фонд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 07 Sep 2023 18:03:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фонд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 УЕФА го зголеми фондот за клубовите без пласман во групната фаза https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-zgolemi-fondot-za-klubovite-bez-plasman-vo-grupnata-faza/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-zgolemi-fondot-za-klubovite-bez-plasman-vo-grupnata-faza/#respond Thu, 07 Sep 2023 18:01:37 +0000 https://kurir.mk/?p=875841

Фудбалските клубови кои нема да успеат да се пласираат во групната фаза во едно од трите европски клупски натпреварувања од следната сезона ќе добијат поголем дел од приходот од УЕФА, согласно новиот модел на распределба објавен денеска. УЕФА и Здружението на европски клубови (ЕЦА) потпишаа нов договор со важност до 2030 година, кој „ќе ја засили долгорочната стабилност и одржливиот раст во европскиот клупски фудбал“, се наведува во официјалното соопштение. Здружението на европски лиги, кое ги застапува професионалните фудбалски лиги во Европа, прецизираше од своја страна дека измените ќе донесат 308 милиони евра за распределба меѓу клубовите, во споредба со сегашните 175 милиони евра. „Денешната објава ќе им помогне на сите клубови ширум Европа да ја зачуваат својата конкурентност на теренот и надвор од него, додека продолжуваат да инвестираат во младите и развојот на таленти“, се додава во заедничкото соопштение на УЕФА и ЕЦА.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/uefa-go-zgolemi-fondot-za-klubovite-bez-plasman-vo-grupnata-faza/feed/ 0
Нов фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари и наменет за инвестиции во европски стартап компании https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-fond-na-nato-vreden-1-1-milijarda-dolari-i-namenet-za-investitsii-vo-evropski-startap-kompanii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-fond-na-nato-vreden-1-1-milijarda-dolari-i-namenet-za-investitsii-vo-evropski-startap-kompanii/#respond Tue, 21 Mar 2023 09:56:37 +0000 https://kurir.mk/?p=814450

Новиот фонд на НАТО, вреден 1,1 милијарда долари, е наменет за инвестиции во европски стартап компании кои развиваат технологија и апликации со можни воени или одбранбени цели и ќе биде со седиште во Холандија. Холандското Министерство за економија соопшти дека фондот официјално ќе биде пуштен во употреба за време на годишниот самит на НАТО во јули. „Очекуваме дека лансирањето на овој фонд во Холандија ќе им олесни на иновативните холандски стартапи да го пронајдат својот пат до капиталот, преку стимулирање решенија и за социјалните и за воените проблеми“, се вели во соопштението. Најавувајќи го овој фонд минатата година, Алијансата соопшти дека меѓународниот фонд треба „да ги обедини владите, приватниот сектор и академската заедница за да ја зајакне технолошката предност на НАТО“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nov-fond-na-nato-vreden-1-1-milijarda-dolari-i-namenet-za-investitsii-vo-evropski-startap-kompanii/feed/ 0
Грција добива 3,6 милијарди евра од Фондот на ЕУ за закрепнување од коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-dobiva-3-6-milijardi-evra-od-fondot-na-eu-za-zakrepnuvanje-od-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-dobiva-3-6-milijardi-evra-od-fondot-na-eu-za-zakrepnuvanje-od-koronavirusot/#respond Fri, 08 Apr 2022 19:51:17 +0000 https://kurir.mk/?p=660549

