фирми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Jul 2023 09:42:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фирми – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од утре и фирмите можат да го користат единствениот таг на автопатиштата во Србија и Северна Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-i-firmite-mozhat-da-go-koristat-edinstveniot-tag-na-avtopatishtata-vo-srbija-i-severna-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-i-firmite-mozhat-da-go-koristat-edinstveniot-tag-na-avtopatishtata-vo-srbija-i-severna-makedonija/#respond Fri, 21 Jul 2023 09:42:47 +0000 https://kurir.mk/?p=858677

Министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, изјави дека од утре сите правни лица ќе можат да станат корисници на веб-платформата за електронска наплата на патарина, преку која ќе им биде овозможено плаќање патарина преку интернет за возење на автопатиштата во Србија и Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград. -Заедничкиот таг меѓу Србија и Северна Македонија се покажа како одличен потег, за што најдобро говори фактот што речиси 20.000 луѓе во Србија ја искористија можноста да патуваат низ двете земји со еден таг, рече Весиќ, соопштија денеска на порталот на ресорното Министерство. Тој додаде дека компаниите со заедничкиот таг ќе го забрзаат протокот на стоки и услуги, и појасни дека можноста за користење на заедничкиот таг ќе важи за сите правни лица кои сакаат да станат нови корисници, како и за постоечките корисници на припејд системот и за оние кои имаат договор со ЈП „Патишта Србија“, како овластен дистрибутер за електронска наплата на патарина во постпејд системот. Весиќ рече дека сите правни субјекти треба да ги проверат дневните лимити на платежните картички пред да станат корисници на веб-платформата, за да се уверат дека се во рамки на нивното планирано дневно трошење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/od-utre-i-firmite-mozhat-da-go-koristat-edinstveniot-tag-na-avtopatishtata-vo-srbija-i-severna-makedonija/feed/ 0
Чувале залихи на овошје и зеленчук: Казни од 800 до 10.000 евра за дваесет фирми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chuvale-zalihi-na-ovoshje-i-zelenchuk-kazni-od-800-do-10-000-evra-za-dvaeset-firmi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chuvale-zalihi-na-ovoshje-i-zelenchuk-kazni-od-800-do-10-000-evra-za-dvaeset-firmi/#respond Sun, 09 Apr 2023 19:47:50 +0000 https://kurir.mk/?p=822208

Вкупно 20 фирми се проверени во вчерашната акција на Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Управата за финансиска полиција. Скоро сите ќе бидат казнети бидејќи имале доволно залихи на овошје и зеленчук, но не ја почитувале одлуката за дистрбуција и продажба на најмалку 70 отсто од количествата во јануари и февруари. За нив ќе следат казни од 800 до 10.000 евра. Како што објави Сител, двајца на Кванташки пазар се казнети и затоа што продавале како физички лица. Од фирмите, пак, се одземале фактури од увозот на овошјето и зеленчукот кои треба да покажат дали и како се лажирале увозните цени за да се избегнат царинските давачки. Истрагата и контролите ќе продолжат од утре. Надлежните институции од фирмите ги имат земено сите потребни документи и најавуваат дека проверката ќе продолжи и утре.
- Фирмите во петокот не извршиле достава по одлуката за 70 отсто од продажбата што ја имале во јануари и февруари. Сите надлежни институции ги земавме потребните документи и потребно е да се сработат. Истраги ќе има. Документите целосно ќе се прегледуваат и од другите институции, ова што ние сме биле вчера и што сме санкционирале не е запирање. И од понеделник ние како Државен пазарен инспекторат ќе бидеме на терен и кој нема да врши достава согласно одлуката  ќе го казнуваме, изјави директорот на Државниот пазарен инспекторат Горан Трајковски.
