физичко присуство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 21 Sep 2022 11:25:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png физичко присуство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсовски: Во интерес на учениците е настава со физичко присуство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/#respond Wed, 21 Sep 2022 11:25:14 +0000 https://kurir.mk/?p=735736

Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски. Одговарајќи на новинарско прашање за барањето на дел од општините за продолжување на зимскиот распуст на учениците заради штедење струја и огрев и колку се оправдани барањата дел од трошоците и субвенциите да ги покрива Владата, Арсовски рече дека на вчерашната седница на Владата немало дискусија за тоа. -На последната седница на Владата немаше дискусија во однос на ова прашање. Владата останува посветена во надминување на предизвиците предизвикани од енергетската криза и е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, рече портпаролот Арсовски, дополнувајќи дека нема промена во начинот на реализација на наставата со физичко присуство во основните и средните училишта. Организирањето во смисла на трошоците за загревање на училиштата, дополни владиниот портпарол, е во рамки на надлежностите на општините односно на локалната самоуправа и за тоа од Министерството за образование и наука се исплаќаат дотации до општините. Така што, потенцираше Арсовски, важно е да се каже дека тие се одговорни и во интерес на учениците е физичко присуство на наставата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/arsovski-vo-interes-na-uchenicite-e-nastava-so-fizichko-prisustvo/feed/ 0
Д-р Беќаровски: Тие што се плашат од зараза, наставата да ја следат онлајн https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekjarovski-tie-shto-se-plashat-od-zaraza-nastavata-da-ja-sledat-onlajn/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekjarovski-tie-shto-se-plashat-od-zaraza-nastavata-da-ja-sledat-onlajn/#respond Mon, 31 Jan 2022 20:40:58 +0000 https://kurir.mk/?p=625147

Докторот Нико Беќаровски од Клиниката за Токсикологија има неколку предлози околу тоа како утре треба да почне и да се одвива второто полугодие од учебната година. Според него, утре сите ученици кои сакаат да посетуваат настава во живо да се вратат во училишните клупи, а останатите (позитивните и тие кои се плашат од зараза) истата да ја следат онлајн, а да присуствуваат физички при тестирање и оценување. -За сите наставници и ученици со симптоми да биде обезбедено тестирање секој понеделник, а сите позитивни наставници кои ќе бидат со општа добра здравствена состојба, да им се дозволи држење на наставата од домовите, без да им се одзема процентот за боледување, кој и не е така мал. После тоа сметам училниците треба да се проветруваат 5 минути по секој завршен час, а никако во текот на самиот час, предлага Беќаровски. Докторот смета дека треба пред почеток на наставата, за време на големиот одмор и по часовите задолжителна дезинфекција на сите простории. -Одлуката за носење маски на секое дете до 5 одделение да ја донесат неговите родители, со писмена изјава, додава Беќаровски. Владата минатата недела одлучи второто полугодие во основните и средните училишта да почне утре со физичко присуство на учениците, при што зачестија барањата за почеток на второто полугодие со онлајн настава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-bekjarovski-tie-shto-se-plashat-od-zaraza-nastavata-da-ja-sledat-onlajn/feed/ 0
„Владата да ја преиспита одлуката за физичко присуство, бараме две недели онлајн настава за учениците од 4 до 9 одделение“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-ja-preispita-odlukata-za-fizichko-prisustvo-barame-dve-nedeli-onlajn-nastava-za-uchenicite-od-4-do-9-oddelenie/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-ja-preispita-odlukata-za-fizichko-prisustvo-barame-dve-nedeli-onlajn-nastava-za-uchenicite-od-4-do-9-oddelenie/#respond Thu, 27 Jan 2022 13:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=623572

Со оглед на одлуката дека учениците од 1 Февруари ќе тргнат на училиште со физичко присуство, бараме Владата, Комисијата за заразни болести, а и Министерот за образование и наука да ја преиспитаат одлуката, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук Проф. д-р Весна Јаневска. Бројките на заразени со Ковид-19 вирусот се високи, а високи се и потребите од болничко лекување. Медиумите соопштија дека ќе треба повторно отворање на Ковид центрите (според изјавите на стручњаците), а се објави и дека детските оддели се преполни и Систина планира отворање на детски Ковид центар Предлагаме: 2 недели онлајн настава на учениците од 4-9 тто одделение со активно следење на епидемиолошката ситуација и настава со физичко присуство на учениците од 1-3 тто одделение со следење на епидемиолошката состојба во Македонија и училиштата. За најмладите ученици предлагаме физичко присуство, за да се избегнат дополнителни мерки, кои се неопходни за чување на децата (ослободување на родител од работни обврски), а кои влијаат на економијата на државата, Јаневска во својата објава ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-da-ja-preispita-odlukata-za-fizichko-prisustvo-barame-dve-nedeli-onlajn-nastava-za-uchenicite-od-4-do-9-oddelenie/feed/ 0
Учениците од 1 февруари се враќаат во училишните клупи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-1-fevruari-se-vrakjaat-vo-uchilishnite-klupi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-1-fevruari-se-vrakjaat-vo-uchilishnite-klupi/#respond Thu, 27 Jan 2022 07:14:01 +0000 https://kurir.mk/?p=623408