Грција добила исплата на 3,6 милијарди евра од доделените 30,5 милијарди од Фондот на Европската унија за закрепнување од пандемијата на коронавирусот, изјави денеска потпретседателот на Европската комисија, Валдис Домбровскис. Домбровскис разговараше преку видео врска со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис за време на неговата посета на Атина, бидејќи е позитивен на коронавирус. Европскиот фонд за закрепнување обезбедува за Грција 12,7 милијарди евра заеми и 17,8 милијарди евра грантови до 2026 година, што е олеснување за земјата која штотуку излезе од децениската финансиска криза, а веднаш се соочи и со пандемијата на коронавирусот. -Актуелната војна во Украина покажа колку брзо може да се променат настаните и дека сега сме во поинаква геополитичка реалност, рече Домбровскис. Тој изјави дека тоа само ја илустрира потребата ЕУ да остане обединета пред руската бруталност и да се придржува до политиката за градење економска и социјална отпорност. -Фондот ќе и помогне на Европа да остане силна дури и во лоши, како и во добри времиња, и заедно да ја градиме иднината, рече тој. Планот предложен од Грција, при аплицирањето за средства, се фокусира на еколошките и дигиталните реформи, вработувањето и приватните инвестиции. Премиерот Киријакос Мицотакис рече дека добро ќе ги искористи средствата и дека ќе остане на вистинскиот пат, бидејќи неговата влада е посветена на реформите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-dobiva-3-6-milijardi-evra-od-fondot-na-eu-za-zakrepnuvanje-od-koronavirusot/feed/ 0
Премиерлигашите бараат формирање на голем фонд за помош на клубовите за време на пандемија https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premierligashite-baraat-formiranje-na-golem-fond-za-pomosh-na-klubovite-za-vreme-na-pandemija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premierligashite-baraat-formiranje-na-golem-fond-za-pomosh-na-klubovite-za-vreme-na-pandemija/#respond Tue, 05 Oct 2021 11:33:46 +0000 https://kurir.mk/?p=573300

Водечките клубови од Премиер лигата побараа фонд од повеќе од милијарда фунти, пренесува „Фајненшл тајмс“. Целта на оваа мерка е да им се помогне на клубовите што земаат заеми со високи каматни стапки за време на пандемија. Како што е наведено, вкупните загуби на клубовите од првата дивизија за време на пандемијата на коронавирус достигнаа две милијарди фунти, принудувајќи ги да земат заеми за да ги покријат итните трошоци за плата и нови договори. Фондот треба да помогне да се избегне контакт со доверители при иден приход од трансфери или други трансакции. Така, на клубовите ќе им се обезбеди нов механизам за финансирање што ќе обезбеди кредитна линија од 1-1,5 милијарди фунти. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/premierligashite-baraat-formiranje-na-golem-fond-za-pomosh-na-klubovite-za-vreme-na-pandemija/feed/ 0
Втор ден од самитот на ЕУ за буџетот и фондот за опоравување https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-samitot-na-eu-za-budzetot-i-fondot-za-oporavuvanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-samitot-na-eu-za-budzetot-i-fondot-za-oporavuvanje/#respond Sat, 18 Jul 2020 10:17:46 +0000 https://kurir.mk/?p=378056

Лидерите на ЕУ денеска повторно се на состанок во Брисел, во обид да постигнат договор за пакетот за опоравување на ЕУ, што вклучува седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19. Пленарната средба почна во 11 часот, а и претходеше работен појадок организиран од претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, за лидерите на Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија. Првиот ден на самитот заврши без консензус по 13 часа разговори. На маса е „пакет“ вреден 1.824 милијарди евра, што вклучува 1.074 милијарди евра за буџетот на ЕУ за периодот од 2021 до 2027 година и Инструментот за обновува од 750 милијарди евра. Предлогот на Европската комисија е ЕУ да се задолжи во наредниот период на светските пазари на пари до износ од не повеќе од 750 милијарди евра, од кои земјите и регионите на ЕУ ќе имаат заеми од 250 милијарди евра и грантови до 500 милијарди евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vtor-den-od-samitot-na-eu-za-budzetot-i-fondot-za-oporavuvanje/feed/ 0
Власта си тераше кампања, а граѓаните оставени без надоместок за боледување и породилно https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-si-terashe-kampanja-a-gragjanite-ostaveni-bez-nadomestok-za-boleduvanje-i-porodilno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-si-terashe-kampanja-a-gragjanite-ostaveni-bez-nadomestok-za-boleduvanje-i-porodilno/#respond Fri, 17 Jul 2020 09:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=377504

