форбс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 25 Aug 2023 17:33:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png форбс – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ѓоковиќ е најплатен тенисер на светот – еве кои се во ТОП 10 листата и колку заработуваат https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-e-najplaten-teniser-na-svetot-eve-koi-se-vo-top-10-listata-i-kolku-zarabotuvaat/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-e-najplaten-teniser-na-svetot-eve-koi-se-vo-top-10-listata-i-kolku-zarabotuvaat/#respond Fri, 25 Aug 2023 17:33:14 +0000 https://kurir.mk/?p=870989

Форбс го објави годишното рангирање на најплатените тенисери/ки земајќи ја предвид заработката од септември 2022 до август 2023 година. Новак Ѓоковиќ за прв пат се најде на врвот на оваа листа со 38,4 милиони долари. Топ 10 најплатени тенисери и тенисерки според Форбс: 1. Ѓоковиќ - 38,4 милиони (13,4 милиони на теренот + 25 милиони надвор од теренот); 2. Карлос Алкараз - 31,4 милиони (11,4 + 20); 3. Ига Швјонтек - 22,4 милиони (8,4 + 14); 4. Данил Медведев - 20,1 (7,1 + 13); 5. Рафаел Надал - 15,5 (1,5 + 14); 6. Ема Радукану - 15,3 (0,3 + 15); 7. Коко Гауф - 15,2 милиони (3,2 + 12); 8. Каспер Руд - 14,4 (6,4 + 8); 9. Наоми Осака - 12,1 (0,1 + 12); 10. Џесика Пегула - 10,9 (4,9 + 6). (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/gokovik-e-najplaten-teniser-na-svetot-eve-koi-se-vo-top-10-listata-i-kolku-zarabotuvaat/feed/ 0
Таа официјално е најбогатата актерка во светот: Тежи 440 милиони долари и наскоро ќе го зголеми своето богатство https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-ofitsijalno-e-najbogatata-akterka-vo-svetot-tezhi-440-milioni-dolari-i-naskoro-ke-go-zgolemi-svoeto-bogatstvo/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-ofitsijalno-e-najbogatata-akterka-vo-svetot-tezhi-440-milioni-dolari-i-naskoro-ke-go-zgolemi-svoeto-bogatstvo/#respond Sat, 03 Jun 2023 16:28:47 +0000 https://kurir.mk/?p=841775

На листата на најбогати жени во Америка што ја објави магазинот Форбс, Рис Витерспун се најде на 59. место. Четириесет и седумгодишната Витерспун во последните години се покажа како многу способна бизнисменка. Прецизната листа на магазинот Форбс ја позиционираше на 59. место на најбогати. Таа е рангирана помеѓу Доли Партон и Барбра Стрејсенд, а нејзината нето вредност е неверојатни 440 милиони долари. Во 2016 година, таа ја основа медиумската компанија Hello Sunshine, која има продуцирано наградувани филмови и ТВ емисии, вклучувајќи Gone Girl, Big Little Lies, Daisy & The Six и Little Fires Everywhere. Ја основала и продуцентската куќа „Пацифик Стандард“, сакајќи да обезбеди сериозни филмски улоги. Го продаде Hello Sunshine во 2021 година за 900 милиони долари. Актерката сè уште поседува околу 18 отсто од компанијата. Таа, исто така, го основаше литературниот клуб Reese's Book Club, кој се занимава со зајакнување на кариерата на писателките. Рис Витерспун е високо платена филмска и ТВ актерка. За ТВ серијата The Morning Show таа заработи 1,2 милиони долари, а за секој филм снимен во периодот од 2001 до 2012 година заработи минимум 15 милиони долари. Во моментов се подготвува продолжение на филмскиот хит „Blonde from Harvard“ кој би можел да ја направи актерката уште побогата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/taa-ofitsijalno-e-najbogatata-akterka-vo-svetot-tezhi-440-milioni-dolari-i-naskoro-ke-go-zgolemi-svoeto-bogatstvo/feed/ 0
Форбс: Роналдо најплатен спортист во светот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/forbs-ronaldo-najplaten-sportist-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/forbs-ronaldo-najplaten-sportist-vo-svetot/#respond Wed, 03 May 2023 16:59:22 +0000 https://kurir.mk/?p=830275

