флоренс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 23 Sep 2018 08:32:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png флоренс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ураганот Флоренс предизвика 44 милијарди долари економска штета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-florens-predizvika-44-milijardi-dolari-ekonomska-shteta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-florens-predizvika-44-milijardi-dolari-ekonomska-shteta/#respond Sun, 23 Sep 2018 08:32:10 +0000 https://kurir.mk/?p=104650

Економската штета од ураганот Флоренс изнесува 44 милијарди долари, проценува компанијата Муди`с. Според компанијата, штетата е еквивалентна на земјотресот што го погоди Нортриџ во Калифорнија во 1994 година. Компанијата додава дека ова е прелиминарна проценка, дополнувајќи дека „Флоренс" е меѓу десетте најштетни урагани. Ураганот „Катрина“ во 2005 година предизвика најголема штета, во вредност од 192,2 милијарди долари, додека минатогодишниот ураган „Харви“ нанесе 133,5 милијарди долари економска штета.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uraganot-florens-predizvika-44-milijardi-dolari-ekonomska-shteta/feed/ 0
Расте бројот на жртвите од ураганот Флоренс во САД https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvite-od-uraganot-florens-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvite-od-uraganot-florens-vo-sad/#respond Sat, 22 Sep 2018 07:44:11 +0000 https://kurir.mk/?p=104419

Бројот на жртвите од ураганот Фиренца во САД достигна 43, соопштија властите, пренесува БТА. Претходните извештаи посочуваа дека во ураганот загинале 41 лица. Најголемиот дел од жртвите, 32, се во Северна Каролина. Ураганот сериозно ги погоди и Јужна Каролина и Вирџинија. Агенцијата „Мудис Аналитикс“ ја проценува штетата од природната катастрофа од 38 милијарди долари до 50 милијарди долари, објави „Волсттрит џурнал“. Се очекува дека поради Флоренс ќе биде исплатено осигурување во висина меѓу 1,7 милијарди долари и пет милијарди долари. (Миа)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/raste-brojot-na-zrtvite-od-uraganot-florens-vo-sad/feed/ 0
Зошто ураганот Флоренс е сериозно опасно невреме? https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-uraganot-florens-e-seriozno-opasno-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-uraganot-florens-e-seriozno-opasno-nevreme/#respond Mon, 17 Sep 2018 15:57:33 +0000 https://kurir.mk/?p=102224

Не е случајно тоа што океаните произведуваат се поинтензивни невремиња наеднаш. Периодот од крајот на август до октомври е врв на сезоната на урагани кога се условите погодни за формирање на совршени невремиња, иако смртоносните урагани се можни во текот на целата сезона. Невремињата кои го погодуваат источниот брег на САД главно се најсилни кога потекнуваат од бреговите на Авфрима, вели Џоел Клин, метеоролог при Националната управа за океани и атмосферата. -Секој пат кога доаѓаат од Африка, имаат две недели за собирање на топла вода како би се изградиле, вели Клин. Како ураганите се формираат? Површината на типичните невремиња со низок притисок се креваат кон ладниот воздух, но ураганите се формираат на друг начин. -Во ураганот не постои ладен воздух. Повеќе се гради како димник, вели Клин. Додека воздухот влегува во ураганот од долната страна, излегува од горната. Ако струењето на ветрот е силно, ураганот се крева правејќи топлиот воздух да се пробие низ ураганот и на тој начин го ослабува невремето. Кога се струењето на ветрот е слабо, ураганот станува посреден и поефикасно минува низ топлиот воздух. Клин вели дека ураганот Флоренс е соочен со силно струење на воздухот, но сепак е во можност да го одржи својот центар за циркулација. Опасно невреме Ураганот Флоренс останал силен затоа што на својот пат наишол на само неколку копнени маси кои можеле да го направат побавен напредокот на невремето. Тоа значи дека Флоренс кога ќе дојде на копно, ќе го направи тоа со неверојатна сила и ќе предизвика големи врнежи. Поради тоа што Флоренс се покренува со топол воздух, во можност е да носи повеќе вода со себе- топлиот воздух задржува повеќе вода од ладниот воздух. Клин напоменува дека воздушните струи кои доаѓаат од планинскиот венец Апалачи, може да доведат до зголемени врнежи кога ќе се помешаат со условите на невремето. -Ураганот Флоренс може да донесе големи врнежи и длабоко зад брегот, вели Клин и додава дека во внатрешните предели одроните може да станат главна закана. Сезоната на урагани на Атлантикот трае до 30 ноември. Се очекуваат уште силни урагани, но засега Флоренс е прв.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/zoshto-uraganot-florens-e-seriozno-opasno-nevreme/feed/ 0
Флоренс продолжува да слабее, досега однесе пет животи https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/florens-prodolzuva-da-slabee-dosega-odnese-pet-zivoti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/florens-prodolzuva-da-slabee-dosega-odnese-pet-zivoti/#respond Sat, 15 Sep 2018 12:43:45 +0000 https://kurir.mk/?p=101317

