филозофски факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 29 Nov 2022 12:00:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png филозофски факултет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Кисела Вода и Филозофскиот факултет https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-kisela-voda-i-filozofskiot-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-kisela-voda-i-filozofskiot-fakultet/#respond Tue, 29 Nov 2022 12:00:14 +0000 https://kurir.mk/?p=768190

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и Деканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Метoдиј“ Скопје, проф. д-р Ратко Дуев, денес потпишаа Меморандум за соработка помеѓу двете институции.

Согласно договореното, преку различни модели на соработка втемелени на платформа на заемна доверба и разбирање, ќе бидат реализирани различни активности кои се од интерес и бенефит за двете страни.

Организирање и реализација практична работа на студентите, научни и студентски конференции, летни школи, семинари, работилници, промоции и трибини, како и обуки за вработените во Општина Кисела Вода согласно спецификите и потребите се само дел од содржината на денес потпишаниот документ.

Градоначалникот Ѓорѓиевски и деканот Дуев на средбата истакнаа дека заемната размена на информации, знаења и искуства од областите од заеднички интерес ќе има значаен бенефит и дека на тој начин се дефинира и трасира добрата деловна клима помеѓу двете институции.

]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/potpishan-memorandum-za-sorabotka-pomegju-opshtina-kisela-voda-i-filozofskiot-fakultet/feed/ 0
НАТО Академија на Филозофскиот факултет на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-akademija-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-akademija-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/#respond Fri, 21 Oct 2022 06:09:38 +0000 https://kurir.mk/?p=748719

Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје беше домаќин на НАТО Академија во заедничка организација со Евроатлантскиот совет на Република Македонија. Пред учесниците на НАТО Академијата предавање одржа проф. д-р Марјан Ѓуровски од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ кој говореше на темата „Реформа на безбедносниот систем и новите безбедносни закани“. – Градењето на концепт на интегрална безбедност ќе ги зајакне домашните капацитети на македонскиот безбедносен и политички систем да ги превенира и одговори на ризиците, заканите со кои се соочуваме секој ден и кои не се видливи за обичните граѓани„ рече Ѓуровски и нагласи дека екомонската безбедност на државата е пред сериозни предизвици и може да биде сериозно загрозена доколку навремено не се справуваме сите со обидите за ширење лажни вести, хибридни закани, асиметрични против законски активности и координтирано делување, како на безбедносно-разузнавачката заедница, така и власта и бизнис заедницата. Според Ѓуровски столбови на трансформација на безбедносниот систем на земјава се: консолидација на ресурсите, ажурирање на безбедносната политика, мапирање на ризиците и заканите, координација, градење систем на безбедносна култура, професионализација, градење концепт на интегрална безбедност, јавно приватно партнерство во безбедноста. – Брзото менување на светските трендови и односи не овозможуваат традиционален пристап и постепено реформирање туку наметнува потреба од едно ново брзо и непредвиливо темпо на брзо детектирање и делување кон заканата, зашта НАТО не може целосно да не заштити од заканите и изворите на ризици кои ги имаме дома. Овој навидум хаотичен пристап во меѓународната безбедност овозможува државни и недржавни актери од други земји да ги искористат и експлоатираат слабостите на политичкиот и безбедносниот систем, истакна Ѓуровски во своето предавање на НАТО Академијата. Според него, воените случувања и состојбата во регионот и нашето опкружување отвора, како што рече, голем број „прозорци на можности“ кои се користат против нашите интереси. Главната цел на НАТО Академијата е да доближат интеграциските процеси преку средства за едукација во областа на безбесноста на долг рок, како и да се креира платформа за дебата и дискусија. Академијата е едукативна и ќе опфати практична компонента со што ќе биде овозможено студентите и учесниците да се запознаенаат со темите НАТО, безбедност, одбрана и меѓународна политика.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nato-akademija-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/feed/ 0
Меѓународна недела на Филозофскиот факултет на УКИМ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nedela-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nedela-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/#respond Mon, 14 Feb 2022 07:13:57 +0000 https://kurir.mk/?p=631128

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од денеска до 18 февруари по четврти пат ќе организира Меѓународна недела, која втора година се одржува онлајн поради пандемијата. Излагањата на учесниците ќе бидат на актуелни теми од хуманистичките и општествените науки. Како што соопшти факултетот, предавање ќе имаат петнаесетина професори од универзитети од САД, Обединетото Кралство, Франција, Шпанија, Португалија, Грција, Турција, Полска… На настанот ќе бидат промовирани и два нови Еразмус-проекта чиј координатор е Филозофскиот факултет: „Обединети во инклузијата за вработливост“, во реализација со партнерски универзитети од Кипар и Португалија, и „Ажурирање на универзитетските предметни програми за рана интервенција“, во реализација со партнерски универзитети од Шпанија, Русија и Кипар. Предавањата секој ден до петок ќе почнуваат во 11, 12 и во 13 часот. Наменети се за студентите на сите три циклуси на студирање на Филозофскиот факултет, но на онлајн-платформата може да се вклучат и сите заинтересирани. – Темите на предавањата се од различни дисциплини од хуманистичките и општествените науки, како филозофија, класични студии, психологија, педагогија, социологија и други, соопшти Филозофскиот факултет за настанот за кој агендата е достапна на линкот http://fzf.ukim.edu.mk/4th-international-week/, како и на: https://twitter.com/FZFIntWeek .]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nedela-na-filozofskiot-fakultet-na-ukim/feed/ 0
Филозофскиот факултет на УКИМ одбележува 101 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filozofskiot-fakultet-na-ukim-odbelezuva-101-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filozofskiot-fakultet-na-ukim-odbelezuva-101-godina/#respond Thu, 16 Dec 2021 09:45:39 +0000 https://kurir.mk/?p=609204

