финансиска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 14:33:37 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.5 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png финансиска полиција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Акции на финансиската полиција во повеќе градови, како резултат од повеќемесечната постапка за „Синџир“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aktsii-na-finansiskata-politsija-vo-poveke-gradovi-kako-rezultat-od-povekemesechnata-postapka-za-sindhir/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aktsii-na-finansiskata-politsija-vo-poveke-gradovi-kako-rezultat-od-povekemesechnata-postapka-za-sindhir/#respond Thu, 02 Nov 2023 14:27:44 +0000 https://kurir.mk/?p=895862

Управата за финансиска полиција денеска информира дека во текот на оваа недела спровела акции во повеќе градови низ државата, како резултат на повеќемесечна предистражна постапка од економски криминал под кодно име „Синџир“ за кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството. - Дополнително сакаме да ја известиме јавноста дека првопријавениот кој воедно е еден организаторите на злосторничкото здружување, е обезбеден од страна на Управата за финансиска полиција, изведен пред суд при што од страна на Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му е определена мерка притвор во траење од 30 дена, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/aktsii-na-finansiskata-politsija-vo-poveke-gradovi-kako-rezultat-od-povekemesechnata-postapka-za-sindhir/feed/ 0
УКРАЛЕ ОКОЛУ 500 ИЛИЈАДИ ЕВРА: Кривична пријава против тројца вработени во ЈСП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukrale-okolu-500-ilijadi-evra-krivichna-prijava-protiv-trojca-vraboteni-vo-jsp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukrale-okolu-500-ilijadi-evra-krivichna-prijava-protiv-trojca-vraboteni-vo-jsp/#respond Thu, 10 Nov 2022 14:59:04 +0000 https://kurir.mk/?p=758696

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против три лица вработени во Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „затајување“, информираат од Министерството за финансии. – Во период од 2017 година до 2021 година, спротивно на Меѓународните сметководствени стандарди број 7 и број 8, направиле повеќе книжења во сметководствената евиденција без поткрепа на сметководствени документи, неправилно внеле почетни состојби во сметководствената евиденција и не извршиле усогласување на аналитичката со синтетичката евиденција на приходите и расходите согласно утврден контен план, а паричните средства кои им биле доверени од остварениот дневен промет, ги предале во помал износ во правниот субјект со цел истите да ги присвојат за себе, на начин што го оштетиле буџетот на ЈСП Скопје за вкупен износ од 28.065.476,00 денари, се наведува во соопштението на Министерството.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/ukrale-okolu-500-ilijadi-evra-krivichna-prijava-protiv-trojca-vraboteni-vo-jsp/feed/ 0
Финансиската полиција официјално ги тужи Русковска и другите обвинителки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-oficijalno-gi-tuzi-ruskovska-i-drugite-obvinitelki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-oficijalno-gi-tuzi-ruskovska-i-drugite-obvinitelki/#respond Mon, 08 Aug 2022 12:33:47 +0000 https://kurir.mk/?p=715648

На адреса на Основното јавно обвинителство пристигна кривичната пријава што ја најави првиот човек на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Следува откако во Управата минатиот месец претрес извршија обвинителите за гонење организиран криминал. „Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје во која се опфатени сите обвинители за коишто сметаме дека постојат основи на сомнение за сторени кривични дела“, велат од Управа за финансиска полиција. Претходно од Управата за финансиска полиција брифираа дека станува збор за обвинителките Вилма Русковска, Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска, а пријавата се однесува за злоупотреба на службена положба и фалсификување службена исправа. „Со оглед на тоа што постапката за сите пријавени лица од овој момент е тајна, почитувајќи ја пресумпцијата на невиност на пријавените, тоа е сè што во овој момент можеме да споделиме со јавноста, согласно Законот за кривична постапка“, нагласуваат од Управа за финансиска полиција. Неофицијално, во основата на пријавата е извештајот од надзорот на Обвинителството на Љубомир Јовески, во кој се констатираат низа неправилности при претресот што го изврши Обвинителството на Русковска. Со денеска поднесената пријава, топката е повторно префрлена кај Јовески. Не се знае дали и кога ќе се постапува по пријавата и дали тој ќе покрене и евентуално обвинение. Од неговото Обвинителство сè уште нема одговор и дали врз основа на надзорот, имаат надлежности да изречат дисциплински мерки за колегите од Обвинителството за гонење организиран криминал или пак ќе чекаат тоа да го стори Советот на јавни обвинители. Веднаш откако директорот на Управата за финансиска полиција, Арафат Муареми ги најави пријавите, обвинителката Вилма Русковска обвини дека ѝ се врши притисок. Таа најави дека ќе ги објави наодите што ги има против Муареми, а тој пак ѝ одговори да покрене обвинение доколку има докази против него, а не да изнесува лажни информации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-oficijalno-gi-tuzi-ruskovska-i-drugite-obvinitelki/feed/ 0
ФОТО: Кривична пријава за директорот на Управата за финансиската полиција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-krivichna-prijava-za-direktorot-na-upravata-za-finansiskata-policija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-krivichna-prijava-za-direktorot-na-upravata-za-finansiskata-policija/#respond Wed, 27 Jul 2022 21:09:40 +0000 https://kurir.mk/?p=711038

