форд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Aug 2023 09:49:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png форд – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Форд го претставува најмоќниот „Мустанг“ во историјата! Има 800 коњски сили и смее да се вози на улица (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ford-go-pretstavuva-najmokniot-mustang-vo-istorijata-ima-800-konski-sili-i-smee-da-se-vozi-na-ulitsa-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ford-go-pretstavuva-najmokniot-mustang-vo-istorijata-ima-800-konski-sili-i-smee-da-se-vozi-na-ulitsa-video/#respond Tue, 22 Aug 2023 09:49:32 +0000 https://kurir.mk/?p=869495

Доколку сте фан на „Volkswagen“ кратенката „GTD“ ќе ве одведе во сосема друга насока. Тука буквално станува збор за тркачки автомобил од класата „IMSA GTD“, а кој одговара на „FIA GT3“ спецификациите. А овој „Mustang“ е навистина тркачки автомобили, кој според случајноста смее да вози и по улиците. Опремен со адаптивна тркачка шасија и елементи на активна аеродинамика, овој автомобил е придвижуван од мотор кој сега испорачува повеќе од 800 коњски сили. Спротивно од најавите, моторот 5,2 V8 не е поставен централно, туку е оставен пред возачот. Најмоќниот „Mustang“ во историјата добива и титаниумски издуван систем, а црвената зона е на само 7.500 вртежи во минута. Распоредот на масата е идеален, 50:50, со менувачот поставен од позади. Станува збор за осумстепенски менувач со две спојки. Треба да се спомене и големото користење на карбон, со цел оптимизација на масата на возилото. Целта е јасна, а тоа е да се совлада круг на Нирбургринг со време далеку под седум минути. За овој автомобил од „Ford“ ќе бараат околу 300.000 долари, а првите испораки се очекуваат кон крајот на следната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ford-go-pretstavuva-najmokniot-mustang-vo-istorijata-ima-800-konski-sili-i-smee-da-se-vozi-na-ulitsa-video/feed/ 0
Форд: САД сè уште не се подготвени да се натпреваруваат со Кина во производството на е-возила https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-sad-se-ushte-ne-se-podgotveni-da-se-natprevaruvaat-so-kina-vo-proizvodstvoto-na-e-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-sad-se-ushte-ne-se-podgotveni-da-se-natprevaruvaat-so-kina-vo-proizvodstvoto-na-e-vozila/#respond Mon, 19 Jun 2023 12:32:46 +0000 https://kurir.mk/?p=847427

САД се уште не се подготвени да се натпреваруваат со Кина во производството на електрични возила, предупреди извршниот претседател на компанијата „Форд“, Бил Форд, нагласувајќи дека мора да бидат подготвени и за битката за домашниот пазар. „Многу брзо и во големи размери развија електрични автомобили. А, сега ги извезуваат. Во САД ги нема, но, според нас, ќе дојдат во одреден момент. Мораме да бидеме подготвени и се подготвуваме“, изјави шефот на американскиот автомобилски гигант. Во февруари, Форд објави дека ќе инвестира 3,5 милијарди долари за изградба на фабрика за батерии за електрични возила во Мичиген, како дел од договорот кој вклучува употреба на технологија од кинеската компанија за батерии CATL. Бил Форд, правнук на основачот на компанијата Хенри Форд, претходно рече дека фабриката за батерии во Мичиген ќе обезбеди можност за инженерите на Форд да научат за технологијата и потоа самите да ја користат. „Тој објект е во целосна сопственост на Форд. Тие ќе бидат наши вработени, а ние ќе имаме само лиценца за технологијата, тоа е се“, рече тој. Во мај, извршниот директор на Форд, Џим Фарли, рече дека кинеските производители на електрични возила се нивни главни конкуренти, додавајќи дека на Форд му треба препознатливо брендирање или помали трошоци за да ја победи кинеската конкуренција. „Мислам дека нашите главни конкуренти се Кинезите, а не Џенерал Моторс или Тојота. Кинезите ќе бидат сила“, рече Фарли.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-sad-se-ushte-ne-se-podgotveni-da-se-natprevaruvaat-so-kina-vo-proizvodstvoto-na-e-vozila/feed/ 0
Форд ќе укине 3.800 работни места во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-ke-ukine-3-800-rabotni-mesta-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-ke-ukine-3-800-rabotni-mesta-vo-evropa/#respond Tue, 14 Feb 2023 10:21:32 +0000 https://kurir.mk/?p=800276

