финансиски план – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 11 Aug 2022 13:50:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png финансиски план – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ДИК ги усвои измените на финансискиот план, прифати барања на набљудувачи и го утврди гласачкото ливче за дополнителните локални избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-usvoi-izmenite-na-finansiskiot-plan-prifati-baranja-na-nabljuduvachi-i-go-utvrdi-glasachkoto-livche-za-dopolnitelnite-lokalni-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-usvoi-izmenite-na-finansiskiot-plan-prifati-baranja-na-nabljuduvachi-i-go-utvrdi-glasachkoto-livche-za-dopolnitelnite-lokalni-izbori/#respond Thu, 11 Aug 2022 13:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=717175

Државната изборна комисија (ДИК) на денешната 60-та седница, ја усвои Предлог-одлуката за измена и дополнување на финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалници на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово. ДИК ги усвои и барањата за акредитација на набљудувачи на изборите поднесени од Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција Мак Сонце, – девет набљудувачи и Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) – шест набљудувачи. Четвртата точка, утврдување на изгледот на гласачкото ливче, поради безбедносни причини за заштита и тајноста на содржината, ДИК ја разгледуваше без присуство на медиуми. Пред да биде усвоена првата точка, потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, ја образложи потребата од донесување одлука за измени на финансискиот план за изборите. – Според барањата кои ни пристигнаа од Комисијата за јавни набавки, пристигнати се понуди повисоки од финансискиот план, кој ДИК го усвои претходните избори. Бидејќи немаме време да објавуваме нови постапки, треба да донесеме одлука за измени и дополнување на финансискиот план. Се работи за три ставки, и тоа во делот на паравани, гласачки ливчиња и беџови за набљудувачи. Во делот за беџови на набљудувачи треба да додадеме 5.000 денари, за паравани 30.000 денари и за гласачки ливчиња околу 600.000 денари, соопшти потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху. Таа истакна дека за одреден дел на постапки имаат само еден понудувач. – Треба да направиме анализа зошто ни се случува за гласачките ливчиња да имаме само по еден понудувач, нагласи Шеху. Изборите за градоначалниви на општините Маврово и Ростуше и Центар Жупа и за членови на Советот на Општина Тетово треба да се одржат на 20 август. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dik-gi-usvoi-izmenite-na-finansiskiot-plan-prifati-baranja-na-nabljuduvachi-i-go-utvrdi-glasachkoto-livche-za-dopolnitelnite-lokalni-izbori/feed/ 0
Во Собранието расправа за финансискиот план на РКЕ за 2022 година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-rasprava-za-finansiskiot-plan-na-rke-za-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-rasprava-za-finansiskiot-plan-na-rke-za-2022-godina/#respond Thu, 31 Mar 2022 14:23:56 +0000 https://kurir.mk/?p=656444

Пратениците денеска расправаа за Предлогот на финансиски план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за 2022 година, во рамки на 54 седница. За пратениците од опозицијата, финансискиот план на Регулаторната комисија за 2022 година, е неиздржан во услови на енергетска, пандемска, мигрантска и топлинска кризна состојба во државата, а регулаторите си дозволуваат највисок износ на расходни во однос на претходните години. Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска потенцира дека и покрај кризата во државата, Владата дала позитивно мислење за финансискиот план на РКЕ, според кој е предвидено ова регулаторно тело дневно да има на располагање околу 5.500 евра. – РКЕ за 2022 година предвидела да троши за кафе 83 евра на ден. РКЕ предвидела 30 проценти поскапа струја и 39 отсто повеќе за бензин и нафта. Таа предвидела 1.700 евра месечно за одржување на зградата, а објектот е нов, дел од проектот „Скопје 2014“. Како тоа ви се потребни 450.000 денари за печатарски услуги? РКЕ предвидела и четири милиони денари за службени патувања, рече Ласовска, додавајќи дека во државата над 500.000 граѓани живеат со две евра на ден. Таа упати критика и за работењето на РЕК „Битола“, која го намалила производството на струја за половина. Претседателот на РКЕ, Марко Бислимовски реплицирајќи и на Ласовска рече Комисијата набавува струја од слободниот пазар за енергија, каде што цената е зголемена, а со тоа се зголемени и предвидените средства за електрична енергија. – РКЕ ја регулира цената за домаќинствата и малите потрошувачи и точно е од 1 јануари 2022 година цената на електричната енергија се зголеми за 9,48 отсто. Набавка на електрична енергија на слободен пазар нема никаква врска со регулиран пазар на електрична енергија. Би било добро да не ги мешаме тие две работи. Во однос на одржувањето на зградата, сакам да кажам дека таа нема употребна дозвола. Институциите не дозволуваат да добиеме употребна дозвола, бидејќи зградата е изградена без соодветно сообраќајно решение. Зградата се распаѓа, тече од сите страни вода на секој дожд. Не протекува само кога не врне, вели Бислимовски.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-sobranieto-rasprava-za-finansiskiot-plan-na-rke-za-2022-godina/feed/ 0