фискални сметки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 22 Oct 2023 12:26:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фискални сметки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Казни за угостителски објекти: Не издавале фискални сметки, дозволувале пушење на затворено… https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-ugostitelski-objekti-ne-izdavale-fiskalni-smetki-dozvoluvale-pushene-na-zatvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-ugostitelski-objekti-ne-izdavale-fiskalni-smetki-dozvoluvale-pushene-na-zatvoreno/#respond Sun, 22 Oct 2023 12:26:24 +0000 https://kurir.mk/?p=891910

На 21.10.2023 подрачјето на Кавадарци од страна на полициски службеници од ОВР Кавадарци и Оддел за криминалистичка полиција - Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи во координација и содејство со инспектори од Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за труд извршена е контрола во повеќе угостителски објекти. При контролата констатирани се неправилности во локалите за што се изречени соодветни  глоби, и тоа за неиздавање фискални сметки, за непоседување на книги за дневни финансиски извештаи, за неприкажување промет од македонски производи и неевидентирани парични средства и за непочитување на одредбите од Законот за заштита од пушењето. Исто така, од страна на полициските службеници при контрола во еден угостителски објект пронајдени се остатоци од прашкаста материја, а при преглед кај едно лице пронајдено е и одземено пакување со кокаин и против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/kazni-za-ugostitelski-objekti-ne-izdavale-fiskalni-smetki-dozvoluvale-pushene-na-zatvoreno/feed/ 0
Поднесена кривична пријава против едно лице и угостителски објект – само за 20% од дневниот промет издавал фискални сметки, останатото биле „црни“ пари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesena-krivichna-prijava-protiv-edno-lice-i-ugostitelski-objekt-samo-za-20-od-dnevniot-promet-izdaval-fiskalni-smetki-ostanatoto-bile-crni-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesena-krivichna-prijava-protiv-edno-lice-i-ugostitelski-objekt-samo-za-20-od-dnevniot-promet-izdaval-fiskalni-smetki-ostanatoto-bile-crni-pari/#respond Thu, 26 Aug 2021 15:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=555315

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Т.(43) и против правно лице – угостителски објект од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“. Пријавениот, како сопственик и управител на угостителскиот објект, во секојдневното работење во угостителскиот објект водел двојна евиденција за дневниот промет од угостителски услуги, каде во компјутерот ангажираните работници издавале околу 20% фискални сметки од дневниот промет, додека за останатите 80% издавале обични талони, на кои било само наведено што е издадено. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/podnesena-krivichna-prijava-protiv-edno-lice-i-ugostitelski-objekt-samo-za-20-od-dnevniot-promet-izdaval-fiskalni-smetki-ostanatoto-bile-crni-pari/feed/ 0
Фискалните сметки се полни со штетни материи, Комората на сметководители бара да се забранат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fiskalnite-smetki-se-polni-so-shtetni-materii-komorata-na-smetkovoditeli-bara-da-se-zabranat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fiskalnite-smetki-se-polni-so-shtetni-materii-komorata-na-smetkovoditeli-bara-da-se-zabranat/#respond Sat, 18 Jan 2020 10:06:56 +0000 https://kurir.mk/?p=291473

Комората на сметководители при Сојузот на стопански комори бара од надлежните институции итно да расправаат за забраната за употреба на хемиската материја „бисфенол А“ или БПА која ја има во хартијата на која се печатат фискалните сметки. -Оваа штетна хемикалија е утврдена како предизвикувач на сериозни здравствени проблеми како срцеви заболувања, дијабетис, неплодност, рак на дојка и простата, хормонски и ендокринолошки заболувања, а претставува и голем ризик за здравјето на децата. Бисфенолот А е една од најкомерцијално достапните хемикалии што се користат во производството на термичка хартија како развивач на бои. Согласно истражувањата, концентрацијата на бисфенол А во фискалните сметки е до 40 пати поголема од дозволената и се движела од 0,62 до 0,91 отсто, а според стандардите дозволено е само 0,02 отсто, велат од ССК. Препораката на Комората на сметковидители е во најкраток рок по примерот на ЕУ да се забрани употребата на оваа хемиска материја и да им се даде рок за државните институции, приватниот сектор и трговските објекти да ги заменат артиклите кои содржат штетни материи со нови кои не содржат вакви материи. -Како пример, во ЕУ дозволен е  таканаречениот преоден рок од шест месеци, производителите и дистрибутерите да се прилагодат или да започнат да  користат термичка хартија на пазарот која не ја содржи оваа хемикалија, вели претседателот на Комората на сметководители Драган Митковски. Забраната за употреба на оваа материја во Европската унија стапи на сила од 1 јануари и засега таа подразбира само нејзино исклучување од термичката хартија, односно дека не смее да биде повеќе од 0,02 проценти. Во соседна Србија забраната ќе почне да се применува од јули годинава. Минатата година, Швајцарија стана првата земја во Европа што забрани Бисфенол С (БПС) и Бисфенол А (БПА) да се користат во термичка хартија, откако Федералниот совет гласаше за нивната забрана. Одлуката била одобрена на 7 април, а влегла во сила на 1 јуни 2019. Дискусиите за БПА започнаа во 2011 година, откако Данската агенција за заштита на животната средина објави дека до 80 проценти од сметките на касата во Coop Danmark биле направени од термичка хартија. Веднаш потоа CoopDanmark ги отфрли 12-те групи на супстанции и хемикалии од сопствени производи до крајот на 2017 година, меѓу кои и Бисфенол А. Препораките на здравствените организации се веднаш по контакт со фискални сметки да се мијат рацете, да не се ставаат сметките во кесите со храна, да не се дозволува децата да доаѓаат во контакт со фискални сметки, а доколку на работно место редовно сте во контакт со фискални сметки да се носат ракавици. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fiskalnite-smetki-se-polni-so-shtetni-materii-komorata-na-smetkovoditeli-bara-da-se-zabranat/feed/ 0
УЈП: Исплатата на поврат на ДДВ во февруари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-isplatata-na-povrat-na-ddv-vo-fevruari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-isplatata-na-povrat-na-ddv-vo-fevruari/#respond Tue, 31 Dec 2019 11:54:49 +0000 https://kurir.mk/?p=284255

