физичко насилство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 May 2023 12:37:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png физичко насилство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Алармантно: 37% од децата во Македонија не се чувствуваат безбедно во училиште, 24% се жртви на физичко насилство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-37-od-detsata-vo-makedonija-ne-se-chuvstvuvaat-bezbedno-vo-uchilishte-24-se-zhrtvi-na-fizichko-nasilstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-37-od-detsata-vo-makedonija-ne-se-chuvstvuvaat-bezbedno-vo-uchilishte-24-se-zhrtvi-na-fizichko-nasilstvo/#respond Mon, 08 May 2023 12:37:47 +0000 https://kurir.mk/?p=831829

Триесет и седум отсто од децата во нашите училишта истакнуваат дека не се чувствуваат безбедно во училиште. Дури 24 проценти од децата велат дека се жртви на физичко насилство, покажуваат резултатите од научно - истражувачкиот проект реализиран од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје, заедно со тим на професори од Филозофскиот факултет. Истражувањето е спроведено на повеќе од 2.000 ученици и според професор д-р Софија Георгиевска, дел од тимот којшто работеше на истражувањето, покажува дека насилството е во пораст. -Кога зборувам во пораст, ќе се обидам да направам една компарација, пред десетина години, бидејќи токму и темата на мојата докторска дисертација беше насилство врз деца во училиште, така што, ако тогаш имавме деца кои можеби не го препознаваа или во помал број го идентификуваа насилството, иако тогаш воопшто не зборувавме за дигитално или сајбер насилство. Денес можам да кажам дека дигиталното насилство е едно од најчестите проблеми со коишто младите или децата се соочуваат. Тоа што за мене е фрапантен податок е дека 37 отсто од децата истакнуваат дека секојдневно не се чувствуваат убаво и безбедно во училиште, изјави Георгиевска. Додаде дека не секогаш децата знаат да го идентификуваат насилството. -Некогаш ќе кажат дека некој се пошегувал, меѓутоа дека тоа не е насилство. Меѓутоа, доколку ги прашаме како се почувствувале во тој момент, велат дека не им било пријатно и дека ако тоа се случува повеќе од двапати во неделата, не сакаат да одат утре во училиште. Мислам дека тука некаде треба да го запалиме алармот, којшто треба да ни покаже колку треба да работиме со нашите деца. Некако сите станавме експерти за траума, сите зборуваме за траума. Кога ќе се случи траумата, гледаме колку малку всушност знаеме за траумата кај децата и уште помалку, колку малку знаеме за развојните трауми со коишто се соочуваат децата, нагласи Георгиевска. Женските деца, посочи Георгиевска, се многу поемпатични, посензитивни и во многу поголема мера извршуваат психичко насилство, но и се жртви на психичко насилство. Кога станува збор за физичкото насилство, пак, најчесто машките деца се оние кои во поголема мера го вршат. Геогиевска апелира до родителите и до наставниците да разговараат со децата. Она што за неа е алармантно е што 27 проценти од децата не знаат како и на кого да му соопштат дека се жртви на насилство. -За мене, поголем аларм е што 27 отсто од децата немаат на кого да му соопштат или не знаат каде да соопштат, доколку се чувствуваат како жртва на насилство. Дваесет и седум е огромна бројка којашто ни вели „јас се чувствувам лошо, а не знам каде да го кажам тоа“. Родителите, наставниците, стручните служби се тие коишто треба да бидат првата алка што ќе му овозможи на детето да каже како се чувствува, да каже што го прави тажно и што е тоа што го прави среќно, истакна Георгиевска. Заложбите на Владата, како што изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири, се да има мирна и безбедна средина во училиштата. Најважно, според него, е да се делува превентивно. -Делуваме институционално. Секој проект на академската заедница и на граѓанскиот сектор од ваков тип е од голема важност за градење безбедност во училиштата и меѓусебни почитувања и толеранција. Сите заедно треба да промовираме позитивни вредности, за младите да се изградат во квалитетни добри личности и насилството никогаш да не биде опција. Да делуваме превентивно, за да не биде предоцна, додаде министерот. Во фаза на изработка, како што соошти, е протокол, а првите препораки ќе бидат доставени до училиштата до крајот на неделата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/alarmantno-37-od-detsata-vo-makedonija-ne-se-chuvstvuvaat-bezbedno-vo-uchilishte-24-se-zhrtvi-na-fizichko-nasilstvo/feed/ 0
