фингерпринт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 31 Oct 2021 09:33:55 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фингерпринт – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Што ако уредот за идентификација не го препознае гласачот? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-ako-uredot-za-identifikacija-ne-go-prepoznae-glasachot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-ako-uredot-za-identifikacija-ne-go-prepoznae-glasachot/#respond Sun, 31 Oct 2021 09:33:55 +0000 https://kurir.mk/?p=588493

Уредите за идентификација со отпечатоци се најголемата новина на овие локални избори. Со нив на избирачкото место раководи претседателот на избирачкиот совет или заменик-претседателот. Во првата изборна единица, некои избирачки одбори се соочија со пречки бидејќи апаратот не препознаваше гласачи или престана да функционира. Институциите и претходно признаа дека ќе има проблем со околу 30 отсто од податоците со отпечатоци од базата на МВР. Првиот чекор што гласачите треба да го следат е да се појават на избирачкото место со валиден документ за идентификација. Гласачите го поднесуваат документот за идентификација до првиот член на избирачкиот совет. Ја симнувате маската неколку секунди за да се идентификувате. Гласачот потоа го минува вториот филтер за идентификација, го става показалецот од десната рака на апаратот за идентификација на отпечатоци. Апаратот ги содржи податоците на сите гласачи. Во случај податоците од документот за идентификација и податоците од отпечатоците од прсти да не се совпаѓаат, лицето не може да гласа. Избирачот кој ќе ги помине двата филтри за идентификација оди на третиот чекор, а тоа е да се најде на избирачкиот список. Откако ќе се најде на избирачкиот список, избирачот се потпишува и му се дава гласачкото ливче за да оди зад параванот и да гласа. Го превиткува гласачкото ливче и го става во гласачката кутија. Избирачот го зема документот за идентификација и го напушта избирачкото место. ДИК вели дека шансите за злоупотреба на биометрискиот уред за идентификација на гласачите се „нула“. Обезбедени се вкупно 4.000 уреди за 3480 избирачки места низ целата земја. Резервна опрема е дистрибуирана до општинските изборни комисии, во случај да имаат потреба од замена на опремата поради технички пречки за време на процесот на гласање. Во сите општински комисии во земјата, има и персонал за ИТ кои имаат должност да обезбедат непречено функционирање на уредот за отпечатоци од прсти и избегнување на можни дефекти. ИТ експерти се од земјава, но и од германскиот производител на опрема Дермалог. Во случај апаратот да престане да функционира и не може да се поправи, а не може да се обезбеди негова замена, ДИК одлучува да продолжи да се гласа со стариот начин, УВ ламба и спреј.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/shto-ako-uredot-za-identifikacija-ne-go-prepoznae-glasachot/feed/ 0
Даштевски: Доколку на некое место се гласало без фингерпринт без одлука на ДИК, ќе има прегласување и одговорност! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-dokolku-na-nekoe-mesto-se-glasalo-bez-fingerprint-bez-odluka-na-dik-kje-ima-preglasuvanje-i-odgovornost/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-dokolku-na-nekoe-mesto-se-glasalo-bez-fingerprint-bez-odluka-na-dik-kje-ima-preglasuvanje-i-odgovornost/#respond Sun, 17 Oct 2021 17:02:33 +0000 https://kurir.mk/?p=580934

На последната одржана прес конференција, претседателот на ДИК, Александар Даштевски, изјави дека според информациите кои ДИК ги добила, на низа избирачки места се престанало со употребата на апаратите за отисоци. Даштевски истакна дека за само шест избирачки места ДИК донела решение за такво нешто, а за сите други места каде тоа е појава, станува бор за прекршување на законот и најави дека тие лица ќе бидат санкционирани, ако се продлжи на тој начин, без довола, односно решение од ДИК да се гласа без фингерпринтови. Оттука, тој апелираше да се продолжи со гласањето со употреба на фингерпринт апаратите, велејќи дека подобро е да апелира и да се спречи тоа, отколку после, гласањето на тие избирачки места да биде поништено, а одговорните да бидат гонети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-dokolku-na-nekoe-mesto-se-glasalo-bez-fingerprint-bez-odluka-na-dik-kje-ima-preglasuvanje-i-odgovornost/feed/ 0
