ФИТР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 05 Dec 2021 12:31:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ФИТР – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовски: ФИТР испумпува пари и ги доделува на луѓе блиски до СДСМ, дали Рубинчо Заревски за проект добил 2.7 милиони денари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-fitr-ispumpuva-pari-i-gi-dodeluva-na-lugje-bliski-do-sdsm-dali-rubincho-zarevski-za-proekt-dobil-2-7-milioni-denari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-fitr-ispumpuva-pari-i-gi-dodeluva-na-lugje-bliski-do-sdsm-dali-rubincho-zarevski-za-proekt-dobil-2-7-milioni-denari/#respond Sun, 05 Dec 2021 12:31:02 +0000 https://kurir.mk/?p=604321

Додека молчат од СДСМ и Фондот за иновации за одредени скандалозни таканаречени иновации кои што тие самите си ги нарекуваат иновации, односно поддржани проекти што ги поддржуваат со парите на граѓаните, истите тие граѓани чии пари ги трошат тонат секојдневно во сиромаштија, информира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Додека СДСМ и Фондот поддржуваат проекти од типот – рецепта за пица пинса романа во вредност од 2.4 милиони денари или проекти за некакви иновации на најблиските луѓе на Зоран Заев од Струмица, инаку тоа е проект поддржан од човек познат како Миле Милановиќ и најголем промотор на Зоран Заев, и дел од раководството претходно на СДСМ на Струмица, најголем дел од граѓаните на крајот од месецот остануваат без пари. Еве денес сакаме да јавно да прашаме, дали Фондот за иновации дал пари за проект, односно дал 2.7 милиони денари на поранешниот директор на Фондот за здравство и телеком од СДСМ, Рубинчо Заревски? Овој човек беше директор во времето на СДСМ и во владата на Владо Бучковски. Фондот за иновации работи полошо од било кога ги троши парите недомаќински, полошо од било кога и од било која институција на СДСМ. Најголем дел од проектите кои се поддржуваат, се проекти кои се залудно потрошени пари од страна на овој Фондот за иновации, пари на граѓаните. Граѓаните сами коментираат и самите гледаат и воочуваат дека парите завршуваат кај блиски луѓе до СДСМ, а не кај вистинските иноватори кои што не можат да се здобијат со било каков проект. Се плаќаат во милионски суми рецепти за пица, никој не знае каква е успешноста на проектите и никој не води никаква ревизија како се потрошени парите и каде завршуваат. Но, ревизија ќе има за секој еден проект откако ќе се смени власта. Начинот на испумпување пари од Фондот за иновации кој го осмисли СДСМ мора да еднаш за секогаш да прекине. Коста Петров мора да сфати дека не располага со негови домашни пари, туку со парите на граѓаните, тоа се државни пари и за тоа следи одговорност доколку лошо постапува. Времето на делење пари по пријатели, познаници и партиски поддржувачи на СДСМ мора да заврши и конечно да се гледа вистинскиот квалитет. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-fitr-ispumpuva-pari-i-gi-dodeluva-na-lugje-bliski-do-sdsm-dali-rubincho-zarevski-za-proekt-dobil-2-7-milioni-denari/feed/ 0
Меморандум за соработка меѓу ФИТР и УНИБанка за полесно финансирање за стартапите https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/memorandum-za-sorabotka-megju-fitr-i-unibanka-za-polesno-finansiranje-za-startapite/ https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/memorandum-za-sorabotka-megju-fitr-i-unibanka-za-polesno-finansiranje-za-startapite/#respond Wed, 26 May 2021 09:00:03 +0000 https://kurir.mk/?p=515164