Поради основано сомневање дека директорот на Управата за финасиска полиција сторило кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувања, како и кривчно дело „насилство“, Основното јавно обвинителство денеска поднело кривична пријава против Арафат Муареми, шефот на споменатата владина институција, ексклузивно дознава НетПрес кој имаше увид во соодветните документи. Инаку, претходно Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција изврши претрес во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми. Информацијата во понеделникот ја потврди и шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. -Претресот е во тек. Се постапува по пријава на граѓанин. Наша обврска е да провериме. Чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата, рече тогаш Русковска. Од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција не споделуваат повеќе детали за претресот. Од обвинителството, исто така, известија дека постапуваат по кривична пријава која била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-krivichna-prijava-za-direktorot-na-upravata-za-finansiskata-policija/feed/ 0
Рускоска: Финансиска врши притисок врз Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-finansiska-vrshi-pritisok-vrz-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-finansiska-vrshi-pritisok-vrz-obvinitelstvoto/#respond Mon, 25 Jul 2022 18:29:43 +0000 https://kurir.mk/?p=710082

Обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Рускоска оцени дека со претставката од финансиската полиција се врши притисок врз обвинителството и судот. Таа за Дојче Веле изјавила дека претставката била испратена уште минатиот вторник, само еден ден откако обвинителите го започнаа претресот во државната институција. Тоа што информацијата се споделува со јавноста една недела подоцна, според Русковска, претставува директен притисок врз нивната работа во отворената предистрага. „Со оглед на тоа дека претставката е поднесена минатиот вторник до обвинителот Јовески, нејзиното соопштување сега во јавноста го сметам за директен напад на обвинителството и судот“, вели Рускоска за ДВ. Откако минатата недела истражители од Обвинителството за гонење на организиран криминал извршија претреси во финансиската полиција, сод финансиската полиција упатија претставка до јавниот обвинител Љубомир Јовески. Сметаат дека обвинителството требало да побара информации кои би им биле доставени, а не да прави претреси согласно анонимни пријави и без индиции. На тој начин, од финансиската полиција која ја води Арафат Муареми, сметаат дека обвинителството предводено од Вилма Рускоска им го руши угледот и ним и на директорот, а исто така предизвикува и намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ruskoska-finansiska-vrshi-pritisok-vrz-obvinitelstvoto/feed/ 0
Финансиската полиција поднесе претставка до ЈО за извршениот претрес во нејзините простории https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-podnese-pretstavka-do-jo-za-izvrsheniot-pretres-vo-nejzinite-prostorii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-podnese-pretstavka-do-jo-za-izvrsheniot-pretres-vo-nejzinite-prostorii/#respond Mon, 25 Jul 2022 10:54:54 +0000 https://kurir.mk/?p=709886

Управата за финансиска полиција информира дека до јавниот обвинител поднела претставка во врска со претресот што истражители од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал минатата недела го извршиле во просториите на институцијата по наредба издадена од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд – Скопје, врз основа на претходно доставено барање Обвинителството. Како што соопшти денеска Управата за финансиска полиција, на истражителите од ОЈО за гонење на организиран криминал на 18 јули им бил дозволен непречен пристап во просториите на Управата, како и непречено извршување на наредбата, иако нејзината содржина, како што се тврди, не ги исполнувала формалните и материјалните-суштински основи за да биде издадена. Според Управата за финансиска полиција, со наведените дејствија е нанесена голема штета на угледот на институцијата, на сите нејзини вработени и на угледот и интегритетот на нејзиниот директор, како и „намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем и рушење на темелите на една правна држава“. – Видно од наредбата воопшто не е јасно по кои индиции и докази се водел подносителот на барањето за наредба за претрес, а воедно и судијата кој што таквата наредба ја издал. Наведеното упатува на тоа дека при издавањето на наредбата, од страна на судијата на претходна постапка запазена е само формата, но не и суштината за да се издаде наредба за примена на ваква инвазивна мерка, каква што е претресот, се наведува во соопштението од Управата. Од содржината на наредбата, според Финансиската полиција, може да се констатира дека таа е „воопштена, нејасна и остава простор за слободно толкување“, што упатува на тоа дека подносителот на барањето за претрес ОЈО ГОКК „не располага со јасна и конкретна цел каков доказен материјал со примената на ваквата мерка сакал да обезбеди, а со кој само дополнително би го зајакнале основаното сомнение и би го комплетирале веќе обезбедениот доказен материјал за некакво сторено кривично дело“. – Според наредбата за претрес, претресот се спроведува „поради постоење на основано сомнение дека е сторено кривично дело…“. Согласно член 21 точка 15 од Законот за кривична постапка, „основано сомневање е повисок степен на сомневање заснован врз прибавените докази кои упатуваат на заклучок дека определено лице сторило кривично дело “, а од друга страна јавноста е сведок на изјавите на шефицата на ОЈО ГОКК објавени во медиумите во кои самата изјавува дека нема осомничени лица, односно дека „..,чекаме да видиме дали има нешто основано во пријавата“, се посочува во соопштението. Дополнително, според Управата, претресот е апсолутно непотребен, имајќи предвид дека согласно своите надлежности Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал може во кој било момент да и се обрати и со само едно барање да го добие кој било предмет или документ за кој што е заинтересирано и за кој смета дека му е потребен. – Токму поради суштествените недостатоци на наредбата за претрес, начинот на постапувањето при спроведување на истата, низата недоследности, нелогичности, излегувањето надвор од рамките на законската пракса како и неоснованоста за примена на мерката претрес, кои упатуваат на прилично самоволие во постапувањето на ОЈО ГОКК, од страна на Управата за финансиска полиција до Јавниот обвинител на Република Северна Македонија поднесена е претставка, согласно своите законски надлежности да го испита постапувањето на наведеното обвинителство во конкретниот случај, информираат од Управата за финансиска полиција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/finansiskata-policija-podnese-pretstavka-do-jo-za-izvrsheniot-pretres-vo-nejzinite-prostorii/feed/ 0
Истрагата треба да покаже: Дали во финансиската полиција се спроведувале фиктивни истраги? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istragata-treba-da-pokaze-dali-vo-finansiskata-policija-se-sproveduvale-fiktivni-istragi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istragata-treba-da-pokaze-dali-vo-finansiskata-policija-se-sproveduvale-fiktivni-istragi/#respond Sun, 24 Jul 2022 17:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=709658

