Фолксваген – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 19 May 2023 13:02:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фолксваген – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фолксваген го продаде сиот имот во Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/folksvagen-go-prodade-siot-imot-vo-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/folksvagen-go-prodade-siot-imot-vo-rusija/#respond Fri, 19 May 2023 13:02:50 +0000 https://kurir.mk/?p=836452

Германскиот производител на автомобили Фолксваген ја заврши продажбата на својот имот во Русија, се наведува во соопштението на оваа компанија. Завршена е продажбата на уделот во руската групација Фолксваген, вклучувајќи ги и подружниците, се додава во соопштението. Продадена е и фабриката за автомобили во градот Калуга. Руски медиуми претходно оваа недела соопштија дека Фолксваген добил одобрение од властите во Москва да го продаде својот имот во Русија за 125 милиони евра на руската компанија Авилон. Германскиот производител на автомобили е активен во Русија долго време и отвори фабрика во Калуга во 2007 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/folksvagen-go-prodade-siot-imot-vo-rusija/feed/ 0
„Фолксваген“ претстави електричен стол за в канцеларија https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/folksvagen-pretstavi-elektrichen-stol-za-v-kancelarija/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/folksvagen-pretstavi-elektrichen-stol-za-v-kancelarija/#respond Mon, 21 Nov 2022 14:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=764277

„Фолксваген“ произведе канцелариска фотеља којашто има електричен погон и може да се движи со брзина до 20 километри на час. Електричниот стол има за цел да го направи работниот ден позабавен, а опремен е со електричен мотор, ЛЕД-светла, сирена, систем за забава, па дури и кука за приколка. Иако изгледа како столица од иднината, таа е всушност дизајнирана за да покаже некои од одликите на комерцијалните возила на германскиот автопроизводител. Системот за забава овозможува прикачување музика и друга содржина, а има и УСБ-полнач. Досегот на столчето со едно полнење на батеријата е 12 километри, што значи дека корисникот може да вози „од состанок до состанок“ без никакви грижи. Дел од столот е инфозабавен систем со општи информации за овој технолошки уред, а има и камера со сензори, одговорна за безбедно враќање назад. На задната страна има и простор за „багаж“, на пр. лаптоп или поважни документи. Столот е опремен и со кука за приколка доколку треба да донесете повеќе „багаж“ на состанокот, или пак, за превоз на колега / колешка. Столицата на „Фолксваген“ засега нема да се продава, туку ќе биде достапен за демонстрација, во Норвешка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/folksvagen-pretstavi-elektrichen-stol-za-v-kancelarija/feed/ 0
ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-i-folksvagen-ja-prekinuvaat-rabotata-vo-rusija-i-belorusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-i-folksvagen-ja-prekinuvaat-rabotata-vo-rusija-i-belorusija/#respond Thu, 03 Mar 2022 14:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=640272

Шведската компанија ИКЕА и германскиот производител на автомобили Фолксваген  денеска соопштија дека ќе ја прекинат работата во Русија, поради нападот на таа земја врз Украина. ИКЕА соопшти дека привремено ги напушта пазарите на Русија и Белорусија и дека ќе одвои околу 41 милион долари за помош на бегалците од Украина. „ИКЕА ја прекинува работата во Русија и Белорусија. Покрај тоа, ИКЕА и Фондот на ИКЕА ќе донираат повеќе од 400 милиони шведски круни во добротворни цели за да им помогнат на оние кои беа принудени да ја напуштат Украина поради војната“, се вели во соопштението. Од ИКЕА изјавија дека работните места и платите на вработените ќе бидат зачувани, а на нивните семејства ќе им пружат секаква поддршка. Германскиот производител на автомобили соопшти дека ќе го прекине производството на возила во Русија. Компанијата на Твитер објави дека извозот на нејзините возила во Русија веднаш ќе биде прекинат. Фолксваген наведе дека „многу сериозно ја сфаќа одговорноста за работниците во Русија погодени од овие мерки“ и додаде дека на сите ќе им исплати надомест за скратено работно време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ikea-i-folksvagen-ja-prekinuvaat-rabotata-vo-rusija-i-belorusija/feed/ 0
Почна судењето на поранешните менаџери на Фолксваген за измама со издувни гасови https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-sudenjeto-na-poraneshnite-menadzeri-na-folksvagen-za-izmama-so-izduvni-gasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-sudenjeto-na-poraneshnite-menadzeri-na-folksvagen-za-izmama-so-izduvni-gasovi/#respond Thu, 16 Sep 2021 15:23:05 +0000 https://kurir.mk/?p=564498