Баба пријавила дека била истепана од нејзиниот сопруг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/baba-prijavila-deka-bila-istepana-od-nejziniot-soprug/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/baba-prijavila-deka-bila-istepana-od-nejziniot-soprug/#respond Mon, 06 Jun 2022 17:17:04 +0000 https://kurir.mk/?p=687404

На 05.06.2022 во 17.30 часот во Полициска станица Гази Баба, 72-годишна жена од Скопје пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг И.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/baba-prijavila-deka-bila-istepana-od-nejziniot-soprug/feed/ 0
Осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство како воспитна мерка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osum-od-deset-roditeli-vo-zemjava-koristat-fizichko-i-psihichko-nasilstvo-kako-vospitna-merka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osum-od-deset-roditeli-vo-zemjava-koristat-fizichko-i-psihichko-nasilstvo-kako-vospitna-merka/#respond Thu, 28 Nov 2019 11:31:20 +0000 https://kurir.mk/?p=270574

Во светот милиони деца живеат во страв од физички, емоционално и сексуално насилство. Регионот на Западен Балкан не е исклучок, каде што и покрај сè поголемото политичко внимание и одговор во политиките и услугите, насилството врз децата и натаму е широко распространето, не се пријавува и екстремно им штети на децата. За да се стави крај на насилството, владите од Западен Балкан се обврзаа да ја забрзаат акцијата за ставање крај на сите форми на насилство врз децата до 2030 година, беше речено на отворањето на  дводневната конференција „Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан“ што се одржува во Скопје. -Насилството врз децата е една од најдевијатните појави, која за жал се случува секој ден во секој крај на светот. За многу од нив дознаваме од медиумите, од заедницата од училиштата, но има илјадници за кои никогаш нема да дознаеме, рече претседателот Стево Пендаровски. Тој посочи дека глобалната анкета на УНИЦЕФ од пред две години покажува дека речиси 80 отсто од родителите и старателите користат најмалку една форма на насилство врз децата, а една петина од анкетираните пријавиле дека користат само позитивни методи и ненасилни методи на родителство. -Истражувањата покажуваат дека децата жртви на насилство се изложени на поголем ризик и самите да повторат и сторат насилство кога ќе станат возрасни и тоа најчество врз сопствените деца. Насилството не им штети само на децата и семејствата туку и на целокупното општесто. Многубројните анкети на ученици и студенти покажуваат дека тие имаат вкусено физичко и емоционално казнување, физичко и емоционално занемарување и најтешкиот облик сексуално злоставување, истакна претседателот Пендаровски. Според него, во Република Македонија бројките исто така се немилосордни, бидејќи истражувањата покажуваат дека осум од десет родители во земјава користат физичко и психичко насилство примарно со цел да ги подучат децата. – Кај нас преовладува  ставот дека детето треба да бие послушно, наспроти љубопитно или независно. Истражувањата укажуваат на генералниот став дека општеството не треба да интервенира во семејството и неговите утврдени практики  и дека право на родителот е да го одлегува своето дете онака како што е најсоодветно. Нашиот одговор во борбата против насилството врз децата е дека тој треба да биде сеопфатен – заедничко дејстување од сите нас од ресорните министерства, социјалните служби, образовните институции и граѓанскиот сектор, нагласи Пендаровски. Ако не успееме во превенција, како што рече, последиците ќе бидат трауматични и долгорични, затоа е потребно интегрирано решение и заеднички пристап за проблем кој сите не засега. Пендаровски порача дека здравствените работници треба да се оспособат да препознаваат рани знаци на насилство, обазовниот систем да ги зајакне општествено емоционалните вештини кај децата, системот за социјална заштита да даде одговор преку оперативен и мултидисциплинарен стручен тим, а припадниците на полицијата да бидат професионално обучени за работа со деца. Претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани во својот говор истакна дека секое трето дете во Северна Македонија е засегнато од физичкото насилство, а секое петто девојче пријавило некаков вид сексуално насилство. -Овие бројки кога ќе ги претвориме во однос на бројот на населението се огромни. Степенот на ангажман што е, потребен во нашето општесто да ги погледнеме институциите, колку тие можат да помогнат во моментот на откривање и превенција и доколку се случи како да се спроведе закрепнување и заздравување, рече ди Џовани. Според неа, децата се изложени на насилство и преку образовниот систем и затоа училиштата се