Наставата во основното и средното образование ќе продолжи со физичко присуство на учениците на 1 февруари. Така одлучи вчера Владата врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести и согласно препораките на УНИЦЕФ, истовремено повикувајќи на доследно придржување и спроведувањето на протоколите за одржување настава со физичко присуство. Комисијата за заразни болести претходно препорача со почнувањето на второто полугодие од учебната 2021–2022 година, наставата да се одвива со физичко присуство за сите ученици во основно и средно образование со доследно почитување на превентивните мерки и протоколи. Претходно со одлуката на Владата на 17 јануари, поради влошената епидемиoлошка состојба и проценката дека земјата се наоѓа во врвот од новиот ковид бран, зимскиот распуст на учениците што завршуваше на 20 јануари, беше продолжен до 1 февруари. По Одлуката за продолжениот зимски распуст за околу 255 илјади ученици Владата го утврди и бројот на наставни денови во вонредни околности со кои учебната 2021/2022 година ќе заврши во редовниот термин – 10 јуни 2022. Со одлуката се овозможува соодветна адаптација на наставните програми со цел запазување на датумот 10 јуни како краен рок за завршување на учебната година. Поради ковид пандемијата можни се три сценарија за реализација на учебната година – настава со физичко присуство како прво и најпосакувано, настава на далечина и комбинирана настава со ротирање на групи од иста паралелка. Според податоците кои МОН ги собира на дневно ниво од сите училишта, до крајот на првото полугодие (30 декември 2021) процентот на нови позитивни случаи не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со КОВИД-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 проценти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenicite-od-1-fevruari-se-vrakjaat-vo-uchilishnite-klupi/feed/ 0
Ученици се противат да бидат оценувани со физичко присуство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenici-se-protivat-da-bidat-ocenuvani-so-fizichko-prisustvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenici-se-protivat-da-bidat-ocenuvani-so-fizichko-prisustvo/#respond Sat, 24 Oct 2020 16:13:25 +0000 https://kurir.mk/?p=420213

Оценувањето со физичко присуство во училиштата не е прифатливо за многу средношколци. Во анкетата за Алсат, учениците велат дека не се согласуваат да одат на училиште за да бидат оценуваат, бидејќи не беше дозволено наставата да се одвива физички во училиштата, пренесува Алсат-М. „Бидејќи нашето барање за физичко присуство не беше прифатено од министерството, тогаш зошто ние како ученици треба да прифатиме оценување со физичко присуство. Ако не одржуваме настава со физичко присуство, јас нема да одам.“ „Ако не одржуваме настава со физичко присуство, како е можно да се оди на училиште сега за да не оценуваат, зар сега нема вирус?“ „Ако одиме во групи, јас сакам да прашам, зар нема вирус таму. „Не е разумно да се оди во групи за оценување, додека за настава со физичко присуство не е разумно да не се оди“, велат учениците. Бурим Реџепи, наставник по информатика рече дека ќе ги оценува учениците со тест со прашања и одговори, според семинарска работа и одреден проект. Тој додаде дека нема да се прават отстапки за време на проценката. -Ќe има отстапки, но не во однос на оценувањето, туку олеснувања во давање на можности. Ако ученикот во овој случај не е задоволен со одредена оценка, тогаш има дополнително време и има дополнителен материјал за кој треба да се подготви, во зависност од времето. Може да му се даде една недела или 10 дена да ја добие оценката што ја сака, но не отстапки во смисла ако оценката треба да биде тројка ние да му даваме петка, затоа што е пандемија. Така не, вели Реџепи. Пред неколку дена, Министерството за образование и Бирото за развој на образованието објавија дека до 20 ноември учениците треба да ги добијат првите оценки за онлајн учењето. Бирото за развој на образованието исто така излезе со препорака оценувањето на учениците да се спроведува онлајн поради зголемувањето на инфекциите, но и со физичкото присуство на учениците доколку наставникот не може да го направи оценувањето од далечина, почитувајќи ги заштитните мерки против ковид-19. Во една училница не треба да има повеќе од десет ученици, а нивниот престој во училница треба да трае од 20 до 30 минути.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/uchenici-se-protivat-da-bidat-ocenuvani-so-fizichko-prisustvo/feed/ 0
Само 4 средни училишта добија дозвола за настава со физичко присуство во сите 4 години https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-sredni-uchilishta-dobija-dozvola-za-nastava-so-fizichko-prisustvo-vo-site-4-godini/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-sredni-uchilishta-dobija-dozvola-za-nastava-so-fizichko-prisustvo-vo-site-4-godini/#respond Wed, 23 Sep 2020 19:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=407589

169 училишта добија согласност за настава со физичко присуство и во повисоките одделенија. Дозвола за редовна настава од 1 ви октомври добија само 4 средни училишта - средното земјоделско училиште во Битола Кузман Шапкарев, каде ке се организира настава во две смени за ученици од прва до четврта година и приватно интернационално училиште во Скопје, за сите 4 години. Согласнот добија и средните училишта за ученици со посебни образовни потреби Државен училишен центар за образование и рехабилитација „Партенија Зографски“ во Гази Баба и Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“ во Кисела Вода, објавува Сител. Стручните предмети со физичко присуство ке можат да ги следат само неколку средни музички и уметнички училишта во земјава, мегу кои балетското во Скопје, музичките во Скопје и Штип, и училиштето за променета уметност Лазар Личеновски во скопскат општина Центар. Согласност за реализација на стручните предмети и е дадена и на Спортска академија Центар согласно одобрените протоколи на соодветната федерација. Средношколците за ваквите состојби ја обвинуваат владата дека не инвестирала во средното образование и затоа тие во моментов немаат услови за физичка настава. Капацитетите во студентски и средношколските домови исто така ке биде намалена за 50 проценти, а на оние кои ке им биде одбиено сместување ке добиваат надомест за престој и превоз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/samo-4-sredni-uchilishta-dobija-dozvola-za-nastava-so-fizichko-prisustvo-vo-site-4-godini/feed/ 0