фобија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 07 Apr 2021 06:59:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фобија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Стравовите ве откриваат: Какви сте како личност според тоа од што се плашите? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/#respond Wed, 07 Apr 2021 06:59:25 +0000 https://kurir.mk/?p=493450

Не е лесно да живеете со фобии. Тие не се појавуваат без причина, а многу влијаат на нашата личност и приоритети во животот. Експертите го објаснуваат значењето на некои од најчестите појави. Страв од висина Тоа покажува дека имате силна свест за себе, а тоа што се плашите дека сте одделени од Земјата зборува дека во животот цврсто стоите на земја, реални сте. „Чувствуваме страв кога ќе го загубиме најосновниот начин на контрола на чувствата на кои им пристапуваме на она што не интересира и се оддалечуваме од она што не плаши“, објаснува „Psychology Today“. Страв од мрак Тоа покажува дека сте креативни. Според пишувањето на „Medical Dаily“ научниците веруваат дека произлегува од генетскиот код кој  е присутен кај нас и некогаш одамна не присилувал да ги избегнуваме ноќните грабливци. Трајниот страв од мрак е поврзан и со страв од непознато. Како прво, темнината го попречува нашиот вид, а тоа ја попречува и способноста за разбирање, темнината заслепува едно од нашите најважни сетила. Луѓето кои страдаат од никтофобија создаваат некои слики од она што го гледаат или не го гледаат. Ако сте меѓу нив, тоа покажува дека имате премногу активна фантазија, односно вашиот мозок создава слики, иако пред вас ништо не гледа. Страв од пајаци Ова покажува дека сте лидер. Овој вид на страв е еден од најчестите. Според истражување спроведено во Велика Британија, од 261 испитани постари лица, 32 отсто од жените се изјасниле дека имаат страв од пајаци, како и 18 отсто од мажите. Страв од змии Овие луѓе често се заземаат за другите. Токму тоа го покажува вашиот страв од змии, кога проработува вашиот заштитнички инстинкт. Страв од крв Ова значи дека сте мирни и прибрани. Кај луѓето кои страдаат од хемофобија срцето започнува забрзано да чука кога ќе здогледаат крв или отворена рана. „Тоа покажува дека имате силен заштитнички инстинкт и обично сте мирни и прибрани во својата заедница“, објаснува доктор Џордан Ганс, невролог.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/stravovite-ve-otkrivaat-kakvi-ste-kako-lichnost-spored-toa-od-shto-se-plashite/feed/ 0
Овој страв мажите не можат да го разберат: Зошто жените се плашат да останат сами дома? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-strav-mazite-ne-mozat-da-go-razberat-zoshto-zenite-se-plashat-da-ostanat-sami-doma/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-strav-mazite-ne-mozat-da-go-razberat-zoshto-zenite-se-plashat-da-ostanat-sami-doma/#respond Sun, 14 Mar 2021 18:04:33 +0000 https://kurir.mk/?p=482055

Според една статија објавена на The Daily Mail, сè повеќе и повеќе жени се плашат да останат сами во својот дом. И покрај тоа што не станува збор за официјална фобија, голем број жени ги искусуваат истите симптоми како и кај другите добро познати фобии. Ејми Керол, 39, која е мајка на едно дете, вели дека секогаш кога нејзиниот сопруг не е дома за време на ноќта таа оди кај нејзините родители кои живеат на само 20-тина минути од нив или ги поканува тие да дојдат во нејзиниот дом со цел таа да не биде сама. Ејми објаснува дека кога е сама се чувствува непријатно и параноично бидејќи постојано ѝ доаѓаат мисли дека некој ќе провали во нејзиниот дом. Доколку направите едноставно пребарување на Гугл, ќе забележите дека постојат илјадници очајни жени кои не можат да останат сами во својот дом. Една жена го објаснува своето искуство на следниов начин: „Втора вечер по ред сум без мојот сопруг и во моментов се плашам дека некој може да провали или пак, дека веќе се крие во мојот дом. Го проверив подрумот, тоалетите и сите простории долу, но немам храброст да се качам на другиот кат за да ги проверам спалните соби и поткровјето.“ Клиничкиот психолог Лаура Галбрејт вели дека жените самите се плашат со овие мисли дека некој ќе провали во нивниот дом. „Ние живееме во индивидуалистички свет каде што сè помалку има чувство на заедница, па токму затоа и не ги знаеме нашите соседи што доведува до посилно развивање на овие стравови“, вели таа. „Но, иронијата е дека ризикот всушност е намален во модерните времиња.“ Една авторка, Ноел Хоуи, решила да напише нешто повеќе за своето искуство и целиот процес низ кој поминала борејќи се со овој страв. „Првата ноќ беше пекол. Постојано се обидував да слушнам дали има некои звуци. Исто така ги преуредив објектите на масата со цел да формираат помалку застрашувачка сенка на таванот во спалната соба и малку се опуштив кога мојот син ми побара чаша вода. Тоа ми даде изговор да станам од кревет“, вели таа. „Но, поминав 3 вечери сама и ништо не случи. Со секоја нова вечер мојот страв сè повеќе се намалуваше и успеав да најдам начин како да уживам во чаша вино или разговор со мојот син.“ Д-р Катарин Ајивор-Најгард вели дека откако жените ќе почнат разумно да размислуваат за ризикот, тие се фокусираат на слободното време како на нешто позитивно. „Испланирајте вечер која едвај ја чекате. Започнете да размислувате за тоа колку би било прекрасно конечно да ја прочитате книгата за која сте немале време или пак, згответе си вкусна вечера и наградете се со десерт. На овој начин вие нема да чувствувате толку голема анксиозност и ќе можете да ги насочите вашите мисли кон позитивната страна.“]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ovoj-strav-mazite-ne-mozat-da-go-razberat-zoshto-zenite-se-plashat-da-ostanat-sami-doma/feed/ 0