Португалецот Кристијано Роналдо стана најплатен спортист во светот, објави денеска магазинот Форбс, проценувајќи дека 38-годишниот фудбалер на саудиски Ал Наср заработил 136 милиони долари од приходи на теренот и надвор од него во изминатата година. На второ место на листата на Форбс е аргентинскиот фудбалер Лионел Меси, кој лани инкасирал 130 милиони долари, а неговиот соиграч од ПСЖ, Французинот Килијан Мбапе, е веднаш зад него со годишен приход од 120 милиони долари. По трите фудбалски мегаѕвезди, на листата следуваат НБА кошаркарот Леброн Џејмс со заработка од 119.5 милиони долари и мексиканскиот боксер Канело Алварез со 110 милиони долари. Меѓу првите десет се голферите Дастин Џонсон (197 милиони долари) и Фил Микелсон (106), кошаркарот на НБА првакот Голден Стејт, Стеф Кари (100.4), швајцарскиот тенисер Роџер Федерер (95.1) и НБА кошаркарот Кевин Дурант (89.1). Бројките за заработката на спортистите на листата на Форбс ги вклучува сите парични награди, плати и бонуси остварени во периодот меѓу 1 мај 2022 и 1 април 2023 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/forbs-ronaldo-najplaten-sportist-vo-svetot/feed/ 0
„Форбс“: Французите Бернар Арно и Франсоаз Бетанкур Маерс се најбогат маж и најбогата жена во светот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-frantsuzite-bernar-arno-i-fransoaz-betankur-maers-se-najbogat-mazh-i-najbogata-zhena-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-frantsuzite-bernar-arno-i-fransoaz-betankur-maers-se-najbogat-mazh-i-najbogata-zhena-vo-svetot/#respond Tue, 04 Apr 2023 14:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=820133

Извршниот директор на групацијата за луксузна стока ЛВМХ (LVMH), Бернар Арно, и наследничката на козметичкиот бренд „Лореал“, Франсоаз Бетенкур Маерс, се најдоа на врвот на листите на „Форбс“ за најбогат маж и најбогата жена во светот годинава. Двајцата Французи ги предводат листите на најбогати за 2023 година што „Форбс“ ги објави денеска. Минатата година Бернард Арно беше трет на листата на најбогати луѓе во светот, а на врвот беше Илон Маск, сопственикот на „Тесла“, Твитер и „Спејсикс“ (Tesla, Twitter и Spacex), а на второто место беше Џеф Безос, основачот на Амазон (Amazon). Меѓутоа, минатиот декември францускиот милијардер изби пред нив и со своето семејство стана најбогатиот човек на светот, и тоа според ранкингот „во реално време“ на Форбс, која зависи од моменталната вредност на акциите на берзите и девизните движења. На врвот на листата на најбогати луѓе во светот објавена денеска, богатството на Арно се проценува на 211 милијарди долари, што според „Форбс“ е пресметано врз основа на цената на акциите и вредноста на девизниот курс на 11 март 2023 година. Илон Маск е втор најбогат со богатство проценето на 180 милијарди долари, пред Џеф Безос (114 милијарди долари), ко-основачот на софтверот на „Оркал“ (Oracle), Лери Елисон (107 милијарди долари) и бизнисменот Ворен Бафет (106 милијарди долари). Франсоаз Бетанкур Маерс и нејзиното семејство се 11-ти најбогати во светот со 80,5 милијарди долари, а трета година по ред е на првото место меѓу најбогатите жени во светот. Таа беше на врвот на листата на најбогати жени и во 2019 година, кога ја наследи нејзината мајка Лилијан Бетенкур, која беше првата најбогата жена во 2016 и 2017 година. „За прв пат од објавувањето на листата, најбогати маж и жена во Франција се воедно и најбогати во светот. Двоен показател што зборува за силата на француската економија и покрај кризите низ кои директно или индиректно минува земјата“ , се наведува во соопштението на филијалата на „Форбс“ за Франција. „Форбс“ во Франција бележи вкупно 43 милијардери, од кои седум се жени, чие вкупно богатство од 2022 година е зголемено за 20,6 отсто. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-frantsuzite-bernar-arno-i-fransoaz-betankur-maers-se-najbogat-mazh-i-najbogata-zhena-vo-svetot/feed/ 0
Кање Вест веќе не е милијардер https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-vekje-ne-e-milijarder/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-vekje-ne-e-milijarder/#respond Wed, 26 Oct 2022 08:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=750538

