фонд за здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Jun 2023 17:36:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фонд за здравство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Лажел дека е вработен во Фонд за здравство и од жена одзел вртоглава сума на пари! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazhel-deka-e-vraboten-vo-fond-za-zdravstvo-i-od-zhena-odzel-vrtoglava-suma-na-pari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazhel-deka-e-vraboten-vo-fond-za-zdravstvo-i-od-zhena-odzel-vrtoglava-suma-na-pari/#respond Wed, 28 Jun 2023 17:36:21 +0000 https://kurir.mk/?p=850554

Против 43-годишен гевгеличанец, МВР поднесе кривична пријава за измама откако бил откриен дека во периодот од август минатата до мај оваа година лажно се претставувал како лице врaботено во Фондот за здравство и на жена од селото Балинци и ветувал дека може да и помогне при поврат на средства во Фондот за што таа му исплатила 6.000 евра. „Надворешната канцеларија за криминалистички работи Валандово поднесе кривична пријава против И.П.(43) од Гевгелија, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во периодот од август 2022 до мај 2023 година, пријавениот преку телефон, лажно се претставувал како С.Г., вработен во Фондот за здравство, при што со нудење на помош за подигање на парични средства од Фондот, со измама ја навел А.Г. од с.Балинци да му исплати околу 6.000 евра“, велат од МВР.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/lazhel-deka-e-vraboten-vo-fond-za-zdravstvo-i-od-zhena-odzel-vrtoglava-suma-na-pari/feed/ 0
Извиси ли Мухамед Зекири: Во списокот на ДУИ за нови директори со Фондот за здравство ќе раководи Фатон Ахмети? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvisi-li-muhamed-zekiri-vo-spisokot-na-dui-za-novi-direktori-so-fondot-za-zdravstvo-kje-rakovodi-faton-ahmeti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvisi-li-muhamed-zekiri-vo-spisokot-na-dui-za-novi-direktori-so-fondot-za-zdravstvo-kje-rakovodi-faton-ahmeti/#respond Tue, 06 Oct 2020 11:54:30 +0000 https://kurir.mk/?p=412962

ТВ21, покрај предлогот на Куштрим Рамадани за директор на МЕПСО, дознава и дека Демократската унија за интеграција дала предлози за директори и на следниве претпријатија: Јавното претпријатие „Државни патишта“ директор да биде, Ејуп Рустеми, кој е актуелен директор на „Пошта на Македонија“, за Фондот за здравствено осигурување, Фатон Ахмети, Агенција за електронски комуникации, Јетон Акики, Агенцијата за лекови „МАЛМЕД“ да биде, Лирим Шабани. Во меѓувреме, за М-НАВ предложени се две имиња, Миџен Селмани и Фахредин Хамиди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/izvisi-li-muhamed-zekiri-vo-spisokot-na-dui-za-novi-direktori-so-fondot-za-zdravstvo-kje-rakovodi-faton-ahmeti/feed/ 0
„Храбро срце“: Да не го изгубиме и Христијан како Исмет, итно е потребна трансплантација на срце https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-da-ne-go-izgubime-i-hristijan-kako-ismet-itno-e-potrebna-transplantacija-na-srce/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-da-ne-go-izgubime-i-hristijan-kako-ismet-itno-e-potrebna-transplantacija-na-srce/#respond Thu, 21 May 2020 21:22:37 +0000 https://kurir.mk/?p=348932