важен дел од местата каде децата растат и учат да станат успешни возрасни лица, а тука се и предучилишните установи. -Социјалните работниците се меѓу важните фактори за да се помогне во справување во стресот и да ги подучат семејствата како да го подигнат степенот на воспостување на децата, рече ди Џовани и дополни дека ако децата не ги воспитаме како да се снајдат со стресот можат да прибегант кон насилство во решавање на проблемите. Шефот на делегацијата на Европската Унија, Самуел Жбогар рече дека деновиве се одбележува 30-годишнината од Конвенцијата за правата на детето на ОН, кој е еден од најратификуваните документи за човековите права и дека според СЗО речиси десет отсто до децата од Европа страдаат од сексуална злоупотреба. -Една-четвртина страдаат од физичка злоупотреба и речиси една-третина страдаат од психолошка злоупотреба. Покрај сите заложби 25 милиони деца во Европа сè уште се гладни и живеат под прагот на сиромаштијата. Децата ширум светот се жртви на експлоатација, злоупотреба, трговија со деца, страдаат од проблеми со менталнто здравје, некои од нив вршат самоубиства, рече Жбогар. Престои долг пат, како што нагласи, за сите деца независно од нивното потекло да се заштитат од насилство, а најраливи се оние кои живеат во сиромаштија и кои имаат попреченост. -Најважно е децата да бидат свесни за своите права и да можат да проговорат за тоа. ЕУ и УНИЦЕФ неодамна почнаа кампања во која ќе се вклучат младите луѓе и децата да работат на своите права за кои што ги разбирата и да ги користат платформите кои ги познаваат, рече Жбогар. Министерот за здравство Венко Филипче нагласи дека дводневната конференција е можност да се разговара со видни светски експерти за нивните искуства, за тоа што  треба да направиме во нашиот систем за да го зајакнеме овој сегменет се со цел да имаме здрава и напредна младина. -Слушнавме од воведните обраќања какви сериозни последици може да настанат кога станува збор за насилство кај деца. Мора да имаме предвид дека менталното здравје, евентуалните вакви настани во најраното детство може да останат сериозни последици на општото здравје понатаму, а тоа значи и помала можност за вклучување во општеството, карактерни малформации сето тоа што значи личности коишто не можат да го дадат целокупниот и да се вградат во сите општествени процеси, истакна Филипче. Министерот за образование и наука Арбер Адеми, кој учествува на конференцијата, посочи дека работат на подигнување на општествената свест во борбата против насилството врз децата. – Предвидено е менаџментите на училиштата веднаш да пријават насилство, надлежните институциите да постапуваат, а има и посебни програми за децата кои покажуваат насилни дејствија, како и програми и консултации за родителите и старателите на тие деца. Повеќе сме фокусирани на превенирање на вакви ситуации, рече Адеми и додаде дека предвидена е и обврска на сите кои ќе дознаат за какво било насилство и дискриминација да го пријават случајот во надлежната институција. Утре, на вториот ден од конференцијата најавено е обраќање на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерката за правда Рената Дескоска, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министеерот за образование Арбер Адеми и министерот за здравство Венко Филипче. На завршната церемонија Владата на Република Македонија, која е домаќин на конференцијата со поддршка од УНИЦЕФ, ќе се заложи за пристапување кон Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osum-od-deset-roditeli-vo-zemjava-koristat-fizichko-i-psihichko-nasilstvo-kako-vospitna-merka/feed/ 0
Оставка на главниот обвинител на Њујорк по обвинувањата за физичко насилство врз четири жени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/#respond Tue, 08 May 2018 06:33:50 +0000 https://kurir.mk/?p=51281

Главниот обвинител на Њујорк, Ерик Шнајдерман поднесе оставка откако четири жени го обвинија за физичко насилство. Тој категорично ги отфрли обвинувањата, но изјави дека тие му пречат соодветно да си ја извршува работата и поради тоа поднесува оставка. Шнајдерман истакна дека на него било голема чест и привилегија да работи како главен обвинител. Списанието „Њујоркер“ објави за наводно насилство врз четири жени со кои Шнајдерман бил во романтични врски. Две од жените тврдат дека тој неколкупати ги тепал и оти често бил пијан. По таквите тврдења, гувернерот на државата Њујорк, Ендрју Куомо го повика Шнајдерман да поднесе оставка.  МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ostavka-na-glavniot-obvinitel-na-njujork-po-obvinuvanjata-za-fizichko-nasilstvo-vrz-chetiri-zeni/feed/ 0