Владата на СДСМ очигледно толку навлезе во кампањата за изборите и ги ангажираше своите партијци во институциите на ова поле, што тотално заборави на граѓаните. Граѓаните се бесни и очајни затоа што нивните законски надоместоци доцнат и неизвесно е кога ќе ги добијат. Ги убива, велат, не само доцнењето, туку и неконзистетноста на ислатите, кои некогаш се исплаќаат на средина, некогаш на крај на месец, некогаш, пак, ги нема и по два месеца, па не можат ни да планираат кога би го имале следниот прилив. Загриженост, неизвесност, стрес. Вака им поминуваат деновите на лицата што користат боледување, родителите што се на породилно отсуство, како и останатите лица што своите основни средства за живот ги чекаат преку државната каса. Плата законски се зема до 15-ти, а боледувања кога, реагираат граѓаните, прашувајќи „Кога ќе ви текне ќе исплатите боледување?“ Не сме битни ние што сме на боледување, па нека си течат камати на рати на пр, суплеметни и лекови не мора да се купат кој не е*е, храна ние нема потреба да конзумираме ние сме на боловање! Еј не сте свесни колкави гревови правите! Удирате по најосетливите! Па да вие само така знаете! Избори праевте со наши пари и на крај ги потрошивте парите и за најосетливата група? СРАМОТА!!, реагираат на социјалните мрежи. Со дополнителни проблеми се соочуваат и оние што отсустваат од работа поради бременост, раѓање и родителство и посвојување, а кои поради корона-кризата остануваат дома до истекот на траењето на времените мерки за заштита од ширење и превенција од коронавирусот. Тие сè уште се дома, не можат да работат зошто градинките сè уште се затворени, и се оставени на милост и немилост на Фондот за здравствено осигурување. Меѓу нив има и самохрани мајки на кои ова им е единствениот приход, а и такви каде другиот родител ја изгубил работата во новонастанатава ситуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/vlasta-si-terashe-kampanja-a-gragjanite-ostaveni-bez-nadomestok-za-boleduvanje-i-porodilno/feed/ 0
Фонд од над 6 милиони долари ќе им помогне на 800 тенисери ширум светот https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fond-od-nad-6-milioni-dolari-kje-im-pomogne-na-800-teniseri-shirum-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fond-od-nad-6-milioni-dolari-kje-im-pomogne-na-800-teniseri-shirum-svetot/#respond Tue, 05 May 2020 14:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=342007

Раководните тела во светскиот тенис планираат оваа недела официјално да објават создавање фонд, со кој ќе им се помогне на играчите полесно да се справат со финансиските ефекти од пандемијата од коронавирус. Фондот вреди повеќе од 6 милиони долари и ќе поддржува 800 играчи во сингл и двојки, според „АП“, повикувајќи се на извор. Доколку рамномерно се распределат 6 милиони долари, тоа значи 7.500 по играч. „АП“ додава дека условите за добивање парична помош се очекува да бидат рангот на играчите и освоените од нив парични награди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fond-od-nad-6-milioni-dolari-kje-im-pomogne-na-800-teniseri-shirum-svetot/feed/ 0
Вработен во Фондот за пензиско пет години подигнувал пензија од починато https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-fondot-za-penzisko-pet-godini-podignuval-penzija-od-pochinato/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-fondot-za-penzisko-pet-godini-podignuval-penzija-od-pochinato/#respond Wed, 19 Feb 2020 15:29:29 +0000 https://kurir.mk/?p=306102

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во март 2019, К.Ф.(53) од с.Вејце,тетовско, бил повикан во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и му биле побарани документи за продолжување на пензија на неговата мајка, на што тој кажал дека неговата мајка е почината во 2013 и дека не знаел дека требало да пријави во Фондот. Исто така, од Фондот го информирале дека на име на неговата мајка од 2013 до 31.01.2018 од Фондот биле исплатени 247.836 денари, за кои кажал дека тој не ги подигнал. Притоа, од Фондот му бил издаден листинг со кој извршил проверка во Македонска пошта во Тетово, при што било утврдено дека пријавениот ги подигнал паричните средства на име на мајката на оштетениот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/vraboten-vo-fondot-za-penzisko-pet-godini-podignuval-penzija-od-pochinato/feed/ 0