Шест години по избувнувањето на скандалот со емисијата на штетни гасови во Фолксваген, за четворица поранешни менаџери и инженери на VW денеска почна судење во германскиот град Брауншвајг за учество во глобална измама. Според обвинението, обвинетите се обвинети, меѓу другото, за комерцијална измама и затајување данок за инсталирање манипулиран софтвер на милиони автомобили, што е прв таков кривичен случај против шефовите на VW во Германија. Софтверот што беше инсталиран во нивните возила овозможи возилата на VW да изгледаат почисти од другите во лабораториските тестови, иако испуштаат многу повисоки вредности на штетни издувни гасови од дозволеното. Обвинителите на првото рочиште рекоа дека не само водечките инженери, туку и менаџерите од средното ниво и поранешните членови на одборот биле свесни за обидот за измама на властите во САД, каде што измамата за првпат излезе на виделина во септември 2015 година. Обвинетите се договориле да го прикријат постоењето на споменатиот софтвер од регулаторите за заштита на животната средина во САД, тврдат обвинителите. Фолксваген оттогаш им плати милијарди отштета на сопствениците на дизел возила на VW ширум светот, кои тврдат дека компанијата ги излажала за влијанието на нивните возила врз животната средина. VW презеде голема рекламна кампања во САД за да ги промовира своите возила со „чист дизел“. Непосредно пред почетокот на судењето, судот во Брауншвајг одлучи дека случајот против поранешниот извршен директор Мартин Винтеркорн ќе биде предмет на „посебно рочиште и одлука“. Винтеркорн (74) страда од здравствени проблеми по операција. Јавното обвинителство поднесе жалба против таквото раздвојување на постапката. Винтеркорн поднесе оставка набргу по избувнувањето на скандалот. Без оглед на исходот на жалбата, се очекува долго судење. Судењето во моментов се предвидува да трае 133 дена, што значи дека најверојатно ќе продолжи до летото 2023 година. Доколку бидат осудени, обвинетите се соочуваат со затворска казна од најмалку шест месеци до 10 години.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-sudenjeto-na-poraneshnite-menadzeri-na-folksvagen-za-izmama-so-izduvni-gasovi/feed/ 0
Ќе чини над 50 илјади евра: „Фолксваген“ го претстави новиот „Голф Р“ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-chini-nad-50-iljadi-evra-folksvagen-go-pretstavi-noviot-golf-r/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-chini-nad-50-iljadi-evra-folksvagen-go-pretstavi-noviot-golf-r/#respond Wed, 07 Jul 2021 10:57:52 +0000 https://kurir.mk/?p=533282

Најмоќниот „Голф“ повторно се нуди во попрактична верзија на каросеријата, а притоа, под лимот се крие сѐ што е во основата од која е создаден овој автомобил. Надолжни покривни носачи, голем волумен на багажниот простор (од 611 до 1.642 литри), автоматско отворање на петтата врата и повеќе простор за нозете, за патниците на задните седишта – се дел од предностите. Она што се крие зад буквата Р е истото како и во случајот со стандардната најмоќна осма генерација на „Голф“, така што семејниот „Голф Р“ се напојува со познатиот дволитарски четирицилиндричен турбо-бензински мотор којшто во своето последно издание нуди 320 коњски сили, вртежи од 420 њутн-метри и седумбрзински автоматски менувач со две квачила (ДСГ). Максималната брзина е 250 км/ч. Сепак, со опционалниот пакет „Р перформанс“, има и 19-инчни тркала, дополнителна оптимизирана програма, како и спортски 270 км/ч. Новиот автомобил, како што е најавено, ќе биде пуштен в продажбата во август, а основната цена во Германија се очекува да биде нешто повеќе од 50.000 евра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/kje-chini-nad-50-iljadi-evra-folksvagen-go-pretstavi-noviot-golf-r/feed/ 0
Поранешниот шеф на „Фолксваген“ ќе плати 10 милиони долари отштета во врска со „дизел скандалот“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shef-na-folksvagen-kje-plati-10-milioni-dolari-otshteta-vo-vrska-so-dizel-skandalot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shef-na-folksvagen-kje-plati-10-milioni-dolari-otshteta-vo-vrska-so-dizel-skandalot/#respond Tue, 01 Jun 2021 06:50:42 +0000 https://kurir.com.mk/?p=517466

