tropskata-bura-na-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-tropskata-bura-na-filipinite/#respond Tue, 12 Apr 2022 18:25:19 +0000 https://kurir.mk/?p=662116

Најмалку 43 лица загинаа во поплавите и свлечиштата предизвикани од тропската бура Меги во централниот и јужниот дел на Филипините, соопштија локалните власти. Спасувачките екипи денеска трагаа по 28 лица, а потрагата била затоа што се стемнило. Невремето предизвика свлечишта, како и порои од кал и врнежи. Повеќе од 17.000 луѓе ги напуштија своите поплавени куќи каде беше исклучена струјата. Меги, позната на Филипините по локалното име Агатон, е првата голема тропска бура што ја зафати земјата која годинава често беше жртва на природни катастрофи.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zaginati-vo-tropskata-bura-na-filipinite/feed/ 0
Едно лице загина, а 17.000 ги напуштиле домовите по налетот на тропската бура Меги на Филипини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-zagina-a-17-000-gi-napushtile-domovite-po-naletot-na-tropskata-bura-megi-na-filipini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-zagina-a-17-000-gi-napushtile-domovite-po-naletot-na-tropskata-bura-megi-na-filipini/#respond Mon, 11 Apr 2022 06:57:37 +0000 https://kurir.mk/?p=661105

Најмалку едно лице загина, а повеќе од 17.000 мораа да ги напуштат своите домови поради поплавите и лизгањето на земјиштето предизвикани од првата тропска бура на Филипините оваа година. Тропската бура Меги, локално наречена Агатон, во неделата го погоди источниот брег на земјата, а обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето во погодените области. Осумдесет и тригодишен маж се удави во поплавите во провинцијата Давао Де Оро, 970 километри јужно од Манила, соопштија локалните власти. Две жени беа повредени кога беа погодени од поплави во блиската провинција Букиднон, соопшти Националната агенција за катастрофи. -Имаме извештаи за повеќе жртви, но го чекаме официјалниот попис и извештаите на нашите регионални колеги, изјави Марк Тимбал, портпарол на Националната агенција за катастрофи. Агенцијата соопшти дека 17.892 луѓе биле принудени да ги напуштат своите домови во 17 провинции погодени од бурата Меги, додека повеќе од 1.100 патници останале заглавени во пристаништата во погодените области откако крајбрежната стража го прекина морското патување. Меги оттогаш ослабе до тропска депресија, а максималната сила на ветерот сега е 55 километри на час и на удари од 75 километри на час, соопшти метеоролошката служба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/edno-lice-zagina-a-17-000-gi-napushtile-domovite-po-naletot-na-tropskata-bura-megi-na-filipini/feed/ 0
Силен тајфун ги погоди Филипините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-tajfun-gi-pogodi-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-tajfun-gi-pogodi-filipinite/#respond Thu, 16 Dec 2021 08:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=609134

Тајфунот „Рај“ денеска го погоди централниот дел на Филипините, пренесоа новинските агенции, повикувајќи се на националната Метеоролошка служба на оваа азиска земја. Повеќе од 82.000 луѓе се испратени во центрите за евакуација пред да се приближи тајфунот. Наставата е откажана, многу установи се затворени. Во 11 часот по локално време брзината на ветрот изнесувала 51 метар во секунда, на моменти и до 64 метри во секунда. Епицентарот на тајфунот се наоѓа на околу 180 километри источно од провинцијата Северен Суригао и се движи на северозапад. „Рај“ е т.н. супер тајфун, споредлив по јачина со ураганите од петта категорија во САД. Низ светот, секоја година се формираат по околу пет такви циклони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/silen-tajfun-gi-pogodi-filipinite/feed/ 0
ТЛОТО СЕ ТРЕСЕШЕ – силен земјотрес ги погоди Филипините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tloto-se-treseshe-silen-zemjotres-gi-pogodi-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tloto-se-treseshe-silen-zemjotres-gi-pogodi-filipinite/#respond Thu, 21 Jan 2021 13:48:16 +0000 https://kurir.mk/?p=458098

Силен земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на Филипни. Како што соопшти Медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) земјотресот бил на длабочина од 122 километри. ЕМСЦ првично соопшти дека земјотресот бил со интензитет од 7,2 степени според Рихтер. За сега нема инфорамции за евентуални жртви и причинета материјална штета. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tloto-se-treseshe-silen-zemjotres-gi-pogodi-filipinite/feed/ 0
Тајфунот Вамко ги опустоши Филипините, настрадаа најмалку 53 лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-vamko-gi-opustoshi-filipinite-nastradaa-najmalku-53-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-vamko-gi-opustoshi-filipinite-nastradaa-najmalku-53-lica/#respond Sat, 14 Nov 2020 10:43:20 +0000 https://kurir.mk/?p=429403

Тајфунот Вамко ги опустоши Филипините, настрадаа најмалку 53 лица, а густа кал затрупа многу села во околината на главниот град Манила. Вамко, кој е трет катастрофален тајфун што оваа година ги погоди Филипините, предизвика големи поплави, поради кои луѓето бегале на покривите од своите куќи. Поплавени се десетина градови во регионот Кагајан, северно од Манила, а загрозени се повеќе илјади семејства. Планирана е евакуација на уште 468.000 луѓе, соопшти Штабот за вонредни ситуации на филипинската Влада. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-vamko-gi-opustoshi-filipinite-nastradaa-najmalku-53-lica/feed/ 0
Тајфунот Гони го погоди брегот на Филипини https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-goni-go-pogodi-bregot-na-filipini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-goni-go-pogodi-bregot-na-filipini/#respond Sun, 01 Nov 2020 11:50:42 +0000 https://kurir.mk/?p=423281

Тајфунот Гони, поради кој беа евакуирани повеќе од милион луѓе, го погоди брегот на Филипините. Аеродромот во Манила е затворен поради тајфунот, соопштија филипинските власти. Гони го погоди копното на истокот на земјата, во провинцијата Катандуанес, проследен со налети на ветер до 225 километри на час. Локалната метеоролошка агенција предупреди дека во следните 12 часа ќе дуваат „катастрофални силни ветрови проследени со силен пороен дожд“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tajfunot-goni-go-pogodi-bregot-na-filipini/feed/ 0
Земјотрес со јачина од 6,3 степени ги погоди Филипините https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-6-3-stepeni-gi-pogodi-filipinite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-6-3-stepeni-gi-pogodi-filipinite/#respond Sun, 06 Sep 2020 17:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=399990

Земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди денеска Филипините, соопшти американскиот геолошки институт. Епицентарот бил на 82 километри источно и северо-источно од градот Генерал Сантос на островот Минданао, на длабочина од 120,9 километри. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zemjotres-so-jachina-od-6-3-stepeni-gi-pogodi-filipinite/feed/ 0