филм барби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 10:53:30 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png филм барби – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Речиси четвртина од луѓето кои го погледнале „Барби“, одат в кино првпат по пандемијата https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/rechisi-chetvrtina-od-lugeto-koi-go-poglednale-barbi-odat-v-kino-prvpat-po-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/rechisi-chetvrtina-od-lugeto-koi-go-poglednale-barbi-odat-v-kino-prvpat-po-pandemijata/#respond Mon, 14 Aug 2023 10:53:30 +0000 https://kurir.mk/?p=866481

Филмот „Барби“ на голема мера ги врати љубителите на филмот во кино, покажува ново испитување на сервисот за филмови, анализа и статистика, „Кворум“ (The Quorum). Анкетирани биле 1.800 купувачи на билети за „Барби“ во САД во текот на три недели, откривајќи дека 11 отсто „не се сеќаваат на последниот филм што го гледале в кино“. Натаму, други 11 отсто рекле дека „Барби“ е првиот филм што го виделе во кино од почетокот на корона-пандемијата во 2020 година. Така, проценките говорат дека 22 насто од вкупниот број луѓе кои отишле в кино заради „Барби“ би биле еднакви на околу девет милиони луѓе. Во меѓувреме, 46 насто од испитаниците велат дека одат во кино „постојано“, додека 32 отсто одговориле - „понекогаш“. Од испитаниците, 45 насто би сакале да одат почесто на кино, но проблем е цената на влезниците. Ним би им бил потребен уште еден филм „возбудлив како 'Барби' за да ги врати в кино“, како што гласи одговорот во изборот. Само 15 отсто одговориле: „Мислам дека 'Барби' не значи дека ќе почнам да гледам повеќе филмови во кината. Ова беше еднократно искуство“. Просечната оценка на ИМДБ засега е 7,4 / 10, од вкупно 225.000 гледачи кои го оцениле филмот. На „Ротен томатос“, го препорачуваат 83 отсто од оценувачите. Неколку многу очекувани изданија ќе се појават во кината следните неколку месеци, но и покрај очигледната „глад“ кај филмофилите, кој колку ќе биде успешен, допрва ќе се види, се вели во написот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/rechisi-chetvrtina-od-lugeto-koi-go-poglednale-barbi-odat-v-kino-prvpat-po-pandemijata/feed/ 0