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје денеска одбележува 101 година од основањето. За годишнината организира настан од 11 часот, на кој ќе се обрати деканот Ратко Дуев, ќе бидат доделени благодарници, ќе бидат промовирани Годишниот зборник на Филозофскиот факултет, Зборникот од Втората научна студентска кнференција МЕЕТ и 24-тиот број од списанието „Внатрешен патник“. Во рамки на презентацијата на факултетските научно-истражувачкки проекти, ќе биде претставен и Еразмус-проектот „Пристапно и дигитално киултурно наследство“ од раководителот на проектот, проф. д-р Виктор Лилчиќ Адамс. Филозофскиот факултет во Скопје е основан на 16 декември 1920 година и е прва високообразовна институција во Македонија, со која се смета дека започнува ерата на модерното високо образование во земјава. – Само до Првата светска војна, кога прекинува со работа, на него дипломирале околу 1800 студенти. Во 1946 година, со закон на тогашната Влада тој е обновен, како прва единица на првиот македонски универзитет. По независноста на државата, Филозофскиот факултет донесе големи промени кои се наметнале како нова етапа во развојот на високото образование, соопшти Деканатот на Филозофскиот факултет. Факултетот сега има 15 студиски програми на додипломски и 25 на постдипломските студии, 12 институти и 12 библиотеки. Во согласност со потребите на новото време, почнат е процес на дигитализација, а целиот библиотечен материјал може да се пребара електронски. – Факултетот денес ги следи и светските трендови, пред сè во делот на визитинг-предавања од водечки светски професори, меѓународна размена на професори и студенти, реализирање летни школи и семинари. Во изминатите децении факултетот е вклучен и во носењето на многу закони и стратегии во разни области. Пред него ќе има тешка и одговорна задача да создава и применува образовни модели соодветни на интересите на младите луѓе во земјава, а применливи во меѓународниот трансфер на идеи, наведува Деканатот на Филозофскиот факултет по повод 101 година од почетокот на неговата работа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filozofskiot-fakultet-na-ukim-odbelezuva-101-godina/feed/ 0
Меѓународна недела на Филозофскиот факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nedela-na-filozofskiot-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nedela-na-filozofskiot-fakultet/#respond Mon, 15 Feb 2021 06:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=468743

Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од денеска до 19 февруари ќе ја одржи третата по ред Меѓународна недела. Од Филозофскиот факултет информираат дека оваа година, настанот се одржува онлајн, а темата е „Истражување на пандемиите низ хуманистичките и општествените науки“. Предавања ќе имаат десет професори од универзитети од Канада, Израел, Обединетото Кралство, Франција, Италија, Холандија, Полска и Словачка. Ќе биде промовиран и Еразмус проектот „Развој на нов софтвер за психомоторна ре-едеукација на деца со аутизам” од страна на координаторот од Чанаккале Универзитетот од Турција, проект во чија реализација како партнер учествува и Филозофскиот факултет. – Темите на предавањата се поврзани со пандемиите, но нивниот фокус е насочен кон ретко коментирани аспекти или перспективи во јавниот дискурс. Дел од насловите на предавањата се: „Општествениот живот и пандемиите: белешки за био-општественоста на инфекцијата“, „Класичниот мит и неговотo прифаќање како одговор на криза“, „Карактерното образование во време на пандемија“, „Психолошкиот контекст на прифаќање на конспиративни верувања за време на пандемијата“, „Одговорот на социјалната политика на Ковид-19“ и др. Оваа година предавачите се од дисциплините: филозофија, класични студии, историја на уметност и археологија, социологија, педагогија, психологија и социјална политика, се наведува во најавата од Филозофскиот факултет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodna-nedela-na-filozofskiot-fakultet/feed/ 0
Реакција на Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје по повод Концептот на МОН https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-institutot-za-istorija-pri-filozofskiot-fakultet-vo-skopje-po-povod-konceptot-na-mon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-institutot-za-istorija-pri-filozofskiot-fakultet-vo-skopje-po-povod-konceptot-na-mon/#respond Fri, 18 Dec 2020 14:46:18 +0000 https://kurir.mk/?p=445263