Од вчера над 30 инспектори на Државниот пазарен инспекторат се на терен на територијата на цела држава и вршат контрола на увозниците на зеленчук и овошје. Инспекторите на ДПИ постапуваат во координација со Управата за финансиска полиција и Управата за јавни приходи. Со контролата на ДПИ се опфатени увозници на зеленчук и овошје во Скопје, а влезено беше и на Кванташкиот пазар. Исто така се вршеа надзори и кај увозниците на големо во Струмица, Дебар и други градови.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chuvale-zalihi-na-ovoshje-i-zelenchuk-kazni-od-800-do-10-000-evra-za-dvaeset-firmi/feed/ 0
Неколку фирми дел од измама тешка над 90 милиони евра преку ДДВ, предистражна постапка за УЈП https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-firmi-del-od-izmama-teshka-nad-90-milioni-evra-preku-ddv-predistrazna-postapka-za-ujp/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-firmi-del-od-izmama-teshka-nad-90-milioni-evra-preku-ddv-predistrazna-postapka-za-ujp/#respond Mon, 01 Aug 2022 10:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=712526

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција потврдува за МКД.мк дека се води предистражна постапка за наводна измама со фиктивна наплата на ДДВ направена од фирми со помош на УЈП. Детали од таму нема, бидејќи како што велат од ОЈО ГОК за порталот, постапката е тајна. Како што дознава МКД.мк, се работи за синџир од фирми што меѓусебно фиктивно си издаваат фактури, никој никому ништо не плаќа, освен државата ДДВ-то. За ваква операција да биде успешна, неопходно е најмалку едно лице од УЈП што одвреме-навреме само треба да замижи. -За случајот за кој покажувате интерес во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е оформен предмет што е во предистражна постапка. Со оглед на тајноста на постапката во моментов не можеме да споделиме детали. Ви благодариме на разбирањето, велат во одговорот од ОЈО ГОК до МКД.мк. Ова практично значи дека е отворена неформална постапка за собирање докази, во фаза кога кривичното дело или неговиот сторител сѐ уште не се откриени во целост, а ја спроведува полицијата по службена должност или по барање на јавниот обвинител. Повеќе прочитајте ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nekolku-firmi-del-od-izmama-teshka-nad-90-milioni-evra-preku-ddv-predistrazna-postapka-za-ujp/feed/ 0
Изгореа три фирми во Скопје – еве ги деталите од полицијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgorea-tri-firmi-vo-skopje-eve-gi-detalite-od-policijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgorea-tri-firmi-vo-skopje-eve-gi-detalite-od-policijata/#respond Thu, 16 Jun 2022 13:55:59 +0000 https://kurir.mk/?p=691760

На 15.06.2022 во 23.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Долно Лисиче, скопско, настанал пожар во три објекти на три фирми од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/izgorea-tri-firmi-vo-skopje-eve-gi-detalite-od-policijata/feed/ 0
Стоилковски: Над 1 милион евра не платиле данок фирми поврзани со Заеви https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nad-1-milion-evra-ne-platile-danok-firmi-povrzani-so-zaevi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nad-1-milion-evra-ne-platile-danok-firmi-povrzani-so-zaevi/#respond Thu, 24 Mar 2022 11:06:37 +0000 https://kurir.mk/?p=652529

Фирмите „Сара Инженеринг“, „Сара Јавор“ и „Дравас“, најзвучните фирми коишто се поврзуваат со семејното име Заев, должат над 1 милион евра данок, долг кон државата. Според мартовската листа на должници, фирмата „Дравас“ должи над 43.230.000 денари, „Сара Инженеринг“ должи над 19.104.000 денари, „Сара Јавор“ околу 2.190.000 денари. Трите фирми задно вкупно должат над 64.500.000 денари. Над еден милиони евра долг за данок кон државата! Фирмите поврзани со Заеви редовно се на листата на должници кон УЈП, изјави денеска за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Тој истакна дека СДСМ државата ја втураат од криза во криза, нема пари за субвенции, нема пари за помош, дури и помошта што ја дадоа на трговците им ја бараат назад, а фирмите коишто се поврзуваат