Фински Парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 01 Mar 2022 10:03:49 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фински Парламент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Финскиот Парламент денеска расправа за евентуален влез во НАТО https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-parlament-deneska-rasprava-za-eventualen-vlez-vo-nato/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-parlament-deneska-rasprava-za-eventualen-vlez-vo-nato/#respond Tue, 01 Mar 2022 10:03:49 +0000 https://kurir.mk/?p=638541

Финските пратеници денеска ќе дискутираат за тоа како да се справат со петицијата со која се бара гласање за членство во НАТО, бидејќи таа покажа историска промена на ставот во традиционално неутралната земја по руската инвазија на Украина. Премиерката Сана Марин синоќа изјави дека планираната дебата во Парламентот ќе ја опфати ситуацијата во Украина и оти нема намера да биде „поширока дискусија за политиката на Финска за воено (не)врзување“. Но, таа додаде дека, бидејќи петицијата на граѓаните со барање за расправа во Парламентот за референдумот ги достигнала потребните 50.000 потписници за да почне дебата во Парламентот, „логично е да се слушнат ставовите на партиите за решавање на ова прашање“. – Од оваа перспектива, тоа прашање ќе се најде на утрешната парламентарна расправа, рече синоќа Марин. Петицијата, со која се повикува на референдум за членство, беше покрената минатиот понеделник и ја достигна целта од 50.000 потписи до крајот на неделата. Дискусијата доаѓа и по анкетата објавена вчера на јавната телевизија Yle, која покажа дека повеќето Финци сега се за влез во НАТО што е историска промена на ставот и голема промена во однос на јавното мислење по само неколку месеци. Според истражувањето нарачано од јавната телевизија Yle, 53 отсто од Финците го поддржуваат влезот на земјата во НАТО, 28 отсто се против, а 19 отсто не се сигурни. – Целосно историски и исклучителен резултат, рече Чарли Салониус-Пастернак, висок научен соработник во Финскиот институт за меѓународни односи. – Единственото значајно нешто што се промени е тоа што Русија нападна соседна земја која не е членка на НАТО, додаде Салониус-Пастернак. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/finskiot-parlament-deneska-rasprava-za-eventualen-vlez-vo-nato/feed/ 0