Фокскон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 23 Nov 2022 08:52:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фокскон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Работнички демонстрации во „Фокскон“, најголемата фабрика за ајфони во Кина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotnichki-demonstracii-vo-fokskon-najgolemata-fabrika-za-ajfoni-vo-kina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotnichki-demonstracii-vo-fokskon-najgolemata-fabrika-za-ajfoni-vo-kina/#respond Wed, 23 Nov 2022 08:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=765197

Во најголемата кинеска фабрика за „Ајфон“ (iPhone) , што е во сопственост на тајванскиот подизведувач „Фокскон“(Foxconn), денеска се организираа демонстрации, што можеа да се видат од снимките објавени на социјалните мрежи Веибо и Твитер. Сликите покажуваат голем број работници како шетаат по улица, а некои од нив стојат пред редот од лица во бели заштитни комбинезони и полицајци опремени за борба со демонстранти. Работниците протестираат поради спорните договори и засилената контрола за Ковид-19. Работниците извикуваа „Бранете ги нашите права“ пред полициските кордони и полициско возило со вклучени ротирачки светла. Фабриката се наоѓа до градот Џенгџу, во централната провинција Хенан. Во комплексот се вработени повеќе од 200.000 лица, од кои повеќето се наоѓаат во рамките на фабриката. Фабриката во Џенгџу во последните месеци бележи зголемување на бројот на случаи на Ковид-19. Компанијата „Фокскон“ одлучи да ја затвори фабриката и работници во неа поради избувнувањето на заразата, но стотици работници по донесената одлука побегнаа во паника од неа, кон крајот на минатиот месец. Тајванската групација е најголемиот работодавец во приватниот сектор во Кина, со повеќе од еден милион вработени низ целата земја и околу триесет фабрики и истражувачки институти. „Фокскон“ засега не излез со соопштение за јавноста во врска со демонстрациите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rabotnichki-demonstracii-vo-fokskon-najgolemata-fabrika-za-ajfoni-vo-kina/feed/ 0
Милијардер сака да купи пет милијарди дози од вакцината на БиоНТек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-saka-da-kupi-pet-milijardi-dozi-od-vakcinata-na-biontek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-saka-da-kupi-pet-milijardi-dozi-od-vakcinata-na-biontek/#respond Sat, 29 May 2021 12:54:32 +0000 https://kurir.com.mk/?p=516541

Основачот на компанијата „Фокскон“, која е главен снабдувач на технолошкиот гигант Епл, тајванскиот милијардер Тери Гоу планира да увезе на Тајван пет милиони дози антиковид вакцини на Фајзер/БиоНТек. Неодамна на Тајван беа регистрирани десетици заразени дневно, а сега за едно деноноќие е потврден многу поголем број – околу 8.000 заразени и 99 починати пациенти од коронавирусот. Досега се вакцинирани само еден отсто од 23-милионското население на Тајван, каде се нарачани 30 милиони дози од вакцините на Астра Зенека, Модерна и уште две домашни компании. Милијардерот Гоу истакна дека неговата фондација Јонглин планира да се пријави за купување на пет милиони дози од вакцината на германскиот производител БиоНТек, кои директно, без посредник би се испратиле со авион од Германија во Тајван. Шангајската фармацевтска група Фосун има договор со БиоНТек да продава вакцини во пошироката област на Кина, вклучувајќи го и Тајван, но тајванската Влада тврди дека има договор само со БиоНТек и не им верува на кинеските вакцини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/milijarder-saka-da-kupi-pet-milijardi-dozi-od-vakcinata-na-biontek/feed/ 0