фокус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Sep 2023 11:14:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фокус – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Николоски во колумна за Фокус: Борба со корупција за членство во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-kolumna-za-fokus-borba-so-koruptsija-za-chlenstvo-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-kolumna-za-fokus-borba-so-koruptsija-za-chlenstvo-vo-eu/#respond Sat, 02 Sep 2023 11:14:45 +0000 https://kurir.mk/?p=873700

 Kолумна на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за порталот „Фокус“. Неделава која што помина беше динамична како ретко кога во август. Вадењето на чисто на СДСМ и ДУИ дека немаат и нема да имаат никогаш 2/3 мнозинство за промена на Уставот под бугарски диктат е веста на само на неделата или на месецот туку на самостојноста на Македонија. Покажа ВМРО-ДПМНЕ дека може да се опстои на своите програмски и идеолошки определби и да се зачува дадениот збор. Тука сакам да ја прокоментирам интензивната дебата која се води дали изјавата на претседателот на Франција које практично против скоро проширување на ЕУ или изјавата на претседателот на ЕУ Мишел кој е по оптимистичка е повеќе важна за Македонија. Повторно се промашува суштината а тоа е дека не и треба на Македонија милостина туку заслужено членство. Ако внимателно се читаат двата говори ќе се види една заедничка линија а тоа се стандарди кои за жал Македонија пред се во делот на владеење на правото не ги исполнува. Високо корумпирана држава никогаш нема да стане членка на ЕУ. За високо корумпирана држава никој нема со прст да помрдне и да и каже на Бугарија - доста е! Напротив! Затоа битка број еден на следната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде силна битка со организиран криминал и корупција! Имајќи го се ова во предвид очаен е обидот на власта да ги менува тезите во јавност. Па дури и да сече и монтира изјави да ги става во погрешен контекст за да претстави погрешна слика во јавност. Јас сум само последна жртва на таа политика. Она што го кажав во неодамнешното интервју се оквирно следните тези - Власта преку лош и скапо платен ПР сака да ја претстави ВМРО-ДПМНЕ како антиевропска, но вистината е дека оваа влада не гледаме ниедно европско однесување. Владата има неколку скапо платени по мене лоши ПР експерти, но на крај тие си ги бираат, немам намера да бидам експерт за односи со јавност на Владата, коишто стигнале до втората лекција на односи со јавност, а тоа е обојување на наративот или приказната на црно-бело. Едните се добри другите се лоши, едните се ЗА другите се ПРОТИВ, едните се напредни другите се назадни, а сега во помодерно време едните се прозападни другите се проруски, едните демек за Европска Унија, другите наводно против, но тоа не функционира затоа што многу се измени пристапот кон јавноста особено последниве години и особено со експанзијата на интернетот, така што има и многу други лекции до коишто не стигнале овие експерти коишто ги плаќаат но тоа си е проблем на Владата. Проблем на државата е што тој наратив се форсира во јавноста, па сега владата била за ЕУ, а ние сме биле против ЕУ, тие биле напредни, а ние сме биле назадни, тие прозападни, ние антизападни, а во суштина сите знаат дека не е така затоа што ВМРО-ДПМНЕ е многу повеќе за ЕУ од Владата затоа што не гледам ниедно европско однесување оваа влада, особено во делот на криминал и корупција нема ден да нема афера, нема ден да нема проблем. Ситуацијата сега е исклучително комплицирана и исклучително тешка. Македонија мора да ги брани сопствените национални интереси. По мене битката треба да оди во два паралелни пилари. Едниот треба да е силна битка со организиран криминал и корупција затоа што членство во ЕУ значи две работи, економски просперитет и битка со организиран криминал и корупција, односно силна правна джава. Ако за економски просперитет помага многу и ЕУ со фондовите итн., воспоставувањето на функционален систем на владеење на правото е домашна работа на секоја држава. Тоа мора да го направиме за да не ценат таму повеќе. Ова е суштината на интервјуто кое беше сечено и монтирано од власта со цел да добие целосно спротив призвук. Се надевам на сите им стана јасно за каква манипулација се работи. До следниот блесок на Џабир имајте убава недела.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-kolumna-za-fokus-borba-so-koruptsija-za-chlenstvo-vo-eu/feed/ 0
Николоски во интервју за Фокус: Во ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден пратеник којшто е спремен под бугарски диктат да гласа за уставните измени https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-intervju-za-fokus-vo-vmro-dpmne-nema-nitu-eden-pratenik-kojshto-e-spremen-pod-bugarski-diktat-da-glasa-za-ustavnite-izmeni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-intervju-za-fokus-vo-vmro-dpmne-nema-nitu-eden-pratenik-kojshto-e-spremen-pod-bugarski-diktat-da-glasa-za-ustavnite-izmeni/#respond Sun, 23 Apr 2023 11:05:42 +0000 https://kurir.mk/?p=826596

Потпретеседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во интервју за „Фокус“ ексклузивно открива нови спорни моменти од договорот за изградба на Коридорите 8 и 10д кој Владата го потпиша со Бехтел и Енка. Одговара и дали во пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ некој би поддржал уставни измени, колку пратеници ќе освојат на нареедните избори, дали поранешниот лидер Никола Груевски има влијание во партијата, но и жестоко го критикува претседателот Стево Пендаровски. ФОКУС: Власта веќе го започна процесот за уставни измени со формирањето на работната група која ќе треба да ги подготви амандманите. Решени сте до крај да останете целосно надвор од овој процес? НИКОЛОСКИ: Тука гледам две прашања: прво ќе одговорам за политичкиот дел, па за правниот дел. Во однос на политичкиот дел апсолутно ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен: Овој парламентарен состав нема мандат за уставни измени и уставни измени нема да се случат. Во однос на процедурата, како што целиот процес се води незаконски и неуставно, така и овој таканарачен почеток на процедурата, којшто е целосно надвор од Уставот. Согласно нашиот Устав, многу е јасен начинот за промена на Уставот. А, тоа е: прво се формира уставно мнозинство од двотретинско мнозинство во Собранието, коешто треба да изгласа потреба за уставни измени. Потоа, се формира уставна комисија во рамки на Собранието, којашто утврдува предлог-текст. Тој предлог текст се враќа назад во Собранието и се усвојува со 61 глас, па повторно оди во уставната комисија која е задолжена да спроведе јавна дебата. Финалниот текст го враќа на финално усвојување во Собранието, за кое исто така е потребно двотретинско мнозинство. Ова вадење на процесот надвор од институциите покажува две работи: дека немаат уставно мнозинство и дека целиот процес се манипулира и нема чесна намера. ФОКУС: Првиот вицепремиер Груби во неколку наврати изјавува дека во ВМРО-ДПМНЕ има пратеници кои се за „европскиот фронт“ и би гласале за уставните измени. Има ли вистина во тоа? НИКОЛОСКИ: Ова е на класична основа на лажни вести. Артан Груби стана најлошиот елемент во оваа Влада и најкорумпираниот функционер кој го има власта. На пример, до денес нема одговорено како отвори втора државна Видеолотарија со приватен партнер и во Управниот одбор ги стави членовите на неговиот Кабинет. Единственото што продуцира се лажни вести. Во ВМРО-ДПМНЕ нема ниту еден пратеник којшто е спремен под бугарски диктат да гласа за уставните измени. Целото интервју на Николоски прочитајте го на Фокус]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-vo-intervju-za-fokus-vo-vmro-dpmne-nema-nitu-eden-pratenik-kojshto-e-spremen-pod-bugarski-diktat-da-glasa-za-ustavnite-izmeni/feed/ 0
„Фокус“: Како Арсовска со навреди и закани ја терала извршната директорка да си оди од ССК? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-kako-arsovska-so-navredi-i-zakani-ja-terala-izvrshnata-direktorka-da-si-odi-od-ssk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-kako-arsovska-so-navredi-i-zakani-ja-terala-izvrshnata-direktorka-da-si-odi-od-ssk/#respond Fri, 14 Oct 2022 09:38:58 +0000 https://kurir.mk/?p=745205

Пред четири месеци „Фокус“ објави дека актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, на 12 мај годинава била повикана на разговор во полициска станица за опожареното возило на извршната директорка на Сојузот на стопански комори, Кристина Стојановиќ. Како што веќе објави Фокус, извршната директорка, само 15 часа пред да и биде запалено возилото на крајот на февруари, добила заканувачка порака, која и била оставена во автомобилот, во која се барало веднаш да го напушти ССК, зашто во спротивно животот ќе и стане пекол. „Имаш рок до четврток. Фино и културно. Ако не напуштиш, животот пекол ќе ти стане. Ќе ве масакрираме“, се наведуваше во пораката. Понатаму, од тоа што е наведено во пораката, може да се сфати дека тој што и ги упатува заканите, и дава последна опомена да се повлече од раководното место, со оглед на тоа што не „послушала“ во изминатиот период од кога било побарано од неа. -Заплетот на приказната, кој завршува со запалено возило во скопски Аеродром, почнува многу порано, поточно уште во декември лани, кога од раководството на Сојузот на стопанските комори било побарано да поднесат оставки и да ги напуштат функциите. Се почнува со телефонски повици од непознати лица и писма со смртни закани упатени на првите двајца луѓе во бизнис – комората, претседателот Трајан Ангеловски и Стојановиќ. Раководните структури поминале голгота за целиот овој период, како што велат, исполнет со страшни трауми. Запаленото возило требало да втера страв во коски и да ја постигне замислената цел – првите луѓе да го напуштат кормилото на бизнис комората! Осум месеци по подметнатиот пожар во автомобилот, отворен е предмет во Јавното обвинителство, каде што се уште работат на случајот. Нашите извори тврдат дека тие располагаат со фотографии, пораки, телефонски повици, како и со последната порака оставен во веќе опожарениот автомобил, со која се дава, како што пишува „последната опомена“ пред да биде запалено возилото. Тоа веќе на некој начин било и остварување на досегашните закани. Кривичната пријава, која моментално се води против непознат сторител, опфаќа две кривични дела, и тоа „Загрозување на сигурноста“ според член 144, како и „Предизвикување општа опасност“, пишува Фокус. ДЕТАЛИ ОД ПОЛИЦИСКИОТ ЗАПИСНИК Сепак „Фокус“ успеа да направи увид во полицискиот записник, во кој се објаснети сите случувања што му претходеле на палењето на автомобилот на извршната директорка на Сојузот на стопанските комори. Според нивните сознанија, заканите почнуваат на 9 февруари годинава, кога извршната директорка, како што е наведено, го чекала своето малолетно дете од тренинг, кога добила телефонски повик, на кој првиот пат не се јавила, за подоцна поточно по само две минути да одговори на телефонскиот повик. Како што е наведени понатаму во записникот, на телефон и се јавило непознато машко лице, кое почнало да ја навредува со погрдни зборови и да и вели да си оди од таму каде што дошла. Кога таа прашала со кого разговара, телефонскиот повик бил прекинат. Фокус објавува дека според нивните сознанија полицискиот записник е направен на 25 февруари годинава, поточно веднаш откако било пријавено дека е опожарено возилото. Во него се објаснува дека три дена порано, на паркинг просторот во близина на зградата каде што живеела, на рачката од нејзиниот автомобил ПМВ, марка „мерцедес“ забележала бело ливче хартија, на кое и било напишана заканувачка порака, односно последното предупредување. Но, што се се случувало претходно и низ какви трауми поминала извршната директорка, која во записникот тврдела дека е уплашена за нејзиниот и живот на нејзиното семејство? Во самиот записник може да се забележи дека пред да почне голготата, на еден од состаноците на Управен одбор, лицето Драган Митковски, претседател на Сметководствена комора, за кој веќе објавивме дека е еден од поблиските соработници на Арсовска, побарал разрешување на извршната директорка, која на оваа функција била назначена од август, лани. Истиот ден, Стојановиќ на својот мобилен телефон на апликацијата „Сигнал“ добила порака од градоначалничката на Скопје, каде што е запишан и телефонскиот број од кој ја бара, кој се совпаѓа со тој што го користи Арсовска. „Добро утро, после она што си дозволила Трајан да го прави, топло ти препорачувам уште денес да се повлечеш од ССК“, по што за кратко време и се јавила на телефон на истата апликација и разговорот се движел во истата насока. Според полицискиот записник, Арсовска повторно ја замолила да ја напушти функција и да му каже на претседателот на ССК, Трајан Ангеловски, да си замине и тој од здравствени причини, бидејќи можело да му се случи нешто лошо. Овој разговор цело време го слушал и сопругот на извршната директорка. Дури еден месец подоцна, поточно на 26 јануари 2022 година, Арсовска повторно и испратила порака на извршната директорка, објави неделникот. „Од тебе порасипано створење во животот не сум видела. Нека ти е среќа“, се наведува во пораката, со која „Фокус“ располага. И од увидот во самиот записник може да се забележи дека раководството на ССК покренало ревизија за работењето од претходната година додека Арсовска се уште била претседател, за што, како што веќе објавивме, била и главната причина зошто било побарано од нив да ги напуштат раководните позиции. Ревизијата на работењето во ССК, со кое претходно управувала Арсовска, веќе било во тек и првичниот рок за потпишување бил на 28 февруари годинава, периодот и кога бил запален автомобилот. објавениот текст е дел од сторијата која е објавена во неделникот Фокус]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-kako-arsovska-so-navredi-i-zakani-ja-terala-izvrshnata-direktorka-da-si-odi-od-ssk/feed/ 0
Дисциплински мерки за несоодветно постапување на полициски службеници со новинарка од Фокус https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/disciplinski-merki-za-nesoodvetno-postapuvanje-na-policiski-sluzbenici-so-novinarka-od-fokus/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/disciplinski-merki-za-nesoodvetno-postapuvanje-na-policiski-sluzbenici-so-novinarka-od-fokus/#respond Fri, 12 Aug 2022 11:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=717619