Неделава пристигнуваат првите 250 фингерпринт апарати за локалните избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelava-pristignuvaat-prvite-250-fingerprint-aparati-za-lokalnite-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelava-pristignuvaat-prvite-250-fingerprint-aparati-za-lokalnite-izbori/#respond Mon, 23 Aug 2021 05:57:43 +0000 https://kurir.mk/?p=553811

Неделава треба да пристигнат првите 250 терминали за читање на отпечатоци од прсти што ќе се применуваат на локалните избори на 17 октомври. Како што најави претседателот на ДИК Александар Даштевски во неодамнешното интервју за МИА, фингерпринт апаратите треба да бидат во земјава на 25 август. Германската компанија „Дермалог“ со која ДИК потпиша договор вреден 11 милиони евра, покрај испорака на терминалите за читање отпечатоци од прсти, ќе се грижи и за системот за нивно функционирање, како и за одржување во следните четири години односно четири изборни циклуси. Меѓу другото, вработени од компанијата „Дермалог“ треба да направат технички преглед на терминалите, како и прирачници за користење што ќе ги има секој претседател и заменик претседател на избирачки одбор, вклучувајќи и нивна обука за ракување. Терминалите нема да бидат поврзани со интернет, а се гарантира и безбедноста на личните податоци на граѓаните. Во меѓувреме, се интензивираат подготовките за локалните избори, а на 21 август почна и увидот во Избирачкиот список, што ќе трае до 9 септември. Граѓаните своите податоци во Избирачкиот список можат да ги проверат преку веб-страната на ДИК – www.sec.mk или на https://izbirackispisok.gov.mk/, или во нивните канцеларии и подрачни единици. До 9 септември граѓаните барањето за запишување, бришење или дополнување во Избирачкиот список треба да го достават писмено до подрачните единици или канцеларии на ДИК или електронски да се обратат до Комисијата и притоа да достават соодветни докази. Рокот за заклучување на Избирачкиот список со сите промени, како од граѓаните така и од политичките партии е 24 септември, додека Избирачкиот список финално треба да биде потпишан до 1 октомври. Од 16 август започна и собирањето потписи за независни листи во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија. До крајот на минатата недела се собрани потписи за четири независни кандидатски листи, а рокот истекува на 30 август во 24 часот. Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот. Партиите веќе почна да ги објавуваат кандидатите за градоначалници и носители на советничките листи. Владејачката СДСМ и коалицијата најавија дека најдоцна до 24 август (вторник) ќе објават дел од кандидатите за градоначалници. ВМРО-ДПМНЕ во петокот ги објави имињата на уште 19 кандидати за градоначалници, а најави и соработка на локалните избори со Алијанса на Албанците и Алтернатива. Кандидатските листи за локалните избори треба да бидат поднесени до Општинските изборни комисии најдоцна до 11 септември на полноќ, а треба да бидат потврдени најдоцна до 18 септември од ОИК и огласени. Иборната кампања за првиот круг започнува на 27 септември на полноќ и завршува на 15 октомври на полноќ. Изборите, што повторно ќе се одржат со протоколи за заштита од ширење на Ковид-19, се закажани за 17 октомври. Вториот круг од изборите треба да се одржи 30 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nedelava-pristignuvaat-prvite-250-fingerprint-aparati-za-lokalnite-izbori/feed/ 0
Мицкоски: Се става крај на сомнежите – германска компанија ќе ги набави фингерпринтовите за ДИК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-stava-kraj-na-somnezite-germanska-kompanija-kje-gi-nabavi-fingerprintovite-za-dik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-stava-kraj-na-somnezite-germanska-kompanija-kje-gi-nabavi-fingerprintovite-za-dik/#respond Sat, 07 Aug 2021 11:02:08 +0000 https://kurir.mk/?p=547634

