финансиска криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 23 Sep 2021 08:31:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png финансиска криза – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Дали Америка ја очекува економска катастрофа? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-amerika-ja-ochekuva-ekonomska-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-amerika-ja-ochekuva-ekonomska-katastrofa/#respond Thu, 23 Sep 2021 08:31:38 +0000 https://kurir.mk/?p=567198

Американската министерка за финансии, Џенет Јелен предупредува дека Америка ќе ја погоди „економска катастрофа“ ако не се одреди горната граница на долгот. Таа вели дека неуспехот на Конгресот ќе ја подигне горната граница на долгот и Соединетите Американски Држави ќе влезат во финансиска криза. - САД секогаш ги плаќале своите сметки на време, но преовладувачкиот консензус меѓу економистите и државните службеници од двете страни е дека неуспехот да се зголеми лимитот на долгот би предизвикал широка економска катастрофа, напиша Џенет Јелен во написот објавен во Волстрит Журнал. - За неколку дена милиони Американци би можеле да останат без пари. Би можеле да видиме неограничени доцнења во критичните исплати и скоро 50 милиони стари лица би можело некое време да престанат да примаат чекови за социјално осигурување. Милионски семејства кои се потпираат на месечните ослободителни даноци за деца би можело да доживеат доцнење. Накратко, Америка нема да може да си ги исполни своите обврски, предупредува министерката. Американскиот долг во август изнесувал 28,4 билиони долари. Пресметката на горната граница на долгот беше проследена со одлуката на Конгресот да инвестира повеќе од милијарда долари во економијата во последната година и половина како одговор на економската криза предизвикана од пандемијата на коронавирус. Републиканците и демократите во моментов не можат да постигнат договор за дополнителни предложени трошоци. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dali-amerika-ja-ochekuva-ekonomska-katastrofa/feed/ 0
Познатата авиокомпанија Рајнер со голем финансиски пад – во 2021 со загуба до дури 950 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poznatata-aviokompanija-rajner-so-golem-finansiski-pad-vo-2021-so-zaguba-do-duri-950-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poznatata-aviokompanija-rajner-so-golem-finansiski-pad-vo-2021-so-zaguba-do-duri-950-milioni-evra/#respond Mon, 01 Feb 2021 18:03:37 +0000 https://kurir.mk/?p=462772

Ирската авиокомпанија Рајнер денеска соопшти дека тековната фискална година ќе биде „најпредизвикувачка“ во нејзината 35-годишна историја и ќе има голем финансиски пад, бидејќи државите ги заоструваат ограничувањата за патувања со цел да се спречи ширењето на новиот вид на Ковид-19. Рајнер најверојатно ќе забележи нето загуба од 850 милиони евра до 950 милиони евра за фискалната 2021 година, која завршува во март. Компанијата соопшти дека во последниот квартл од 2020 година има нето загуба од 306 милиони евра, додека во истиот период во 2019 година имаше добивка од 88 милиони евра. Приходите на компанијата во последниот квратл од 2020 година се намалиле за 340 милиони ерва, додека во последните три месеци од 2019 година имала приход од 1,91 милијарди евра. – Ковид-19 продолжува да ја пустоши авиоиндустријата, Воздушниот сообраќај е сериозно погоден за време на божиќните и новогодишните празници поради забраната за патување на британските патници воведена кон крајот на декември, што резултираше со драстичен пад на бројот на патници до 83 проценти. Од октомври до крајот на декември 2020 година компанијата превезе само осум милиони патници, дури 78 проценти помалку во споредба со истиот период од 2019 година, се наведува во соопштението на Рајнер. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poznatata-aviokompanija-rajner-so-golem-finansiski-pad-vo-2021-so-zaguba-do-duri-950-milioni-evra/feed/ 0
Се вклучува алармот: Македонија е најзадолжена држава https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vkluchuva-alarmot-makedonija-e-najzadolzena-drzava/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vkluchuva-alarmot-makedonija-e-najzadolzena-drzava/#respond Fri, 16 Oct 2020 15:14:02 +0000 https://kurir.mk/?p=417284