Тропската бура Флоренс, што ги погоди крајбрежните региони на американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина, продолжи да слабее, соопшти денеска Националниот центар за урагани на САД. Силниот ветер и поројните дождови, што ги донесе Флоренс, ги однесоа животите на пет лица, а предизвикаа и големи поплави во делови на Северна и Јужна Каролина. Флоренс се формира како ураган над Атлантскиот Океан, но откако вчера пристигна до источниот брег на САД, ослабна на ниво на тропска бура. Според податоците на Центарот, Флоренс, во чие жариште денеска дуваат ветрови со брзина од 80 километри на час, продолжува да се движи на запад, кон сојузната држава Охајо. Метеоролозите предвидуваат дека бурата ќе продолжи да слабее како што ќе навлегува се подлабоко во континенталниот дел на САД, но и во текот на наредните денови се очекуваат поројни дождови во реоните низ кои ќе минува. Меѓу жртвите на Флоренс се и мајка и бебе, кои загинале откако откорнато дрво од силниот ветер паднало врз нивната куќа во градот Вилмингтон, како и еден човек во округот Ленор, кој го загубил животот додека се обидувал да го вклучи генераторот во неговиот дом.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/florens-prodolzuva-da-slabee-dosega-odnese-pet-zivoti/feed/ 0
Први удари од ураганот Флоренс: 160.000 луѓе останаа без струја, бројот се очекува да порасне на неколку милиони (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-udari-od-uraganot-florens-160-000-lugje-ostanaa-bez-struja-brojot-se-ochekuva-da-porasne-na-nekolku-milioni-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-udari-od-uraganot-florens-160-000-lugje-ostanaa-bez-struja-brojot-se-ochekuva-da-porasne-na-nekolku-milioni-video/#respond Fri, 14 Sep 2018 14:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=101034

Како што беше најавен најсилниот ураган можеби и во историјата, пристигна во Северна и Јужна Каролина. Најмалку 160.000 луѓе останаа без струја во Северна Каролина, каде ураганот уште не ни удрил со полна сила. Се очекува без струја да останат милиони луѓе, а обновата би можела да трае со недели. Флоренс преставува закана за околу 10 милиони луѓе, додеа милиони веќе се евакуирани, а има и голем застој на автопатите кон запад. Најмалку 12 илјади луѓе побарале сместување во вкупно 126 места наменети за тоа. Вонредна состојба е прогласена во државите Џорџија, Јужна и Северна Каролина, Вирџинија, Мериленд и Вашингтон. И покрај предупредувањата на властите, дел од жителите одбиле да ги прифатат повиците за евакуација, а некои дури и сурфаа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/prvi-udari-od-uraganot-florens-160-000-lugje-ostanaa-bez-struja-brojot-se-ochekuva-da-porasne-na-nekolku-milioni-video/feed/ 0
Два „монструми“ ги нападнаа Америка и Азија: Силните урагани Мангхут и Флоренс закана за милиони животи (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-monstrumi-gi-napadnaa-amerika-i-azija-silnite-uragani-manghut-i-florens-zakana-za-milioni-zivoti-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-monstrumi-gi-napadnaa-amerika-i-azija-silnite-uragani-manghut-i-florens-zakana-za-milioni-zivoti-video/#respond Fri, 14 Sep 2018 07:45:25 +0000 https://kurir.mk/?p=100747