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР постапувајќи по пријава од Здружението на новинари на Македонија за непрофесионално полициско постапување на 11.08.2022 кон новинарката на Фокус В.К. од Неготино, а во врска со поплака од страна на жена од Неготино која на 08.08.2022 удрила малолетник со автомобил на улица ,,Маршал Тито” во Неготино, за што новинарката објавила текст, утврди несоодветно извршување на работните задачи од полициски службеници и поради тоа ќе бидат изречени дисциплински мерки односно ќе биде поведена дисциплинска постапка против тројца полициски службеници, согласно колективниот договор. Министерството за внатрешни работи останува посветено на одличната соработка со новинарите и Здружението на новинари на Македонија и без никаква толеранција за вакви и слични случаи, кои ќе бидат соодветно санкционирани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/disciplinski-merki-za-nesoodvetno-postapuvanje-na-policiski-sluzbenici-so-novinarka-od-fokus/feed/ 0
Заев: Рашковски е невин- за Вилма не е сигурен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-rashkovski-e-nevin-za-vilma-ne-e-siguren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-rashkovski-e-nevin-za-vilma-ne-e-siguren/#respond Wed, 26 May 2021 18:45:23 +0000 https://kurir.mk/?p=515431

Премиерот Зоран Заев не ѝ верува на обвинителката Вилма Русковска дека поранешниот ген-сек Драги Рашковски ја злоупотребил функцијата. -Не ѝ верувам на Русковска дека Рашковски ја злоупотребил функцијата, вели Заев во разговор за „Фокус“. Заев во разговорот потенцира и дека досега не направил никаква штета на државните и на националните интереси. -Не само што ги имам сочувано, туку и доафирмирано и потврдено, тврди премиерот. Тој во разговор за „Фокус“ зборува и за очекувањата во јуни, внатрепартиските односи, актуелните афери, локалните избори…]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zaev-rashkovski-e-nevin-za-vilma-ne-e-siguren/feed/ 0
Западен Балкан во фокусот на телефонски разговор Дендиас – Вархеји https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapaden-balkan-vo-fokusot-na-telefonski-razgovor-dendias-varheji/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapaden-balkan-vo-fokusot-na-telefonski-razgovor-dendias-varheji/#respond Mon, 28 Dec 2020 12:03:22 +0000 https://kurir.mk/?p=449388

За случувањата во регионот со акцентот на Западен Балкан, како и за кампањата на ЕУ за вакцинацијата, телефонски разговарале министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, соопштија преку „Твитер“ од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Информацијата ја сподели и самиот Денедиас преку неговиот официјален „Твитер“ профил. -Телефонски разговарав со еврокомесарот Оливер Вархеји. Дискутиравме за регионалните случувања со фокусот на Западен Балкан, вклучително и кампања за вакцинација на ЕУ и соработката за справување со последиците од Ковид-19, напиша Дендиас на „Твитер“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zapaden-balkan-vo-fokusot-na-telefonski-razgovor-dendias-varheji/feed/ 0
Јанушев во интервју за Фокус: На 15 јули народот ќе го прати Заев во политичка пензија! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-vo-intervju-za-fokus-na-15-juli-narodot-kje-go-prati-zaev-vo-politichka-penzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-vo-intervju-za-fokus-na-15-juli-narodot-kje-go-prati-zaev-vo-politichka-penzija/#respond Sun, 05 Jul 2020 15:04:55 +0000 https://kurir.mk/?p=369378

Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме како СДСМ, тоа не е наша одлика, никогаш и не ни била, вели генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на пратеничката листа во третата изборна единица Игор Јанушев во мини-интервју за неделникот Фокус. -На граѓаните им нудиме разнолика програма на која ќе ја темелиме кампањата. Сметаме дека е недолично да им се претставуваме на граѓаните со лажни ветувања, туку напротив – им нудиме конкретни решенија сублимирани во програмата Проект „Обнова“. Истата ја изготвивме со помош од домашни и странски експерти и истата содржи над 300 страници, над 1.000 нови проекти кои ќе ни ја обноват државата. Опфатени се проекти од сите области: здравство, економија, инфраструктура, индустрија, земјоделство, образование, млади, спорт… Се обврзуваме дека секој дел од програмата ќе го реализираме со особено внимание – вели Јанушев. Каква кампања очекувате во рамки на третата изборна единица каде ја предводите пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ? Кои теми и прашања ќе доминираат и ќе се обидете да ги наметнете? ЈАНУШЕВ Очекувам фер и демократска