финансиска помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 May 2023 05:59:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png финансиска помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Финансиска помош од 130 милиони долари за Украина од Јужна Кореја https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiska-pomosh-od-130-milioni-dolari-za-ukraina-od-juzhna-koreja/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiska-pomosh-od-130-milioni-dolari-za-ukraina-od-juzhna-koreja/#respond Wed, 17 May 2023 05:59:03 +0000 https://kurir.mk/?p=835043

Јужна Кореја потпиша договор со Украина, кој предвидува 130 милиони долари финансиска помош за Киев. Јужнокорејската помош уследи еден ден откако првата дама на Украина, Олена Зеленска побара воена помош за време на нејзината посета на Јужна Кореја. Министерството за финансии на Јужна Кореја соопшти дека министерот Чу Кјо-хо и украинската министерка за економија Јулија Свириденко, во Сеул го потпишаа договорот, што се состои од грантови за помош и заеми. Јужна Кореја, главен производител на артилериски гранати, соопшти дека нема да и обезбеди смртоносно оружје на Украина, повикувајќи се на нејзиниот однос со Русија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finansiska-pomosh-od-130-milioni-dolari-za-ukraina-od-juzhna-koreja/feed/ 0
Општина Неготино со поддршка од 250.000 денари за настраданите во земјотресот во Турција и Сирија https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-negotino-so-poddrshka-od-250-000-denari-za-nastradanite-vo-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-negotino-so-poddrshka-od-250-000-denari-za-nastradanite-vo-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Fri, 10 Feb 2023 17:16:12 +0000 https://kurir.mk/?p=799090

Советот на општина Неготино денеска одржа седница на која беше донесена одлука за доделување 250.000 денари од буџетот на општина Неготино за настраданите граѓани во земјотресот во Турција и Сирија. - Како градоначалник на општината Неготино, заедно со советниците, изразуваме длабоко жалење и сочувство до семејствата на загинатите граѓани, а на повредените им посакуваме побрзо заздравување. Се надеваме дека обезбедените средства од општина Неготино ќе дадат придонес во санирањето на погодените подрачја од земјотресот, рече градоначалникот на Неготино, Горан Стојанов. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-negotino-so-poddrshka-od-250-000-denari-za-nastradanite-vo-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Општина Прилеп ќе обезбеди финансиска помош за настраданите и за населението погодено од земјотресот во Турција и Сирија! https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-ke-obezbedi-finansiska-pomosh-za-nastradanite-i-za-naselenieto-pogodeno-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-ke-obezbedi-finansiska-pomosh-za-nastradanite-i-za-naselenieto-pogodeno-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/#respond Tue, 07 Feb 2023 13:33:25 +0000 https://kurir.mk/?p=797304

После немилите вести на кои сите бевме сведоци во текот на вчерашниот ден и искрено изразеното сочувство до народот во Република Турција и Сирија, денес веднаш презедов иницијатива и во координација со претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, поднесов барање за одржување на итна седница на Советот, на која што преку одлука ќе бидат обезбедени финансиски средства од буџетот на Општина Прилеп како донација за семејствата на настраданото население, информира градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески. -Искрено подаваме рака на целокупното погодено население и до сите градови и општини на нашиот братски народ во Република Турција. Како градоначалник на Прилеп, заедно со претседателот на Советот и општинска делегација, имавме прилика изминативе денови лично да бидиме во Република Турција, во општина Бајрампаша, на покана на почитуваниот градоначалник Атила Ајданер, по повод збратимување на овие две општини и меѓусебна економска, културна и секаква друга соработка. Веднаш после немилите сцени и настани кои што се случија во земјата, со длабоко жалење, во мојот говор пред градоначалникот, членовите на советот и сите присутни, изразив подготвеност дека нашата општина Прилеп ќе обезбеди финансиска помош во рамките на нашите можности и им понудивме друга помош и логистика доколку е потребно, а со тоа да знаат дека подадената рака значи дека нашата поддршка и солидарност веднаш ќе ја реализираме и дека нашите мисли во овие тешки мигови се искрено со нив! Воедно упатувам апел до сите наши сограѓани од општина Прилеп во рамките на своите можности доколку се во состојба да помогнат преку Фондот на солидарноста на Црвен крст или телефонските броеви за донација! Секоја помош е добредојдена! Посакувам што побрзо закрепнување на повредените и што поскоро санација на погодените области од овој катастрофален земјотрес, општина Прилеп е со вас!, додава Јовчески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-prilep-ke-obezbedi-finansiska-pomosh-za-nastradanite-i-za-naselenieto-pogodeno-od-zemjotresot-vo-turtsija-i-sirija/feed/ 0
Нелоски: Предложивме финансиска помош за ФК Вардар за делење на плати, Арсовска е против помошта https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloski-predlozivme-finansiska-pomosh-za-fk-vardar-za-delenje-na-plati-arsovska-e-protiv-pomoshta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloski-predlozivme-finansiska-pomosh-za-fk-vardar-za-delenje-na-plati-arsovska-e-protiv-pomoshta/#respond Mon, 14 Nov 2022 14:18:41 +0000 https://kurir.mk/?p=760375