Американскиот производител на автомобили Форд соопшти дека укинува 3.800 работни места во Европа, од кои 2.300 во германските градови Келн и Ахен, плус уште 1.300 во Британија. Целта е да се намалат трошоците, соопшти денеска Форд. Повеќето од работните места во Германија треба да бидат укинати во одделот за производство во Келн во следните три години, а засегнати се и административните места. Во моментов, околу 14.000 луѓе работат за Форд во Келн и околу 200 во истражувачкиот центар во Ахен. Вон Германија и Британија, во Европа ќе бидат укинати 200 други работни места. Како што пренесе ДПА, Форд е во состојба на пресврт, и релативно доцна се префрлува на електрични возила. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-ke-ukine-3-800-rabotni-mesta-vo-evropa/feed/ 0
Форд се враќа во Формула 1 по повеќе од две децении https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ford-se-vraka-vo-formula-1-po-poveke-od-dve-detsenii/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ford-se-vraka-vo-formula-1-po-poveke-od-dve-detsenii/#respond Sat, 04 Feb 2023 06:01:10 +0000 https://kurir.mk/?p=795994

Американскиот производител на автомобили се повлече од Формула 1 во 2004 година, а во петокот беше потврдено враќањето за сезоната 2026! И покрај две децении отсуство, Форд сè уште е трет најуспешен производител на мотори со десет титули за конструктори и 13 шампионски титули за возачи. Од компанијата потврдија дека зголемувањето на интересот за Формула 1 во Америка, како и на другите пазари е причина за оваа одлука, заедно со посветеноста на Формула 1 за програмите за одржливост и зголемената употреба на електрична енергија. „Ова е почеток на ново, возбудливо поглавје во историјата на Форд што го започна мојот прадедо. Форд се враќа и ја носи својата традиција на иновации на една од најголемите сцени во светот “, рече Били Форд .]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/ford-se-vraka-vo-formula-1-po-poveke-od-dve-detsenii/feed/ 0
Форд планира да укине до 3.200 работни места во Европа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ford-planira-da-ukine-do-3-200-rabotni-mesta-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ford-planira-da-ukine-do-3-200-rabotni-mesta-vo-evropa/#respond Tue, 24 Jan 2023 15:24:37 +0000 https://kurir.mk/?p=791264

Американскиот автомобилски гигант „Форд мотор“ планира да укине до 3.200 работни места во Европа и да пресели дел од својот бизнис за развој на производи во матичните САД, објави германскиот синдикат „ИГ метал“. Компанијата сака да отпушти до 2.500 работници во одделот за развој на производи и до 700 во администрацијата, а повеќето од работниците ќе бидат отпуштени на локации во Германија. Работниците во фабриката на „Форд“ во Келн, која вработува околу 14.000 луѓе, вклучително и 3.800 во центарот за развој на производи, беа информирани за плановите на состанокот на работниот совет. Портпаролот на „Форд“ во Германија одби да ја коментира изјавата на синдикатот цитирајќи ја изјавата во петокот во која се вели дека преминот кон производство на електрични возила (EV) бара структурни промени. Портпаролот во седиштето на „Форд“ во Мичиген рече дека разговорите со германските работнички совети продолжуваат и дека компанијата треба да биде поконкурентна во нејзината транзиција кон производство на електрични возила. Тој не сакаше да коментира конкретни бизнис-планови. Минатата година „Форд“ најави инвестиција од две милијарди долари во проширување на производството во фабриката во Келн, која треба да произведе целосно електричен модел за клиенти со помала куповна моќ. Фабриката моментно произведува „форд фиеста“, мотори и менувачи.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/ford-planira-da-ukine-do-3-200-rabotni-mesta-vo-evropa/feed/ 0
Форд ќе укине 3.200 работни места во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-ke-ukine-3-200-rabotni-mesta-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-ke-ukine-3-200-rabotni-mesta-vo-evropa/#respond Tue, 24 Jan 2023 13:16:14 +0000 https://kurir.mk/?p=791182

