филмски фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 15 Mar 2023 08:23:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png филмски фестивал – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Македонскиот филм „Преекспонирано“ ќе се натпреварува на филмски фестивал во Италија https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskiot-film-preeksponirano-ke-se-natprevaruva-na-filmski-festival-vo-italija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskiot-film-preeksponirano-ke-se-natprevaruva-na-filmski-festival-vo-italija/#respond Wed, 15 Mar 2023 08:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=812093

Македонскиот филм „Преекспонирано“ на Елеонора Венинова ќе се натпреварува во официјалната главна селекција на фестивалот КинЕст фест 2023 кој ќе се одржи во Катанија, Италија. Ова е трето издание на фестивалот кој е фокусиран на кинематографијата на Источна и Централна Европа, а ќе трае од 5 април до 30 мај. Фестивалот освен филмски премиери одржува и многубројни специјални настани, работилници, настапи во живо, ретроспективи  и мастеркласови посветени токму на кинематографијата од нашиот регион. Премиерата на „Преекспонирано“ на овој фестивал ќе се одржи на 7 и 8 мај, а режисерката Елеонора Венинова ќе одржи и работилница. Светската премиера на филмот „Преекспонирано“ се случи на А фестивал во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал во Каиро, кој се одржа од 13 до 22 ноември, минатата година. Азиската премиера, пак, се одржа на Меѓународниот филмски фестивал во Пуне, Индија од 2 до 9 февруари оваа година. Во тек се интензивни подготовки и за премиера пред домашната публика. Улогите ги толкуваат: Камка Тоциновски, Благој Веселинов, Сара Климоска, Марјан Наумов Кинематографер: Лев Предан Коварски, музика: Линдзи Рајт, сценографија Срѓан Митровиќ, сценарио: Елеонора Венинов, монтажер: Гоце Кралевски, костими: Жаклина Крстевска, монтажер за звук: Дарко Спасовски, режија Елеонора Венинова, продуцент Гоце Кралевски (ДНФ ФИЛМС), ко-продуцент Мирјана Томиќ (ЛИЛИТ-Србија). Филмот е поддржан од Агенција за Филм, Српски Филмски Центар и Еуримаж.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/makedonskiot-film-preeksponirano-ke-se-natprevaruva-na-filmski-festival-vo-italija/feed/ 0
Во Дојран прво издание на филмскиот фестивал „Преку езерото“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-dojran-prvo-izdanie-na-filmskiot-festival-preku-ezeroto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-dojran-prvo-izdanie-na-filmskiot-festival-preku-ezeroto/#respond Fri, 05 Aug 2022 05:46:20 +0000 https://kurir.mk/?p=714307

Од денеска до недела, покрај брегот на езерото во Дојран, ќе се одржува првото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Преку езерото“. Во рамки на фестивалот, посетителите ќе имаат можност да гледаат филмови на автори, кои живеат или потекнуваат од медитеранските и европските земји. Станува збор за прв филмски фестивал од ваков формат во земјава, кој ќе го збогати културниот живот во градот и околината, а традиционално ќе се одржува во Дојран. „Преку езерото“ е иницијатива предводена од Јани Бојаџи, филмски режисер и продуцент. Како што соопштија организаторите на фестивалот, за ова прво издание селектирани се девет исклучителни кратки филмови од осум медитерански земји, со актуелни теми кои се раскажани со медитерански дух, специфичен и посебен во уметноста на филмот. Во главната натпреварувачка програма се „А ла карт“ на Василис Циуварас и Таксиарис Делијанис од Грција, „Пресуда“ на Дора Јунг од Србија, „Марко“ на Марко Шантиќ од Хрватска, „Перики“ на Ангела Димеска од нашата држава, „Виножито“ на Александар Вујовиќ од Црна Гора, „Криминалци“ на Серхат Караслан од Турција, „Што не знаеме за Маријам“ на Морад Мостафа од Египет, „Светиот син“ на Аљоша Масине од Италија и „Поглед од балкон“ на Арис Капланидис од Грција. Покрај главната програма во склоп на фестивалот ќе се прикажат и неколку долгометражни филмови од медитеранските земји, кои се истакнале по особениот пристап на темата кој нуди нов поглед на нештата кој го поттикнува дијалогот помеѓу различните култури, општествени групи и нации. Во склоп на фестивалот ќе се одржи и мастерклас на тема „Трагањето на сценаристите по вистинското значење на темата во нивните сценарија“. Мастеркласот ќе го води докажаниот британски скрипт-консултатнт Џон Стивенс. Меѓународното жири кое ќе ги оценува филмовите во натпреварувачката конкуренција ќе го предводи грчкиот режисер Василис Мазоменос, а членови се Гоце Кралевски, продуцент и Ева Камчевска, сценарист.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/vo-dojran-prvo-izdanie-na-filmskiot-festival-preku-ezeroto/feed/ 0
Филмскиот фестивал ,,Џифони патува” во М.Каменица https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-m-kamenica/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-m-kamenica/#respond Tue, 31 May 2022 11:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=684228