Поранешниот шеф на германскиот автомобилски концерн „Фолксваген“, Мартин Винтеркорн, ќе треба да плати отштета од околу 10 милиони евра за штетата предизвикана на компанијата во врска со „дизел скандалот“, јави електронското издание „Бизнис инсајдер“. Според весникот, „Фолксваген“ претходно поднел барања за обештетување од поранешните членови на Управниот одбор поради „дизел скандалот“. Меѓу нив се поранешниот шеф на компанијата, Мартин Винтеркорн, и поранешниот прв менаџер на „Ауди“, Руперт Штадлер. Таквата одлука била донесена врз основа на податоците од финансиската ревизија на активностите на менаџерите. Против Винтеркорн и Штадлер беа поднесени побарувања за отштета во врска со кршење на нивните обврски за заштита на интересите на концернот, во согласност со законот за акционерски друштва. Истовремено, како што истакнува „Бизнис инсајдер“, реалните плаќања што повеќето менаџери ги договориле со компанијата се само симболични во поглед на сериозните последици од скандалот. Според нацрт-документите, секој од поранешните членови на Управниот одбор мора на „Фолксваген“ да му префрли по најмалку милион евра. Винтеркорн, од своја страна,  ќе плати отштета од околу 10 милиони евра, забележува весникот. Договорот за компензација се очекува да биде потпишан неделава. Појаснето е дека ова е дел од поголема зделка со швајцарската осигурителна компанија „Цирих“. Обвинителството во Брауншвајг го гони  73-годишниот менаџер и уште други четири лица за измама и кршење на законот за нелојална конкуренција. Според истрагата, Винтеркорн знаел дека во 2014 година концернот го ажурирал софтверот на автомобилите, што не го решава проблемот со емисијата на штетни гасови. Тоа било „потребно за да се скрие вистинската причина за преценетите емисии на штетни гасови на дизел автомобилите“, изјавија обвинителите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poraneshniot-shef-na-folksvagen-kje-plati-10-milioni-dolari-otshteta-vo-vrska-so-dizel-skandalot/feed/ 0
Сепак, новото име „Волтсваген“ е само првоаприлска шега? Се огласи авто-гигантот https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sepak-novoto-ime-voltsvagen-e-samo-prvoaprilska-shega-se-oglasi-avto-gigantot/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sepak-novoto-ime-voltsvagen-e-samo-prvoaprilska-shega-se-oglasi-avto-gigantot/#respond Wed, 31 Mar 2021 07:48:59 +0000 https://kurir.mk/?p=490100

Испораките на електричните ИД модели на германската автомобилска компанија - на американскиот пазар - започнаа во март, а потоа протекоа информации дека треба да се продаваат под нова марка, т.е. по име, а тоа е Волтсваген. Сепак, ништо од тоа. Познатата група не го менува своето име по 83 години, но сето тоа беше првоаприлска шега, беше речено од Фолксваген. Поточно, се споменуваше промена на името на филијалата во САД, која во иднина би се нарекувала Волтсваген Америка. Маркетинг тимот на компанијата очигледно добро ја заврши својата работа, бидејќи оваа вест помпезно ја пренесоа сите американски медиуми. Објавата за промена на името, објавена од VW вчера, е дизајнирана во духот на Светскиот ден на шегата, кој се слави секој 1 април, со цел да се сврти вниманието кон лансирањето на целосно електричниот SUV модел ID.4. Тоа е изјавата на Мајк Толберт, портпарол на компанијата во САД, за CNBC. Фолксваген треба да објави последователна изјава денес во која ќе ја објасни својата стратегија за маркетинг. Веста за промената на името најпрво ја објави WSJ, повикувајќи се на портпарол во седиштето на компанијата во Волфсбург. Инаку, Си-Ен-Би-Си пред два дена напиша дека излегла изјава од 29 април 2021 година, во која се вели: „Волтсваген е повеќе од промена на името, бидејќи претставува јавно ветување за идните инвестиции на компанијата во електро-мобилност“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/sepak-novoto-ime-voltsvagen-e-samo-prvoaprilska-shega-se-oglasi-avto-gigantot/feed/ 0
Фолксваген станува Фолтсваген: Автомобилската легенда го менува името по 83 години? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/folksvagen-stanuva-foltsvagen-avtomobilskata-legenda-go-menuva-imeto-po-83-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/folksvagen-stanuva-foltsvagen-avtomobilskata-legenda-go-menuva-imeto-po-83-godini/#respond Tue, 30 Mar 2021 11:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=489660