со семејните фирми со предзнакот Заеви - може да должат данок. - Во време на тешки кризи за коишто одговорноста на СДСМ понатаму ќе се испитува, во време на безмилосни ригорозни рестриктивни мерки кон граѓаните, фирмите поврзани со бате или член на фамилијата должат над милион евра за данок! Фирмите на Заеви на годишно ниво вртат над 50 милиони евра. Дел од семејните фирми добиваат државни лиценци и дозволи од државата, и се дел од бизниси со големи добивки, но на крај тие редовно не си ги сервисираат долговите кон државата. За граѓаните и оние коишто не се дел од мрежата на фамилијата им се блокираат фирми и сметки и им се запленува имот кога должат, а тоа не важи за фирмите поврзани со познатото презиме. Дури и паричната помош ја бараат назад, појасни Стоилковски. Портпаролот додаде дека Македонија не може да издржи ниту еден ден повеќе вакво однесување, граѓаните не смеат повеќе да бидат делени на повластени и граѓани од втор ред. - Предвремени избори се поевтини од било кој еден ден поминат со СДСМ на власт, дециден е Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-nad-1-milion-evra-ne-platile-danok-firmi-povrzani-so-zaevi/feed/ 0
Во Македонија згаснале над 6.000 правни субјекти, само во Битола 342 фирми ставиле катанец изминатата година https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-zgasnale-nad-6-000-pravni-subjekti-samo-vo-bitola-342-firmi-stavile-katanec-izminatata-godina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-zgasnale-nad-6-000-pravni-subjekti-samo-vo-bitola-342-firmi-stavile-katanec-izminatata-godina/#respond Tue, 23 Mar 2021 13:31:11 +0000 https://kurir.mk/?p=486662

Македонија во моментот се наоѓа во здравствена економска и политичка криза. Поради последици од корона пандемијата државата се наоѓа во рецесија со зголемена невработеност и 60.000 на улица. Покрај тоа веќе неколку месеци Собранието е нефункционално и економската помош од четвртиот и петтиот пакет мерки не може да стигне до граѓаните бидејќи законите не се изгласани поради недостиг на кворум. Во 2020 година во Македонија се згаснати дури 6213 правни лица. Само во Битола 342 фирми добиле катанец, односно се затворени во 2020 година. Малите бизниси посебно на удар. Наместо реална помош за граѓаните законите економските пакет мерки на владата заглавани во процедура. Економијата тоне, со согледување на одредени квантитативни податоци, можат да се изведат сериозни заклучоци. Власта со воведување голем број на социјални ограничувања, затворање на одредени објекти и несоодветното менаџирање со цел справување со пандемијата успеа да рефлектира криза врз македонската економија. Во Битола во 2020 година приватниот сектор бил најмногу на удар. И место реална поддршка и помош преку економските пакет мерки во Битола дури 342 фирми ставиле катанец во 2020 година. Овие фирми најчесто се мали бизниси сместени во битолската чаршија. „Битола е градот каде што во 2020 година негативниот одраз врз приватниот сектор најмногу се почувствува.Се што прави СДСМ и функционерите од власта е само параван на неспособност која ги следи во секој чекор и област. И место реална поддршка и помош во Битола, дури 342 фирми добиле катанец, односно се затворени во 2020 година. Покриваат јавни настапи со теми кои се болни и тешки за секој сопственик или вработен во приватен сектор, посебно во малите бизниси. Манипулираат, потценуваат и си поигруваат со младите па организираат трибини за промоција на самовработување и сопствени бизниси во време во кое затворија да повториме 342 битолски фирми“, изјави Марица Тодровска, претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-zgasnale-nad-6-000-pravni-subjekti-samo-vo-bitola-342-firmi-stavile-katanec-izminatata-godina/feed/ 0
Оштетени Штедачи: Што знаеме за фирмите што не платиле ниту една рата во Еуростандард банка?“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/#respond Fri, 12 Feb 2021 07:31:29 +0000 https://kurir.mk/?p=467633

