ФК Тетекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 18 Aug 2023 11:37:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ФК Тетекс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФК Тетекс бара достапност до стадионите, ќе поведат постапки за дискриминација до институциите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-bara-dostapnost-do-stadionite-ke-povedat-postapki-za-diskriminatsija-do-institutsiite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-bara-dostapnost-do-stadionite-ke-povedat-postapki-za-diskriminatsija-do-institutsiite/#respond Fri, 18 Aug 2023 11:37:14 +0000 https://kurir.mk/?p=868392

Фудбалскиот клуб Тетекс почнува институционална битка за докажување на дискриминација затоа што не им се дозволува користење на новиот и стариот градски стадион. Тие велат дека од март попусто ги чекаат општинските власти за спроведување на договорот дека ќе добијат терен со природна терен во селото Сараќино. - Од денес почнуваме со борба преку нашите институции, ќе се запознаат сите фактори, народен правобранител, меѓународна заедница, амбасада, Комисија за антидискриминација. Од март бараме средба за да се реши овој проблем, немаме добиено одговор, што уште да се чекаме. Второ коло веќе играме, дали треба уште да се чека. Има комуникација со општина Тетово, ама тоа останува на тоа дека ќе биде теренот во Сараќино, ама што до тогаш. Бараме писмени гаранции дека клубот ќе може да се натпреварува на Градскиот стадион, зошто да не го користиме стариот градски стадион, да видиме дали има договор кој било клуб, зошто не и Тетекс. И ако нема зошто само еден клуб може да го користи тој терен. Во Сараќино ништо не е почнато. Секоја општина помага во спортот ние немаме денар видено, изјави на денешната прес-конференција Бобан Мишевски, спортски директор. Тој ја оспорува реакцијата на Општина Тетово дека новиот стадион е само за клубови од Прва лига - Општина вели дека градски стадион е само за прволигашки екипи, па ЖФК Љуботен е Прва лига. Како е осмислено дека само прволигашка екипа може да го користи. Таму е јасно наведено дека 24 часа пред одигрување на прволигашки натпревар не може да се користи теренот. Може да играме во гости кога другите ќе бидат домашни. Има примери каде се користи ист терен пример Воска и Охрид, пример Караорман и Струга, не гледам зошто е проблем, рече Мишевски. Воедно клубот бара додека не се изгради нов терен за тренирање во Сараќино да им се овозможи подготвување на стариот градски стадион. - Бараме средба со сите клубови, градоначалникот и млади и женски клубови и да се најде решение да се најдат термини да се тренираат на овој терен тука. На тој терен не може да се излезе од нашите простории. Ограден е и само го користи екипата на првиот тим на Шкендија. Единствено нешто што бараме во моментов е само разумен договор каде што ќе може да се излезе и да се тренира на овој терен, поточно стариот градски стадион. На овој терен секогаш без никаков проблем тренирале првите тимови на Тетекс, Шкендија, прв тим на Љуботен, младите категории на овие три споменати клубови дури и една школа без никаков проблем со добра ординација. Немало апсолутно никаков проблем, истакна Мишевски. Шефот на стручниот штаб Филип Деспотовски рече дека имаат многу тешки услови за работа на теренот со вештачка трева. Имаат термин во 10.30 часот кога е многу топло, што негативно влијание на здравствената состојба на фудбалерите. - Би било многу добро кога би имале избор за повеќе терени да користиме, затоа што развојот на децата кои сакаат да бидат фудбалери од Тетовско, тоа ќе им дозволи да им бидат достапни учењата кои ќе ги дадат тренерите. Но немаме такви услови за младите, а да не зборам за првиот тим, се натпреваруваме во Втора лига, искрено сакаме да идеме и понапред, имаме добри деца во клубот затоа што знаеме дека Тетово бил секогаш расадник на дорби фудбалери. Да се најде решение за да може да имаме мирна работа, да се сконцентрираме на фудбал, ние сме фудбалски работници, не сме политичари. Сакаме да си ја работиме нашата работа, затоа сме тука. И сакаме да си имаме мир во нашата работа. За прв тим може да кажам дека тренирам во термин во 10.30. кога е многу топло а тоа е вештачка трева, која се вжарува од топлината и многу играчи се повредуваат, што за сметка на теренот кој е со лоши услови, што за сметка на време топло е, се разболуваат, имаат добивано температура од сончаница и такви работи, потенцираше Деспотовски. Капитенот Трајче Стојковски вели дека од просториите на ФК Тетекс фудбалерите самите возат комбе за до теренот со вештачка трева. - Се враќаме назад испотени, едно ниво коешто не доликува на фудбалско име како што е ФК Тетекс. Ни една школа не толерира такви работи, а ова е клуб со реноме, еден од најголемите македонски клубови и не заслужува ваков третман од кој било и да е. Ова тргаме политика на страна. Овде се замешани и многу други работи и затоа спортот оди назад. Не бараме многу, бараме да имаме многу, бараме да имаме терен, рече Стојковски. Од раководството на Тетекс потенцираат иако Министерството за транспорт и врски дава позитивно мислење за легализација на нивните простории тоа не е одобрено од досегашните градоначалници Теута Арифи и Биљал Касами.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-bara-dostapnost-do-stadionite-ke-povedat-postapki-za-diskriminatsija-do-institutsiite/feed/ 0
ДАЛИ СМЕ ДИСКРИМИНИРАНИ ЗАТОА ШТО СМЕ МАКЕДОНЦИ: На клубовите Тетекс и Љуботен не им се дозволува да ги користат тетовските стадиони https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dali-sme-diskriminirani-zatoa-shto-sme-makedontsi-na-klubovite-teteks-i-luboten-ne-im-se-dozvoluva-da-gi-koristat-tetovskite-stadioni/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dali-sme-diskriminirani-zatoa-shto-sme-makedontsi-na-klubovite-teteks-i-luboten-ne-im-se-dozvoluva-da-gi-koristat-tetovskite-stadioni/#respond Wed, 16 Aug 2023 14:21:49 +0000 https://kurir.mk/?p=867492

