фондови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Jun 2023 19:50:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фондови – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕК ќе побара суспензија на фондовите наменети за Приштина https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-ke-pobara-suspenzija-na-fondovite-nameneti-za-prishtina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-ke-pobara-suspenzija-na-fondovite-nameneti-za-prishtina/#respond Tue, 27 Jun 2023 19:49:35 +0000 https://kurir.mk/?p=850267

Генералниот директор на Генералниот директорат на ЕК за соседство и преговори за проширување, Јан Герт Копман денеска во Брисел изјави дека ќе предложи листа на санкции за властите во Приштина поради непочитување на барањето за деескалација во северно Косово. Како што јави БЕТА, санкциите вклучуваат стопирање на работата на телата во рамките на Договорот за стабилизација и асоцијација, ќе го прекинеме финансиското планирање за Косово и инвестициските предлози за Западен Балкан, истакна Копман на седницата на Комитетот за надворешна политика на Европскиот парламент (АФЕТ). Тој додаде дека за Косово ќе биде прекината поддршката преку процесот на јавни набавки и потпишувањето на нови договори, како и посетите на високо ниво. Косовските власти не одговорија на барањата на претставниците на ЕУ за понатамошни чекори и затоа ЕК ќе воведе привремени санкции, посочи Копман и додаде дека има малку знаци дека ќе дојде до деескалација од страна на Приштина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/ek-ke-pobara-suspenzija-na-fondovite-nameneti-za-prishtina/feed/ 0
ЕК: Никогаш нема да суспендираме ЕУ фондови поради различно мислење https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-nikogash-nema-da-suspendirame-eu-fondovi-poradi-razlichno-mislenje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-nikogash-nema-da-suspendirame-eu-fondovi-poradi-razlichno-mislenje/#respond Tue, 12 Jul 2022 10:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=703793

Европската комисија остро реагира по наводите што се појавија во одредени медиуми дека на организациите кои се критични кон францускиот предлог за старт преговорите на земјава со ЕУ ќе им бидат укинати средства од европските фондови, јави дописничката на МИА од Брисел. На прашање на МИА дали овие наводи се точни или оправдани на каков било начин, портпаролите на Европската комисија порачаа дека извршното тело на ЕУ „никогаш не се заканува поради различно мислење“. – Овие наводи се неосновани. Граѓанското општество е клучна компонента на кое било демократско општество и клучен партнер во процесот на пристапување на Северна Македонија кон ЕУ, пишува во писмената реакција испратена од портпаролите за надворешна политика Набила Масрали и Петер Стано и за проширување Ана Писонеро. Од Европската комисија понатаму истакнуваат дека институцијата „секогаш покажувала силна заложба за поддршка на граѓанското општество“. – Не само што Комисијата никогаш не би размислила да суспендира фондови за искажано мислење од страна на членови на граѓанското општество, туку такво делување не би било во согласност со регулативата за ИПА 3 и со тоа би било невозможно, додаваат портпаролите на Европската комисија за МИА. ИПА 3 се фондовите од претпристапниот процес кон ЕУ. Пред неколку дена одредени медиуми лиферуваа информација дека „високи дипломатски извори во Брисел“ биле незадоволни што неколку организации и тинк-тенкови објавија критичен став кон францускиот предлог за преговарачката рамка за Северна Македонија и дека на овие организации „им се заканувало укинување на фондовите од ЕУ“. Европската комисија ова целосно го демантира и потсетува дека правилата за добивање фондови од ЕУ се јасни и предмет на строг надзор. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ek-nikogash-nema-da-suspendirame-eu-fondovi-poradi-razlichno-mislenje/feed/ 0