Поништувањето на партнерството со „Адидас“ е голем удар за богатството на раперот Кање Вест. Тој сега и официјално веќе не е милијардер. Компанијата за спортска опрема ја прекина соработката со Кање, по повод неговите антисемитски изјави, објави „Форбс“. Стручното списание го процени тој договор на Вест на 1,5 милијарди долари и нагласува дека финансиската состојба на музичарот сега паѓа на 400 милиони долари. „Адидас“ вчера ја објави својата одлука да го прекине партнерството со Вест, т.е. производството на линијата обувки и облека „Јизи“ (Yeezy) на раперот е веднаш прекинато. „’Адидас’ не толерира антисемитизам и секаков друг вид говор на омраза. Неодамнешните коментари и постапки се неприфатливи, полни омраза и опасно ги нарушуваат вредностите на компанијата за различност и вклученост, меѓусебно почитување и правичност“, соопшти германската компанија. Овој потег доаѓа набргу откако и агенцијата за таленти CAA го отпушти Вест (45), а филмското студио „МРЦ“ одлучи да не објави завршен документарен филм за 24-кратниот добитник на „Греми“. На почетокот на овој месец, профилот на Вест на Инстаграм беше делумно блокиран, а и неговиот профил на Твитер беше заклучен поради објавите што се оценети како антисемитски.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/kanje-vest-vekje-ne-e-milijarder/feed/ 0
Форбс/Русија: 700.000 луѓе ја напуштиле Русија по повикот за мобилизација https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-rusija-700-000-lugje-ja-napushtile-rusija-po-povikot-za-mobilizacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-rusija-700-000-lugje-ja-napushtile-rusija-po-povikot-za-mobilizacija/#respond Wed, 05 Oct 2022 06:37:13 +0000 https://kurir.mk/?p=741209

Речиси милион Руси ја напуштија земјата во последните две недели откако рускиот претседател Владимир Путин ја објави својата наредба за делумна мобилизација. Според Форбс Русија, таква оценка за масовната емиграција дава извор од Кремљ. Друг извор на публикацијата, кој е запознаен со тајните анализи на претседателската администрација, тврди дека цифрата е 600-700 илјади луѓе. Според министерот за внатрешни работи на Казахстан, Марат Ахметџанов, повеќе од 200.000 руски државјани пристигнале во Казахстан од 21 септември, кога Путин најави „делумна воена мобилизација“. Многу Руси побегнаа и во Грузија, Монголија, Турција, Ерменија и Финска. Многу руски државјани побегнале во Ерменија и Турција, но нивниот број не е познат. Повеќето ја минуваат границата со туристички визи и не е јасно дали ќе се вратат. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека планираат да мобилизираат околу 300.000 луѓе. Русите кои подлежат на воена служба и кои сакаат да ја напуштат Руската Федерација почнаа да добиваат покани на границата со Грузија. На 30 септември, рускиот амбасадор во Хелсинки Павел Кузњецов изјави дека од 21 септември во Финска влегле околу 60.000 Руси, од кои 80 отсто транзитираат во други европски земји. Според миграциската служба, околу 100 лица поднеле барање за азил. На почетокот на септември, уште пред објавувањето на делумна мобилизација, Росстат објави дека од почетокот на годината Русија ја напуштиле 419.000 луѓе, што е двојно повеќе од истиот период минатата година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-rusija-700-000-lugje-ja-napushtile-rusija-po-povikot-za-mobilizacija/feed/ 0
„Форбс“: Маск ја предводи листата од 10 најбогати Американци во 2022 година https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/forbs-mask-ja-predvodi-listata-od-10-najbogati-amerikanci-vo-2022-godina/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/forbs-mask-ja-predvodi-listata-od-10-najbogati-amerikanci-vo-2022-godina/#respond Fri, 30 Sep 2022 07:11:30 +0000 https://kurir.mk/?p=739343