Повеќе од 4 милиони луѓе на Филипините се наоѓа на патот на опасниот тајфун Мангхут, додека на источниот брег на САД се доближува разорниот ураган Флоренс. Тајфунот Мангхут има силина како ураган од петта категорија, а дува со брзина до дури 285 километри на час. Земјите ширум источна и југоисточна Азија наредуваат евакуација, а додека на Филипините беснее Мангхут, Кина ја погоди тајфунот Баријат. 12 илјади луѓе се евакуирани од провинцијата Гуандонг. Иако тајфунот Мангхут е поопасен, се верува дека ураганот Флоренс ќе донесе поголема штета затоа што погодува подрачја кои се населени и ќе разруши далеку повеќе инфраструктурни градби. Мангхут веќе е на Маршалските острови на Пацификот и во Гуан предизвика поплави и снемување на електрична енергија. Овој тајфун е со иста силина како злогласниот Хајиан, кој во 2013 година однесе 6.000 животи. На островите Црвениот крст прогласи вонредна состојба, а Дуерте, претседателот на Филипини одржа итен состанок. На патот на опасниот тајфун е и Хонг Конг. Поради тоа многу летови од овој голем град ќе бидат пренасочени или откажани. Обилните врнежи пратени со силен ветер веќе ја зафатија Северна и Јужна Каролина додека ураганот Флоренс од минута од минута се повеќе се приближува на источниот брег во САД. Врнежите кои се надворешен дел од ураганот, тој ги донел до брегот, поплавени се патишта, а во некои делови се излиле реки. Околу 12.000 објекти главно на брегот на Северна Каролина останаа без електрична енергија. Иако ураганот се спушти на категорија 2, тој останува опасен и непредвидлив, предупредуваат од Националниот центар за урагани. Предвидување дека со својата силина ќе удри на Кејп Фир во Северна Каролина во петок наутро по локално време и ќе донесе доста силни врнежи, пренесува Ројтерс. Повеќе од десет милиони жители од три американски држави се предупредени на опасност од ураганот Флоренс, соопшти американската Национална метеоролошка служба. Електроинженрска компанија „Дјук Енерџи“ соопшти дека поради ураганот без струја би можеле да останат три четвртини од нивните четири милиони корисници во Јужна и Северна Каролина, пренесува АП. Исто така, компанијата предупреди дека прекинот на снабдување со струја би можел да потрае со недели.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dva-monstrumi-gi-napadnaa-amerika-i-azija-silnite-uragani-manghut-i-florens-zakana-za-milioni-zivoti-video/feed/ 0
СЛЕДЕТЕ ВО ЖИВО: Катастрофата е пред врата, доаѓа ураганот претставен како чудовиште (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-katastrofata-e-pred-vrata-doagja-uraganot-pretstaven-kako-chudovishte-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-katastrofata-e-pred-vrata-doagja-uraganot-pretstaven-kako-chudovishte-video/#respond Thu, 13 Sep 2018 16:24:19 +0000 https://kurir.mk/?p=100573