Во организација на Културно-информативниот центар ,,Романса”, Македонска Каменица ќе биде домаќин на патувачкиот фестивал ,,Џифони патува”. Директорот на КИЦ ,,Романса” Гоце Стојановски информираше дека во рамки на настанот предвидени се повеќе активности со младите од М.Каменица. -Најдобриот патувачки фестивал за деца и млади ,,Џифони патува” оваа среда и четврток (02.06 и 03.06.2022) ќе ги претстави своите активности во Домот на Културата На фестивалот ќе се прикажуваат филмови за млади, а програмата ќе се збогати и со три работилници, рече Стојановски. Во рамки на фестивалот со почеток од 10 часот предвидена е и театарска, фотографска и ликовната работилница на која како што додаде, младите од Македонска Каменица ќе можат да ја покажат својата креативност. Џифони е фестивал кој постои повеќе од 50 години и е најпознат филмски фестивал за млади во светот кој се одржува близу Неапол во Салерно. Во организација на Џифони Македонија фестивалот своите активности во земјава ги реализира 10 година по ред.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/filmskiot-festival-dzifoni-patuva-vo-m-kamenica/feed/ 0
Отворен 75. Филмски фестивал во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-75-filmski-festival-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-75-filmski-festival-vo-kan/#respond Tue, 17 May 2022 19:09:27 +0000 https://kurir.mk/?p=678052

Престижниот Филмски фестивал во Кан денеска беше отворен по 75-ти пат, а на црвениот теших се појавија многу ѕвезди и гости кои ги вратија возбудата и гламурот во модниот град, што овој пат е придружен и со контроверзиите околу одбивањето на акредитацијата на руските филмаџии и новинари. „Кан 2020“ не се одржа поради пандемијата на коронавирусот, а минатата година се одржа во посебни услови. -Едноставно кажано, пресреќен сум, изјави претседателот на жирито Винсент Линдон на прес-конференција. Во жирито се вклучени повеќе актери и режисери, меѓу кои Ребека Хол, Номи Рапејс, Дипика Падукон, Џеф Николс и Асгар Фархади. Најголемиот филмски фестивал во светот се одржува од 17 до 28 мај, а враќањето кон свеченостите, забавите, гламурот и парите дава надеж дека гледачите во голем број ќе се вратат во кината. Фестивалот беше отворен со проекција на филмот за зомби „Final Cut“ во режија на Мишел Хазанавичиус, а гледачите ќе можат да го погледнат и филмот на Том Круз „Топ Ган: Маверик“. Том Круз со ова се врати во Кан прв пат по 30 години. Почесната златна палма за животно дело ќе ја прими Форест Витакер. Неговата продуцентска куќа ќе го прикаже „За доброто на мирот“, документарен филм за војната во Јужен Судан. Во контекст на војната во Украина, организаторите на фестивалот решија да им ги ускратат акредитациите на сите руски филмаџии, но и на новинарите кои на кој било начин се поврзани со руската влада. Но, подоцна некои новинари добија акредитации, не наведувајќи кои. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-75-filmski-festival-vo-kan/feed/ 0
Прва жена претседателка на Филмскиот фестивал во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prva-zena-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prva-zena-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-kan/#respond Fri, 25 Mar 2022 08:58:44 +0000 https://kurir.mk/?p=653107