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес-конференција објави дека Државната изборна комисија по распишувањето на локалните избори ја завршила постапката за набавка на интегриран систем за биометриска идентификација на гласачите и дека германска компанија победила во јавната набавка. - Формално постапката за терминалите за отчитувачи на прст, односно фингерпринтови, е завршена и конечно се става крај за сомнежите. Го повикувам МВР да ја снабди ДИК со базата на податоци за отисоците од прст. Од она што го имам како информација, реномирана мултинационална германска компанија е избрана во постапката. МВР веднаш да воспостави комуникација со компанијата и со нејзините членови, изјави лидерот на најголемата опозициска партија. Мицкоски напомена дека со овој систем нема да има злоупотреба на документите за идентификација на локалните избори.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-se-stava-kraj-na-somnezite-germanska-kompanija-kje-gi-nabavi-fingerprintovite-za-dik/feed/ 0
Даштевски: ДИК ги чека измените на законот за да почне со набавката на фингерпринт апаратите, ќе бидат потребни 4,000 уреди за спроведување на гласањето https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-dik-gi-cheka-izmenite-na-zakonot-za-da-pochne-so-nabavkata-na-fingerprint-aparatite-kje-bidat-potrebni-4-000-uredi-za-sproveduvanje-na-glasanjeto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-dik-gi-cheka-izmenite-na-zakonot-za-da-pochne-so-nabavkata-na-fingerprint-aparatite-kje-bidat-potrebni-4-000-uredi-za-sproveduvanje-na-glasanjeto/#respond Thu, 01 Apr 2021 08:58:43 +0000 https://kurir.mk/?p=490693

Претседателот на Државната изборна комисија во гостување на „Утрински брифинг“ утрово посочи дека во тек е анализа на техничките податоци и истражувања на пазарот за набавка на фингерпринт апаратите, како и дека ќе бидат потребни 4,000 уреди за да се спроведе гласањето во сите избирачки места со скенери за отпечаток на прст. Треба да се направат измени на законот за да се направи тоа гласање со отпечаток на прст подобро бидејќи ни е прв пат да го спроведуваме, ние направивме првична проценка, според која ова ќе чини повеќе, па сеуште ја правиме таа подготовка, но некаде би требало да биде околу 10 милиони евра. Даштевски вели дека ако се сака да се спроведат добри избори и фер и демократски, бидејќи постојат различни скенери за отпечатоци, колку скенерите се поквалитетни толку ќе биде спроведувањето и отпечатоците веродостојни. Потребни се толку уреди колку што има избирачки места, значи 3,500 уреди, но се земаат 10% повеќе за резерва, во случај да се расипат дел од нив, значи околу 4,000 уреди се потребни заедно со софтверот кој оди со нив, обајсни Даштевски. Даштевски вели дека во моментов ДИК прави анализа на техничките податоци и испитувања на пазарот, колку се тоа ќе не чини, но најмалку би било 10 милиони евра бидејќи навистина станува збор за скапа операција. Во некои земји има и електронско гласање, но фингерпринтот е прв чекор кон електронското гласање, во Бугарија на пример на гласањето викендов ќе се одвива електронски, а во Албанија има пилот исто за тестирање на електронско гласање, вели Даштевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dashtevski-dik-gi-cheka-izmenite-na-zakonot-za-da-pochne-so-nabavkata-na-fingerprint-aparatite-kje-bidat-potrebni-4-000-uredi-za-sproveduvanje-na-glasanjeto/feed/ 0
ВМРО-ДПМНЕ си остана на зборот- ги оствари барањата за пописот и изборниот законик, се избори за заштита на здравјето на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-si-ostana-na-zborot-gi-ostvari-baranjata-za-popisot-i-izborniot-zakonik-se-izbori-za-zashtita-na-zdravjeto-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-si-ostana-na-zborot-gi-ostvari-baranjata-za-popisot-i-izborniot-zakonik-se-izbori-za-zashtita-na-zdravjeto-na-gragjanite/#respond Mon, 29 Mar 2021 18:24:46 +0000 https://kurir.mk/?p=489336

