фингер принт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 30 Oct 2021 17:13:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фингер принт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од ДИК не очекуваат проблеми со гласањето со отпечаток од прст, имало дополнителни обуки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-dik-ne-ochekuvaat-problemi-so-glasanjeto-so-otpechatok-od-prst-imalo-dopolnitelni-obuki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-dik-ne-ochekuvaat-problemi-so-glasanjeto-so-otpechatok-od-prst-imalo-dopolnitelni-obuki/#respond Sat, 30 Oct 2021 16:34:56 +0000 https://kurir.mk/?p=588243

Државната изборна комисија (ДИК) очекува на утрешното гласање за вториот круг од локалните избори да се надминат проблемите со уредите за биометриска идентификација на гласачите. На денешната прес-конференција, портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска, рече дека биле спроведени дополнителни обуки за избирачките одбори на кои уште еднаш им било објаснето ракувањето со уредите за гласање со отпечаток на прст. „Она што беше утврдено како потешкотија во однос на ракувањето со уредите за биометриска идентификација на гласачите, ние како ДИК го тангиравме на неколку начини – пред се, имаше уште една тура на обуки за претседателите и заменик-претседателите на избирачките одбори за уште еднаш да им бидат појаснети процедурите, така што очекуваме во голем дел проблемите кои се појавија во првиот круг да бидат надминати. Преку изборните комисии имаат добиено и доополнителни насоки за постапување кои треба да им ја олеснат работата. Освен тоа, на располагање имаме се уште над 400 лица за техничка поддршка на избирачките одбори“, рече Гугучевска. Во првиот круг од изборите, проблеми со уредите за биометриска идентификација имаше во голем дел од гласачките места, па граѓаните гласаа со оставање отпечаток од прст на хартиениот избирачки список. Државната изборна комисија тогаш даде инструкции до избирачките одбори редовно да го чистат скенерот каде што се остава отпечатокот од прст и гласачите посилно да притискаат кога го оставаат отпечатокот на скенерот. Подоцна, од ,,Дермалог” за ,,360 степени” објаснија дека притискањето не помага. Уредите за биометриска идентификација на гласачите, кои граѓаните ги чинеа 11 милиони евра, не поминаа пилот-проверка пред денот на изборите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-dik-ne-ochekuvaat-problemi-so-glasanjeto-so-otpechatok-od-prst-imalo-dopolnitelni-obuki/feed/ 0
Јанушев: Инсистираме на фингерпринт само за да се спречат злоупотребите и криминалот на кои бевме сведоци на минатогодишните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-insistirame-na-fingerprint-samo-za-da-se-sprechat-zloupotrebite-i-kriminalot-na-koi-bevme-svedoci-na-minatogodishnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-insistirame-na-fingerprint-samo-za-da-se-sprechat-zloupotrebite-i-kriminalot-na-koi-bevme-svedoci-na-minatogodishnite-izbori/#respond Wed, 31 Mar 2021 19:36:00 +0000 https://kurir.mk/?p=490503

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев на гостувањето во емисијата „Јади бурек“ што се емитува на телевизија Сонце се осврна на фактот зошто се од исклучителна важност уредите за фингерпринт во текот на изборниот процес. „И фингерпринтот на власта и функционерите им беше проблем, еве сега ветија, на дневен ред ќе бидат утре и измените на Изборниот законик. Ова е многу важно за да се спречи било каков криминал, како гласање за друго лице, бугарски возови. Едноставно целта е да се спречат злоупотреби. Со ова ќе добиеме и пореална слика на силите на партиите“, вели Јанушев. Пратеникот информираше дека се потребни 3500 уреди или за секое избирачко место по еден. „Со ова системот ќе генерира сам извештај, ако извештајот рече гласале толку, а има повеќе избирачки ливчиња, ќе следат пријави, ќе се одговара. До сега бевме сведоци на многу измами, купување на гласови, па на претходните избори додека имаше корона тие одеа по домови и делеа се под изговор дека е помош“, кажа Јанушев. Јанушев објасни дека ова е постоечко законско решение, а сега само треба да се дотераат некои детали, а фингерпринтот ќе биде задолжителен за сите избори во иднина. Говорејќи за тоа кои ќе бидат кандидати за локалните избори, Јанушев рече, во тек се анализи. Јанушев информираше дека на претстојните избори во Бугарија ќе биде набљудувач. „И за таму нема гаранција ниту се знае кој колку ќе добие, имаат специфичен систем“, кажа Јанушев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-insistirame-na-fingerprint-samo-za-da-se-sprechat-zloupotrebite-i-kriminalot-na-koi-bevme-svedoci-na-minatogodishnite-izbori/feed/ 0