Секоја година „Форбс“ објавува листа на 400 најбогати Американци. Угледното списание наведува и дека оваа година во САД има помалку милијардери од вообичаено поради инфлацијата предизвикана од војната во Украина. Вкупното богатство на 10-те најбогати Американци е 1,1 трилион долари. Едно од најголемите изненадувања годинава е тоа што основачот на Фејсбук, Марк Закерберг, по осум последователни години, веќе не е на топ-10 листата. Причината е падот на акциите на „Мета платформс“, поради што фирмата загуби 74 милијарди долари. По пет последователни години, и Џеф Безос веќе не е на првото место, а таму сега се наоѓа Илон Маск – сега и официјално најбогатиот човек во Америка. Следува списокот 10 најбогати луѓе во САД… 1. Илон Маск. Нето богатство: 251 милијарди долари (лани: 190,5 милијарди долари). Извор: Тесла, Спејс-Икс. 2. Џеф Безос. Нето богатство: 151 милијарда долари (намалување од 201 милијарда долари). Извор: Амазон. 3. Бил Гејтс. Нето богатство: 106 милијарди долари (лани: 134 милијарди долари). Извор: Мајкрософт. 4. Лери Елисон. Нето богатство: 101 милијарда долари (лани: 117,3 милијарди долари). Извор: Оракл. 5. Ворен Бафет. Нето богатство: 97 милијарди долари (намалување од 102 милијарди долари). Извор: Беркшир Хатавеј. 6. Лери Пејџ. Нето вредност: 93 милијарди долари (лани: 123 милијарди долари). Извор: Гугл. 7. Сергеј Брин. Нето богатство: 89 милијарди долари (лани: 118,5 милијарди долари). Извор: Гугл. 8. Стив Балмер. Нето богатство: 83 милијарди долари (намалување од 96,5 милијарди долари). Извор: Мајкрософт. 9. Мајкл Блумберг. Нето вредност: 76,8 милијарди долари (наспроти 70 милијарди долари лани). Извор: Блумберг. 10. Џим Волтон. Нето богатство: 57,9 милијарди долари (намалување од 68,8 милијарди долари). Извор: Волмарт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/forbs-mask-ja-predvodi-listata-od-10-najbogati-amerikanci-vo-2022-godina/feed/ 0
Во овој хороскопски знак се родени НАЈБОГАТИТЕ луѓе на планетата https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-ovoj-horoskopski-znak-se-rodeni-najbogatite-lugje-na-planetata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-ovoj-horoskopski-znak-se-rodeni-najbogatite-lugje-na-planetata/#respond Sat, 27 Aug 2022 07:10:06 +0000 https://kurir.mk/?p=724629

