Фон дер Лејен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 10 Jun 2022 15:21:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фон дер Лејен – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фон дер Лајен со папата Франциск разговараше за војната во Украина и кризата со храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-so-papata-francisk-razgovarashe-za-vojnata-vo-ukraina-i-krizata-so-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-so-papata-francisk-razgovarashe-za-vojnata-vo-ukraina-i-krizata-so-hrana/#respond Fri, 10 Jun 2022 15:21:24 +0000 https://kurir.mk/?p=689301

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска разговараше со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, за напорите што се прават за ставање крај на војната во Украина и за ублажување на глобалната криза со храна. – Ние стоиме покрај оние кои страдаат како резултат на уништувањето во Украина. Оваа војна мора да заврши и повторно да се воспостави мир во Европа, напиша Фон дер Лајен на Твитер по средбата. Фон дер Лајен се состана и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетр Паролин и министерот за надворешни работи, надбискупот Пол Галагер, кој неодамна се врати од Украина. Ватикан соопшти дека во фокусот на разговорите со Фон дер Лајен била „заедничката посветеност на активностите за ставање крај на војната во Украина, со посебно внимание посветено на хуманитарните аспекти и на последиците од продолжувањето на конфликтот во врска со храната“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lajen-so-papata-francisk-razgovarashe-za-vojnata-vo-ukraina-i-krizata-so-hrana/feed/ 0
Фон дер Лејен ги повика САД да ја укинат забраната за влез на граѓани на ЕУ во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lejen-gi-povika-sad-da-ja-ukinat-zabranata-za-vlez-na-gragjani-na-eu-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lejen-gi-povika-sad-da-ja-ukinat-zabranata-za-vlez-na-gragjani-na-eu-vo-zemjata/#respond Wed, 04 Aug 2021 08:25:44 +0000 https://kurir.mk/?p=546005

Претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен ги повика Соединетите Американски Држави брзо да ја укинат забраната за доаѓање од Европа поради коронавирусот. –Ние инсистираме слични правила да важат за пристигнувањата од двете насоки, рече фон дер Лајен за германската медиумска мрежа РНД. Таа додаде дека епидемиолошката слика во Европската унија и САД сега е многу слична. –Треба да го решиме ова прашање што е можно поскоро, ние сме во контакт со нашите американски пријатели. Ова не смее да се одложува со недели, истакна шефицата на Комисијата. ЕУ ги стави САД на листата на трети земји за кои ограничувањата не важат од јуни, но САД продолжуваат да применуваат забрана за патување за сите луѓе што патуваат од Европската унија, со исклучок на американските граѓани или други групи како што се блиски роднини на американски државјани, дипломати и вработени.во меѓународни организации.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/fon-der-lejen-gi-povika-sad-da-ja-ukinat-zabranata-za-vlez-na-gragjani-na-eu-vo-zemjata/feed/ 0