Увидот во билансите на фирмите должници на ограбената Еуростандард банка е повеќе од поразителен. Не само што не ги враќале кредитите воопшто, туку тие не биле ниту кредитоспособни за да ги добијат истите во стотици илјади или милиони евра. Финансиските биланси покажуваат дека се работи за фирми кои се презадолжени, имаат финансиски загуби во минатите неколку години, обврски кои се десеткратно поголеми од капиталот и резервите на фирмите должници. Кај добар дел од нив нема приходи со години и истите се пред затворање. Некои од фирмите се директно избришани со ненаплатени долгови кон Еуростандард банка, не постојат повеќе. Меѓу нив има и должници со значајни суми од даноци и други давачки кон Управата за јавни приходи, со блокирани сметки. Има и фирми за кои е покренато и стечај, не се солвентни. Фирмите давале и обични меници како единствено обезбедување за кредитите, кои немаат ниту клаузули за правосилност и извршност. Ова е сликата на пустошот што е направен во банката. Секој поединечен ненаплатлив кредит е посебна криминална сторија, велат во соопштението од Здрушението на оштетени штедачи од ЕСБ банка. Еуростандард банка пропадна поради толериран континуиран грабеж на депозити. Масовно не се плаќани рати од земените кредити со години. И тие што ги давале ваквите кредити и тие што ги примале истите, биле договорени и добро знаеле дека тие нема да се вратат во банката. Повеќе од јасно е дека изворот на криминалот со делените неповратни кредити е во раководството на ограбената банка предводено од Трифун Костовски, Коста Костовски и Николче Петкоски. Нивните потписи и одобренија, поединечно или групно, се наоѓаат на документите за доделените ненаплатливи кредити со кои свесно се организирал и аминувал ваквиот масовен грабеж. Паралелно на ова, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска и првиот тим од Народна банка следеле, но молчеле и ја толерирале кражбата на нашите депозити и оставиле да истата се случува. Гледале како масовно се делат необезбедени кредити во милионски суми во евра, игнорирале и дозволиле да банката биде покрадена во целост и со тоа несомнено се дел од овој организиран криминал. Сумарно, главните актери во криминалот се од раководството на ограбената Еуростандард банка и раководството на Народна банка, додека поддржувачи и соучесници се сите сопственици или управители на фирми кај кои завршиле нашите пари од ненаплатливите кредити за да понатаму истите бидат поделени во готово или трансферирани на нив познати банкарски сметки. Денес исходот ни е добро познат. Обичните граѓани и фирми депоненти се покрадени во целост и упорно се борат за обзнанување на вистината и задоволување на правдата како и за враќање на нивните доверени лични средства во законски лиценцирана, регулирана и контролирана, но ограбена финансиска институција. И сето тоа во земја која го достигна срамното 111 место во светот за перцепција на корупцијата. Земја во која и после половина година од затворањето на Еуростандард банка, сеуште ги гледаме сите инволвирани крадци и криминалци како живеат слободно и уживаат со нашите украдени пари, а често и во улога на „жртви“ и „невини“ личности. Ова не е обичен секојдневен грабеж. Ова е добро организиран повеќегодишен криминал од високи размери во којшто главните актери се добро познати. Останува тие да одговараат за своите криминални дела, а нашите пари да ни се вратат во целост. Крајно, државата е таа која го дозволи криминалот, но убедени сме дека и државата е таа која ќе ги врати нашите лични пари, а криминалците ќе ги казни. Тоа е затоа што на ваков начин со игнорирање и премолчување на криминалот и континуирано арогантно однесување, не се станува дел од европското семејство. Земјите кои се во тоа семејство, а и една друга водечка земја во светот, веќе јавно се обратија до нашата власт и до оние што ја водат државата за да ја поправат сликата од криминалот и корупцијата кои беснеат во нашата држава. И да го решат организираниот криминал не само декларативно туку со конкретни дела. Ако власта не не слуша нас, ограбените граѓани и фирми, ќе мора да ги слуша земјите во кои законите и правдата владеат на друг начин него што е тоа случајот во нашата држава. Бидејќи сакаме да бидеме во друштво на развиените и демократски европски земји каде владеат правото и правдата. Час поскоро. Без разлика дали се сака или не, криминалот во Еуростандард банка мора да се реши. Нашата власт може и треба да научи дека во земјите во чие друштво сакаме да бидеме, за ваков масовен организиран грабеж на обичните граѓани и фирми, главните познати актери веќе одамна ќе беа ставени во затвор, а нашите пари вратени во целост. Сигурни сме дека ќе успееме бидејќи вистината и правдата се на наша страна. Сепак, и нашиот глас далеку се слуша и знаеме дека ќе продолжи да се слуша. И за добро и за лошо. Продолжуваме понатаму!, се вели во соопштението.