Според листата на Форбс во 2022 година, во светот има нешто повеќе од 1.000 милијардери чие вкупно богатство се проценува колективно на 12,7 трилиони долари. Најголем број милијардери, 735, живеат во Америка, а потоа следат кинеските милијардери, 603. Се збогатиле на различни начини, но нивниот успех и огромни пари може да се објаснат и од астролошки аспект. Имено, астролозите ги анализирале нивните натални карти за раѓање и се покажало дека повеќето од нив се родени во ист хороскопски знак. ЛАВ Доколку сте родени во хороскопскиот знак Лав, имате најмногу шанси да стекнете богатство. Лавовите се родени лидери и ги имаат сите карактеристики на лидер, без оглед на тоа каква работа работат. Тие се доминантни, имаат силен карактер, но и оптимистички поглед на животот. Во исто време, тие можат да бидат тврдоглави, арогантни и често агресивни, особено кога е работата во прашање. Не се откажуваат од своите цели, што е една од нивните главни карактеристики кога се во прашање работата и кариерата. Имаат остар ум, брзо размислуваат и не се плашат да ризикуваат. Интересно е што меѓу брокерите на Њујоршката берза има токму такви кои се родени во овој знак. Секако, тоа што некој е роден во знакот Лав не значи дека сигурно ќе стане богат, бидејќи за тоа мора да има предиспозиции, односно дека личноста се занимава со таков тип на профитабилен бизнис што може да донесе му огромна сума на пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/horoskop/vo-ovoj-horoskopski-znak-se-rodeni-najbogatite-lugje-na-planetata/feed/ 0
Форбс: Загубите на Русија во војната во Украина изнесуваат 16,5 милијарди долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-zagubite-na-rusija-vo-vojnata-vo-ukraina-iznesuvaat-16-5-milijardi-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-zagubite-na-rusija-vo-vojnata-vo-ukraina-iznesuvaat-16-5-milijardi-dolari/#respond Thu, 25 Aug 2022 11:59:00 +0000 https://kurir.mk/?p=723787

Од почетокот на војната на 24 февруари до 24 август, Русија загубила 12.142 парчиња опрема во вредност од 16,56 милијарди долари, без руските проектили, проценува Форбс. Според Форбс, најголема и најболна загуба за Владимир Путин е секако потонувањето на вредниот воен брод „Москва“. Тоа е предводник на руската Црноморска флота вреден 750 милиони долари, која потона во април. Украина соопшти дека го нападнала и го потопила бродот, иако Русија вели дека пожарот на бродот го предизвикал потонувањето. Останатите четири големи загуби кои тешко ја погодија Русија се авионите Ил-76 во вредност од 86 милиони долари, амфибискиот јуришен брод Саратов вреден 75 милиони долари, авионите Су-30СМ во вредност од 50 милиони долари и авионите Су-34 во вредност од 40 милиони долари. Сите овие загуби изнесуваат повеќе од една милијарда долари. Во меѓувреме, шефицата за човекови права на ОН, Мишел Бачелет, го повика рускиот претседател да ги запре вооружените напади врз Украина и додаде дека нуклеарната централа во Запорожје треба да се демилитаризира. Меѓународната заедница мора да инсистира на документирање за да може еден ден да се докажат воените злосторства, додаде Бачелет во својот говор по повод крајот на нејзиниот мандат како Висок комесар на ОН за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/forbs-zagubite-na-rusija-vo-vojnata-vo-ukraina-iznesuvaat-16-5-milijardi-dolari/feed/ 0
Тајгер Вудс влезе во клубот на милијардери https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tajger-vuds-vleze-vo-klubot-na-milijarderi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tajger-vuds-vleze-vo-klubot-na-milijarderi/#respond Sat, 11 Jun 2022 11:24:16 +0000 https://kurir.mk/?p=689516

Американскиот професионален играч на голф Тајгер Вудс им се придружи на Леброн Џејмс и Мајкл Џордан меѓу спортистите кои влегоа во кругот на милијардери, објави денеска списанието Форбс. Вудс, кој петнаесет пати беше шампион и се врати во натпреварувањето оваа пролет по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа минатата година, во кариерата заработи околу 1,7 милијарди долари. Околу 90 отсто од неговата заработка доаѓа од бројни рекламни договори и други инвестиции надвор од голфот, објави Форбс. Шесткратниот НБА шампион Мајкл Џордан беше првиот спортист кој ја достигна таа заработка, а минатата недела му се придружи четирикратниот шампион во НБА, Леброн Џејмс, откако списанието Форбс го процени богатството на играчот на Лос Анџелес Лејкерс на една милијарда долари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/tajger-vuds-vleze-vo-klubot-na-milijarderi/feed/ 0