Владимир Нелоски, советник во советот на Град Скопје на денешната седница на советот ги повика советниците од сите политички партии да го прифатат предлогот амандманот за финансиска помош од 15 милиони денари поднесен од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи фудбалскиот клуб се наоѓа во тешка финансиска состојба и овие средства ќе помогнат на клубот, укажувајќи дека вината треба да се бара во претходното раководство на Град Скопје кој немал слух за изнаоѓање на решенија се со цел клубот да не дојде во ваква состојба како што е денес. - ФК Вардар е Скопје, ФК Вардар е во многу големи проблеми, и да не е во сопственост на градот, но состојбата во која што се наоѓа можеме да бараме вина во претходното раководство на градот и немањето слух да преземе чекори за да не дојде клубот во оваа состојба во која се наоѓа, односно во втора лига со милионски долгови итн, посочи тој. Нелоски изјави дека фудбалерите веќе 4 месеци немаат земено плата и мора да се изнајде системско решение за во иднина да не се случува ова. - Но, ФК Вардар во овој момент се бори против сите околности во кои што се наоѓа и е прв на табелата во втората лига. И итноста на оваа точка и барањето на финансиска помош на ФК Вардар произлезе од тоа што пред некоја седница овде имаше дебата за вработените во ЈСП Скопје кои што немаа земено плата за претходниот месец, а фудбалерите на ФК Вардар немаат земено плата 4 месеци и треба да земат. И мора да се најде системско решение, додаде Нелоски. - И ќе бидам прв кој што ќе повика за било каква помош или било кој чекор во интерес на ФК Вардар бидејќи 12 години бев дел од тој клуб, нагласи Нелоски и додаде дека и во 2010 година фудбалскиот клуб се соочил со ваква криза меѓутоа тогашното раководство на градот под раководство на ВМРО-ДПМНЕ интервенирало и клубот не само што излезе од безизлезната состојба туку и година дена потоа стана шампион. Според Арсовска ова е неприфатливо бидејќи со таа помош ќе се наполнат туѓи џебови или ќе се исплатат извршителите, посочувајќи дека нејзина молба е да се изнајде соодветно решение и ФК Вардар да се врати под ингеренции на градот, а институциите да испитаат што конкретно се случувало во клубот. Но, мнозинството советници го прифатија амандманот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ кој предвидува доделување на финансиска помош од 15 милиони денар за ФК Вардар. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/neloski-predlozivme-finansiska-pomosh-za-fk-vardar-za-delenje-na-plati-arsovska-e-protiv-pomoshta/feed/ 0
ЕК предлага дополнителни 1,5 милијарди евра месечно финансиска помош за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-dopolnitelni-1-5-milijardi-evra-mesechno-finansiska-pomosh-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-dopolnitelni-1-5-milijardi-evra-mesechno-finansiska-pomosh-za-ukraina/#respond Mon, 07 Nov 2022 13:24:33 +0000 https://kurir.mk/?p=756924

