формирање влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 08 Jul 2022 19:40:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png формирање влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 АСЕН ВАСИЛЕВ НЕ УСПЕА ДА ОБЕЗБЕДИ МНОЗИНСТВО: Го врати мандатот неисполнет, а бугарскиот претседател упати јасна порака https://arhiva.kurir.mk/svet/region/asen-vasilev-ne-uspea-da-obezbedi-mnozinstvo-go-vrati-mandatot-neispolnet-a-bugarskiot-pretsedatel-upati-jasna-poraka/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/asen-vasilev-ne-uspea-da-obezbedi-mnozinstvo-go-vrati-mandatot-neispolnet-a-bugarskiot-pretsedatel-upati-jasna-poraka/#respond Fri, 08 Jul 2022 19:39:52 +0000 https://kurir.mk/?p=702511

Попладнево средба оствариле Кирил Петков, Андреј Ѓуров, Никола Минчев и Асен Василев со Румен Радев. „БГНЕС“ пренесува дека Асен Василев, кандидатот за премиер од „Продолжуваме со промената“ му го вратил неисполнетиот мандат за формирање влада на бугарскиот претседател Румен Радев. Василев изјавил дека ПП не собрала доволно собраниска поддршка: „Значи го враќаме мандатот неисполнет“. - Повлечениот кредит на доверба кон кабинетот не може и не треба да ги исцрпи јавните напори за изградба на влада која е транспарентна и одговорна пред граѓаните. Верувам дека мисијата да се промени нашата држава е историска и колку и да е тешка, Бугарите ќе ја остварат, истакнал Радев. - Длабоко верувам дека институциите можат да постигнат резултати, а остварениот национален интерес е на прво место. Очекувам владата да ги развие и подготви за доставување до Народното собрание законите поврзани со Планот за закрепнување и одржливост, за Бугарија да не продолжи да губи време и пари, додал бугарскиот претседател. Тој вели дека следната недела ќе соопшти кога ќе го додели мандатот на втората по големина партија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/asen-vasilev-ne-uspea-da-obezbedi-mnozinstvo-go-vrati-mandatot-neispolnet-a-bugarskiot-pretsedatel-upati-jasna-poraka/feed/ 0
Радев утре ќе го предаде мандатот на ГЕРБ за формирање на влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-utre-kje-go-predade-mandatot-na-gerb-za-formiranje-na-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-utre-kje-go-predade-mandatot-na-gerb-za-formiranje-na-vlada/#respond Thu, 19 Aug 2021 12:57:53 +0000 https://kurir.mk/?p=552635

Вториот мандат за формирање влада на Бугарија претседателот Румен Радев утре ќе го предаде на втората по големина парламентарна група во 46. Национално собрание – Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) . Од неговиот кабинет соопштија дека мандатот ќе го предаде во 9.30 по локално време, пренесува БГНЕС. Од ГЕРБ претходно изјавија дека веднаш ќе го вратат мандатот, но сепак ќе претстават состав на Министерскиот совет. Даниел Митов повторно ќе го прифати и ќе го врати досието на претседателот. Според лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, партијата ќе претстави премиер и кабинет за да можат другите да се споредуваат. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/radev-utre-kje-go-predade-mandatot-na-gerb-za-formiranje-na-vlada/feed/ 0
Кривокапиќ почнува разговори за формирање нова влада на Црна Гора https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-pochnuva-razgovori-za-formiranje-nova-vlada-na-crna-gora/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-pochnuva-razgovori-za-formiranje-nova-vlada-na-crna-gora/#respond Wed, 16 Sep 2020 09:20:54 +0000 https://kurir.mk/?p=403926