ВМРО-ДПМНЕ си остана на зборот- пописот се одложи за да се заштитат граѓаните. Опозицијата се избори во намерата, па поради одложување на пописот, спасени се многу човечки животи. Партијата ги оствари барањата за пописот и изборниот законик. Нивната порака беше јасна, дека пописот во ваква епидемиолошка состојба треба да се одложи сега и да се спроведе на есен, односно откако ќе се имунизираат попишувачите, за да може граѓаните да се чувствуваат комотни кога разговараат со нив дека не може да бидат преносители на коронавирусот. Фактот да се спасат што повеќе човечки животи, бил водилка за предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за тет-а-тет средба со Зоран Заев. Па од тука, тој заклучи дека денешната средба и денешниот состанок е позитивен и успешен. -Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на месец април по разно разни програми се очекува да пристигнат во државата, да пристигнат во Македонија од прилика околу 350.000 вакцини со што би се започнал процесот на масовна имунизација на населението. А, потоа со сукцесивно и во месец мај што би значело некаде од прилика два милиона дози, што е доволно за повеќе од еден милион граѓани кои што би се вакцинирале во периодот кој што следува. Поврзано со ова се согласивме дека откако процесот на имунизација на население и попишувачите што е многу важно ќе се случи пописот и за тоа се договоривме истиот да биде одложен, наместо сега во месец април како што е планиран да се одложи за месец септември како можен период да биде 5 – 30-ти септември односно 25 дена. Апликацијата со која што се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо на првата половина на октомври да бидат одложени за втората половина од октомври, рече Мицкоски меѓудругото. За потсетување, ВМРО-ДПМНЕ собра преку 100.000 потписи за одлагање на пописот. И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски кој гостуваше во централниот Дневник на телевизија Сител, ја прокоментира лидерската средба и посочи дека со одлагање на пописот победи разумот. „Јас би рекол дека преовладува разумот, во овој момент знаете ги читаме бројките колку има починати, колку има новозаразени, а од друга страна требаше на сила оваа гарнитура на власт да истурка попис. Затоа и ние бевме, оние кои што понудивме алтернативни решенија, не само да критикуваме, не како што некој нарекува нешто да блокираме туку навистина, конструктивни решенија, алтернативи како некои работи да бидат подобри. Зборувам за пописот, зборувам за работа која што е многу важна или за два – три дена ќе започнеше масовно попишување во Македонија, а тоа значеше дека неколку илјада луѓе ќе ни доаѓаа по домовите, а ги гледаме бројките, гледаме дека граѓаните масовно одат во други држави да се вакцинираат, и за тоа велам дека победи разумот. Да, точно така ние понудивме многу предлози и најголем дел се прифатени“, нагласи Мисајловски и додаде дека со ова што пописот се одложи за септември е победа на народот. ВМРО-ДПМНЕ ги оствари и барањата во однос на измените во Изборниот Законик. Веќе утре на дневен ред во рамките на Парламентот ќе биде измената во Изборниот Законик која што се однесува на терминалите за отчитување на отисок на прст или т.н. фингерпринт терминали и се очекува успешно да биде изгласано во рамките на Парламентот. Инаку, со фингерпринт конечно ќе се обезбедат релевантни и кредибилни избори, нема да има семејно гласање и брзи прсти. -Фингерпринт терминали се многу значајни за подобрување на демократскиот капацитет на самиот процес односно еден човек – еден глас, со што се спречува семејно гласање кое што во минатото беше пракса, истакна Мицкоски по лидерската средба.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vmro-dpmne-si-ostana-na-zborot-gi-ostvari-baranjata-za-popisot-i-izborniot-zakonik-se-izbori-za-zashtita-na-zdravjeto-na-gragjanite/feed/ 0
Мисајловски: Очекувам утре или задутре измени во законот за фингерппринт терминали да влезе во собраниска процедура и да се изгласа како решение https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ochekuvam-utre-ili-zadutre-izmeni-vo-zakonot-za-fingerpprint-terminali-da-vleze-vo-sobraniska-procedura-i-da-se-izglasa-kako-reshenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ochekuvam-utre-ili-zadutre-izmeni-vo-zakonot-za-fingerpprint-terminali-da-vleze-vo-sobraniska-procedura-i-da-se-izglasa-kako-reshenie/#respond Mon, 29 Mar 2021 17:49:06 +0000 https://kurir.mk/?p=489371