Американската автомобилска компанија Форд мотор планира да укине 3.200 работни места во Европа и дел од производството да префрли во САД, објави германскиот синдикат ИГ Метал. Компанијата планира да отпушти до 2.500 работници во одделот за развој на производи и до 700 во администрацијата, а поголемиот број работници што ќе добијат отказ ќе бидат во Германија. Работниците во фабриката на Форд во Келн, која вработува околу 14.000 луѓе, вклучително и 3.800 во центарот за развој на производи во Меркенич, беа информирани за плановите на компанијата. Портпаролот во седиштето на Форд во Мичиген изјави дека продолжуваат разговорите со германските работнички совети.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-ke-ukine-3-200-rabotni-mesta-vo-evropa/feed/ 0
„Ford“ развива фарови кои проектираат информации за возењето на самиот пат https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ford-razviva-farovi-koi-proektiraat-informacii-za-vozenjeto-na-samiot-pat/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ford-razviva-farovi-koi-proektiraat-informacii-za-vozenjeto-na-samiot-pat/#respond Thu, 18 Aug 2022 09:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=720419

Европското одделение на „Ford“ тестира нова технологија на предни светла кои можат да го заменат „head-up“ дисплејот со проектирање на корисни информации на патот пред возачот. Тоа би му помогнало на возачот да го задржи погледот пред него, зголемувајќи ја безбедноста, велат од автомобилската компанија. Видеото на „Ford“ ја прикажува технологијата која проектира информации како ограничувања на брзината, навигација или сообраќајни знаци пред возачот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/ford-razviva-farovi-koi-proektiraat-informacii-za-vozenjeto-na-samiot-pat/feed/ 0
„Форд“ двојно ќе ја зголеми својата инвестиција во Германија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-dvojno-kje-ja-zgolemi-svojata-investicija-vo-germanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-dvojno-kje-ja-zgolemi-svojata-investicija-vo-germanija/#respond Mon, 14 Mar 2022 12:27:03 +0000 https://kurir.mk/?p=646944

Американскиот производител на автомобили „Форд“ планира да го забрза производството на електрични возила, најавувајќи дополнителна инвестиција од една милијарда долари во фабриката во германскиот град Келн. Со тоа двојно ќе ја зголеми инвестицијата на американскиот автомобилски гигант во таа фабрика и сега планира да потроши вкупно две милијарди долари за лансирање на два електрични модела и производство на 1,2 милиони такви возила во следните шест години. Првиот модел треба да се појави во продажба во 2023 година, а вториот во 2024 година. Основните делови на платформата за производство на двата модела ќе ги испорачува „Фолксваген“. Шефот на европската филијала на „Форд“, Стјуарт Роули, изјави дека компанијата со оваа инвестиција ќе обезбеди место во иднина. Покрај двата модела од Келн, компанијата планира до 2024 година да лансира електричен патнички автомобил од романско производство и четири електрични комерцијални возила.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-dvojno-kje-ja-zgolemi-svojata-investicija-vo-germanija/feed/ 0
Канадските власти најавуваат отстранување на блокадите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-vlasti-najavuvaat-otstranuvanje-na-blokadite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-vlasti-najavuvaat-otstranuvanje-na-blokadite/#respond Fri, 11 Feb 2022 07:48:15 +0000 https://kurir.mk/?p=629944