32-годишниот Христијан Неделковски кому пред 8 години му е вградено вештачко срце е во ургентна состојба. Здружението на пациенти со механичка циркулаторна потпора на работата на срцето и нивните поддржувачи „Храбро срце“ бара Фондот за здравство да дозволи итна трансплантација. Срцето му откажува, најитно да се преземе одговорноста, не смееме да губиме повеќе ниту еден член, алармираат од здружението. Двајца со ваква дијагноза веќе починаа. Да не дозволиме на Христијан да му се случи истото. Инаку најмладиот пациент во земјава кој чека ваква операција е тринаесетгодишно девојче. А во земјава засега има повеќе од 20 пациенти на кои им е неопходно пресадување на срце.
„Спрегите со институциите во државата никако да стигнеме до тоа. Веќе двајца пациенти изгубивме поради спороста и тромоста на нашиот систем. Ајде да знаеме каде е пречката, но ние се' уште не знаеме каде е кочницата и што точно се случува со нашиот систем за конечно да не заживее трансплантацијата во Македонија. Еве и нашиот трет случај, тоа е младиот Христијан, кој се бори веќе 8 години со две пумпи за живот и е млад човек со инзвонредно голема надеж дека еден ден тоа ќе се случи и тој ќе заживее како што треба и како останатите луѓе. Но од денес е на интензивна нега и дали ние треба да изгубиме уште еден живот, и уште еден, и уште еден, за да укапираме дека нешто треба навистина да сториме на полето на хартиите. Пред Нова година побаравме одговор од државните институции како што е Министерството за здравство и Фондот за здравство. Одговорот беше дека тоа ќе се почне, тоа е во план, и дека сега коронавирусот е причина. Јас мислам дека следно ќе биде изборите, а после тоа ќе дојдат годишните одмори, и така ништо не се случува на ова поле.“ - велат од Здружението.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/hrabro-srce-da-ne-go-izgubime-i-hristijan-kako-ismet-itno-e-potrebna-transplantacija-na-srce/feed/ 0
Ден Дончев признава дека е во спрега со обвинителството да го поништи договорот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-donchev-priznava-deka-e-vo-sprega-so-obvinitelstvoto-da-go-ponishti-dogovorot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-donchev-priznava-deka-e-vo-sprega-so-obvinitelstvoto-da-go-ponishti-dogovorot/#respond Fri, 20 Sep 2019 12:21:52 +0000 https://kurir.mk/?p=242849

Ден Дончев, директор на Фондот за здравство во денешната прес-конференција, која беше организирана за правдање пред јавноста за аферата „Рекет 2“, заврши како целосно фијаско за власта. Дончев во исклучително збунувачки настап откри „повеќе од што требаше“, па така изнесе информација дека и кажал на Шведската компанија која сакала да го купи Диамед, дека против неа има истрага, со тоа и директно повредувајќи ја тајноста на истрагата. На прашањето дали во писмото кое го пратил Дончев до Швеѓаните стоело дали се водело истражна или предистражна постапка, тој кажа дека во првото писмо пишувало дека ќе се води истрага, по првично негирање. -Значи вие сте ја измамиле шведската фирма дека во моментот се води истрага, праша новинарот. На што Дончев одговори дека само им кажал за намерите да се води истрага. По што новинарот во потпрашање запраша дали всушност Дончев знаеле дека ќе се води истрага, на што тој кажа апсолутно да.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/den-donchev-priznava-deka-e-vo-sprega-so-obvinitelstvoto-da-go-ponishti-dogovorot/feed/ 0
Ништо од укинувањето на квоти за лекови! https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nishto-od-ukinuvanjeto-na-kvoti-za-lekovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nishto-od-ukinuvanjeto-na-kvoti-za-lekovi/#respond Fri, 06 Sep 2019 11:54:58 +0000 https://kurir.mk/?p=237807