кампања, не само во третата изборна единица туку и на ниво на цела Македонија, иако целокупната јавност е сведок на начинот на кој СДСМ и Зоран Заев се обидуваа да влијаат и да вршат поткуп на граѓаните. Фактот што сега се соочуваме со предизвикот на оваа здравственo-економска криза и со неуспехот на Владата предводена од СДСМ во изминативе 3-4 месеци да се справи со истата, нѐ донесе до тоа да мораме да направиме стратегија за после овие избори и после победата на ВМРО-ДПМНЕ да започнеме со преодна стратегија во насока на премостување на овој период, особено во наредните два квартали до крајот на 2020-та година. Нашата програма е со преку 1.000 проекти, нема да ветуваме нешто што не можеме да го исполниме како СДСМ, тоа не е наша одлика, никогаш и не ни била. Повеќе прочитајте на Фокус]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/janushev-vo-intervju-za-fokus-na-15-juli-narodot-kje-go-prati-zaev-vo-politichka-penzija/feed/ 0
ФОКУС ЕКСКЛУЗИВНО: ШТО ОТКРИЛА ИСТРАГАТА ЗА ЕКС-ШЕФОТ НА ФЗО­? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-ekskluzivno-shto-otkrila-istragata-za-eks-shefot-na-fzo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-ekskluzivno-shto-otkrila-istragata-za-eks-shefot-na-fzo/#respond Thu, 14 May 2020 12:26:38 +0000 https://kurir.mk/?p=345833

Ден Дончев примил австралиски долари за консултантски услуги преку компанијаод Муртино! По барање на Обвинителството за организиран криминал, Управата за финансиско разузнавање утврдила дека Дончев добил над 3 милиони денари по основ на плати од компанијата со основна дејност за интернет портали „Ремаркет“, која се финансирала исклучиво од австралиската фирма „Мегантик“, дознава Фокус. Тој објаснува дека исплатените средства од македонската „Ремаркет“ се поради консултантски услуги што и ги давал на австралиската „Мегантик“, истакнувајќи тие се уредно пријавени во Управата за јавни приходи. Меѓутоа, од Антикорупциската комисија велат дека ќе отворат постапка за случајот, бидејќи јавен функционер не смее да остварува приходи врз основа на консултантски услуги. Деталната анализа на ФОКУС, ја пренесуваме во продолжение: По тригодишно директорување со Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев пред неколку дена поднесе оставка од функцијата поради, како што образложи, семејни и здравствени причини. По експресен пат, оваа оставка беше констатирана од страна на владата, од каде посочија дека Дончев ја донел одлуката пред извесен период, меѓутоа бил замолен од Зоран Заев да издржи до изборите. Сепак, на крајот тој поднесе оставкабез да ги дочека одложените избори поради коронавирусот, што кај опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ предизвика сомнеж дека зад ваквото брзање се кријат други мотиви, очигледно алудирајќи на случајот познат во јавноста како „Диамед“. По политичките промени пред нецели 3 години, новите државни и здравствени власти почнаа да ја преиспитуваат постапката за доделување на 20-годишна концесија на „Диамед“ за давање услуги на дијализно болни пациенти во Источна Македонија. Во тој процес се вклучи и Обвинителството за организиран криминал, кое кон крајот на 2018 година отвори истражна постапка, во чии рамки издејствува замрзнување на две сметки во Монако на сопственичката „Диамед“,Вера Иванова, во вкупен износ од 11 милиони евра. Всушност, овие средства произлегуваат од продажбата на „Диамед“ на шведската компанија „Диаверум“. Една година подоцна, односно во втората половина на 2019 година, Иванова поднесе кривична пријава против Дончев и министерот за здравство Венко Филипче. Според нејзиниот исказ што се содржи во пријавата до обвинителството, тие ја опструирале продажбата на компанијата, на тој начин што ја предупредувале шведската компанија дека ќе се испитува доделувањето на концесијата на „Диамед“, иако таква постапка дотогаш се уште не била отпочната. Исто така, таа во кривичната пријава подоцна го опфати и веќе осудениот во случајот „Рекет“ Зоран Милески – Кичеец, кој, според нејзините тврдења, во името на екс директорот на Фондот за здравство барал сопственички уддел во нејзината фирма, или пак,половина од средствата од продажбата. Впрочем, Иванова првично ги пријавила Дончев и Филипче за „Злоупотреба на службена положба“, додека во проширувањето на пријавата се товарат Дончев и Милевски за кривичното дело „Уцена“. Но, како што дознава Фокус од добро упатени извори, кои имале увид врз официјална документација од надлежните институции, во рамки на предистражнара постапка покрената кон крајот на минатата година обвинителството презело мерки и дејства за проверка на Дончев поради сомнение и за „Перење на пари и други приноси“. За таа цел, обвинителството се обратило и до Управата за финансиско разузнавање, која утврдила дека