Европската Комисија потврди попладнево дека претседателката на Европската Комисија предложила да и се плаќа помош од милијарда и половина евра месечно на Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Ова го потврди портпаролката, Верле Нејтс, на денешниот редовен брифинг за новинари во Европската Комисија. Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, тоа му го рекла на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, утринава преку телефон. -Таа го информираше дека оваа недела ќе предложи голем финансиски пакет од 1,5 милијарди евра месечно, што изнесува вкупно 18 милијарди евра за да се покријат финансиските потреби на Украина во 2023, изјави портпаролката. Освен оваа помош Украина веќе добива вонредна макрофинансиска помош која до крајот на оваа година ќе достигне 6 милијарди евра, а уште три милијарди евра од овој макрофинансиска помош ќе бидат испорачани идната година, рече портпаролката. Европската Унија исто така испраќа финансиска, воена и хуманитарна помош преку Европскиот мировен фонд од кој досега се исплатени над 3 милијарди евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-predlaga-dopolnitelni-1-5-milijardi-evra-mesechno-finansiska-pomosh-za-ukraina/feed/ 0
ЕК обезбеди уште 100 милиони евра помош за украинските бегалци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-obezbedi-ushte-100-milioni-evra-pomosh-za-ukrainskite-begalci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-obezbedi-ushte-100-milioni-evra-pomosh-za-ukrainskite-begalci/#respond Mon, 31 Oct 2022 12:37:11 +0000 https://kurir.mk/?p=753230

Европската комисија обезбедува дополнителни 100 милиони евра за земјите членки на ЕУ кои примаат бегалци од Украина, јави дописничката на МИА од Брисел. Европската комисија става на располагање уште сто милиони евра за поддршка на земјите на ЕУ кои примаат голем број украински бегалци во рамките на иницијативата „Стани за Украина“, каде се ветени 400 милиони евра за поддршка на бегалците во април. Првата транша од 248 милиони евра им е испорачана на земјите од соседството на Киев, Полска, Романија, Словачка, Чешка и Унгарија, а оваа втора транша оди за Полска, Чешка, Бугарија, Естонија, Литванија и Латвија. Помошта служи за храна, превоз, сместување, како и помош за ранливи категории. Останатите 52 милиони евра ќе бидат ослободени подоцна за нови потреби како психолошка помош. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ek-obezbedi-ushte-100-milioni-evra-pomosh-za-ukrainskite-begalci/feed/ 0
Над 3000 семејства ќе добијат финансиска помош од општина Гази Баба https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-3000-semejstva-kje-dobijat-finansiska-pomosh-od-opshtina-gazi-baba/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-3000-semejstva-kje-dobijat-finansiska-pomosh-od-opshtina-gazi-baba/#respond Sat, 29 Oct 2022 09:51:48 +0000 https://kurir.mk/?p=752296

Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ги информираше граѓаните дека на вчерашната седница на Советот, на предлог на градоначалникот е донесена одлука за доделување на директна финансиска помош за над 3000 семејства на територија на општина Гази Баба. Во објавата градоначалникот Стефковски напиша: - Добра вест за жителите на Гази Баба: Над 3000 семејства ќе добијат директна финансиска помош од општината. До Советот на општина Гази Баба предложив Одлука за исплата на финансиски средства како парична помош за загрозени граѓани погодени од енергетската и финансиската криза. И на вчерашната седница, Советот ја донесе оваа одлука. Во овие тешки времиња кога инфлацијата секојдневно расте, сметките за електрична енергија се двојно зголемени, а нашиот народ е на работ на егзистенцијата, без двоумење направив реорганизација на општинската каса и преку ребаланс на буџетот, определив 4.000.000 денари. Со оваа одлука се предвидува: Субвенционирање на дел од трошоците за потрошената електрична енергија за социјално ранливи категории на граѓани; и Надомест за пензионери со ниски примања. Ова е прв пат во историјата на постоењето на општина Гази Баба, општината да исплаќа директна финансиска помош на граѓаните во време на криза, напиша Стефковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-3000-semejstva-kje-dobijat-finansiska-pomosh-od-opshtina-gazi-baba/feed/ 0
Социјално ранливите категории граѓани ќе добиваат по 3 илјади денари во наредните четири месеци https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalno-ranlivite-kategorii-gragjani-kje-dobivaat-po-3-iljadi-denari-vo-narednite-chetiri-meseci/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalno-ranlivite-kategorii-gragjani-kje-dobivaat-po-3-iljadi-denari-vo-narednite-chetiri-meseci/#respond Sun, 09 Oct 2022 13:35:25 +0000 https://kurir.mk/?p=743097