Управата за јавни приходи соопшти дека денеска се заокружува второто тримесечје од МојДДВ, мерка која се спроведува според Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица. Од почетокот на второто тримесечје кое стартуваше во октомври, заклучно со 30.12.2019 година скенирани се 28,948,878 фискални сметки, остварен е промет од 14.301.474.854 денаривкупениот ДДВ изнесува 1.554.510.671 денари, а повратот од 15 отсто е во износ од 233.176.601 денари или 3.791.000 евра. Исплатата за второто тримесечје ќе стартува во февруари 2020 година. Притоа, од УЈП информираат дека за првото тримесечје од МојДДВ, за коешто исплатата започна во декември 2019 година, исплатен е поврат  кај 144.601 граѓани кои во апликацијата МојДДВ внеле валидни трансакциски сметки, во износ од 155.244.780.00 денари. За граѓаните кои во апликацијата МојДДВ внеле погрешна трансакциска сметка и направиле корекција, информираат дека исплатата ќе се случи во понатамошниот период. Воедно, апелираат корисниците кои не внеле трансакциска сметка, тоа да го направат, по што ќе следува исплатата на повратот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ujp-isplatata-na-povrat-na-ddv-vo-fevruari/feed/ 0
До петок сите граѓани што скенираат фискални ќе го добијат повратот на ДДВ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-petok-site-gragjani-shto-skeniraat-fiskalni-kje-go-dobijat-povratot-na-ddv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-petok-site-gragjani-shto-skeniraat-fiskalni-kje-go-dobijat-povratot-na-ddv/#respond Wed, 11 Dec 2019 13:16:25 +0000 https://kurir.mk/?p=276106

Сите граѓани кои скенираат сметки до крајот на оваа недела треба да го добијат повратот на ДДВ на своите сметки, соопштуваат од Управата за јавни приходи.
Ова е прва исплата од мерката на владата МојДДВ што почна во јули годинава и се однесува на периодот јули, август и септември 2019 година, а почна со исплата на 2-ри овој месец. Согласно законското решение се врши поврат од 15 отсто од платеното ДДВ, а за овој период повратот од 15 отсто од платениот ДДВ е во износ од 186.215.194 денари. Во првиот квартал од МојДДВ скенирани се 22.670.713 фискални сметки, остварен е вкупен промет во износ од 11.423.978.620 денари, со пресметан вкупен ДДВ во износ од 1.241.434.628 денари. Од 15-ти овој месец почнува и наградната игра МојДДВ#МојаНаграда која предвидува 3.852 парични награди во вкупен фонд од половина милион евра. Наградната игра ќе трае една година и за тој период ќе се доделат две премии од 50.000 евра, месечно ќе се доделуваат 15 награди по 100.000 денари и дневно ќе се доделуваат 10 награди од по 1.000, 2.000 и 3.000 денари.
Дневните награди ќе се извлекуваат со електронски генератор, а на апликацијата МојДДВ на секој добитник ќе му стасува порака која сума ја добил. Доколку нема награда, на апликацијата ќе стигне едукативна порака, во духот на финансиската едукација. За месечните награди од по 100.000 денари и премиите од 50.000 евра, ќе има јавни извлекувања. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/do-petok-site-gragjani-shto-skeniraat-fiskalni-kje-go-dobijat-povratot-na-ddv/feed/ 0
ЗА ДА НЕ ВИ ИЗРЕЧАТ КАЗНА: Oвие фискални сметки не ги скенирајте, строго е забрането! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-da-ne-vi-izrechat-kazna-ovie-fiskalni-smetki-ne-gi-skenirajte-strogo-e-zabraneto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-da-ne-vi-izrechat-kazna-ovie-fiskalni-smetki-ne-gi-skenirajte-strogo-e-zabraneto/#respond Mon, 26 Aug 2019 07:40:20 +0000 https://kurir.mk/?p=233362

