Филолошки факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 18 May 2021 05:59:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Филолошки факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Свеченост по повод јубилејот – 45 години македонистика на „Ломоносов“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenost-po-povod-jubilejot-45-godini-makedonistika-na-lomonosov/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenost-po-povod-jubilejot-45-godini-makedonistika-na-lomonosov/#respond Tue, 18 May 2021 05:59:20 +0000 https://kurir.mk/?p=511589

Македонскиот јазик, литература и култура веќе 45 години се изучуваат на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ – јубилеј којшто е исклучително значаен за македонистиката. По тој повод денеска ќе се одржи свечен настан преку платформата Зум, на кој ќе се обратат ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (УКИМ), проф. д-р Никола Јанкуловски, рускиот амбасадор во државава Сергеј Александрович Баздникин, Оливера Чаушевска-Димовска, в.д. амбасадорката на Македонија во Руската Федерација, проф. д-р Андреј Александрович Липгарт, декан на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“ и проф. д-р Анета Дучевска, деканка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Работниот дел, соопштуваат организаторите, ќе го отвори директорката на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ (МСМЈЛК), проф. д-р Весна Мојсова-Чепишевска, по што ќе следат излагања и сеќавања за работата на лекторатот по македонски јазик на Филолошкиот факултет при МГУ „М. В. Ломоносов“, и тоа од некогашни и сегашни лектори, како и од предавачи и професори коишто вистински се вградиле во работата на лекторатот по македонски јазик на универзитетот „М. В. Ломоносов“, а коишто како кадри пред сѐ излегоа од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, како и од Институтот за македонски јазик „Крсте Петков – Мисирков“ и Институтот за македонска литература при УКИМ.. Организаторите посочуваат дека во рамки на настанот, говорниците, одделно ќе се осврнат и на влогот на оние без коишто отпочнувањето со работа на лекторатот во Москва немаше да се случи – академик Рина Павловна Усикова и нејзиниот руски ментор, професорот Самуил Борисович Бернштејн, како и нејзиниот македонски ментор, професорот Блаже Конески. – Овој значаен јубилеј – 45 години македонистика на „Ломоносов“, којшто се одбележува во текот на годината кога се навршуваат 100 години од раѓањето на Блаже Конески, покажува дека мостот меѓу универзитетите „Св. Кирил и Методиј“ и „М. В. Ломоносов“, како и меѓу двете земји и двата народа, одлично функционира и до ден денес, но и дека обврзува и понатаму да се создаваат нови генерации македонисти и слависти од двете земји, соопштуваат од МСМЈЛК Одбележувањето на јубилејот следи по зимската школа организирана од МСМЈЛК, што се одржа на почетокот од оваа година, како и по извонредно организираната тркалезна маса на Рускиот центар, и двата при УКИМ. Со одбележувањето 45 години изучување на македонскиот јазик, литература и култура на Филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „М. В. Ломоносов“, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ го продолжува и достоинственото чествување на ликот и делото на Блаже Конески. Овој настан е дел од годишната програма на МСМЈЛК при УКИМ, а се остварува во рамките на богатата програма посветена на големиот јубилеј на великанот Блаже Конески, како дел од Програмата на манифестацијата „2021 – Година во чест на Блаже Конески“, под покровителство на претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, а во координација на Министерството за култура во соработка со Министерството за образование и наука. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/svechenost-po-povod-jubilejot-45-godini-makedonistika-na-lomonosov/feed/ 0
Отворени денови на Катедрата за славистика на Филолошки факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-denovi-na-katedrata-za-slavistika-na-filoloshki-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-denovi-na-katedrata-za-slavistika-na-filoloshki-fakultet/#respond Wed, 05 May 2021 05:21:23 +0000 https://kurir.mk/?p=505647

Отворени денови на Катедрата за славистика на Филолошки факултет „Блаже Конески“ ќе се одржат од денеска до 15 мај со цел приближување на студиите до идните студенти. Катедрата ќе спроведе серија отворени настани на кои средношколците ќе имаат прилика да се запознаат со наставните програми, содржини и ресурси, како и со перспективите за академски и професионален развој што се нуди. На Отворените денови на Катедрата за славистика, учениците ќе имаат прилика да се запознаат со професорите, лекторите, наставниците и студентите на трите студиски насоки, да ги дознаат предметите, содржините, да присуствуваат на час и да стекнат претстава за тоа како изгледа факултетскиот ден на еден славист, да го постават секое неодговорено прашање и да добијат важни информации, насоки и контакти во врска со запишувањето и студирањето. Смислата на оваа серија настани на Катедрата за славистика е да им помогне на многумина ученици да стекнат поинформирана претстава за различните академски патеки што им претстојат и, со тоа да направат соодветен избор за своите универзитетски студии.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreni-denovi-na-katedrata-za-slavistika-na-filoloshki-fakultet/feed/ 0