Добро е што денеска слушнавме дека има политичка волја од власта да се разговара и за методологијата и за сите оние технички работи, бидејќи навистина претходно дававме добри предлози и решенија. Зборувам кога го поднесоа овој закон со европско знаменце, ние дававме добри предлози и решенија, односно европски практики и норми. Ако навистина сакаат добар попис, а исто така и ВМРО-ДПМНЕ сака навистина реален попис, да биде статистика, а не само политички договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети, туку навистина секој да се чувствува комотен. Добро е што слушаме дека овие од власта сакаат да има политички компромис односно да се најде решение за сите овие добри практики што ги има не само во соседството туку и во ЕУ, да се имплементираат, појасни Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во централниот дневник на телевизија Сител. Мисајловски додаде дека користење на фингерпринт терминали е веќе договорено од минатата година, а оваа треба само да се имплементира. Но, власта имаше некои обиди да се не се имплементира и започне со користење на фингерпинт терминали. „И еве конечно се договоривме за ова прашање и утре очекувам или задутре ова да влезе во собраниска процедура и да се изгласа како решение. А, се разбира има две работни групи каде што разговараат за сите оние технички работи околу законот и се разбира и ќе има договор за сите овие места каде што навистина негде не може или слично, но ќе се најде алтернатива за да се договори сето ова“, рече Мисајловски. Мисајловски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ сака предвремени парламентарни избори час поскоро. Но потребно е да се биде рационален, приоритетна тема на денешниот состанок беше КОВИД пандемијата за да се спасат што повеќе човечки животи и да се одложи пописот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/misajlovski-ochekuvam-utre-ili-zadutre-izmeni-vo-zakonot-za-fingerpprint-terminali-da-vleze-vo-sobraniska-procedura-i-da-se-izglasa-kako-reshenie/feed/ 0
Мицкоски: Здравјето ќе се запази, пописот е одложен за септември, ќе има измени во Изборниот Законик и на гласање ќе има фингерпринт терминали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zdravjeto-kje-se-zapazi-popisot-e-odlozen-za-septemvri-kje-ima-izmeni-vo-izborniot-zakonik-i-na-glasanje-kje-ima-fingerprint-terminali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zdravjeto-kje-se-zapazi-popisot-e-odlozen-za-septemvri-kje-ima-izmeni-vo-izborniot-zakonik-i-na-glasanje-kje-ima-fingerprint-terminali/#respond Mon, 29 Mar 2021 15:28:18 +0000 https://kurir.mk/?p=489307

Првиот момент кога се одлучив да предложам тет – а – тет средба се водев од фактот да спасиме што е можно повеќе човечки животи и да превенираме што е можно повеќе македонски семејства кои што ќе се соочат со траумата додека практично ја поминуваат битката со пандемијата предизвикана од КОВИД вирусот, короната. Врз основа на тоа можам да заклучам дека денешната средба и денешниот состанок е позитивен и успешен, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешнта лидерска средба. -А, врз основа на тоа исто така сакам да додадам дека ја оставивме вратата отворена и за следни средби кои што доколку има потреба би се случувале во периодот кој што следи, бидејќи ние практично сме во војна со невидлив непријател кој што не бира ниту вера, не бира ниту нација, ниту пак боја на кожа. И затоа е потребно да покажеме државотворен капацитет и капацитет со кој што како што кажав на почетокот ќе спасиме што е можно повеќе човечки животи и ќе превенираме семејни трауми. Врз основа на ова што го кажав можам да се осврнам на темите кои што денеска беа разговарани, рече Мицкоси и додаде: „Би започнал од измените во Изборниот Законик, се согласивме и веќе утре на дневен ред во рамките на Парламентот ќе биде измената во Изборниот Законик која што се однесува на терминалите за отчитување на отисок на прст или т.