финансиска поддршка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 29 Jan 2023 08:28:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png финансиска поддршка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НП Галичица оставена без финансиска поддршка од државата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/np-galichitsa-ostavena-bez-finansiska-poddrshka-od-drzhavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/np-galichitsa-ostavena-bez-finansiska-poddrshka-od-drzhavata/#respond Sun, 29 Jan 2023 08:28:38 +0000 https://kurir.mk/?p=793314

Националниот парк Галичица и покрај проблемите со кои се соочува поради загрозувањето на статусот на Охридскиот регион на светско природно и културно наследство на УНЕСКО, не добива финансиска поддршка од државата за управување. Во моментов се финансира од наплата на влезници и од меѓународни донации кои не се загарантирани и постојани и доколку тие средства се намалат или запрат, националниот парк може да се врати кон старите методи на финансирање, односно сечата на дрва, што според сите препораки, не треба да се применува бидејќи националните паркови се природно богатство кое е наменето за екотуризам. Законот со кој се регулира финансирањето на НП е оскуден, па поради тоа државата законски може да се огради од финасирање, но се поставува прашањето дали вакво национално богатство треба да биде оставено „само на себе“. Властите тврдат дека бараат начин за воспоставување на нови методи за самофинансирање на националните паркови. Андон Бојаџи, вработен во НП Галичица, кој воедно е и поранешен директор на Паркот, за МИА изјави дека повеќе од половина од буџетот на националниот парк се пари на германските даночни обврзници и од Фондот Преспа-Охрид ПОНТ. – Еден од начините на обезбедување средства за заштита на природа согласно Законот за заштита на природа е и од Буџетот на државата, но во Законот е оставено повеќе како можност отколку како обврска, посочува Бојаџи. Во однос на тоа како би се финасирале доколку немаат донации, Бојаџи вели дека би можеле да се вратат на стариот начин, односно преку директно користење на шумите да обезбедат финансиски средства, што не е согласно меѓународните стандарди. – Од тие причини не сакаме тоа да го сториме, но ако сме принудени ќе треба да се вратиме на таквиот начин на обезбедување на финансиски средства, вели Бојаџи. Нагласува дека меѓународна пракса е заштитата на природата да се финансира со јавни пари. Сепак, и покрај финансиските проблеми со кои се соочува Националниот парк Галичица, според она што го кажа Бојаџи, осврнувајќи се на загрозувањето на статусот на УНЕСКО, реализирани се сите препораки произлезени од реактивните мониторинг мисии на УНЕСКО и од 2017 и во 2020 година. Зборувајќи за предизвиците со кои се соочуваат, Бојаџи како најголем проблем ги издвојува дивоградбите, за кои се алармира со години, но за жал, речиси ништо не се презема. – Дел од обврските во кои НП Галичица треба да постапува заедно со други институции на државата не се завршени. Една од клучните работи е урбанизацијата, односно притисокот од урбанизацијата и ЈУ се обидува во континуитет да достави информации и податоци за сите бесправни градби кои се случуваат во моментов, бидејќи имаме и такви, нагласи Бојаџи. Во однос на нивните обврски околу урбанизацијата во тој регион, Бојаџи рече дека постапување во делот на урбанизацијата и бесправното градење не е надлежност на Паркот. – Но бидејќи ние имаме луѓе кои се континуирано присутни на терен, се обидуваме редовно, континуирано да информираме за сите градежни активности што се случуваат во паркот. Притоа ние немаме надлежност ниту да прашаме дали е со документи или не. Тоа е работа на градежниот инспектор. Ние затоа информираме дека се случува градежна активност и се обраќаме со допис до градежната инспекција, градежен инспектор да изврши инспекциски увид, наведува Бојаџи. Тој посочува дека се регистрирани голем број бесправни градби и дека се креирани листи на поднесени барања. Во НП Галичица се вработени само 15 луѓе. Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во изјава за МИА вели дека не само Галичица, туку сите национални паркови, за жал, го имаат истиот проблем. Тој упатува пофалба за управувањето на НП Галичица поради самофинасирањето, односно поради тоа што не применуваат сеча на дрва за финансирање. Министерот нагласи дека прават план со цел да се најдат нови механизми за самофинасирање на националните паркови и се бара начин како државата да обезбеди средства. – Јас нема да правам разлика меѓу националните паркови во државата, сите се вредни и сите треба да го прават истото. Треба да имаме ист став за сите затоа и е предвидено да најдеме можност да обезбедиме средства за националните паркови и да бидат самоодржливи и сами да управуваат со тие приходи што ги имаат. Тоа ќе биде предлог за во иднина. Имавме неколку состаноци со директорите од неколку национални паркови за да разгледаме можности како тие можат сами да се финансираат и со поддршка од државата и тоа во иднина ќе се случи. Но, сите треба да бидеме свесни дека тоа ќе чини, дали од Буџетот или од тие кои се посетители на локациите, тоа ќе биде одлука на националните паркови и на Влада на крај, вели Нуредини. Тој посочи дека ќе се најде модел за финансирање на националните паркови и за одржлив екотуризам во земјата. – Парите од европските проекти да бидат само плус за тие да се развиваат повеќе, но не да зависат од тие пари, туку да имаат модел за финасирање внатре во државата, а од надворешни донатори да имаат плус придобивки, истакнува Нуредини. Осврнувајќи се на новиот закон за заштита на природата, со кој се регулира и начинот на финансирање на националните паркови, министерот очекува да се појасни како ќе се финасираат националните паркови. Тој наведува дека откако ќе се усогласат со националните паркови за тој дел ќе ја информираат јавноста за одлуката. – Со новиот закон ќе биде многу јасно како ќе се финансираат националните паркови, истакнува Нуредини. Финансирањето преку сеча на дрва, што според сите стандарди е неприфатливо, според Нуредини, треба да се искорени. – Идејата е да имаме заштитени зони. Да не се сечат дрва заради финансирање на националните паркови, туку само поради старост или болест. Идејата е тие делови да се користат за екотуризам којшто бара да имаме дрва, да имаме шуми во заштитените зони, појаснува министерот за животна средина и просторно планирање. Во однос на дивоградбите, Нуредини посочува дека со новиот закон за легализација, којшто е во собраниска процедура, ќе мора да се добие одобрение од Министерството за животна средина и просторно планирање за сите градби во заштитените зони како што се националните паркови дека немаат негативно влијание врз животната средина. Нуредини нагласува дека дивите градби се општинска обврска и оти тие како Министерство носат закони кои мора да се почитуваат. НП Галичица е прогласен за Национален парк од 1958 година. Овој парк опфаќа делови од планинскиот масив Галичица, со крајбрежните простори на Охридското и Преспанското Езеро. Површината што ја зафаќа изнесува 22.750 хектари.(МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/np-galichitsa-ostavena-bez-finansiska-poddrshka-od-drzhavata/feed/ 0
ФФМ обезбеди финансиска поддршка за клубовите од ЖМФЛ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-obezbedi-finansiska-poddrshka-za-klubovite-od-zmfl/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-obezbedi-finansiska-poddrshka-za-klubovite-od-zmfl/#respond Wed, 30 Nov 2022 10:54:48 +0000 https://kurir.mk/?p=768779

Во „Куќата на фудбалот“, раководството на Фудбалската федерација на Македонија, потпретседателот Лазар Ракиџиев, генералниот секретар Филип Поповски и неговиот заменик Дрилон Ганиу, оддржаа состанок со претставници на сите клубови од Првата женска фудбалска лига, соопшти ФФМ. Поповски им ја претстави на клубовите процедурата која се однесува на Правилникот за лиценцирање и соодветните спортски, инфраструктурни, административни, правни и финансиски критериуми кои клубовите треба да ги исполнат за да можат да ги користат средствата од солидарната шема на УЕФА. – Имаме очигледна потреба да создадеме посериозна база на женскиот фудбал и затоа го засиливме оперативниот дел од нашата работа со клупска обврска за исполнување на барем еден од важните критериуми кои ги посочуваме. Резултатите од претходните години покажуваат благ напредок, но мора да продолжиме со развојот и овие промени во процесот на лиценцирање се чекор во таа насока. Развојот на женскиот фудбал не треба да се потпира на краткорочна добивка, туку на долгорочна визија. Благодарение на солидарните фондови кои се основата на овој тип на проекти, но и на зголемениот награден фонд, секое евро генерирано од женската Лига на шампионите ќе се врати уште повеќе во женскиот фудбал. Наша цел е клубовите на вистински начин да го сфатат тоа и се разбира, заедно со федерацијата да работат на подобрување на условите во женскиот фудбал, изјави Поповски. Генералниот секретар на ФФМ, исто така, пред претставниците на клубовите го претстави процесот на лиценцирање во Фудбалската федерација на Македонија и органите на ФФМ кои учествуваат во лиценцирањето, како и најважните критериуми од новиот Правилник за лиценцирање клубови. Клубовите треба да исполнат еден или повеќе од наведените критериуми за да ги користат средствата од солидарната шема на УЕФА во висина од 10.000 Евра добиени од телевизиските права од женската Лига на шампиони. зс/ 2022-11-30 11:22:34, од Зоран Стерјовски]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/ffm-obezbedi-finansiska-poddrshka-za-klubovite-od-zmfl/feed/ 0
ДЗР: АМС не воспоставила критериуми за пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите и спортистите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/#respond Fri, 18 Nov 2022 10:13:12 +0000 https://kurir.mk/?p=762838

Агенцијата за млади и спорт (АМС) да воспостави соодветни критериуми за распределба на средствата од нејзините програми до националните спортски федерации (НСФ) и спортистите, како и ефикасни интерни контроли на трансферираните средства кон НСФ, се дел од клучните препораки во ревизорскиот извештај што го објави денеска Државниот завод за ревизија (ДЗР). Извештајот на ДЗР е од извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Агенцијата за млади и спорт на сметката на основен буџет (637) за 2021 година. ДЗР, според клучните наоди, изразила неповолно мислење во однос на вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и за усогласеноста на финансиските трансакции со релевантната законска регулатива за 2021 година. Како што наведуваат од ДЗР,  со извршената ревизијата е констатирано дека АМС не воспоставила соодветни внатрешни контроли кои треба да го обезбедат наменското и законското користење на средствата кои се трансферираат на националните спортски федерации за реализација на нивните активности. Според ДЗР, во врска со распределбата на средства до националните спортски федерации, АМС не изградила соодветни критериуми со кои ќе се обезбеди систем на објективна, пропорционална и праведна финансиска поддршка на федерациите согласно краткорочни и долгорочни приоритетни активности, а склучените договори со нив не содржат одредби со кои ќе се допрецизира намената на одобрените средства. Слични слабости се констатирани и во делот на средствата кои се исплатени за поддршка на млади и талентирани спортисти „Спортска надеж” како и за распределбата на средства по издадените ваучери за спорт. – Дел од финансиските извештаи за потрошените средства кои се трансферирани на НСФ не содржат целосна документација за сите средства кои се примени од АМС, дел од документацијата по основ на подигнати девизи од банка и реализирани патувања на спортисти во странство е неуредна или целосно недостасува поради што не може да се поврзе со направените трошоци, дел од НСФ исплатиле прекумерен износот на средства за исплата на раководните лица во федерациите, а вршен е и трансфер на средствата од наменските сметки на НСФ кон спортски клубови без да се обезбеди соодветна документација за реализираниот трошок, стои во извештајот. Утврдени се слабости и недостатоци во врска со спроведениот попис на средствата и обврските како и евидентирано салдо во значителен износ на позицијата за инвестиции за кое, посочува ДЗР, не добивме соодветни објаснувања во врска со објективноста. Во поглед на реализацијата на капиталните инвестиции на кои работи АМС ревизорите констатирале значително доцнење во градежните работи кај шест објекти, а според ДЗР, се јавува и неизвесност во врска со нивното идно завршување.. Во делот за нагласување на прашања за неизвесност и континуитет ДЗР се осврнува на повеќе судски спорови во кои, како што наведува, АМС се јавува како тужена странка и чие разрешување може дополнително да го оптовари финансиското работење на субјектот во иднина.Целосниот извештај е достапен на линкот  За констатираните состојби ревизијата дала препораки со цел да се надминат утврдените состојби во наредниот период.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dzr-ams-ne-vospostavila-kriteriumi-za-proporcionalna-i-pravedna-finansiska-poddrshka-na-federaciite-i-sportistite/feed/ 0