Ураганот Флоренс се приближува до источниот брег на САД. Како што пишува "CNN", започнале жестоки ветрови проследени од дожд кои дуваат со брзина од 60 и 120 километри на час. Утрово Флоренс минал на 350 километри источно од Јужна Каролина, а на крајот на денешниот и почетокот на утрешниот ден би требало да се приближи до бреговите на Северна и Јужна Каролина. Иако ураганот Флоренс благо ослабел, метеоролозите предупредуваат дека истокот на САД и натаму го чека катастрофа од невидени размери. -Не ме интересира ни дури ако ураганот ослабе до категорија 1, рекол метеорологот на "CNN", Чед Маерс. "И натаму не чека олуја од категорија 4 и голема катастрофа", додал тој. Се очекува дека ураганот над Северна и Јужна Каролина ќе беснее цели три дена, се до недела. "Со останување си ги ризикувате животите" Американските власти дале јасно и недвосмислено предупредување до сите кои се наоѓаат на патот на силниот ураган Флоренс, јавува "CNN". Предупредувањето гласи - бегајте од ураганот и тоа веднаш! -Со останување си го ризикувате животот. Не планирајте да тргнете кога ќе почне дождот и ветерот, рекол гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер. Речиси идентична порака пратил и неговиот колега од Јужна Каролина: "Евакуирајте се. Ако тоа не го направите, оставени сте сами на себе". Властите забраниле сообраќај преку мостот во насока на островот на кој се наоѓа градот Каролина Бич, а воведен е и 24-часовен полициски час. Властите се загрижени поради фактот дека од околу 6.300 жители на тој град, 1.000 одбиле да ги напуштат своите домови, што е загрижувачки за град кој се наоѓа на помалку од два метри надморска висина. "Нашиот состав за одбрана од поплави е солиден, но сепак нема да издржи таква навала на вода. Поплавата е речиси извесна", рекол градоначалникот на Каролина Бич, Џо Бенсон. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sledete-vo-zivo-katastrofata-e-pred-vrata-doagja-uraganot-pretstaven-kako-chudovishte-video/feed/ 0
Трамп вели дека е најсилно невреме во историјата: Монструм ураганот ја удира Америка, 10 милиони луѓе на неговиот пат (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-veli-deka-e-najsilno-nevreme-vo-istorijata-monstrum-uraganot-ja-udira-amerika-10-milioni-lugje-na-negoviot-pat-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-veli-deka-e-najsilno-nevreme-vo-istorijata-monstrum-uraganot-ja-udira-amerika-10-milioni-lugje-na-negoviot-pat-foto-video/#respond Thu, 13 Sep 2018 08:44:37 +0000 https://kurir.mk/?p=100244

Властите во Јужна и Северна Каролинја ги затвораат пристаништата пред налетот на ураганот Флоренс, кој се приближува кон нивните брегови. Претседателот на САД кажа дека ова би можел да биде еден од најсилните урагани кои некогаш го погодиле источниот брег. Претседателот на Америка, Доналд Трамп уште еднаш повтори дека заштитата на животите е најголем приоритет и ги повика оние кои живеат на патот на ураганот да ги послушаат наредбите за евакуација. Предупредување за голема опасност од ураганот Флоренс добиле повеќе од десет милиони жители во три американски држави, соопшти американската Национална метеоролошка служба. Во Северна Каролина за комерцијален сообраќај се затворени пристаништата Вилмингтон и Морхед, додека во Јужна Каролина затворено е пристаништето во Чарлстон за превоз на контејнери. Можеби единствена малку добра вест за жителите на овие региони е информацијата дека ураганот Флоренс ослабел и сега се квалификува како ураган од трета категорија, соопшти вчера Националниот центар за урагани на САД, но тој и понатаму се смета за доста опасно. Од Центарот додаваат дека и понатаму постои сериозна опасност по животите на луѓето, поради обилните врнежи и налетот на силно невреме. Ураганот се наоѓа на околу 750 километри од Миртл плажата во Јужна Каролина, а забележани се ветришта од 205 километри на час, пренесува Ројтерс. Во меѓувреме, електроенергетската компанија Дјук Енерџи соопшти дека поради ураганот без струја би можеле да останат три четвртини од нивните четири милиони корисници во Јужна Каролина и Северна Каролина, пренесува АП. Компанијата исто така ги предупреди граѓаните дека прекинот во снабдувањето  со струја би можел да трае со недели. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/tramp-veli-deka-e-najsilno-nevreme-vo-istorijata-monstrum-uraganot-ja-udira-amerika-10-milioni-lugje-na-negoviot-pat-foto-video/feed/ 0
Повеќе од милион луѓе бегаат пред ураганот Флоренс https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-milion-lugje-begaat-pred-uraganot-florens/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-milion-lugje-begaat-pred-uraganot-florens/#respond Wed, 12 Sep 2018 18:57:46 +0000 https://kurir.mk/?p=100063

Долги колони од автомобили се формираа на патиштата на источниот брег на САД, каде населението почна евакуација кон внатрешноста, пред налетот на ураганот Флоренс, за кој експертите велат дека може да биде еден од најкатастрофалните досега. Повеќе од еден милион луѓе од вкупно пет во погодените области се во движење. Ударот се очекува во следните 48 часа. - Оваа бура е чудовиште. Голема е и злобна. Ова е историски ураган, екстремно опасен по живот. Тоа е причината зошто нареди взадолжителна евакуација на островите и барам од жителите на Северна Каролина да ги послушаат наредбите за евакуација по должината на брегот, изјави Рој Купер, гувернер на Северна Каролина. Ураганот е во четврта категорија, но се очекува да премине во петта - што значи дека налетите на ветрот ќе бидат посилни од 250 километри на час. Штетата може да биде огромна, а жителите на Северна и Јужна Каролина се подготвуваат. Луѓето главно се снабдиле со најосновните намирници и сега голем дел од продавниците се празни. Џеф Бајерд, претставник на Федералната управа за вонредни ситуации истакна дека ураганот Флоренс ќе биде „како удар на Мајк Тајсон по крајбрежјето на Северна и Јужна Каролина“. Американскиот претседател Доналд Трамп истакна дека безбедноста на американските граѓани му е на прво место. - Не жалиме за трошоците. Ние сме целосно подготвени, рече Трамп. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povekje-od-milion-lugje-begaat-pred-uraganot-florens/feed/ 0
ФЛОРЕНС СЕЕ СТРАВ: Милиони бегаат од разорниот ураган кој се заканува да покоси делови од САД (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/florens-see-strav-milioni-begaat-od-razorniot-uragan-koj-se-zakanuva-da-pokosi-delovi-od-sad-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/florens-see-strav-milioni-begaat-od-razorniot-uragan-koj-se-zakanuva-da-pokosi-delovi-od-sad-video/#respond Tue, 11 Sep 2018 09:49:59 +0000 https://kurir.mk/?p=99284

Федералните и локални власти во американските сојузни држави Северна и Јужна Каролина и Вирџинија наредија евакуација на 1,5 милиони луѓе од крајбрежните подрачја пред надоаѓањето на потенцијално катастрофалниот ураган Флоренс. „Вашингтон Пост“ наведува дека ваква обемна евакуација е наредена на основ искуствата од минатогодишната сезона на урагани, кои ги погодиле Тексас, Флорида и Порторико. Ураганот Флоренс продолжува да засилува, како по обемот, така и по силината, додека се приближува кон источниот брег на САД, а според најавите на Националниот центар за урагани, невремето во текот ќе се приближи со силина на категорија пет. Невремеите од силина категорија пет имаат потенцијал да предизвикаат катастрофални последици, наведува АП. Од Националниот центар за урагани предупредуваат дека постои високо ниво на уверување дека Флоренс ќе биде голем и сериозно опасен ураган. Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп одобри прогласување на вонредна состојба за Северна Каролина. Претходно гувернерот на Северна Каролина, Рој Купер изјави дека „окото на ураганот“ ќе помине преку територијата на таа држава и ги повика жителите да се припремат за високи бранови, силни ветрови и поплави. Гувернерот на Јужна Каролина, Хенри Мекмастер, наредни почеток на евакуацијата за денеска на пладне по локално време. Одлуката се однесува на сите осум окрузи долж брегот на Атлантикот, вклучувајќи го и најголемиот град на таа држава Чарлстон. Мекмастер проценил дека околу милион луѓе ќе мора да ги напуштат своите домови. Гувернерот на Вирџинија, Ралф Нортман наложи почеток на евакуација за делови од таа американска држава кои во ниската крајбрежна област, каде живеат 245.000 жители. Тој ги повикал жителите да се припремат за налет на ураганот, кој ќе го зафати целото подрачје на Вирџинија. Максималната брзина на ветрот и понатаму не се намалува и изнесува 220 километри на час.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/florens-see-strav-milioni-begaat-od-razorniot-uragan-koj-se-zakanuva-da-pokosi-delovi-od-sad-video/feed/ 0