Фондот за здравствено осигурување одлучи квоти да нема само во аптеките во туристичките места. Исто како за август, така и за септември, нема никаква промена. Без квоти се аптеките во Охрид, Струга, Ресен и Гевгелија. Во останатите градови во аптеките квотите остануваат. Ова е одлучено на седница на Управниот одбор на Фондот за здравствено осигурување. За тоа како ќе биде следните месеци потребна е нова одлука на ФЗО. Во аптеките во Скопје вработените велат дека биле известени деновиве. -Месецот стартуваше и немавме информација на први септември. Можеби не беше доставено известувањето. Но, сега имаме и официјално соопштение дека квотите остануваат, вели вработена во аптека. Директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев и министерот за здравство пред неколку месеци најавија дека ќе следи укинување на квотите. Но според информациите од ФЗО за септември тоа нема да биде случај. Граѓаните пак изненадени, мислат дека лекови ќе може да земат на рецепта во текот на целиот месец. -Бев во аптека вообичаено чекав ред, ама ми требаат уште некои лекови што не ги земав. Мислам дека ќе може во текот на месецот да ми ги дадат на рецепта, вели граѓанин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nishto-od-ukinuvanjeto-na-kvoti-za-lekovi/feed/ 0
Филипче и Дончев матичните лекари ги прават административци, а пациентите ги малтретираат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-donchev-matichnite-lekari-gi-pravat-administrativci-a-pacientite-gi-maltretiraat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-donchev-matichnite-lekari-gi-pravat-administrativci-a-pacientite-gi-maltretiraat/#respond Fri, 06 Sep 2019 11:50:24 +0000 https://kurir.mk/?p=237799

Фондот за здравствено осигурување вчера им соопшти на матичните лекари дека за да му издадат на пациентот рецепт ќе мора да одат кај него со здравствена книшка, електронска картичка, документ за идентификација. Со ова умира електронското здравство, лекарите стануваат писари, а пациентите се малтретираат, коментираат матичните лекари. Ова задолжување од ФЗО потпишано од двајцата директори Ден Дончев и Орхан Демири, следи и покрај ветувањата дека администрацијата за лекарите ќе се намали. Или лекарите помалку ќе пишуваат повеќе ќе им се посветат на пациентите. Сега со овие измени пациентот кај матичниот лекар ќе треба да оди со сета документација, иако истата матичните ја имаат електронски. -Сега се бара осигуреникот за да добие здравствена услуга да носи се со себе, а на пациентите матичниот доктор кој ги води им го знае и бројот на кондури да речеме. Секој доктор за пациентот си ја има целата документација и знае се, револтирано коментира докторка. И додека претходниот министер за здравство Арбен Таравари изјави дека не треба ниту здравствена книшка, ниту електронска картица, и оти може само со лична карта и пасош да оди на лекар и осигуреникот да добие здравствена услуга, сега се бара пациентот да носи се со себе. -Сега со оваа наредба од менаџерскиот тим на Фондот се враќаме во времето од пред 9 години кога во здравствена легитимација им се запишуваше секоја посета на доктор, терапијата, боледувањата. И наместо ветувањето за намалување на административната работа во примарно здравство да се реализира надлежните не враќаат само назад, коментира докторка. Според фелата ова покажува неспособност да се реализира изборната програмата, како и да се затскрие фармацевтската криминална мафија. И сето тоа се прави на грбот на докторите. -Со ова наместо напредување на електронското здравство, тоа умира, коментираат докторите. Дел од докторите информираат дека во тек се подготовки за да се реагира до надлежните.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/filipche-i-donchev-matichnite-lekari-gi-pravat-administrativci-a-pacientite-gi-maltretiraat/feed/ 0
ФЗОМ се огласи со реакција по тврдењата на таткото на починатото девојче https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-se-oglasi-so-reakcija-po-tvrdenjata-na-tatkoto-na-pochinatoto-devojche/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-se-oglasi-so-reakcija-po-tvrdenjata-na-tatkoto-na-pochinatoto-devojche/#respond Fri, 24 Aug 2018 10:53:43 +0000 https://kurir.mk/?p=91572