Финансиска поддршка на авиокомпании кои ќе воведат нови авиодестинации https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiska-poddrshka-na-aviokompanii-koi-kje-vovedat-novi-aviodestinacii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiska-poddrshka-na-aviokompanii-koi-kje-vovedat-novi-aviodestinacii/#respond Tue, 08 Nov 2022 15:09:41 +0000 https://kurir.mk/?p=757529

Владата денеска донесе нова Уредба за начинот и критериумите за доделување финансиска поддршка на домашни и странски авиопревозници во наредните две години и потребната документација којашто треба да се достави од  корисниците на тој вид поддршка. Како што соопшти владината прес-служба, на седницата е донесена Програмата за определување средства потребни за доделување финансиска поддршка за поттикнување и развој на воздушниот сообраќај во Република Македонија на домашни и странски превозници, за периодот од 2023-2025 година. -Согласно овие одлуки, Владата, преку Министерството за транспорт и врски, во следниот период, ќе распише јавен повик за доделување финансиска поддршка за авиокомпании коишто ќе воведат нови авиодестинации за граѓаните.Овозможувањето патувања до дополнителни одредишта во Европа и во светот ќе значи и отворени можности за економски развој, унапредување на туризмот и запознавање и соработка помеѓу граѓаните и бизнис секторот од нашата држава и од други држави, велат од Владата. Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски неодамна во интервју за МИА  информираше дека до Владата  на разгледување е доставена нова уредба со која е дефинираше нов модел за распределба на финансиска поддршка за авиолинии. Субвенции за летови, како што рече, ќе има според правилата за државна помош на Европската унија. -Ќе може да се вклучат што е можно повеќе оператори и да не се врзуваме само за еден. Исто така го ограничуваме интензитетот на субвенционирање како што налага и бара Европската комисија, се со цел да овозможиме што повеќе дестинации за граѓаните и да го развиеме авиосообраќајот. Предност ќе имаат авиокомпаниите што ќе понудат поголеми воздухоплови, директни линии до поголеми аеродроми и повеќе летови неделно. Во договорот ќе стои дека операторот ќе треба да ги опслужува линиите и по истекот на договорниот рок за период колку што добивал државна поддршка, рече Бочварски. Последниот од трите договори за субвенционирани летови што на тендер ги доби унгарскиот нискобуџетен авиопребвозник „Виз ер“ заврши на 1 март годинава. Во 2019 година за субвенционирани летови се исплатени 66.584.935 денари, во 2020 година 21.098.924 денари, во 2021 година 10.475.649 денари, а годинава не се исплатени средства. Со зимскиот распоред на летови  што стапи во сила на 30 октомври од скопскиот аеродром има вкупно 41 дестинација, до каде ќе летаат 13 авиокомпании, а на охридскиот аеродром седум редовни дестинации со четири авиокомпании. На двата аеродрома во државава од јануари до крајот на септември годинава се превезени над 1,8 милиони патници (1 811 168) и се реализирани 14.823 летови. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiska-poddrshka-na-aviokompanii-koi-kje-vovedat-novi-aviodestinacii/feed/ 0
Од денеска до 31 октомври аплицирање за финансиска поддршка за пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-do-31-oktomvri-apliciranje-za-finansiska-poddrshka-za-pchenica-jachmen-rz-oves-i-sonchogled/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-do-31-oktomvri-apliciranje-za-finansiska-poddrshka-za-pchenica-jachmen-rz-oves-i-sonchogled/#respond Wed, 21 Sep 2022 11:35:55 +0000 https://kurir.mk/?p=735748