Блокадата на канадските камионџии, кои се против задолжителната вакцинација против Ковид-19, ги загрозува производителите во автомобилската индустрија, принудувајќи ги Форд, Џенерал Моторс и други автомобилски компании да затворат фабрики или да го намалат производството. Властите најавуваат дека полицијата е подготвена да ги отстрани блокадите. Четврти ден по ред камионџиите го блокираат сообраќајот кон Канада на мостот Амбасадор, што го поврзува Виндзор, Онтарио, со Детроит, попречувајќи ја испораката на автоделови и други производи меѓу двете земји. – Полицијата во близина на мостот Амбасадор почна да распоредува дополнителни сили, изјави Дру Дилкенс, градоначалник на Виндзор во Онтарио, кој граничи со Детроит. Доколку демонстрантите не си заминат, ќе мора да одиме напред. Ако тоа значи нивно физичко отстранување, ние сме подготвени да го сториме тоа, наведе Дилкенс. Тој подоцна на прес-конференција изјави дека се обидува да го реши проблемот по мирен пат и да се обезбеди никој да не биде повреден. Американските власти се подготвија за можноста за слични протести низ САД, а властите во Париз и Белгија забранија блокади на патиштата. Мостот Амбасадор е најфреквентниот американско-канадски граничен премин преку кој се одвиваат 25 отсто од вкупната трговска размена меѓу двете земји, па последиците од блокадата се повеќе се чувствуваат. Форд соопшти дека нејзината фабрика за мотори во Виндзор, Онтарио, еден ден била затворена поради недостиг на делови. Додека фабрика за склопување во Оуквил, во близина на Торонто, работи со намален капацитет. Џенерал моторс пред два дена ја откажа втората смена, а вчера и првата смена во фабрика за СУВ, што се наоѓа во близина на Лансинг, Мичиген. Тојота соопшти дека нема да може да произведе ништо во три канадски фабрики до крајот на неделата поради недостиг на делови. Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека соработува со локалните власти за да се направи се што е потребно за да се прекине блокадата на мостот. – Блокадата им штети на обичните Канаѓани, без оглед дали се работи за цените на продавниците, изгубени или суспендирани работни места или прекинати синџири на снабдување. Ова им штети на заедниците низ целата земја, истакна Трудо. Полицијата во Отава најави дека ќе ги разбие протестите во центарот на градот, каде се сместени владините згради, зградата на Парламентот и резиденцијата на канадскиот премиер Џастин Трудо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kanadskite-vlasti-najavuvaat-otstranuvanje-na-blokadite/feed/ 0
Форд вложува 11,4 милијарди долари во производство на електрични возила и батерии https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-vlozuva-11-4-milijardi-dolari-vo-proizvodstvo-na-elektrichni-vozila-i-baterii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-vlozuva-11-4-milijardi-dolari-vo-proizvodstvo-na-elektrichni-vozila-i-baterii/#respond Tue, 28 Sep 2021 13:27:08 +0000 https://kurir.mk/?p=569425

Автомобилскиот гигант Форд соопшти дека ќе инвестира 11,4 милијарди американски долари во производство на електрични возила и батерии во САД, и притоа најави партнерство со јужнокорејскиот производител на батерии SK Innovation. Според планот, Форд ќе произведува автомобили и пикапи со нулта емисија на штетни гасови, „прилагодени“ на клиентите и ќе отвори 11 илјади работни места, наведува Би-Би-Си. Новата фабрика во Тенеси, (Blue Oval City) , ќе се простира на површина од шест квадратни километри и од 2025 година ќе монтира електрични камиони и акумулатори од новата генерација. Батериите произведени во погоните во Кентаки ќе бидат дел од новите линии на електрични возила Форд и Линколн. Компанијата веќе ги зголеми инвестициите во производството на електрични возила во погоните во Тексас и Мичиген и планира нов циклус во партнерство со јужнокорејскиот производител на батерии SK Innovation. Како и конкурентите GM и Stellantis, Форд се надева дека до 2030 година автомобилите со нулта емисија на штетни гасови ќе учествуваат со половина од продажбата. – Ова е нашиот момент, нашата најголема инвестиција до сега, сакаме да помогнеме да се изгради подобра иднина за Америка, рече претседателот и извршен директор на Форд, Џим Фарли. – Започнуваме со проект што ќе овозможи најнови електрични возила за сите, а не само на (избраното) малцинство, додаде Фарли. Електричните возила се уште се ретка појава на патиштата во САД, сочинувајќи само два проценти од глобалната продажба минатата година, потсетува Би-Би-Си.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ford-vlozuva-11-4-milijardi-dolari-vo-proizvodstvo-na-elektrichni-vozila-i-baterii/feed/ 0