формирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 04 Sep 2022 19:22:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png формирање – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ЕВН објаснува: Еве како се формира сумата на сметката за струја што ја добивате https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evn-objasnuva-eve-kako-se-formira-sumata-na-smetkata-za-struja-shto-ja-dobivate/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evn-objasnuva-eve-kako-se-formira-sumata-na-smetkata-za-struja-shto-ja-dobivate/#respond Sun, 04 Sep 2022 19:22:25 +0000 https://kurir.mk/?p=728660

ЕВН на својата веб страница објави објаснување од каде произлегува вкупната сума на фактурата за електрична енергија: Согласно одлуката на Регулаторна комисија за енергетика за Универзалниот снабдувач, од 01.07.2022 се воведуваат одредени измени во тарифниот систем за потрошената електрична енергија. Со цел транспарентно да ве информираме од каде произлегува вкупната сума на фактурата за електрична енергија, на задниот дел ќе најдете детални информации за вашата потрошувачка, но и за начинот на кој се тарифираат потрошените киловат часови во висока и ниска тарифа. Во фактурата за електрична енергија одделно се прикажани пресметки за: – потрошена електрична енергија и – надомест за користење на преносниот и дистрибутивниот систем Потрошената електрична енергија најпрво е поделена на: – потрошувачка во висока тарифа и – потрошувачка во ниска тарифа За целата количина на електрична енергија потрошена во ниска тарифа се применува една цена 0,6193 ден за kWh, независно од потрошувачката. Кај домаќинствата, како посебна категорија потрошувачи, целата количина на електрична енергија потрошена во висока тарифа се дели на блокови на потрошувачка, а за секој блок има различна цена. Блоковите во високата потрошувачка, кога периодот на отчитување е 30 дена, се: – Блок 1: од 0 kWh до 210 kWh – Блок 2: oд 211 kWh до 630 kWh – Блок 3: од 631 kWh до 1050 kWh – Блок 4: од 1051 kWh па нагоре Пример: ако еден потрошувач потрошил 700 kWh во висока тарифа, тие ќе бидат поделени на следниот начин: – Блок 1 (0 – 210): 210 kWh – Блок 2 (211 – 630): 420 kWh – Блок 3 (631 – 1050): 70 kWh Потрошената енергија од секој блок се множи по соодветната цена што важи за тој блок и така се добива вкупниот надомест за потрошена енергија. Цените за секој блок се следни: – Цена за kWh во Блок 1: 4,3484 ден. – Цена за kWh во Блок 2: 4,7017 ден – Цена за kWh во Блок 3: 5,2877 ден – Цена за kWh во Блок 4: 14,1025 ден Дополнително објаснување за блоковите, зависно од периодот на отчитување: Блоковите кои беа прикажани погоре важат за месечна, односно 30 дневна потрошувачка. Доколку при отчитување на броилата периодот не е 30 дена , туку пократок (на пример 29 дена) или подолг (на пример 32 дена), тогаш блоковите се прошируваат или стеснуваат. При ова „проширување“ или „стеснување“ на блоковите, како фиксна се зема просечната дневна потрошувачка, која се добива кога месечна (30 дневна) потрошувачка ќе се подели со бројот на денови. Така, за секој блок се добива просечна дневна потрошувачка: – Блок 1 (0 – 210): 210 kWh : 30 дена = 7 kWh/дневно – Блок 2 (210 – 630): 420 kWh : 30 дена = 14 kWh/дневно – Блок 3 (630 – 1050): 420 kWh : 30 дена = 14 kWh/дневно Од тука ако периодот е 28 дена, месечните блокови би биле: – Блок 1: 28 дена х 7 kWh/дневно = 196 kWh; значи Блок 1 (0 kWh – 196 kWh) – Блок 2: 28 дена х 14 kWh/дневно = 392 kWh; значи Блок 2 (197 kWh – 588 kWh) – Блок 3: 28 дена х 14 kWh/дневно = 392 kWh; значи Блок 3 (589 kWh – 980 kWh) Надоместок за пренос и дистрибуција: Надоместокот за користење на преносниот и дистрибутивниот систем се добива како производ од потрошената енергија и тарифата за пренос и дистрибуција, според Одлуката на Регулаторна комисија за енергетика за Електродистрибуција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/evn-objasnuva-eve-kako-se-formira-sumata-na-smetkata-za-struja-shto-ja-dobivate/feed/ 0
Официјално е објавено формирање на Супер лигата https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-e-objaveno-formiranje-na-super-ligata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-e-objaveno-formiranje-na-super-ligata/#respond Mon, 19 Apr 2021 06:43:39 +0000 https://kurir.mk/?p=499053