Фудбалскиот клуб Тетекс јавно на Фејсбук обвини дека на неговите фудбалери, како и на фудбалерите и фудбалерките на Љуботен Општина Тетово не им дозволува да ги користат ниту стариот ниту новиот градски стадион во Тетово за тренинзи или за натпревари. „Ја користиме оваа прилика за да ја запознаеме пошироката јавност дека во моментов на стариот градски стадион, но и на новиот градски стадион, ФК Тетекс, ФК Љуботен и ЖФК Љуботен немаат право на нивно користење, тренинзи, одигрување на натпревари во лигата од засега непознати причини! Екслузивно право на користење на двата стадиони има само ФК Шкендија! Се прашуваме дали во 21. век е нормално само поради тоа што сме Македонци, кои живеат во Општина Тетово да немаме право на тренинзи на природна трева? Со месеци, односно поточно од февруари досега, одржани се неколку состаноци со градоначалникот и со челниците на општинската власт, но, од нив нема никаков договор и реализација на нашите барања. Низ историјата, без никакви проблеми, со меѓусебна координација, сите клубови тренирале и ги играле своите натпревари на овие два стадиони. Денеска, наместо да се работи на што поголема кохезија, кога е спортот во прашање, очигледно некој работи на тоа македонските клубови да се дестабилизираат и дефоксуираат од целта. Во истиот контекст, сакаме да потенцираме дека на стариот градски стадион се наоѓаат и нашите простории, соблекувална, простор за перална и слично, а тренинзите и натпреварите се играат на стадиончето на АМС, на вештачка трева. Чиста небулоза! Па оттука сакаме да прашаме: Дали Шкендија е единствен клуб од Тетово кој има право на ова или се игра некоја друга игра во заднина? Апелираме до општинските власти за итно свикување на заедничка средба на сите тетовски фудбалски клубови и под нивно покровителство итно да се изнајде решение за овој проблем, без никој да е оштетен. Во спротивно, ќе бидеме принудени да повикаме на протести се додека не обезбедиме фундаментални право за спортот и развој на спотрскиот дух кај младите“ – се вели во објавата на ФК Тетекс. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dali-sme-diskriminirani-zatoa-shto-sme-makedontsi-na-klubovite-teteks-i-luboten-ne-im-se-dozvoluva-da-gi-koristat-tetovskite-stadioni/feed/ 0
ФК Тетекс ќе има нова управа по преземањето од раководството на ФК и ЖФК Љуботен https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-kje-ima-nova-uprava-po-prezemanjeto-od-rakovodstvoto-na-fk-i-zfk-ljuboten/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-kje-ima-nova-uprava-po-prezemanjeto-od-rakovodstvoto-na-fk-i-zfk-ljuboten/#respond Sat, 22 Oct 2022 11:32:34 +0000 https://kurir.mk/?p=749342