На социјалните мрежи многу граѓани го поставуваат прашањето дали фискалната сметка која е издадена за фирма може да се искористи преку апликацијата Мој ДДВ и на свое лично конто да се запише повратот на ДДВ. Пример, дали може фискалната сметка од точење на гориво за потребите на автомобилите во сопственост на компанијата да се искористи и скенира преку апликацијата Мој ДДВ, при што би се направил поврат на личната сметка. Одговорот е дека ова е строго забрането и казниво согласно закон! Доколку сте го направиле ова, грешката може да се поправи бидејќи веб апликацијата ќе им нуди на граѓаните неколку нови можности. Освен детален увид, секој корисник ќе може и да избрише сметка доколку ја скенирал по грешка. Од УЈП потенцираат дека оваа опција е особено важна бидејќи може да се случи по грешка корисникот да скенирал фискална сметка, за која што веќе е издадена сметкопотврда која гласи на фирма. Тоа не е дозволено и за да не се случи да се изрекуваат казни, веб апликацијата нуди техничка можност да се брише грешно скенираната сметка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-da-ne-vi-izrechat-kazna-ovie-fiskalni-smetki-ne-gi-skenirajte-strogo-e-zabraneto/feed/ 0
Апликацијата „Мој ДДВ“ ја симнале над 120.000 граѓани, скенирани се два милиони фискални https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aplikacijata-moj-ddv-ja-simnale-nad-120-000-gragjani-skenirani-se-dva-milioni-fiskalni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aplikacijata-moj-ddv-ja-simnale-nad-120-000-gragjani-skenirani-se-dva-milioni-fiskalni/#respond Fri, 12 Jul 2019 15:30:22 +0000 https://kurir.mk/?p=217847

Апликацијата Мој ДДВ достапна и за корисниците на Ајфон. Досега овие лица немаа можност да ја симнат поради строгите и рестриктивни мерки во Епл. Од УЈП апелираат до сите граѓани кои имаат проблеми да се упатата во канцелариите на управата. Граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ, се вели во дописот од УЈП. Инаку од први јули кога почна да се реализира мерката поврат на 15 отсто до платениот ДДВ до сега апликацијата ја симнале 120 илјади граѓани. Скенирани се близу 2 милиони фискални сметки со кои остварен е промет од близу 17 милиони евра. На оваа сума пресметан  поврат на ДДВ од над 260 илјади евра, пари кои на сметките на граѓаните ќе легнат дури во декември. Од УЈП се задоволни од досегашната реазлиаицја на оваа мерка и ефкетите кои се во насока на  справување со сивата економија. Граѓаните инсистираат да им бидат издадени фискални сметки за производите коишто ги купуваат и за услугите коишто ги користат, а се почесто во Управата за јавни приходи се пријавуваат и нерегуларностите при издавањето, односно неиздавањето на фискални сметки, велат од УЈП. Оние кои ќе се обидат да скенираат фискални сметки  кои се на  име на фирма ќе бидат казнети со глоба од 250 евра. И покрај сомнежите кои излегоа во јавноста околу безбедноста на апликацијата од УЈп некок пати посочија дека граѓаните се максимално заштитени. Извор: СИТЕЛ ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/aplikacijata-moj-ddv-ja-simnale-nad-120-000-gragjani-skenirani-se-dva-milioni-fiskalni/feed/ 0
ФОТО: „Македонска пошта“ издава фискални сметки на кои пишува дека сте купиле зеленчук https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-makedonska-poshta-izdava-fiskalni-smetki-na-koi-pishuva-deka-ste-kupile-zelenchuk/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-makedonska-poshta-izdava-fiskalni-smetki-na-koi-pishuva-deka-ste-kupile-zelenchuk/#respond Sun, 04 Mar 2018 09:09:39 +0000 http://kurir.mk/?p=27097

Фискалните сметки на „Македонска пошта“ наликуваат на сметки како во супермаркет или на пазар. Па така на пример за испратена пратка, добивате фискална на која пишува услуга за купување на зеленчук. На една од фискалните сметки кои ги објави „еМагазин“, а за испратено писмо, пишува дека се купени компири. Реакција за фискалните сметки на „Македонска пошта“ има и на социјалните мрежи, каде што беше постирана фотографијата од фискална сметка за ран зеленчук, а за услуга прием на пратка. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-makedonska-poshta-izdava-fiskalni-smetki-na-koi-pishuva-deka-ste-kupile-zelenchuk/feed/ 0