Организаторите на Супер лигата најавија официјално формирање на новиот турнир. Во Супер лигата ќе се натпреваруваат: Арсенал, Челзи, Ливерпул, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Тотенхем, Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид, Милан, Интер и Јувентус. Уште осум клуба треба да им се придружат подоцна. За претседател на Супер лигата е избран првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, потпретседатели на турнирот се претседателот на Јувентус, Андреа Ањели и сопственикот на Манчестер јунајтед Џоел Глејзер. Форматот е од две групи од по 10 екипи. Екипите ќе играат 18-23 натпревари во текот на сезоната. Натпреварите ќе се играат во средината на неделата. Новиот турнир се очекува да започне во август 2021 година. Секој клуб кога ќе се приклучи на Супер лигата ќе добие 350 милиони евра. УЕФА се закани дека ќе ги дисквалификува овие клубови од европските натпреварувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-e-objaveno-formiranje-na-super-ligata/feed/ 0
„Донесувањето на законот, како и фотмирањето на самата АНБ е само формална „реформа“ која суштински ништо не промени во државата!“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesuvanjeto-na-zakonot-kako-i-fotmiranjeto-na-samata-anb-e-samo-formalna-reforma-koja-sushtinski-nishto-ne-promeni-vo-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesuvanjeto-na-zakonot-kako-i-fotmiranjeto-na-samata-anb-e-samo-formalna-reforma-koja-sushtinski-nishto-ne-promeni-vo-drzavata/#respond Tue, 06 Apr 2021 08:35:04 +0000 https://kurir.mk/?p=492947

Одамна веќе (пред 22 месеци колку што веќе постои) утврдивме дека донесувањето на Законот за агенцијата за национална безбедност (АНБ), како и формирањето на самата АНБ, е само формална „реформа“ која суштински ништо не промени во државата, туку само не увери дека законите постојат за да се кршат (со тотално промашената и нелегитимна селекција на кадар од поранешната УБК, со неспроведувањето законски одредби - тест за интегритет, полиграфско тестирање и слично), коментира преку социјалната мрежа на Фејсбук универзитетскиот професор по одбрана и безбедност Александар Нацев. Сега сме исправени пред нов предизвик со појавата на лицитација за имиња за евентуален следен директор на АНБ, во која лицитација се земаат во предвид блискост со партиски лидери, партиска поддршка, меѓународна поддршка и слично, а она најважното, Законот, односно условите кои ги предвидува членот од Законот за АНБ, за избор на директор, нормално (или не) повторно е на последно место и е подготвен за (повторно) кршење. Па така, еве мој скромен придонес, за јавноста да се потсети кои се условите кои треба да ги исполни едно лице кое има амбиции да биде директор на АНБ. Значи, да повторам, ова се условите, а не блискоста до Заев или до странците, пишува Нацев во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/donesuvanjeto-na-zakonot-kako-i-fotmiranjeto-na-samata-anb-e-samo-formalna-reforma-koja-sushtinski-nishto-ne-promeni-vo-drzavata/feed/ 0
Курти: Тачи замина во илегала, обидот за формирање нова влада на Косово е неуставен https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-tachi-zamina-vo-ilegala-obidot-za-formiranje-nova-vlada-na-kosovo-e-neustaven/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-tachi-zamina-vo-ilegala-obidot-za-formiranje-nova-vlada-na-kosovo-e-neustaven/#respond Wed, 22 Apr 2020 20:34:32 +0000 https://kurir.mk/?p=335825