н. фингерпринт терминали и очекуваме успешно да биде изгласано во рамките на Парламентот. Понатаму, се согласивме да ги охрабриме преговорите односно групите кои што во рамките на Парламентот преговараат за останатите измени во Изборниот Законик како што се, измената на изборниот модел во една изборна единица, или доколку има други предлози, понатаму отворени листи за советници на следните локални избори, понатаму избор за градоначалник во прв круг со тоа што би бил задоволен, определен процент од вкупниот број на запишани избирачи во таа општина каде што се бира тој градоначалник, и последно се разбира тука се гласањето на дијаспората на следните парламентарни избори се разбира надвор од ДКП односно дипломатско конзуларните претставништва, односно онаму каде што дозволуваат законите да се формираат избирачки места надвор од дипломатско конзуларните претставништва. И последно, тоа се имплементација на препораките на ОБСЕ и ОДИХР. Тоа е што се однесува до Изборниот Законик. Втората тема беше работата во Парламентот и се согласивме дека ВМРО-ДПМНЕ ќе работи во рамките на Парламентот заедно со парламентарното мнозинство, на сите закони кои што се однесуваат на реформската агенда поврзано со интеграцијата на Македонија во рамките на ЕУ. И сите закони кои што се однесуваат на поддршката на стопанството, економијата, граѓаните и борбата против пандемијата. Тоа што во моментов е закочено во процедурите во Парламентот се согласивме дека треба да биде откочено односно заедно опозицијата и власта сите закони кои што се однесуваат на реформскиот процес и интеграцијата на Македонија во рамките на ЕУ, понатаму сите закони поврзани со поддршката во стопанството, граѓаните, борбата против пандемијата да бидат завршени оваа помош да стигне таму каде што е најнеопходна. Третата тема за која што дискутиравме е процесот на имунизација на населението. Од страна на господинот Зоран Заев бев информиран дека во текот на месец април по разно разни програми се очекува да пристигнат во државата, да пристигнат во Македонија од прилика околу 350.000 вакцини со што би се започнал процесот на масовна имунизација на населението. А, потоа со сукцесивно и во месец мај што би значело некаде од прилика два милиона дози, што е доволно за повеќе од еден милион граѓани кои што би се вакцинирале во периодот кој што следува. Поврзано со ова се согласивме дека откако процесот на имунизација на население и попишувачите што е многу важно ќе се случи пописот и за тоа се договоривме истиот да биде одложен, наместо сега во месец април како што е планиран да се одложи за месец септември како можен период да биде 5 - 30-ти септември односно 25 дена. Апликацијата со која што се евидентира дијаспората да остане активна до физичкото завршување на пописот, а локалните избори наместо на првата половина на октомври да бидат одложени за втората половина од октомври. Од прилика тоа беа темите, ќе ги повторам измени во Изборниот Законик со примена на терминалот за отчитување на отисок од прст или познати во јавноста како фингерпринт терминали кои што се многу значајни за подобрување на демократскиот капацитет на самиот процес односно еден човек – еден глас, со што се спречува семејно гласање кое што во минатото беше пракса. Понатаму, работата во Собранието се разбира, информација околу имунизацијата на населението и последната тема одложување на пописот наместо сега во април да биде во септември и како можни термини се земаат 5-ти и 30-ти септември се разбира, а потоа сукцесивно на тоа и измени во Изборниот Законик“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-zdravjeto-kje-se-zapazi-popisot-e-odlozen-za-septemvri-kje-ima-izmeni-vo-izborniot-zakonik-i-na-glasanje-kje-ima-fingerprint-terminali/feed/ 0
Димовски: Владата е обврзана да обезбеди терминали за отисок од прст и затоа треба веднаш да почне постапка за набавување https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vladata-e-obvrzana-da-obezbedi-terminali-za-otisok-od-prst-i-zatoa-treba-vednash-da-pochne-postapka-za-nabavuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vladata-e-obvrzana-da-obezbedi-terminali-za-otisok-od-prst-i-zatoa-treba-vednash-da-pochne-postapka-za-nabavuvanje/#respond Sun, 14 Mar 2021 19:37:41 +0000 https://kurir.mk/?p=482340