Одборот на директори на Асоцијацијата на филмските фестивали во Франција ја избра Ирис Ноблох, поранешна шефица на „Ворнер брос“ во земјата, за претседателка на Канскиот филмски фестивал. - Советот на Асоцијацијата ја назначи Ирис Ноблох за прва жена претседателка на Канскиот филмски фестивал. Таа ќе ја преземе функцијата на 1 јули со тригодишен мандат, се вели во соопштението. Според прописите на фестивалот, претседателот се избира со тајно гласање. – Мило ми е што Ирис Ноблох ќе ни се придружи и среќен сум што нејзе ѝ ја препуштам „диригентската палка“, бидејќи таа несомнено ќе покаже визија и талент на нејзината нова позиција, изјави Пјер Лескор, актуелен претседател на фестивалот. Ноблох досега, 15 години, работела во „Ворнермедија“ за Франција, Бенелукс, Австрија, Германија и Швајцарија. Има глумено и во филмови на Клинт Иствуд, Кристофер Нолан, Стенли Кјубрик и Стивен Содерберг. Во 2008 година, таа ја доби почесната титула кавалер на францускиот Орден на Легијата на честа (Chevalier de l’Ordre de la Legion d’Honneur). Филмскиот фестивал во Кан оваа 2022 година ќе се одржува од 17 до 28 мај. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/prva-zena-pretsedatelka-na-filmskiot-festival-vo-kan/feed/ 0
УШТЕ ЕДЕН ГОЛЕМ УСПЕХ: Сашко Коцев со награда за најдобар актер на филмскиот фестивал во Бејрут https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ushte-eden-golem-uspeh-sashko-kocev-so-nagrada-za-najdobar-akter-na-filmskiot-festival-vo-bejrut/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ushte-eden-golem-uspeh-sashko-kocev-so-nagrada-za-najdobar-akter-na-filmskiot-festival-vo-bejrut/#respond Tue, 09 Feb 2021 12:38:51 +0000 https://kurir.mk/?p=466249

Награда за најдобар актер на фестивалот за кратки филмови во Бејрут - „Beirut Shorts International Film Festival“ ја доби нашиот актер Сашко Коцев. Актерот Коцев, со потекло од Куманово, наградата ја освои по заслуга на неговата улога во филмот „Налепница“ на Георги Унковски. Ова е една од многубројните награди кој Сашко Коцев ги има освоено. Тој го доби и признанието за најдобар актер на Фестивалот за кратки филмови во Берлин, Германија, две награди во италија, награда за најдобар актер на фестивал во Турција. Сашко Коцев го игра главниот лик во „Налепница“, кој по неуспешниот обид да ја обнови својата сообраќајна дозвола, тргнува на пат и запаѓа во серија бирократски проблеми… Краткометражниот игран филм „Налепница“учествуваше на повеќе од 170 филмски фестивали и доби десетици награди. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/ushte-eden-golem-uspeh-sashko-kocev-so-nagrada-za-najdobar-akter-na-filmskiot-festival-vo-bejrut/feed/ 0
Македонскиот филм „Дедо и Внук“ на Илија Пиперкоски најдобар на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-najdobar-na-internacionalniot-filmski-festival-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-najdobar-na-internacionalniot-filmski-festival-vo-pariz/#respond Thu, 10 Dec 2020 06:27:24 +0000 https://kurir.mk/?p=441214