Премиерот во оставка на Косово и лидер на Движењето самоопределување (ВВ), Албин Курти во вечерашното обраќање пред новинарите најави дека иницијативата на претседателот на државата Хашим Тачи за формирање нова влада од страна на актуелниот парламентарен состав ќе ја оспори пред Уставниот суд на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Според Курти, со денешните консултации со другите парламентарни партии за обезбедување парламентарно мнозинство, претседателот на државата „замина во илегала“, затоа што ги надмина неговите уставни овластувања. – Претседателот денеска замина во илегала. Формализирањето на денешните заложби ќе завршат на Уставен суд, изјави Курти. Тој го обвини Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), партијата која го иницира гласањето недоверба на кабинетот на Курти и која тврди дека има можност да обезбеди парламентарно мнозинство за формирање нова влада, дека „повторно го погази зборот кој го даде на граѓаните“, откако претходно тоа го стори со напуштањето на владината коалиција. Спред Курти, Тачи во својата намера да формира нова влада погрешно ги толкува уставните одредби, кои, вели премиерот во оставка, во ситуација каква што е оваа во Косово, по изгласувањето недоверба на една влада, предвидуваат единствено вонредни избори од кои може да произлезе нова влада. Секоја друга одлука, порача тој, претставува „искривување на волјата на граѓаните и надминување на надлежностите од страна на претседателот“. – Ќе следиме внимателно што ќе се случува во наредните денови и нема сомневање дека ќе се обратиме и на Уставниот суд, веднаш штом се помине од зборови на пишувани текстови, изјави Курти. Откако Курти неколку пати не одговори на барањето на претседателот да именува кандидат за формирање нова влада, Тачи попладнево свика состанок со лидерите на другите парламентарни партии, по што изјави дека е постигната согласност за формирање нова влада. Тачи изрази уверување дека државата во наредните неколку денови ќе добие нова влада, со оглед дека на актуелната, предводена од Курти, уште на 25 март ѝ беше изгласана недоверба од Собранието на Косово. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-tachi-zamina-vo-ilegala-obidot-za-formiranje-nova-vlada-na-kosovo-e-neustaven/feed/ 0
Тачи до Курти: Не го искористивте правото да формирате Влада, почнуваат преговори со другите партии https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-do-kurti-ne-go-iskoristivte-pravoto-da-formirate-vlada-pochnuvaat-pregovori-so-drugite-partii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-do-kurti-ne-go-iskoristivte-pravoto-da-formirate-vlada-pochnuvaat-pregovori-so-drugite-partii/#respond Wed, 22 Apr 2020 16:28:31 +0000 https://kurir.mk/?p=335729

Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати денеска на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) и вршител на должноста премиер, Албин Курти, со ново писмо, во кое го информира дека ги започнува преговорите со другите парламентарни партии за формирање нова Влада на Косово, откако кабинетот на Курти беше разрешен со изгласувањето недоверба од Собранието на 25 март. Како што јави дописникот на МИА од Приштина, во неговото четврто писмо до Курти од уривањето на Владата, Тачи вели дека ВВ, со своето однесување, ја испушти приликата, како партија победничка на изборите од октомври минатата година, да предложи кандидат за премиер и да формира нова влада. – Со жалење констатирам дека со вашите дејствија не го искористивте правото да предложите нов кандидат за формирање влада (…) Треба да ве потсетам дека, согласно уставниот мандат, имам одговорност да ја зачувам стабилноста на земјата и да обезбедам демократско функционирање на институциите, се вели во писмото на Тачи. Тачи го информира Курти дека, согласно соодветните уставни одредби и други законски акти, ќе ги започне консултациите со лидерите на парламентарните политички субјекти за наредните чекори во правец на формирање нова Влада. Курти и неговата партија, Самоопределување, на барањата на тачи да предложат мандатар за нова влада, одговараа дека, според нивно толкување на Уставот, единствен начин да се формира нова влада по изгласувањето недоверба на актуелната, е одржувањето вонредни парламентарни избори, кои би се организирале откако ќе се надмине кризата со пандемијата на Ковид-19. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-do-kurti-ne-go-iskoristivte-pravoto-da-formirate-vlada-pochnuvaat-pregovori-so-drugite-partii/feed/ 0
Курти и Мустафа денеска на нова средба во обид да формираат влада https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-i-mustafa-deneska-na-nova-sredba-vo-obid-da-formiraat-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-i-mustafa-deneska-na-nova-sredba-vo-obid-da-formiraat-vlada/#respond Sat, 14 Dec 2019 08:04:50 +0000 https://kurir.mk/?p=277394