тој, додека ја извршувал директорската функција, примил над 3 милиони денари по основ на плата од приватна компанија во земјава! НАДЛЕЖНИТЕ НЕ НАШЛЕ ПОКРИТИЕ НА УПЛАТЕНИ СРЕДСТВА  Според потврдени сознанија, Управата за финансиско разузнавање на чело со директорот Блажо Трендафилов го известува надлежниот јавен обвинител Наум Пановски, кој патем речено и е заменик на Вилма Русковска, дека Дончев лани, во период од 6 месеци, примил 3.120.006 денари или околу 50 илјади евра од приватната компанија „Ремаркет“. Притоа, УФП утврдила дека сите приливи кон оваа компанија доаѓаат од австралиската фирма „Мегантик“, додека најголем дел од одливите кон физички лица биле трансакции кон Дончев. Воедно, Управата го информирала обвинителството дека Дончев на две свои сметки уплатил 8.000 евра и 740.000 денари во готово, кои потоа биле трошени со картичка. „Во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по доставената кривична пријава за која покажувате интерес е оформен предмет по кој активно се постапува. Надлежен јавен обвинител кој постапува во предметот изминатиот период има издадено низа наредби, а воедно во насока на расветлување на наводите изнесени во пријавата се сослушани и лица. Истражната постапка во врска со доделувањето на концесијата за дијализа е во тек“, кусо ни изјавија од Обвинителството, додавајќи дека не можат да споделат повеќе делати во интерес на, како што велат, непречено водење на истрага. Од Управата за финансиско разузнавање, пак, ни посочија дека го имаат во предвид јавниот интерес и го ценат истражувачкото новинарство, меѓутоа не можат да споделат никаква податоци. Како што потенцираат од Управата, меѓуинституционалната соработка помеѓу органитесе карактеризира со одреден степен на доверливост. Освен тоа, објаснуваат од таму, сите дејствија преземени во предистражната и во истражната постапка од страна на јавниот обвинител или полицијата, според Законот за кривична постапка, се сметаат за тајни. „Го осудуваваме секое незаконско, непрофесионално и неетичко однесување од страна на поединци или пак институции со кое се поткопува довербата во институциите која е од особена важна кога станува збор за борба со криминалот и корупцијата. Воедно, Ве уверуваме и Вас и пошироката јавност дека по се она што било или претставувало предмет на работа на Управата е соодветно постапено согласно Законот и согласно своите надлежности од Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам“, се наведува во одговорот што ни го доставија од УФП. ФИРМА ЗА „ИНТЕРНЕТ-ПОРТАЛИ“ РЕГРУТИРА РАБОТНА СИЛА Проверките што ги извршивме во Централниот регистар покажуваат дека компанијата „Ремаркет“ е основана во 2012 година со седиште во струмичко Муртино, од каде, колку за инфомација,потекнува и Дончев. После формирањето, сопственици на компанијата, биле Ванчо Поцков и Жанко Ристов, а Ристов бил и управител на друштвото. Меѓутоа, во 2017 година нов управител станува Александар Дацев, додека минатата 2019 година нов и единствен сопственик станува Ристо Ристов. Во рамки на друштвото, чија основна дејност се „интернет-портали“, функционира и подружница лоцирана во струмичкиот трговски центар „Глобал“, чиј управител, исто така, е Дацев. Се до лани, називот на компанијата гласел „Мегантик“, исто како и австралискиот правен субјект, од каде биле реализирани сите приливи на средства кон македонската фирма. Според бизнис-регистарот на Австралија, постои фирма со оригинален назив „Megantic PTY LTD“, основана во април 2012 година, со седиште во Јужен Мелбурн, главен град на сојузната држава Викторија. Од интернет-страната на компанијата, како и од нејзиниот Линкедин-профил, може да се заклучи дека луѓе од сопственичката и управувачката структура на „Ремаркет“ се дел и од австралиската „Мегантик“, додека двата субјекта, заедно се една испостава во Манчестер, Англија, се дел од една иста бизнис-мрежа. Во одговорите што ни ги доставија, од компанијата велат дека овие субјекти функционираат на тој начин што австралиската компанија овозможува услуги исклучиво на пазарот во Австралија во доменот на таканаречен Search Engine Optimization (SEO),а притоа македонската компанија се занимава со ангажирање на работна сила затамошниот пазар. Во однос на трансакциите од австралиската кон македонската компанија, од таму посочуваат дека тие се префрлуваат за кирија, плати и други оперативни трошоци.