Фолкер Пертес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Jun 2023 07:10:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фолкер Пертес – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пратеникот на ОН во Судан, Фолкер Пертес, прогласен за персона нон грата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/#respond Fri, 09 Jun 2023 07:10:34 +0000 https://kurir.mk/?p=843885

Владата на Судан соопшти дека претставникот на Обединетите нации (ОН) во оваа земја, Германецот Фолкер Пертес, е прогласен за персона нон грата. „Владата на Судан го информираше генералниот секретар на ОН дека од денеска г-дин Фолкер Пертес (...) е персона нон грата“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи. Пертес вчера беше во Адис Абеба, Етиопија, каде имаше неколку дипломатски разговори, соопштија од ОН на Твитер. Генералот Абдел Фатах ал Бурхан, кој ја предводи суданската армија, побара смена на Пертес, обвинувајќи го дека е одговорен за војната што избувна во средината на април меѓу неговите сили и паравоените формации на Мохамед Хамдан Дагло. Во писмото до ОН, генералот Ал-Бурхан го обвини Пертес дека во своите извештаи ја „прикрил“ експлозивната ситуација во Картум пред избувнувањето на непријателствата. Без тие „лаги“, како што изјави Ал Бурхан, „Дагло немаше да ги почне своите воени операции“. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenikot-na-on-vo-sudan-folker-pertes-proglasen-za-persona-non-grata/feed/ 0