Екипата на филмот „Дедо и Внук“ на режисерот Илија Пиперкоски ја освои наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски фестивал во Париз, соопшти „Пандорас бокс продукција“. Ова е шестта награда за првиот долгометражен филм на Пиперкоски, кој претходно ја освои наградата за најдобра режија на The Buddha International Film Festival, а доби и две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival и уште една награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови. Досега две награди за фотографија освои и директорот на фотографија, Патру Паунеску. Парискиот интернационален филмски фестивал (PIFF) е единствен месечен филмски фестивал, создаден како одговор на меѓународната побарувачка за уметнички филмови и можност за откривање на млади таленти. Секој месец се организираат проекции со најдобри филмови и настани за вмрежување во „срцето на Париз“. Сепак, поради Ковид-19 кризата, ограничувањата за патувања и владините регулативи, организаторите на фестивалот беа принудени да ги откажат скоро сите настани и да го преместат целиот фестивал онлајн. Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото, во „Дедо и Внук“ успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат – проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук. Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па гледачите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели. Според Пиперкоски, уметноста не треба да се занимава со големи теми, туку со мали, навидум секојдневни приказни на обичниот човек. Големите приказни се во малите мигови…. Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент е Огнен Антов од „Дрим фактори“, во соработка со „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, композитор Оливер Тевчев, а монтажата ја направи Данчо Стефков.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/makedonskiot-film-dedo-i-vnuk-na-ilija-piperkoski-najdobar-na-internacionalniot-filmski-festival-vo-pariz/feed/ 0
Поради коронавирусот откажан Филмскиот фестивал во Пула https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/poradi-koronavirusot-otkazan-filmskiot-festival-vo-pula/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/poradi-koronavirusot-otkazan-filmskiot-festival-vo-pula/#respond Wed, 15 Jul 2020 07:51:37 +0000 https://kurir.mk/?p=375885

Хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита одлучи да го откаже годинашниот Филмски фестивал во Пула, поради влошената состојба со врска корона-епидемијата. Се проценува дека собирите на голем број луѓе претставуваат настани со висок ризик за ширење на коронавирусот. Ова за кусо време може да го зголеми бројот на заразени и болни и дополнително да го загрози здравјето на населението во округот Истра. Така би се оптоварил и здравствениот систем во округот“, се вели во соопштението. Организаторите нагласија дека фестивалот се приклучува кон општата општествена одговорност со цел да се спречи ширењето на коронавирусот во Хрватска. „Наредните неколку дена ќе објавиме алтернативни начини за одржување и прикажување на фестивалската програма“, се додава натаму во известувањето. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/poradi-koronavirusot-otkazan-filmskiot-festival-vo-pula/feed/ 0
„O Que Arde” победи на Филмскиот фестивал во Солун https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/o-que-arde-pobedi-na-filmskiot-festival-vo-solun/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/o-que-arde-pobedi-na-filmskiot-festival-vo-solun/#respond Mon, 11 Nov 2019 08:12:54 +0000 https://kurir.mk/?p=262469

Филмот „O Que Arde” (Моќта на огнот) на режисерот Оливер Лаксе, снимен на галициски јазик, ја освои наградата „Златен Александар“ на 60. Меѓународен филмски фестивал во Солун. Филмот говори за пироман пуштен од затвор и враќањето во неговото село… Втората награда отиде за филмот „Треска” (A Febre) на бразилската режисерка Маја да-Рин, која ги истражува промените во Амазонија. Наградата за најдобра режија ја освои перуанска режисерка Мелина Леон за филм „Песна без име“ (Canción sin nombre). На фестивалот во Солун во натпреварувачкиот дел се прикажаа 14 филмови, вон натпреварувачкиот дел беа прикажани пет филма. Почесната награда ја доби глумецот режисер Џон Вотерс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/o-que-arde-pobedi-na-filmskiot-festival-vo-solun/feed/ 0
Отворен филмскиот фестивал во Венеција https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-filmskiot-festival-vo-venecija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-filmskiot-festival-vo-venecija/#respond Thu, 29 Aug 2019 07:12:24 +0000 https://kurir.mk/?p=234544

Француските актерки Катрин Денев и Жилијет Бинош го отворила 76 Венецијански филмски фестивал. Двете актерки се прошетаа на црвениот тепух со јапонскиот режисер за да го претстават филмот „Вистина“, семејна драма која се натпреварува за Златниот лав. Во трката за оваа награда, годинава влегоа 21 филм.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/otvoren-filmskiot-festival-vo-venecija/feed/ 0