Фондот за иновации и технолошки развој и УНИБанка потпишаа Меморандум за меѓусебна соработка, со кој се отвораат нови можности за финансирање и олеснување на пристапот до финансиски средства за микро, малите и средни претпријатија. Најголем дел од поволностите ќе бидат обезбедени за старт-ап компаниите. Од соработката, бенефит ќе имаат компаниите- апликанти за кофинансирани грантови на ФИТР, за кои Банката би обезбедила дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни услови од редовните. Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот. -Истражувањето кое го објавивме минатата недела покажа дека над 70 отсто од стартап компаниите во државата, во фазата на развој на бизнисот имаат потреба од дополнителни финансиски средства и токму тогаш најголема поддршка добиваат од страна на Фондот за иновации и технолошки и развој. Во Северна Македонија имаме стартапи со светски идеи и услуги и токму тоа е главниот мотив кој не движи да работиме со полна пареа за да им обезбедиме олеснувања при реализирање на бизнис плановите и пласман на глобалните пазари. На мое огромно задоволство УНИБанка станува четврта банка партнер на ФИТР која верува во домашните иноватори а и самата е иноватор во банкарскиот сектор, изјави Коста Петров, директор на Фонд за иновации и технолошки развој. Пакетот „УНИ Иновација” вклучува: 6 месеци без надомест електронско банкарство со уникатни бизнис Е-пакети, наменска сметка без надомест за одржување за првите 6 месеци, услуга „Мој Банкар” без надомест, како и маркетинг поддршка преку канали на банката. Имено, за сите корисници преку овој пакет, ќе бидат обезбедени бесплатни промотивни активности. Во однос на кредитната поддршка, компаниите би добиле поволности преку инвестицискиот кредит „БИЗНИС 12-ка”, со флексибилна отплата до 12 години, грејс период до 12 месеци и со повластени каматни стапки. Компаниите исто така можат да аплицираат за дозволено пречекорување overdraft во износ до 10% од годишните приливи со поволни услови. Предност при користење на овие поволности ќе имаат компаниите кои доаѓаат од индустриите фармација и медицина, ИТ и телекомуникации, храна и обновливи извори на енергија. -Двострано е задоволството од потпишување на Меморандум на соработка помеѓу ФИТР и УНИБанка. Убедени сме дека микро, малите и средните компании се тие кои ќе имаат значителен бенефит од оваа соработка. Со долгогодишно искуство, профилирани како Банка на клиентот, точно ги препознаваме потребите на компаниите, фазите на развој, инвестициските циклуси, финансиските потреби и севкупните предизвици со кои тие се соочуваат. За таа цел, во соработка со ФИТР, за дополнителна поддршка на компаниите, го промовираме пакетот УНИ ИНОВАЦИЈА. Во пакетот би ја издвоиле услугата МОЈ БАНКАР, каде назначуваме Личен Банкар за секоја од овие компании, кој ќе овозможи професионално финансиско советување без надомест и непосредно водење низ целиот процес за успешна реализација на инвестицијата. Дополнително, за компаниите иноватори, преку електронското банкарство ќе овозможиме повеќекратна заштеда, при извршување на редовните банкарски трансакции. -Кредитната поддршка на компаниите иноватори, ќе биде со флексибилни услови, согласно специфичностите на проектот и карактеристиките на бизнисот на самата компанија. Во таа насока, во пакетот е вклучен долгорочниот и флексибилен кредитен продукт БИЗНИС 12-ка како и оведрафтот за поддршка на тековната ликвидност на компаниите, изјави Виктор Филиповски, Директор на Дирекција Корпоративно банкарство во УНИБанка. Во наредниот период, УНИБанка во соработка со ФИТР ќе организира едукативни и промотивни активности поврзани со можностите за финансирање на домашните компании од страна на банката и ФИТР, зголемување на финансиската писменост, со цел олеснување на пристап кон финансиските средства, олеснет бизнис развој и комерцијализација на иновации. Повеќе информации за бизнис пакетот „УНИ Иновација” можат да се најдат на следниот линк: https://unibank.mk/mk/news]]>

https://arhiva.kurir.mk/komercijalni-objavi/memorandum-za-sorabotka-megju-fitr-i-unibanka-za-polesno-finansiranje-za-startapite/feed/ 0
Училишен час на „#ПетокЗаМлади @ФИТР“ за промоција на изум за интерактивна табла https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishen-chas-na-petokzamladi-fitr-za-promocija-na-izum-za-interaktivna-tabla/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishen-chas-na-petokzamladi-fitr-za-promocija-na-izum-za-interaktivna-tabla/#respond Fri, 09 Nov 2018 06:56:42 +0000 https://kurir.mk/?p=125526

Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) како дел од предвидените активности за поддршка на креативното и критичкото размислување кај младите – „#Петок за млади @ФИТР“ денеска е домаќин на Димитрија Ангелков, професор од средното стручно училиште „Киро Спанџов“ од Кавадарци, иноватор и основач на „Интерактивна Иднина“. Тој пред деветтоодделенците од основното училиште „Петар Поп Арсов“ и средношколците од гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ ќе го претстави сопствениот изум – интерактивна работна табла, проект што беше поддржан од Фондот во рамки на четвртиот јавен повик за старт ап компании кој ФИТР го спроведе во соработка со Светска банка. Интерактивната табла е посебно осмислен уред со специфичен софтвер кој овозможува интерактивна работа за време на наставата. Употребата на овој уред овозможува учениците и професорите да бидат подеднакво активно вклучени во изучувањето на самата материја. Предноста на овој изум се состои во палетата можности што софтверот ги нуди, од интерактивни игри со педагошка цел до директно интервенирање на самата табла, моментално печатење на сработеното и слично. По работилницата, која ќе претставува еден вид симулација на училишен час, учениците, преку заемна интеракција ќе треба да одговорат и изнајдат решение на зададена задача. Целта на иницијативата „#Петок за млади @ФИТР“ е да се поттикне размената на практични искуства меѓу учениците во насока на изнаоѓање иновативни решенија и креирање сопствени проекти надвор од училишните рамки преку интеракција и активно учење. На настанот ќе се обрати директорот на ФИТР Јован Деспотовски. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchilishen-chas-na-petokzamladi-fitr-za-promocija-na-izum-za-interaktivna-tabla/feed/ 0