Раководството на ФК и ЖФК Љуботен го превзема под своја капа и ФК Тетекс, информираа од клубот. Ќе биде составен нов Управен одбор за ФК Тетекс во кој покрај претставниците на ФК и ЖФК Љуботен ќе членуваат и претставници на навивачката група Војводи. Целта е стабилизација на тетовскиот фудбалски второлигаш кој се соочува и со финансиски проблеми. – На ФК Тетекс по турбулентниот период му е време за стабилизација, и враќање на старите победнички патеки. Заедно со навивачката група „Војводи“ решивме на задоволство на сите, клубот постепено да се врати таму каде што заслужува. Се надеваме дека успешната приказна на ЖФК Љуботен ќе ја продолжиме и во ФК Тетекс, и во клубот ќе го вратиме стариот сјај. За крај на сите искрени вљубеници во ФК Тетекс им порачуваме дека ФК Тетекс опстојува и ќе опстојува, а ние сме застанати на чело, најчесно да го стабилизираме и вратиме на старите патеки. Цело Тетово едно фудбалско семејство, информираа од ФК Љуботен. Поради финансиската нестабилност на ФК Тетекс навивачката група Војводи упати апел до граѓаните со купување на повеќе билети за следење на фудбалските натпревари да му помогнат клубот од згаснување. За непречено да функционира клубот започната е кампања и повици од повеќе поранешни фудбалери за купување на што е можно повеќе билети со цел да се соберат средства за опстојување на ФК Тетекс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/fk-teteks-kje-ima-nova-uprava-po-prezemanjeto-od-rakovodstvoto-na-fk-i-zfk-ljuboten/feed/ 0
„Купи карта за спас на ФК Тетекс“, апел од навивачката група Војводи https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kupi-karta-za-spas-na-fk-teteks-apel-od-navivachkata-grupa-vojvodi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kupi-karta-za-spas-na-fk-teteks-apel-od-navivachkata-grupa-vojvodi/#respond Thu, 20 Oct 2022 08:51:50 +0000 https://kurir.mk/?p=748207

Навивачката група Војводи упати апел до граѓаните со купување на повеќе билети за следење на фудбалските натпревари да му помогнат на ФК Тетекс да се спаси од финансиски проблеми. За непречено да функционира клубот потребна е поддршка уште наредните две месеци до крајот на година. – Низ историјата сме сведоци на многубројни успеси, но и падови. Дојде моментот кога треба сите заедно и сплотено како едно да донираме за спас на ФК Тетекс. Наша должност е да подадеме рака за спас, за Teтово, за македонштината, за идните тетовски генерации. Во таа насока, упатуваме повик до сите оние кои се љубители на спортот, кои го сакаат фудбалот, а пред се кои го сакаат ТЕТЕКС да помогнат така што ќе купат билети за преостанатите 7 натпревари до крајот на првата полусезона. На овој начин, секој од нас со симболични 100 денари да помогне на клубот во овие тешки денови на финансиска неиздржливост. Имено, картата за еден натпревар чини 100 денари, а може да се купат бесконечно многу карти согласно вашата финансиска можност, се вели во апелот на навивачката група Војводи. Заинтересираните граѓани може да донираат и на жиро сметка чија цел е спас за Тетекс (број на сметка: 240190116799126 УНИ Банка-цел на дознака: спонзорство за спас на ФК Тетекс). Билетите ќе може да се купат на неколку места и кафе барови низ Тетово.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/kupi-karta-za-spas-na-fk-teteks-apel-od-navivachkata-grupa-vojvodi/feed/ 0
Почина фудбалската легенда Серафим Вучески- Саре https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochina-fudbalskata-legenda-serafim-vucheski-sare/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochina-fudbalskata-legenda-serafim-vucheski-sare/#respond Sun, 03 Apr 2022 14:31:32 +0000 https://kurir.mk/?p=657795

Денеска на 79-годишна возраст почина тетовската фудбалска легенда Серафим Вучески-Саре, голман во ФК Тетекс и ФК Љуботен. И во својата тренерска кариера беше дел од двата тетовски фудбалски клубови како тренер на голманите, но и како шеф на стручен штаб. -Беше во нашиот ФК Љуботен како шеф на стручниот штаб во дел од најтешките моменти, информираа од клубот денеска. Годинава на годишнината на ФК Тетекс ја доби наградата за животно дело. Бате Саре, како што беше познат во тетовската јавност, е роден на 19 јули 1943 година]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pochina-fudbalskata-legenda-serafim-vucheski-sare/feed/ 0
Од денес ФК Тетекс на подготовки во Охрид https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/od-denes-fk-teteks-na-podgotovki-vo-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/od-denes-fk-teteks-na-podgotovki-vo-ohrid/#respond Tue, 03 Aug 2021 13:02:58 +0000 https://kurir.mk/?p=545669

Фудбалерите на Тетекс од денес се во Охрид каде ќе поминат седум дена во подготвување за следната сезона. Од 12 јули до вчера фудбалерите беа на подготовки во Тетово. – Досега беше првата фаза, кондициските подготовки со фокус на трчање и сила, а одигравме и три натпревари. Сега со одењето во Охрид влегуваме во средна фаза на подготовки со пријателски натпревари и воигрување на екипата. После враќање од Охрид ќе следи кристализирање на составот и работа на тактички замисли, изјави денес Славчо Георгиевски, шеф на стручниот штаб. Во Охрид ќе се играат дуели со Струга Трим Љум (4.8) Гостивар (5.8) и Воска Спорт (8.8). Во текот на подготовките на клубот му се приклучија и Борис Јакимовски од Беласица и Ѓорѓи Глигоров од Осогово.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/od-denes-fk-teteks-na-podgotovki-vo-ohrid/feed/ 0