Фондот за здравствено осигурување уште еднаш изразува најдлабоко сочуство за трагично изгубениот млад живот. -ФЗО сака да укаже дека во конкретниот случај на Ева, одлуката за лекување во странство ја донесе лекарската комисија врз основа на добиените медицински податоци и конзилијарното мислење, како и врз основа на добиените понуди од странските болници. Потенцираме дека Фондот побара понуди од 22 странски болници, меѓу кои беа и болниците од Гисен и Дизелдорф. Понуди по барањето се добиени од Медикал Парк Истанбул, Турција, Газиосман Паша Истанбул, Турција и Бамбино Гесу Рим, Италија. Имајќи ја предвид итноста на случајот и согласно добиените понуди, комисијата одлучила соодветно во рок од 48 часа. Сакаме да нагласиме дека понуди од болниците во Гисен и Дизелдорф не се добиени ниту презентирани во Фондот од страна на барателот, се наведува во реакцијата на ФЗОМ. Од Фондот велат дека понудата од болницата во Дизелдорф која денес беше презентирана во јавноста, воопшто не била ниту доставена ниту презентирана во Фондот. -Дополнително, писмото од болницата во Гисен до семејството на Ева е само информативно електронско писмо, кое нема конкретни елементи на понуда. Комисијата не можела да земе предвид при одлучувањето за избор на лекувањето, понуда која не е презентирана. Фондот ја разбира желбата на родителот како и на сите родители за лекување на нивните деца каде што тие сметаат дека е најдобро, но Фондот работи во рамките на законските прописи и процедури кои ги вклучуваат двете лекарски комисии (првостепена и второстепена) составени од 14 еминентни медицински стручњаци, чија задача  е да ја изберат најсоодветната понуда за секој барател кој бара лекување во странство, базирано на здравствената состојба како и на критериуми на солидарност и правичност за сите осигурени лица подеднакво. Фондот сака да укаже дека за жал, лекувањето во странство не секогаш е гаранција за успешност и излекување. Во последните 12 месеци непосакуван крај на лекување имало и во други европски земји каде биле испратени осигурениците на лекување меѓу кои и Германија и Италија, порачуваат од ФЗОМ. Сведоштвото на таткото на ЕВА, прочитајте го ТУКА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fzom-se-oglasi-so-reakcija-po-tvrdenjata-na-tatkoto-na-pochinatoto-devojche/feed/ 0
Чистка на раководителите во Фонд за здравство, се менуваат и тие кои бројат денови до пензија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chistka-na-rakovoditelite-vo-fond-za-zdravstvo-se-menuvaat-i-tie-koi-brojat-denovi-do-penzija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chistka-na-rakovoditelite-vo-fond-za-zdravstvo-se-menuvaat-i-tie-koi-brojat-denovi-do-penzija/#respond Fri, 27 Jul 2018 07:57:23 +0000 https://kurir.mk/?p=81646

Додека пред македонските граѓани и пред меѓунардната заедница, Владата на чело со СДСМ манипулира ветувајќи професионализација на администрацијата, на домашен терен и во македонските институции истовремено го спроведува спротивносто, односно продолжува да спроведува притисоци врз професионалците и гола партизација на институциите. Имено, извесен период раководните структури во Фондот за здравствено осигурување повикувале, а и се уште повикуваат на разговор службеници со звање - раководител на подрачна единица на Фонд за здравство. За време на истиот, се бара од нив да потпишат изјави за согласност за преминување на друго работно место. Оваа пракса не се појавува за прв пат и само во оваа институција, туку и во други и тоа веднаш по доаѓањето на власт се правеше во помалку или повеќе во речиси сите институции. Па така искусни професионалци со долгогодишно искуство во службата им се врши притисок да се согласат доброволно да ги отстапат своите работни места, стекнати согласно Законот за јавни службеници. Целта е една, нивните работни места присилно треба да отстапат и да се вдомат партиските кадри на СДСМ. Според информации од упатените, десеттина лица потпишале согласност да бидат префрлени на друго работно место, а станува збор за околу триесеттина раководни лица. Меѓу нив  е и раководител кој има околу два месеци до пензија. Додека раководните структурии немаат слух, а не го почитуваат ниту законот јавноста бара одговори. Зошто се прави ова? Како може да има потреба во исто време да се сменат сите раководители на подрачните единици? Зарем сите направиле пропуст во исто време?! Зарем сите се несооодветни како кадар за местото на кое се поставени?]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/chistka-na-rakovoditelite-vo-fond-za-zdravstvo-se-menuvaat-i-tie-koi-brojat-denovi-do-penzija/feed/ 0