финансиски друштва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 24 Oct 2023 11:16:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png финансиски друштва – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ од Финансиските друштва: Најчестите злоупотреби се од блиски луѓе, внимавајте кому давате пинови, лозинки, картички и трансакциски сметки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predupreduvane-od-finansiskite-drushtva-najchestite-zloupotrebi-se-od-bliski-luge-vnimavajte-komu-davate-pinovi-lozinki-kartichki-i-transaktsiski-smetki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predupreduvane-od-finansiskite-drushtva-najchestite-zloupotrebi-se-od-bliski-luge-vnimavajte-komu-davate-pinovi-lozinki-kartichki-i-transaktsiski-smetki/#respond Tue, 24 Oct 2023 11:16:24 +0000 https://kurir.mk/?p=892497

Ажурирајте ги навреме личните податоци и пазете каде ги споделувате, не откривајте лозинки и други информации за вашите сметки, внимавајте каде ја приложувате личната карта, пријавете ако ја изгубите и бидете свесни за вашите права. Ова се само некои од препораките на кампањата за финансиска едукација на населението што ја организираат финансиските друштва. Кампањата почнува денеска и освен на зголемување на свеста на граѓаните за заштита на личните податоци, се однесува и на одговорното кредитирање. Како што беше речено на прес-конференција во Стопанска комора, злоупотреби на личните податоци има и тие се случуваат најчесто од блиски луѓе во кругот на семејството. Сепак, бројот на злоупотреби минатата година бил многу мал во однос на исплатените кредити од финансиските друштва. Според претседателот на Групацијата на финансиски друштва при Стопанската комора, Никола Јошевски, најчестите измами се од блиски луѓе, луѓето најчесто земаат средства од финансиските друштва кога им е тоа итно и најпотребно. Притоа, 10-15 отсто од средствата кои се подигнуваат се за лекување. -Не секој може да има ваша лична карта, ваша трансакциска сметка или пин од вашата картичка. Затоа, злоупотребата најчесто се случува од блиски луѓе и иако е мал бројот на злоупотреби, се работи всушност за луѓе со свои идеи и желби, луѓе кои се разочаруваат во системот зашто како „гром од ведро небо“ се соочуваат со проблем од типот - треба да враќаат пари кои никогаш не ги виделе. Колку и да е мал тој број, да се потрудиме да го сведеме на минимум. Затоа ја покренуваме оваа кампања. Јавноста не е целосно и точно информирана за активностите на финансиските друштва, а незнаењето реперкуира со носење погрешни одлуки. Оттука, планираме серија обуки и едукативни настани за да имаат корист не само нашите клиенти, туку и за да ги исправиме искривените перцепции што ги има пошироката јавност за нашата работа и за нашата улога во финансискиот еко систем, рече Јошевски. Тој најави едукација и обуки и за вработените во финансиските друштва со цел, како што истакна, засилување на мерките за заштита и одговорно кредитирање на клиентите. Финансиските друштва во земјава зафаќаат до два отсто од вкупната актива на финансискиот систем, а вработуваат околу 1 300 млади луѓе и оваа година ќе платат над 10 милиони евра даноци кон државата. -Изминатата деценија е евидентна експанзијата на финансиските друштва. Зголемен е нивниот број, а во пораст се и бројот на издадени кредити, како и износот на новосклучените договори. Според Народната банка, заклучно со 30 јуни 2023 година, вкупната кредитна изложеност на граѓаните и фирмите во земјава била седум милијарди евра, а изложеноста кон финансиските друштва 140 милиони евра или само два отсто од вкупната кредитна изложеност, информира Антонета Манова Ставреска од Стопанската комора. Комората најави серија прес-конференции за кампањата за поголема финансиска едукација на населението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/predupreduvane-od-finansiskite-drushtva-najchestite-zloupotrebi-se-od-bliski-luge-vnimavajte-komu-davate-pinovi-lozinki-kartichki-i-transaktsiski-smetki/feed/ 0