ладата на денешната седница донесе нов сет на антикризни мерки во вредност од 350 милиони евра за справување со енергетската криза. Премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес-конференција истакна дека севкупната поддршка за полесно пребродување на кризата во сите сфери досега изнесува 750 милиони евра. Дел од мерките ги опфаќаат социјално ранливите категории граѓани, невработените и пензионерите со ниски примања. Според планот, околу 42 илјади граѓани во наредните четири месеци ќе добиваат по 3 илјади денари. - Тука спаѓаат лицата кои користат право на социјална сигурност, лица кои користат право на попреченост, родители на деца со попрченост до 26 годишна возраст, лицата со потешки трајни промени во здравстевната состојба, самохрани родители како и невработени. За оваа мерка се издвоени над 8 милиони евра, изјави Ковачевски. Над 12 милиони евра се издвојуваат и за пензионерите кои земаат пензии до 14 илјади, а со мерките се опфатени и основните и средните училишта, кои ќе се приклучат на регулиран пазар за снабдување со електрична енергија, за што се издвоени 1 милион евра. Опфатени се и здравствените установи, како и мерните станици за водни пумпи за кои е обезбедена субвенција за струја. Не ги забораваме и микро, малите и средни компании ,посочи Ковачевски за кои се предвидени посебни мерки. - Една од мерките е прширување на опсегот на компании кои се корисници на кредитно-гарантна шема на развојната банка со олеснување на критериумите за аплицирање на обртни средства за што се предвидени околу 5 милиони евра, рече Ковачевски. Дел од мерките ќе стапат на сила со одлука на Владата, но за дел од мерките ќе треба да се преточат во законско решение кое се очекува идната недела да влезе во собраниска процедура.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/socijalno-ranlivite-kategorii-gragjani-kje-dobivaat-po-3-iljadi-denari-vo-narednite-chetiri-meseci/feed/ 0
ЕУ: Една милијарда евра финансиска помош за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-edna-milijarda-evra-finansiska-pomosh-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-edna-milijarda-evra-finansiska-pomosh-za-ukraina/#respond Tue, 12 Jul 2022 10:09:07 +0000 https://kurir.mk/?p=703782

Министрите за финансии на ЕУ денеска одобрија една милијарда евра финансиска помош за Украина, прва рата од ветениот буџет од девет милијарди евра за Киев, договорен од европските лидери во мај. – Ова ќе и ги даде на Украина потребните средства за покривање на итните потреби и за обезбедување функционирање на критичната инфраструктура, рече Збинек Станјура, министер за финансии од Чешката Република, која претседава со ЕУ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/eu-edna-milijarda-evra-finansiska-pomosh-za-ukraina/feed/ 0
Mладите во Србија денеска ќе добијат по 100 евра помош од државата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mladite-vo-srbija-deneska-kje-dobijat-po-100-evra-pomosh-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mladite-vo-srbija-deneska-kje-dobijat-po-100-evra-pomosh-od-drzavata/#respond Wed, 01 Jun 2022 09:13:13 +0000 https://kurir.mk/?p=684780

Денеска започна исплатата на 100 евра помош за младите. Министерот за финансии Синиша Мали, изјави дека Управата за финансии утрово веќе префрлила средства за 400.000 млади луѓе. Пари ќе добијат вкупно 1.105.196 лица, а исплатите, како што рече, продолжуваат и утре и задутре. Под слоганот „Да кликнам од среќа“, државата го даде правото за аплицирање за помош од 100 евра, за граѓаните на Србија кои се на возраст од 16 до 29 години. Аплицирањето за еднократна помош на младите во износ од 100 евра започна на 16 мај, а последен ден за пријавување до Трезорот беше вчера.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/mladite-vo-srbija-deneska-kje-dobijat-po-100-evra-pomosh-od-drzavata/feed/ 0