Лидерите на црногорскиот Демократски фронт дадоа согласност на носителот на изборната листа на коалицијата „За иднината на Црна Гора“ Здравко Кривокапиќ да почне разговори околу формирање на идната власт со членовите од сојузот „Мирот е наша нација“ и „Црно на бело“, јави „Вијести“. Подгоричкиот весник „Дан“, повикувајќи се на повеќе извори од победничката коалиција, јави дека официјалните преговори за конституирање нова извршна и законодавна власт почнуваат денеска. Претставниците на трите коалиции кои обезбедија мнозинство во парламентот, истакнуваат дека се создадени сите услови за официјални преговори и дека дејствуваат во тој правец. Тие најавуваат дека до крајот на октомври ќе има целосно формирана влада. Еден од лидерите на Демократскиот фронт, Небојша Медојевиќ за Н1 Србија синоќа изјави дека е најважно да се формира силна влада со јака политичка волја. Тој изрази надеж дека албанските и бошњачките партии ќе влезат во новата влада. – Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од изборите, со што се создадоа услови трите победнички коалиции, со учество на сите парламентарни малцински партии, да започнат преговори за конституирање на новата извршна и законодавна власт во Црна Гора. Сигурен сум дека овој процес ќе трае многу пократко од сите претходни процеси што претходеа на конституирањето на нова влада, изјави за „Дан“ Борис Богдановиќ, генерален секретар на демократите. Тој вели дека не очекува никакви проблеми за време на процесот, туку ефикасен договор, кој ќе следува во следните дваесетина денови. Носителите на сите изборни листи денеска имаат средба со претседателот на црногорското Собрание Иван Брајовиќ, со цел да се закаже конститутивна седница за да се верификуваат пратеничките мандати. Црногорскиот Парламент, чие конституирање се очекува, има 81 пратеник. Државната изборна комисија на Црна Гора во понеделникот ги објави конечните резултати од парламентарните избори што се одржаа на 30 август, според кои Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓуканович освои 30 пратенички места, коалицијата За иднината на Црна Гора – 27, коалицијата Мирот е наша нација – 10 и платформата Црно на бело ќе има четворица пратеници. Социјалдемократите и Бошњачката партија ќе имаат по три мандати, Социјалдемократската партија – два, додека по еден претставник ќе имаат Албанската листа Ник Ѓељошај – Генци Ниманбег и коалицијата Едногласно. Договор за новата влада минатата недела потпишаа лидерите на трите опозициски коалиции – За иднината на Црна Гора на Здравко Кривокапиќ, Мирот е наша опција на Алекс Бечиќ и коалицијата Црно на бело на Дритан Абазовиќ. Tрите коалиции повеќе пати по изборите ги повикуваа малите партии, кои традиционално беа партнери на ДПС на Ѓукановиќ, да се придружат на новата власт. Црногорската „тројка“ – Здравко Кривокапиќ, Дритан Абазовиќ и Алекса Бечиќ потпишаа, како што беше оценето во Црна Гора, историски договор за принципите на новата црногорска влада што ќе го наследи Мило Ѓукановиќ по 30 години на власт. Меѓу основните принципи на преамбулата на договорот: Коалицијата останува посветена на членството на Црна Гора во НАТО и евроинтеграциите, Деполитизација на клучните институции работа поради бескомпромисна борба против организираниот криминал и корупцијата, Грбот, знамето и химната нема да се променат и Нема повлекување на признавањето на Косово – тоа нема ни да се разгледува. Исто така, новата црногорска власт се согласи да нема реванжизам кон припадниците на поранешната власт, дека сите закони ќе бидат донесени или ревидирани согласно европските стандарди, а малцинските партии ќе добијат понуда да учествуваат во владата. с]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/krivokapikj-pochnuva-razgovori-za-formiranje-nova-vlada-na-crna-gora/feed/ 0
Амбасадорката Брнс: Формирањето на влада е во рацете на пратениците, нова влада за справување со корупцијата и неказнивоста на криминалот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brns-formiranjeto-na-vlada-e-vo-racete-na-pratenicite-nova-vlada-za-spravuvanje-so-korupcijata-i-nekaznivosta-na-kriminalot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brns-formiranjeto-na-vlada-e-vo-racete-na-pratenicite-nova-vlada-za-spravuvanje-so-korupcijata-i-nekaznivosta-na-kriminalot/#respond Sat, 01 Aug 2020 14:11:10 +0000 https://kurir.mk/?p=384828