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/oshteteni-shtedachi-shto-znaeme-za-firmite-shto-ne-platile-nitu-edna-rata-vo-eurostandard-banka/feed/ 0
Објавен списокот: Ова се фирмите кои земале помош, а не исплатиле плати за ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-spisokot-ova-se-firmite-koi-zemale-pomosh-a-ne-isplatile-plati-za-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-spisokot-ova-se-firmite-koi-zemale-pomosh-a-ne-isplatile-plati-za-noemvri/#respond Mon, 04 Jan 2021 11:59:39 +0000 https://kurir.mk/?p=451847

Владата ја објави ажурираната анализа на неисплатена државна помош за ноември за минимална плата од стана на работодавачите корисници на оваа помош. Компаниите на кои им е исплатена државна помош за минимална плата, а тие не ги уплатиле средствата на своите вработени се достапни на: https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/neplateno_2020_11.pdf Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во саботата објави дека платата за ноември 2020 година не ја примиле 782 вработени од 245 работодавачи кои користат финансиска помош од државата како една од владините мерка за справување со пандемијата од Ковид-19. За ноември минатата година поднесени се 13851 барања и на 13 178 работодавачи е исплатено 1.028.448.344 денари за вкупно 65 950 вработени. За 245-те работодавачи се изготвени опомени за неисплатена плата, а ако не ја исплатат во рок од една седмица ќе следи присилна наплата на плата со блокада на нивната сметка и пренос на трансакциските сметки невработените лица. Во ноември 351 работодавец исплатиле плата по опомената на УЈП, информираше Лукаревска. Од компаниите кои не исплатиле плати во ноември, 43 се од дејноста трговија на мало кои не им исплатиле на 84 вработени, 37 фирми за подготвување оброци и служење храна и не им исплатиле на 108 вработени, а 22 фирми се од транспортот кои не исплатиле плати на 127 работници. Најмногу од фирмите се од Скопје 73, потоа Тетово 22, Гостивар 10 и други, кои не исплатиле плати на своите работници. Злоупотреби на државната помош за исплата на плати имаше и во месеците од вториот квартал, по што кај компаниите кои не ја исплатиле платата за април, мај и јуни 2020 година, е спроведена присилна наплата за исплата на плата. Со состојба 3 декември 2020 година априлската плата сè уште не ја исплатиле 50 компании за 108 вработени, платата за мај не ја исплатиле 38 компании за 66 вработени, а за јуни 64 компании за 160 вработени. Вкупниот број компании кои не исплатиле за еден два или три месеци е 125 и за нив се доставени податоци во ЈО за поведување кривична постапка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/objaven-spisokot-ova-se-firmite-koi-zemale-pomosh-a-ne-isplatile-plati-za-noemvri/feed/ 0
Сајкоски: Каде се парите и дали сите фирми водат кон Струмица од злоупотребата во Еуростандард? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-kade-se-parite-i-dali-site-firmi-vodat-kon-strumica-od-zloupotrebata-vo-eurostandard/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-kade-se-parite-i-dali-site-firmi-vodat-kon-strumica-od-zloupotrebata-vo-eurostandard/#respond Fri, 13 Nov 2020 15:06:36 +0000 https://kurir.mk/?p=429150