Од денеска до 31 октомври сите земјоделци кои во производната 2021/2022 година имале засеани и ожнеани површини со пченица, јачмен, рж, овес и сончоглед на површина над еден хектар, кои оствареното производство го продале во регистрирани преработувачки капацитети и оствариле принос од најмалку 4 000 килограми на хектар, 3 000 килограми јачмен, рж и овес и 1 500 килограми сончоглед, ќе можат да аплицираат за дополнителнна финансиска поддршка. Како што соопшти Платежната агенција, висината на дополнителната финансиска поддршка е 5 760 денари по хектар. -Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на оваа поддршка ќе може да аплицираат електронски, и во барањето треба да прикачат потврда за предадено производство издадена од регистриран преработувачки капацитет. Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка ќе можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ, наведува Агенцијата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/od-deneska-do-31-oktomvri-apliciranje-za-finansiska-poddrshka-za-pchenica-jachmen-rz-oves-i-sonchogled/feed/ 0
До 10 септември е рокот за пријави за финансиска поддршка на социјални претпријатија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-septemvri-e-rokot-za-prijavi-za-finansiska-poddrshka-na-socijalni-pretprijatija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-septemvri-e-rokot-za-prijavi-za-finansiska-poddrshka-na-socijalni-pretprijatija/#respond Thu, 25 Aug 2022 11:55:19 +0000 https://kurir.mk/?p=723784

Сите заинтересирани за финансиска поддршка на социјални претпријатија на повикот во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“ можат да се пријават најдоцна до 10 септември. Повикот за финансиска поддршка беше отворен на 10 август, а се очекува на ваков начин да се придонесе кон намалување на стапката на невработеност на младите лица, зголемување на бројот на инклузивни даватели на социјални услуги водени од млади, како и зголемена проодност на ранливи категории на млади на пазарот на труд. -Во рамки на проектот „Социјално претприемништво за младинско вработување“, на 10 август годинава Националниот младински совет на Македонија отвори повик за финансиска поддршка на социјални претпријатија кој има за цел да го зголеми квалитетот на младите лица во Република Северна Македонија преку нивно активирање во инклузивни социјални услуги, развој на иновативни технологии за инклузија на млади лица од ранливи категории и да поттикне економско зајакнување на социјални претпријатија предводени од млади, информираат од Националниот младински совет на Македонија. Предвидено е да се обезбеди финансиска поддршка за апликации кои ќе се фокусираат на една од следните две области и тоа – креирање на нови младински социјални претпријатија и развој на иновативни технологии и унапредување на услуги/сервиси на постоечки социјални претпријатија кои помагаат за инклузија и вработување на млади Роми, млади без родителска грижа, млади со попречености, млади девојки, млади – излечени зависници од дрога. Вкупната сума за овој повик е 110.000 евра. Минималната сума која може да биде побарана е 5.000 евра, а максималната е 11.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-10-septemvri-e-rokot-za-prijavi-za-finansiska-poddrshka-na-socijalni-pretprijatija/feed/ 0
Утре истекува рокот за финансиска поддршка од општина Аеродром https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-rokot-za-finansiska-poddrshka-od-opshtina-aerodrom/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-rokot-za-finansiska-poddrshka-od-opshtina-aerodrom/#respond Wed, 30 Mar 2022 08:02:52 +0000 https://kurir.mk/?p=655455