„Владате нама што да чека да дојде јуни за да заземе став, затоа што има Изборен законик кој е донесен во февруари екламативно во собранието и тој е обрзувачки. Во него е наведено дека треба да се набават такви уреди за читање на отисоците на прстите“, вели Љупчо Димовски претседателот на Социјалистичката партија која е дел од коалицијата Обнова на Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Тој во централниот Дневник на Сител телевизија вели дека терминалите за отисоци од прст се потребни затоа што сама така ќе се спречи злоупотрени на избирачкото право на граѓаните. „Тие фингерпринтови се потребни, прво дека ќе се гарантира дека тој граѓанин кој што гласа е навистина лицето кое што се легитимира. И второ да ја исклучи можноста некое друго лице на неколку избирачки места да гласа“, вели Димовски. Од тие причини, потенцира тој, фингерпринтот е предвиден во Изборниот законик и тој е обврска на владата, а со оглед на тоа дека станува збор за техничка работа, добро е уште сега да се започне со постапката за набавка на тие фингер принт апарати, за да можеме да ги спроведеме изборите на есен на начин на кој што е предвиден со закон. Димовски вели дека во случај да не се набават фингер прин терминалите кои се законска обврска, не само тие туку ќе се јават и други партии, како на пример опозиционите партии од албанскиот политички блок, кои јасно кажаа дека нема да ги признаат и прифатат изборните резултати. Димовски исто така ја отвори и темата за изборот на градоначалници, при што потенцираше дека тие како коалиција со ВМРО-ДПМНЕ предлагаат истите да се бираат само во едн круг, при што би се пречиле злоупотребите и притисоците врз граѓаните, кои вообичаено се прават меѓу првиот и вториот круг.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vladata-e-obvrzana-da-obezbedi-terminali-za-otisok-od-prst-i-zatoa-treba-vednash-da-pochne-postapka-za-nabavuvanje/feed/ 0
Милошоски:За да имаме веродостојни локални избори државата, ДИК и МВР мора да набават уреди за отисок на прст https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-za-da-imame-verodostojni-lokalni-izbori-drzavata-dik-i-mvr-mora-da-nabavat-uredi-za-otisok-na-prst/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-za-da-imame-verodostojni-lokalni-izbori-drzavata-dik-i-mvr-mora-da-nabavat-uredi-za-otisok-na-prst/#respond Thu, 11 Mar 2021 12:51:52 +0000 https://kurir.mk/?p=480801

Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПММНЕ и пратеник во Собранието при денешната негова посета во Штип зборуваше за тоа кои се црвените линии за изборен законик каде ДИК бара договор за изборниот законик до крај на месец март, во спротивно локалните избори ќе треба да се одложат. Милошоски во врска со ова посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара да се почитува законот за локални избори каде јасно стои дека мора да се набават уреди за отисок на прст. -ВМРО-ДПМНЕ смета дека треба да се почитува законот за локални избори, а во законот за локални избори е пропишано како законска норма дека мора да имаме уреди за отисок на прст при гласањето за локалните избори. Значи за да имаме веродостојни локални избори кој што никој нема да ги оспорува и сите партии особено опозицијата да чувствува дека има една рамноправност без да има манипулации треба државата, ДИК, Министерството за внатрешни работи и сите политички партии да обезбедат набавка на вакви уреди. Во спротивно локалните избори ќе бидат спорни, а такви спорни локални избори можат да доведат до неучество на изборите, непризнавање на изборите, на крајот од краиштата може да бидат и дополнителен хендикеп за евроинтеграциите на Република Македонија бидејќи не може една држава да организира избори, а да не го почитува законот за локални избори и да нема уред за отисок на прст кој што е законски предвиден, кажа Милошоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miloshoski-za-da-imame-verodostojni-lokalni-izbori-drzavata-dik-i-mvr-mora-da-nabavat-uredi-za-otisok-na-prst/feed/ 0