Дали во финасиската полиција се отворени голем број на предмети со анонимен пријавувач и како се затворени – ова се дел од одговорите кои треба да ги даде предистрагата на обвинителството за организиран криминал која пред неколку дена почна со претрес во институцијата која треба да се бори со финансиски криминал, дознава Телма. Според нивните извори, кривичната пријава од група граѓани по која постапува обвинителството за организиран криминал напишале дека финансиската полиција отворала фиктивни истраги од непостоечки пријавувачи против осомничени кои имале фирми. Пријавите се заведувале како анонимни,а осомничените учествувале и морале да соработуваат во фиктивните истраги, кои подоцна биле затворани- се сомневањата на анонимната пријава до обвинителството за гонење организиран криминал. Директорот на Управата за финасиската полиција Арафат Муареми не одговори на повиците и обидите да се дознае што се случува во институцијата што ја раководи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/istragata-treba-da-pokaze-dali-vo-finansiskata-policija-se-sproveduvale-fiktivni-istragi/feed/ 0
Претрес кај директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretres-kaj-direktorot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretres-kaj-direktorot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/#respond Mon, 18 Jul 2022 12:35:45 +0000 https://kurir.mk/?p=706988

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција врши претрес во просториите на директорот на Финансиската полиција, Арафат Муареми. Од обвинителството велат дека постапуваат по кривична пријава што била поднесена кај нив против Муареми од група граѓани. Муареми е недостапен за коментар.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretres-kaj-direktorot-na-finansiskata-policija-arafat-muaremi/feed/ 0
Најавени контроли на субјектите кои вршат трговија на мало и големо со нафтени деривати https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/#respond Fri, 04 Mar 2022 17:44:18 +0000 https://kurir.mk/?p=641110

Покрај најавените контроли на работата на дистрибутивните центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти, со инспекциските надзори ќе бидат опфатени и правните субјекти кои вршат дејност „Трговија на мало и големо со нафтени деривати“, соопшти Управата за финансиска полиција. Оттаму информираат дека екипи на Управата за финансиска полиција заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/najaveni-kontroli-na-subjektite-koi-vrshat-trgovija-na-malo-i-golemo-so-nafteni-derivati/feed/ 0
ДПИ и Финансиската полиција најавуваат засилени контроли на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-i-finansiskata-policija-najavuvaat-zasileni-kontroli-na-site-distributivni-centri-koi-vrshat-snabduvanje-so-prehranbeni-produkti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-i-finansiskata-policija-najavuvaat-zasileni-kontroli-na-site-distributivni-centri-koi-vrshat-snabduvanje-so-prehranbeni-produkti/#respond Fri, 04 Mar 2022 17:27:39 +0000 https://kurir.mk/?p=641098

Управата за финансиска полиција соопшти дека заедно со Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи во наредниот период ќе спроведат сеопфатни контроли на работата на сите дистрибутивни центри кои вршат снабдување со прехранбени продукти на територија на цела држава. Засилените инспекциски надзори беа најавени за да се спречат евентуални манипулации во снабдувањето. Надлежните во повеќе наврати соопштија дека храна, гориво и енергенси има доволно и апелираа граѓаните да не подлегнуваат на никакви шпекулации и да не се крева непотребна паника. Уверуваат дека државата е подготвена да одговори на сите предизвици поврзани со кризата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dpi-i-finansiskata-policija-najavuvaat-zasileni-kontroli-na-site-distributivni-centri-koi-vrshat-snabduvanje-so-prehranbeni-produkti/feed/ 0