Лидерите на двете победнички партии на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), заедно со членови на партиските раководства, ќе се состанат денеска, во нов обид да постигнат договор за формирање на идната косовска влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Информацијата, по синоќешната средба на Курти и Мустафа, ја потврдија шефовите на пратеничките групи на двете партии во последниот собраниски состав, Глаук Коњуфца (ВВ) и Авдулах Хоти (ЛДК), нагласувајќи дека во двата табори постои оптимизам оти договор ќе се постигне. Обајцата најавија интензивирање на средбите на партиските раководства во наредните денови, со цел да се надминат и последните разлики во ставовите околу идната структура на власта. – Денеска имавме долга и конструктивна средба за размена на ставовите за сите позиции околу договорот кој се очекува да се постигне меѓу нашите два субјекти. Се согласивме да ги продолжиме средбите на дневна основа, се додека не ги затвориме преговорите, изјави Хоти. Неговиот собраниски колега од редовите на ВВ рече дека утрешниот состанок „не би се случил доколку немаше приближување на позициите меѓу двете партии“. – Токму поради тоа што видовме напредок во нашите позиции во правец на постигнување договор се согласивме нашите средби во иднина да бидат почести. И токму од таа причина ние утре повторно ќе се состанеме и ќе продолжиме од таму каде што застанавме, изјави Коњуфца. Пред продолжувањето на средбата на работните групи, лидерите на двете досега опозициски партии за денеска свикаа седници на партиските претседателства. ВВ соопшти дека Курти ќе го собере Претседателството во 9 часот, додека од ЛДК објавија дека Мустафа ја свикал седницата за во 11 часот. До застој во преговорите меѓу двете партии, кои започнаа веднаш по објавувањето на првичните резултати од гласањето на 6 октомври, дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи. Конститутивната седница на новиот, седми по ред, состав на Собранието на Косово, претседателот на државата, Тачи првично ја свика за 24 овој месец, а вчера ја промени својата одлука и го помести датумот за 26 декември. Тоа е последниот законски рок за одржување на седницата, со оглед дека конечните резултати од гласањето на вонредните парламентарни избори одржани на 6 октомври Централната изборна комисија на Косово ги објави на 27 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kurti-i-mustafa-deneska-na-nova-sredba-vo-obid-da-formiraat-vlada/feed/ 0
Без договор заврши средбата Курти – Мустафа за формирање на новата влада на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/#respond Wed, 11 Dec 2019 19:39:02 +0000 https://kurir.mk/?p=276257

Средбата на лидерите на двете партии победнички на октомвриските парламентарни ибори во Косово, Албин Курти на Движењето Самоопределување (ВВ) и Иса Мустафа на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), што се одржа вечерва во Собранието на Косово, заврши без договор за формирање на идната косовска влада, јави дописникот на МИА од Приштина. Портпаролот на ЛДК Бесиан Мустафа, по средбата на лидерите на двете досега опозициски партии, изјави дека вечерва е постигнат договор состаноците да се интензивираат до постигнувањето договор за заедничко владеење. – Само овие информации ги имам од двајцата лидери кои излегоа од состанокот. Верувам дека многу наскоро ќе се случи новата средба и се договоривме да ги интензивираме состаноците и да ги одржуваме речиси секој ден, изјави портпаролот Мустафа. Истото, преку соопштение до медиумите, го потврди и партијата на Курти. – Претседателот (на ВВ) се сретна денеска во Собранието на Косово со претседателот (на ЛДК) Мустафа. Тие ќе ги продолжат и ќе ги интензивираат состаноците речиси секојдневно до постигнувањето на договорот, соопшти ВВ. Косовскиот претседател Хашим Тачи, порано денеска, за 24 декември ја свика конститутивната седница на новото, седмо по ред, Собрание на Косово по војната во 1998-99 година. Вонредните парламентарни избори во Косово се одржаа на 6 октомври, а конечните резултати, според кои ВВ освои речиси 26 отсто, а ЛДК околу еден процент помалку гласови, беа сертификувани од страна на Централната изборна комисија на 27 ноември.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/bez-dogovor-zavrshi-sredbata-kurti-mustafa-za-formiranje-na-novata-vlada-na-kosovo/feed/ 0