-Новата влада да се формира во предвидените рокови, со цел да се продолжи борбата против здравствената криза со Ковид-19. Во парлементарна систем, премиерското место е работа на парламентарното мнозиство, инаку САД ќе соработува со сите политички парти во земјата за да се продолжи еуро-атланскиот пат на Македонија, изјавил ексклузивно за весникот КОХА, американската амбасадорка во Скопје, Кејт Мари Брнс. Амбасадорката на Соединетите Американски Држави (САД) во Скопје, Кејт Мари Бернс, во ексклузивно интервју за весникот “КОХА”, зборуваше за актуелната политичка состојба во земјата, формирањето на новата Влада, како и за идејата на ДУИ за албанскиот премиер. Таа смета дека со оглед на ситуацијата со здравствената криза со Ковид-19, лидерите на политичките партии треба да ги почитуваат роковите и да ги формираат институциите на земјата што е можно поскоро. -Ние очекуваме партите да се соберат и да ги исполнат роковите. Со оглед на кризата со Ковид-19 и други важни проблеми со кои се соочува земјата, постигнувањето договор за нова Влада што ќе може да ги реши овие проблеми, е приоритет, вели за весникот „КОХА“, амбасадороката Брнс. На прашањето за идејата на ДУИ за прв албански премиер, американската амбасадорка во Скопје Кејт Мари Брнс рече дека плуралистичкиот систем на Македонија овозможува избор на премиер со гласови на мнозинство пратеници, без оглед на етничката припадност. -Зависи од мнозинството во парламентот која ќе го изгласа следната влада. Одредени квалификации на премиерот и неговата или нејзината способност да ја добие поддршката на мнозинството пратеници се, по природа на вашиот парламентарен систем, одлучувачки фактори тука, без оглед на етничката или политичката припадност, рече американската амбасадорка во Скопје. Зборувајќи за приоритетите што треба да ги има следната влада, амбасадорката Кејт Мари Барнс вели дека треба да го искористи моментот. -Новата влада ќе мора да постави свои приоритети. Од наша гледна точка, се надеваме дека таа ќе има за цел да профитираат во моментот кога е овозможено членството во НАТО и напредокот кон ЕУ. Спроведувањето на потребните реформи и решавањето на прашањата на владеењето на правото и корупцијата, вклучително и спроведувањето на правдата со неказнивост, ќе биде клучно за овој процес. Најважно е да не се изгуби моментот, рече Кејт Мари Барнс за весникот „КОХА”. Од американскиот амбасадор во Скопје, весникот „Коха“ побара да го коментира негирањето на резултатите од изборите од страна на Коалицијата Алијанца-Алерантаива. -Опозициската коалиција на албанската заедница Алијанса/Алтернатива се спротивстави на изборните резултати. Каква е вашата проценка за посветеноста на Села за евроатлантскиот аспираци на земјата? – ја прашавме амбасадороката Бернс, која одговори: -Ние ќе работиме со која било странка или партија што има за цел да ја види Македонија да продолжи на својот евро-атлански-пат. Американската амбасада во Скопје соопшти дека досега и помогнала на  Македонија со 2,7 милиони американски долари за да се справи со последиците од кризата предизвикана од пандемијата Ковид-19. -САД придонесоа со над 2,7 милиони американски долари за зголемување на националниот одговор за Ковид-19 во Македонија. Американската помош ги поддржа владините напори, вклучително и оние предводени од Министерството за Здравство и Образование и Наука; Државна изборна Комисија; и за спроведување на законот, судските и инспекциските органи. Ние, исто така, поддржувавме иницијативи на приватниот сектор, како што се оние предводени од микрофинансиски институции, како и оние предводени од граѓански организации, вклучително и националните и локалните поглавја на Црвениот крст, истакна Брнс во интервју за Коха.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ambasadorkata-brns-formiranjeto-na-vlada-e-vo-racete-na-pratenicite-nova-vlada-za-spravuvanje-so-korupcijata-i-nekaznivosta-na-kriminalot/feed/ 0
Се уште неизвесно формирањето влада во Шпанија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-neizvesno-formiranjeto-vlada-vo-shpanija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-neizvesno-formiranjeto-vlada-vo-shpanija/#respond Tue, 03 Dec 2019 11:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=272643

По изборите во ноември, шпанските пратеници денеска се вратија во Парламентот, но и понатаму нема јасни знаци дека наскоро ќе биде формирана нова влада и ќе бидат избегнати нови избори. Пратениците денеска треба да изберат претседател на Парламентот, кој потоа треба да се сретне со шпанскиот крал Фелипе Шестти. Потоа кралот Фелипе Шестти во следните неколку недели треба да се сретне со лидерите на парламентарните партии со цел да се избере мандатар. Актуелниот премиер Педро Санчез има најголеми шанси да биде мандатар, бидејќи неговата Социјалистичка партија на изборите одржани на 11 октомври освои 120 пратенички места. Санчез потпиша договор со левичарската партија „Заедно можеме“ (Унидас Подемос), која освои 32 места во Парламентот. За формирање владејачка коалиција потребни се 176 од вкупно 350 пратеници во Парламентот. Шпанија е последната од 29. Земји-членки на НАТО што го нема ратификувано Договорот за членство на Северна Македонија во Алијансата. Ратификацијата треба да биде одобрена од шпанскиот Парламент.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/se-ushte-neizvesno-formiranjeto-vlada-vo-shpanija/feed/ 0