МФ: Измени на Законот за финансиски друштва за заштита на граѓаните, се дефинира максималниот износ на трошоци за кредит https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-izmeni-na-zakonot-za-finansiski-drushtva-za-zashtita-na-gragjanite-se-definira-maksimalniot-iznos-na-troshoci-za-kredit/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-izmeni-na-zakonot-za-finansiski-drushtva-za-zashtita-na-gragjanite-se-definira-maksimalniot-iznos-na-troshoci-za-kredit/#respond Wed, 28 Dec 2022 08:53:12 +0000 https://kurir.mk/?p=781533

Поголема заштита на граѓаните, кои користат услуги на финансиските друштва и зголемување на довербата во финансиските друштва се дел од целите на измените на Законот за финансиските друштва, што ги предложи Министерството за финансии, а ги усвои Владата на последната седница. Со измените на Законот за финансиските друштва во насока на заштита на потрошувачите, кои се корисници на услугите од овие друштва, се утврдува максималниот износ на сите трошоци поврзани со кредитот, се укинува можноста за земање кредит за затворање на претходно доспеан кредит во исто финансиско друштво, а се укинува и можноста трговските друштва кои поседуваат дозвола или лиценца согласно Законот за игрите на среќа и за забавните игри да можат да бидат кредитни посредници на финансиско друштво, односно да нудат кредитни производи. Предложените измени предвидуваат финансиското друштво да не може да склучи договор за потрошувачки  кредит, ако трошоците кои не влегуваат во годишната стапка на вкупни трошоци надминуват 60% од износот на одобрениот кредит. Надоместоците се однесуваат на сите трошоци што потрошувачот ги плаќа или има обврска да ги плати во текот на целиот период на важност на договорот, а кои произлегуваат или на било каков начин се поврзани со договорот за потрошувачки кредит или поврзани услуги. Исклучок од ова се трошоците настанати во постапка за извршување и законската казнена камата. Финансиското друштво ќе има обврска задолжително транспарентно и јавно да го објави тарифникот со надоместоците на својата интернет страница или да го истакне на видливо место во своите работни простории. Со новиот предлог закон, финансиските друштва ќе треба да воспостават систем за управување со кредитен ризик, кој се однесува на загуба на финансиското друштво поради неможност клиентот да ги намирува своите обврски во договорениот износ или рокови. Законот го зајакнува и надзорот врз работењето на финансиските друштва, по примерот на останатите регулатори (како на пример Народната банка и Комисијата за хартии од вредност), а за што ќе биде пропишан и донесен посебен правилник. Исто така, предвидени се и глоби од 8.000 до 10.000 евра за непочитување на законските одредби. Дополнително,  измените се и во насока на зајакнување на  регулаторната рамка за работење на финансиските друштва на пазарот во Република Македонија, а во насока финансиските друштва да претставуваат сериозни финансиски институции кои нудат алтернатива на банакарското работење, а не само друштва кои нудат краткорочни кредити на населението. Позначајни промени во оваа насока се зголемување на износот на основната главнина за основање на финансиското друштво од 100.000 евра на 500.000 евра, при што таа не може да биде обезбедена од заеми или кредити,  да има најмалку двајца вработени, управителот да биде вработен во финансиското друштво и да поседува репутација. Законските измени пропишуваат дека дозволата ќе му биде одземена на финансиското друштво ако во рок од една година му се изречат две мерки, односно глоба или привремена забрана за вршење активност. Со законските измени се доуредува и финансиската активност – факторинг. Измените на Законот произлегоа од потребата за зајакнување на регулаторните барања и стандарди кои треба да ги исполнуваат финансиските друштва, чиј број  значително се зголеми, а се зголеми и бројот на корисници на потрошувачките кредити што тие ги издаваат.
 ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/mf-izmeni-na-zakonot-za-finansiski-drushtva-za-zashtita-na-gragjanite-se-definira-maksimalniot-iznos-na-troshoci-za-kredit/feed/ 0