Општина Аеродром ја информира јавноста дека утре, 31 март (четврток), е последниот ден за пријавување на двата јавни повика за 2022 година за доделување финансиска поддршка за програмски активности на здруженија и фондации во делот на образованието, културата и заштитата, како и за финансиска поддршка на спортските клубови и спортските здруженија кои извршуваат јавен интерес за развојот на спортот во општината. Огласот е објавен и на веб-страницата на Општина Аеродром на следниов линк http://aerodrom.gov.mk/vest/7903, на кој може да се видат условите за повикот и начинот на пријавување. Пријавата со целокупната документација треба да се достави преку пошта, на адреса: Општина Аеродром бул. „Јане Сандански“ 109 Б,1000 Скопје или во архивата на Општината. Пријавите и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака „Не отворај“. Со финансиската поддршка Општина Аеродром очекува да се подобри работата на здруженијата, фондациите и спортските клубови кои придонесуваат за развој на спортот, образованието, културата, како и заштитата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/utre-istekuva-rokot-za-finansiska-poddrshka-od-opshtina-aerodrom/feed/ 0
Тим не дава поддршка на идејата на Ѓоковиќ за финансиска помош за тенисерите со понизок рејтинг https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tim-ne-dava-poddrshka-na-idejata-na-gjokovikj-za-finansiska-pomosh-za-teniserite-so-ponizok-rejting/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tim-ne-dava-poddrshka-na-idejata-na-gjokovikj-za-finansiska-pomosh-za-teniserite-so-ponizok-rejting/#respond Mon, 27 Apr 2020 08:36:45 +0000 https://kurir.mk/?p=337850

Австрискиот тенисер Доминик Тим, рангиран на третото место на светската ранг-листа, не беше инспириран од идејата водечките тенисери во светот, финансиски да ги поддржуваат пониско рангираните играчи за време на пандемијата на коронавирус. Минатата недела лидерот на ранг-листата Новак Ѓоковиќ ги повика другите играчи од ТОП 100, да се вклучат со донации за фондот. Според Тим, генерално има празнини во заедницата на кои им треба многу итна помош од слични послаби тенисери. – Нема тенисер кој се бори за заздравување. Дури и оние што се во долниот дел на ранг-листа, ниту еден од нив не гладува, изјави 26-годишниот Тим. Според него, голем дел од играчите на пониско ниво не се занимаваат професионално во тенис, и затоа не заслужуваат помош од најдобрите. – Има многу, многу играчи кои не го ставаат спортот на прво место први и не живеат како професионалци. Јас навистина не гледам причина зошто да им дадам пари, истакнува Тим. Во својата кариера, Доминик Тим има три настапи во финалето на Грен слем турнирите, но ги загуби сите три.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tim-ne-dava-poddrshka-na-idejata-na-gjokovikj-za-finansiska-pomosh-za-teniserite-so-ponizok-rejting/feed/ 0
Почна аплицирањето за финансиска поддршка за произведено и предадено грозје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochna-apliciranjeto-za-finansiska-poddrshka-za-proizvedeno-i-predadeno-grozje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochna-apliciranjeto-za-finansiska-poddrshka-za-proizvedeno-i-predadeno-grozje/#respond Tue, 06 Nov 2018 09:01:06 +0000 https://kurir.mk/?p=124032

Почна рокот за поднесување барања за финансиска поддршка од еден денар за произведено и продадено грозје од сортите „вранец“ и „смедервка“ во регистриран капацитет за производство на вино во Македонија, соопшти денеска Платежната агенција. Агенцијата информира дека земјоделците кои ги исполнуваат условите, може да ги поднесат барањата по електронски пат во подрачните единици на Министерството за земјоделство најдоцна до 25 декември. Заедно со барањето, земјоделците треба да достават и потрда за откупено грозје, издадена од регистриран капацитет за производство на вино. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/pochna-apliciranjeto-za-finansiska-poddrshka-za-proizvedeno-i-predadeno-grozje/feed/ 0
Завршува јавниот повик за финансиска поддршка за млади земјоделци https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshuva-javniot-povik-za-finansiska-poddrshka-za-mladi-zemjodelci/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshuva-javniot-povik-za-finansiska-poddrshka-za-mladi-zemjodelci/#respond Thu, 25 Oct 2018 06:27:54 +0000 https://kurir.mk/?p=119148

Во велешкото село Горно Оризаре, денеска ќе се одржи прес-конференција во врска со завршувањето на јавниот повик за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра за млади земјоделци. На конференцијата ќе присуствуваат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски заедно со директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zavrshuva-javniot-povik-za-finansiska-poddrshka-za-mladi-zemjodelci/feed/ 0