Македонската економија е пред целосен колапс, а државата влегува во длабока криза. Откако вчера министерот за финансии Фатмир Бесими на собраниската комисија за финансирање и буџет изјави дека јавниот долг на земјата уште во јуни ја надминала критичната граница и наместо 59,5 проценти истиот достигнал 60,3 проценти од БДП. -Со ваквиот нов номинален износ на БДП дефицитот во Буџетот за оваа година наместо 8,4 отсто, ќе изнесува 8,5 отсто иако неговата апсолутна вредност останува иста. Исто е и со надворешниот долг, кој според номиналната вредност на БДП од 30 јуни годинава во однос на БДП беше 59,5 отсто, а сега со надолната корекцијата на номиналниот БДП иако долгот е со иста вредност од 6,527 милијарди евра, претставува 60,3 отсто од БДП, рече Бесими. Според ова се вклучува алармот за влегување на Македонија во задолжничка криза бидејќи според мастришките критериуми јавниот долг не смее да надмине над 60 проценти, односно доколку тоа се случи тогаш земјата се вклучува во земјите со висока задолженост и можни проблеми со ликвидноста. Критики за начинот на водење на македонската економија упати и Европската унија преку новиот Извештај на земјата за напредок. Имено во извештајот се нотирани критики за необезбедена стабилизација на јавниот долг, високо ниво на сива економија, како и ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции. -Јавните капитални инвестиции остана на значително ниско ниво, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Деловното опкружување продолжува да биде попречено од високиот удел во неформалната економија, се наведува во Извештајот од Европската комисија. И опозицијата реагира на ваквото недомаќинско работење на владата на СДСМ, обвинувајќи дека власта ја презадолжува државата и граѓаните, како и дека падот на економијата ќе биде уште поголем од предвидениот. -Намалени за 70% се средствата за рехабилитација на локални патишта, проектите за гасификација, инвестициите во железницата за милијарда денари и други капитални расходи, изјави координаторот на пратничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски. Власта и парламентарното мнозинство наместо со ребалансот да ги кратат средствата за непродуктивни работи, кратат средства за проекти кои требало итно да се завршат. Имено, со вториот ребаланс на буџетот ќе има повеќе пари за финансирање на политичките партии, за извршни решенија, за купување на мебел и предвремени вработувања, односно се зголемува ставката за мебел за 500 илјади евра. Ќе се платат и плус 4,8 милиони евра на извршители. За привремени вработувања наместо првичните 2,4 милиони, ќе се потрошат 2,7 милиони евра, или 324 илјади евра повеќе. Субвенциите и трансферите се зголемени за 169 милиони евра, а ставката разни трансфери за 177 милиони. Ова е историски најголем буџет досега. Расходите надминуваат 4,1 милијарда евра, а приходите ќе останат на нивото од 3,2 милијарди евра. Дефицитот ќе достигне рекордно ниво од 8,4% од БДП. Земјава ќе заврши во рецесија од минус 4,4%.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/se-vkluchuva-alarmot-makedonija-e-najzadolzena-drzava/feed/ 0
Гутереш: ОН во најлоша финансиска криза во изминатите 10 години https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-on-vo-najlosha-finansiska-kriza-vo-izminatite-10-godini/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-on-vo-najlosha-finansiska-kriza-vo-izminatite-10-godini/#respond Wed, 09 Oct 2019 08:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=249519

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека ОН се наоѓаат во „најлошата финансиска криза“ за речиси една деценија, бидејќи 64 од 193 земји-членки не ги платиле своите годишни придонеси, вклучително и САД, што обично дава најмногу придонеси. Портпаролот на Гутереш, Стефан Дижарик, рече дека генералниот секретар им пишал на сите членови, велејќи дека „организацијата ризикува да ги потроши своите резерви до крајот на месецот и пропушти во исплати на персоналот и добавувачи“. До крајот на септември, рече Дижарик, државите членки платија само 70 проценти од вкупната проценка за редовниот буџет, додека во исто време лани платија 78 проценти. Според ОН, 129 земји платиле 1,99 милијарди долари за оперативниот буџет. Соопштено е дека тие должат 1,386 милијарди долари оваа година. Покрај САД не платиле Бразил, Иран, Израел, Мексико, Јужна Кореја, Саудиска Арабија и Уругвај. Според ОН, САД должат 674 милиони долари на редовниот буџет за 2019 година и 381 милиони американски долари на претходните редовни буџети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/guteresh-on-vo-najlosha-finansiska-kriza-vo-izminatite-10-godini/feed/ 0