По повод Концептот на МОН за спојување на предметот историја со група други предмети во основното образование, Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје испрати соопштение зад кое стојат сите професори на Институтот. Ви го пренесуваме во целост: Како матица на историското образование и наука во македонската држава од нејзиното основање до денес, чии кадри претставуваат потпора и темел на сите нивоа и сегменти на македонското образование, исполнувајќи ја својата општествена должност и совест, Институтот за историја соопштува: 1. Таканаречениот „Концепт“ што го нуди МОН е донесен на целосно нетранспарентен начин, без консултација ниту со Институтот или други високошколски установи, ниту со научната и професионалната јавност. Институтот цени дека е скандалозно да се влечат вакви сериозни потези без воопшто и да се информира – а не пак да се побара совет од струката, од која утреден ќе се бара планираното да го спроведе во дело, во училишните клупи. 2. Идејните творци на концептот не само што немаат компетенции да го реформираат начинот на кој една научна дисциплина се доближува до учениците, туку покажуваат и елементарно непознавање на материјата која мислат дека ја реформираат. Вакви дилетантски потези, како и сите досегашни, се однапред осудени на пропаст. 3. Т.н. „Концепт“ предвидува интегрирање на историјата со науки од сосем различен вид во миг кога македонската историја, македонскиот јазик, и македонскиот идентитет воопшто, се безмилосно нападнати и неосновано оспорени однадвор. Во еден ваков несреќен момент, секое продолжување на замислената интеграција може да се протолкува како внатрешно институционално содејство со надворешни желби и притисоци. Со оглед на искажаново, Институтот за историја при Филозофскиот факултет во Скопје решително го отфрла понудениот концепт и бара од надлежното министерство и Владата да го повлечат и да ги прекинат сите активности во врска со предметот Историја. Извор: Факултети.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/reakcija-na-institutot-za-istorija-pri-filozofskiot-fakultet-vo-skopje-po-povod-konceptot-na-mon/feed/ 0
Меѓународната недела на Филозофскиот факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnata-nedela-na-filozofskiot-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnata-nedela-na-filozofskiot-fakultet/#respond Mon, 17 Feb 2020 06:50:27 +0000 https://kurir.mk/?p=304729

„Иновации во хуманистичките и општествените науки“ е темата со која ќе се одбележи втората Меѓународна недела организирана од Филозофскиот факултет во Скопје. Студентите на сите три циклуси на факултетот, од  17 до 21 февруари, ќе имаат можност да слушаат предавања од еминентни професори од САД, Канада, Англија, Франција, Холандија, Норвешка, Шведска, Португалија, Германија, Полска, Австрија, Словенија, Србија, Хрватска и Бугарија за иновациите во истражувањата. Предвидени се и работилници за користење на дигиталните технологии во науката и наставата, како и презентација на меѓународните научни проекти чиј главен координатор е Филозофскиот факултет во Скопје. Настанот е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Францискиот институт, Фондацијата „Фридрих Еберт, Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/megjunarodnata-nedela-na-filozofskiot-fakultet/feed/ 0
„Биоетиката и литературата“ на Филозофскиот факултет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bioetikata-i-literaturata-na-filozofskiot-fakultet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bioetikata-i-literaturata-na-filozofskiot-fakultet/#respond Wed, 18 Dec 2019 07:06:54 +0000 https://kurir.mk/?p=278973

Центарот за интегративна биоетика при Филозофскиот факултет, со промоција на две книги, ги стартува активностите во рамките на „Биоетичкото кафе“. На настанот насловен „Биоетиката и литературата“, ќе бидат промовирани „Арката на Ное“ од проф. д-р Ивица Џепароски и „Зоо стории“ на проф. д-р Владимир Мартиновски“. Воведна реч за односот меѓу биоетиката и литературата ќе одржи проф. д-р Дејан Донев. Делата ќе ги промовира проф. д-р Ристо Солунчев, а извадоци ќе презентираат самите автори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bioetikata-i-literaturata-na-filozofskiot-fakultet/feed/ 0
Научна трибина: „Името и идентитетот: академски одговор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchna-tribina-imeto-i-identitetot-akademski-odgovor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchna-tribina-imeto-i-identitetot-akademski-odgovor/#respond Tue, 27 Mar 2018 06:12:10 +0000 https://kurir.mk/?p=33386

Научна трибина насловена „Името и идентитетот: академски одговор“ денеска ќе се одржи на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Воведни излагања, на трибината ќе имаат акад. Витомир Митевски, проф. д-р Антоанела Петковска, проф. д-р Бранислав Саркањац, проф. д-р Билјана Ванковска, проф. д-р Благоја Јанаков и проф. д-р Далибор Јовановски. Модератор на трибината ќе биде проф. д-р Михајло Поповски. По кусите воведни излагања ќе следува отворена дискусија на присутните. Идејата на овој собир, како што велат организаторите, е да ги артикулира клучните проблеми поврзани со прашањето на идентитетот/идентитетите на индивидуално, на национално и на меѓународно ниво, како и да понуди различни научни гледишта за можно решавање на проблемите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nauchna-tribina-imeto-i-identitetot-akademski-odgovor/feed/ 0