Горѓија Сајкоски, пратеник и генерален секретар н ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска комисија за надзорна расправа за причините за пропаѓањето на Еуростандард банка, изјави дека очекува одговори од директорот на финансиската полиција дали спорните фирми должници на банката водат до Струмица и каде се парите од направената злоупотреба. Сајкоски истакна дека финансиската полиција е надлежна институција да ги штити и инетересите на граѓаните покрај интересите на државата и затоа верува дека ќе добие одговори во однос на поставените прашања за сомнителните должници на Еуростандард. - Дали има податок кои се фирмите што се сомнителни должници, бидејќи кажавте дека имате отворено истрага и сигурно имате предмет по истата истрага. Втора работа што е многу важна и што финанскискта полиција сигурно го направила е да детектира на каков начин се добиени кредитите и дали споменатите 29 фирми кои биле привилегирани сите водат до Струмица? Дали се само 29 или се 51 или можеби 55? И трета работа која што сакам да прашам како надлежна инситуција и сигурно имате податок за тоа, каде се парите?- прашува Сајкоски. Тој потенцираше дека сите присутни на Надзорната расправа слушнааи од обвинителот и од останатите дека фалат 50 или 60 милиони ера од банката и токму затоа потребно е да се знае каде се тие пари и зошто е направена ваква злоупотреба.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sajkoski-kade-se-parite-i-dali-site-firmi-vodat-kon-strumica-od-zloupotrebata-vo-eurostandard/feed/ 0
Изминува и ноември, а фирмите ништо не видоа од мерките на Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izminuva-i-noemvri-a-firmite-nishto-ne-vidoa-od-merkite-na-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izminuva-i-noemvri-a-firmite-nishto-ne-vidoa-od-merkite-na-vladata/#respond Tue, 10 Nov 2020 14:22:18 +0000 https://kurir.mk/?p=427429

Долго најавуваниот четврт сет на антикризни мерки од страна на Владата никако да се реализира се со цел да се надмине економската криза предизвикана од КОВИД-19. За ова се жалат и големиот број на стопанственици на кои поради целата ситуација бизнисот им е донесен до знак прашалник. Четвртиот пакет на мерки стапи во сила, но исплатата на парите ќе се изврши откако ќе се завршат сите процедури. Фирмите кои се погодени од кризата треба да поднесат барања за помош до Управата за јавни приходи.Проблемот е што парите се за месец октовмри, а веќе поминаа десетина дена од месец ноември. За оваа проблематика се огласи и Гордана Димитриеска Кочоска која е член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ која упати прашање до власта дали се води грижа за приватниот сектор? -Дали навистина власта се грижи за приватниот сектор? На 06.11.2020 Собранието на Република Македонија го изгласа Законот за финансиска поддршка. Наместо веднаш се објави во Службен весник, тие се влечат. Министерство за финансии не сака да го објави правилникот пред да види дека во Службен весник е објавен законот, а УЈП иако се подготвени не можат официјално да постапат без правилник. Имено Кочоска во својот статус бара одговор дали барањето како документ е прикачен или не на сајтот на УЈП бидејќи денес е последниот ден за аплицирање на субвенции? -Фирмите во меѓувреме тонат, нивните сметководители се закачени на сајтот на УЈП и на секои 5 минути проверуваат дали Барањето како документ е прикачено или не. Она што е најстрашно е фактот дека денес согласно Законот е последен ден за аплицирање за субвенциите. Се прашувам како ќе изгледа моментот кога Барањето ќе се прикачи и сите фирми ќе почнат да ја пуштаат платата. Дали вицепремиерот Фатмир Битиќи и Министерот за финансии Фатмир Бесими ги мачи истово прашање?-додава Димитриеска Кочоска. Имено за потсетување четвртиот сет на антикризни мерки беше најавуван уште во предизборниот период од страна на Оливер Спасовски кој тогаш ја извршуваше функцијата технички премиер. -Најавувам четврт сет на мерки и сите пензионери кои примаат пензија до 15.000 денари и неактивните баратели на работа, што се пријавиле на шест месеци, ќе добијат исто така домашна платена картичка, посочи Спасовски во интервју за ТВ Шутел. Повеќе од очигледно е дека оваа изјава на Спасовски служеше како потпкуп за изборите кои се одржаа во месец јули.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/izminuva-i-noemvri-a-firmite-nishto-ne-vidoa-od-merkite-na-vladata/feed/ 0