Од одделот за односи со медиуми на американскиот огранок на Фолксваген, на Интернет протекоа информации, кои многумина од луѓето до кои се огласи ги опишаа како првоаприлска шега! И, како не, кога вестите звучат сосема неверојатно! Имено, објавата што се појави во понеделникот открива дека американскиот огранок на германската компанија има намера да воведе ново име што ќе се користи за гамата на електрични возила, со цел да се разликува од другите модели на VW. Испораките на електричните лични карти на американскиот пазар започнаа во март, а судејќи според оваа информација, тие треба да се продаваат под нова марка - Волтсваген. Промената на името ќе ги опфати „сите американски операции на тој производител“, но новата компанија Волтсваген Америка сепак ќе биде филијала (оперативна единица) на матичната компанија Volkswagen Group of America. Како што објави телевизијата CNBC во понеделникот, протечената изјава датира од 29 април 2021 година и во неа се вели дека „Волтсваген е повеќе од промена на името, бидејќи претставува јавно ветување за идните инвестиции на компанијата во електрична мобилност“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/folksvagen-stanuva-foltsvagen-avtomobilskata-legenda-go-menuva-imeto-po-83-godini/feed/ 0
Пад на продажбата на возилата на „Фолксваген“ за 15,2 отсто во 2020 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-prodazbata-na-vozilata-na-folksvagen-za-15-2-otsto-vo-2020-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-prodazbata-na-vozilata-na-folksvagen-za-15-2-otsto-vo-2020-godina/#respond Thu, 14 Jan 2021 07:27:41 +0000 https://kurir.mk/?p=455045

Продажбата на автомобили на германската компанија „Фолксваген“ опадна за 15,2 отсто во 2020 година, на светско ниво. Главна причина за тоа е пандемијата на коронавирусот. Компанијата соопшти дека продажбата значително се подобри кон крајот на годината и дека бројот на продадени електрични возила е зголемен за трипати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pad-na-prodazbata-na-vozilata-na-folksvagen-za-15-2-otsto-vo-2020-godina/feed/ 0
„Фолксваген“ повлекува 38.000 автомобили заради проблем со педалата на сопирачката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/folksvagen-povlekuva-38-000-avtomobili-zaradi-problem-so-pedalata-na-sopirachkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/folksvagen-povlekuva-38-000-avtomobili-zaradi-problem-so-pedalata-na-sopirachkata/#respond Wed, 16 Dec 2020 18:50:09 +0000 https://kurir.mk/?p=444264

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ е принуден да повлече од пазарот илјадници свои нови автомобили поради проблеми со педалите на сопирачките, потврди портпаролот на компанијата. Ќе бидат повлечени околу 38.000 автомобили од моделите „Голф“, „Тигуан“, „Туран“ и „Т-Рок“ произведени оваа година. Од нив помалку од 17.600 возила се наоѓаат на домашниот германски пазар. Компанијата наведе дека досега не се забележани штети или несреќи поради неисправните педали. За време на интерните прегледи на возилото инженерите откриле дека плочката за педали на која се потпира ногата на возачот за време на сопирањето, во некои околности може да се искриви, па дури и одвои од подлогата. Проблемот е забележан кај автомобилите на автоматски погон и возилата прилагодени за возење по левата страна на патот. Во Европа на левата страна од коловозот се вози во Велика Британија, Ирска и во Кипар и Малта. Повлечените возила треба да се проверат и поправат доколку тоа е потребно. Германската федерална управа за автомобили го надгледува процесот на повлекување и објасни дека акцијата е иницирана поради „неисправен спој при заварување“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/folksvagen-povlekuva-38-000-avtomobili-zaradi-problem-so-pedalata-na-sopirachkata/feed/ 0