Така, финансиските извештаи што ги извадивме, пак, покажуваат декафирмата од година во година постојано ги зголемува приходите, но и бројот на вработени. Поточно, македонската компанија „Мегантик“, неодамна преименувана во „Ремаркет“, во 2013 година, или првата заокружена година после формирањето, остварила приходи од 3,5 милиони денари и минимална добивка од само 400 илјади денари. За споредба, компанијата заклучно со ланската 2019 година остварила приходи од 25,5 милиони денари, додека добивката изнесувала околу милион денари. Па, ако на почетокот компанијата имала неколку вработени, нивниот број се повеќе се зголемувал, за сега да надмине 50 лица. ФУНКЦИОНЕР НЕ СМЕЕ ДА ЗАРАБОТУВА ОД КОНСУЛТАНСКИ УСЛУГИ Патем, и од компанијата и Дончев потврдуваат дека на оваа релација биле реализирани трансакции во вредност од 3 милиони денари по основ на плати. Како што велат од „Мегантик“/„Ремаркет“, Дончев давал консултантски услуги во периодот од 2013 до 2018 година за австралиската компанија, меѓутоа за испорачаните услуги во 2018 година одлучиле да му исплатат околу 50 илјади евра преку македонската компанија, од проста причина што тој во тоа време бил во Македонија. Иако во тоа време веќе вршел јавна функција, сепак, Дончев смета дека средствата што ги добил за консултантски услуги се целосно законски, посочувајќи дека уредно ги пријавил во Управата за јавни приходи и за нив платил соодветен данок. Арно ама, тој како јавен функционер не смеел да врши консултантски услуги и да остварува приходи по овој основ. Според Член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси, избрано или именувано лице за време на траењето на неговиот мандат е должно да ги почитува правилата за неспоивост на функција која ја врши со други функции или дејности. Згора на тоа, ставот 6 од овој член предвидува дека „Службено лице може да остварува приходи од научни, наставни, културни, уметнички и спортски активности и приходи од авторски, патентни и слични права, интелектуална и индустриска сопственост..., но никаде не се споменати консултантските услуги. Врз основа на податоците со кои располагаме и кои ги споделивме, Антикорупциската комисија најавува дека ќе отвори постапка. Доколку нивните проверки ги потврдат информациите, кои веќе ги потврдија засегнатите страни, антикорупционерите ќе отворат предмет за веродостојноста на анкетниот лист, со оглед дека тие не се пријавени во имотното досие, и покрај тоа што претставуваат приход надвор од основната плата. Откако ќе заврши оваа постапка со евентуална прекршочна санкција, тогаш од таму не исклучуваат и поведување на постапка за испитување на имотна состојба, во која вообичаено се вклучува и Управата за финансиска полиција. Додека антикорупционерите веќе најавуваат соодветна постапка за вршење на забранета дејност и непријавување на приходи, од обвинителството се уште не повикале ниту едно од споменатите лица да дадат исказ во однос на трансакциите нотирани од финансиското разузнавање. Дончев тврди дека не знаел за ваквите проверки, без оглед што досега бил двапати повикан да даде исказ во обвинителството во врска со обвинувањата од поранешната сопственичка на Диамед. Во однос на тоа, стапивме во контакт со надлежниот обвинител Пановски, меѓутоа тој одби да даде било каков коментар. Воопшто немам страв или недоумица од ваква или која било друга истрага, вели довчерашниот директор на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев. -Во претходните 20 години, не е прв пат да се води истрага од државнитеоргани против мене. Притоа, без разлика кој бил на власт и кој ја водел таа истрага, било констатирано дека се сум работел според законот – изјави Дончев. Тој додава дека нема никаква поврзаност помеѓу истрагата околу „Диамед“ и приходите што ги остварил од компанијата „Мегантик“ врз основа на консултантски услуги. -Категорично отфрлувам било каква категоризација дека со овие примања станува збор за перење на пари – вели Дончев. Поранешниот пратеник и директор на Телеком, кој во минатото беше и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ и Обединети за Македонија, вели дека досега не бил информиран дека се води ваква истрага за ова прашање. Од „Мегантик“ му се заблагодаруваат на Дончев за помошта САМО ВО 2018 МУ ИСПЛАТИВМЕ СРЕДСТВА ОД МАКЕДОНСКА ФИРМА, И ТОА ПЛАТА, НЕ ВО ГОТОВО! „Megantic PTY LTD“го ангажираше Ден Дончев за услуги од типот на анализа на маркет-потенцијал, операционална процедура и подобрување на бизнис-процеси и интергирани смектоводствени системи во периодот од 2013 до крајот на 2018 година, велат од австралиската компанија. „2018 година беше едниствената година кога сервисите на г-дин Дончев беа исплатени преку „Ремаркет“,во тип на плата, не во готово, наместо Megantic PTY LTD, бидејќи беше релоциран во Македонија. Ние сме му благодарни дека ни помогна со компаниските операции и во текот на 2018 година, иако беше ангажиран и со други работни обврски“, велат од компанијата. Од таму појаснуваат дека македонската  фирма нема активности, туку служи за ангажирање на работна сила – Специјалисти/Консултанти и Веб Девелоперс за потребите на австралиската компанија. „Компаниската основна дејност беше ставена како интернет-портали, бидејќи беше најблиското нешто до „SEO“, за кое немаше отворено ставка при отварањето на фирмата“, велат од компанијата. Од таму истакнуваат дека средствата што се праќаат во „Ремаркет“ се користатглавно за операциони трошоци во Македонија како плата, кирија итн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fokus-ekskluzivno-shto-otkrila-istragata-za-eks-shefot-na-fzo/feed/ 0
Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е фаворит на изборите, но најважно е да го заштитиме здравјето на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-e-favorit-na-izborite-no-najvazno-e-da-go-zashtitime-zdravjeto-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-e-favorit-na-izborite-no-najvazno-e-da-go-zashtitime-zdravjeto-na-gragjanite/#respond Fri, 08 May 2020 08:14:31 +0000 https://kurir.mk/?p=343374

Не велам да нема избори, ВМРО ДПМНЕ е фаворит на истите и ќе победи убедливо, но едноставно не е време за тоа во услови кога здравјето е во прашање, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус. Мицкоски е дециден дека не планира да ги спроведува, како што вели, игрите на Заев, бидејќи најважно е здравјето на граѓаните. -Да ги заштитиме прво граѓаните, да застанеме на нозе во економијата барем на нозе и потоа да организираме избори кои не само што треба да бидат слободни и фер туку и да бидат кредибилни со голема излезност. Не планирам да ги спроведувам игрите на Зоран Заев, ова не е шоу бизнис политика, туку политика каде имаме одговорниост за животите и судбините на луѓето. И токму воден од личните интереси Заев им нареди на министрите да глумат нормализација. Па ќе видите шпекулации за враќање на децата во училишта што е нон сенс, или пак тоа што Филипче ќе излезе на прес конференција и прво ќе соопшти колку има излекувани од Корона кога лекот уште не е измислен, а ќе се согласите не сме толку напредни Филипче да измислил некој лек што не го знаеме. Но работата е да се глуми нормалност. Може да каже колку се заздравени а не и излекувани, а тоа го прави за да каже дека еве работиве влегуваат во нормала а ние во меѓувреме ги броиме за жал жртвите. И кога уште се бројат мртви јас не ни помислувам на тема избори, вели Мицкоски за Фокус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-vmro-dpmne-e-favorit-na-izborite-no-najvazno-e-da-go-zashtitime-zdravjeto-na-gragjanite/feed/ 0
Мицкоски за „Фокус“: СДСМ се однесува незрело и неодговорно, велеа здравјето е најважно, а брифираа датуми за избори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-fokus-sdsm-se-odnesuva-nezrelo-i-neodgovorno-velea-zdravjeto-e-najvazno-a-brifiraa-datumi-za-izbori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-fokus-sdsm-se-odnesuva-nezrelo-i-neodgovorno-velea-zdravjeto-e-najvazno-a-brifiraa-datumi-za-izbori/#respond Fri, 08 May 2020 07:46:51 +0000 https://kurir.mk/?p=343360

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во интервју за Фокус вели дека СДСМ се однесува неодговорно во врска со коронавирусот, како и со желбата за одржување избори летово. -Кога велам да ги отвориме картите, од нас нема да чуете лицемерна политика, односно да велиме не сме за избори, а во јавноста да брифираат датуми како што тоа го прави СДСМ. Oд една страна да велат здравјето им е најважно, а од друга да туркаат избори по цена на здравјето и економијата и додека дневните здравствени биланси сеуште ги бројат жртвите. Ајде да седнеме на маса па да ги отвориме картите, а секогаш ВМРО-ДПМНЕ има џокери и адути и ако тоа е стравот на власта еве ќе кажам тогаш имаат причина за тоа, вели во имтервјуто претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочува дека лидерската средба од претседателот на државата Стево Пендаровски ја побарал затоа што е неопходна. -Државата се наоѓа во тешка економска и здравствена криза и многу прашања остануваат отворени, а се чини и дека недостасува консензус за начинот на кој се справува Владата со кризата. Во меѓувреме се отворија и повеќе други прашања, како што е инсистирањето на Заев дури и по цена на здравјето на граѓаните да има избори, и секако пречките кои се јавуваат на патот кон европските интеграции овој пат изразени во бугарскиот документ кој упорно македонските власти го криеа од јавноста. Јас не побарав лидерска за да бидам актуелен или пак да правиме политика од тоа, туку затоа што има насушна потреба за таков еден чекор. Да не се препукуваме по медиуми, туку граѓаните заслужуваат едно зрело однесување и на маса да се договориме за она што е најважно во овој момент, здравјето и економијата, смета Мицкоски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-za-fokus-sdsm-se-odnesuva-nezrelo-i-neodgovorno-velea-zdravjeto-e-najvazno-a-brifiraa-datumi-za-izbori/feed/ 0