формула 1 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Nov 2023 21:59:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png формула 1 – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ф1: Нема опасност од откажување на трката во Абу Даби https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-nema-opasnost-od-otkazhuvane-na-trkata-vo-abu-dabi/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-nema-opasnost-od-otkazhuvane-na-trkata-vo-abu-dabi/#respond Thu, 02 Nov 2023 21:27:58 +0000 https://kurir.mk/?p=895959

Раководството на Формула 1 соопшти денеска дека трката за Големата награда на Абу Даби, со која се завршува сезоната, не е во опасност да биде откажана и покрај немирите во регионот поради војната меѓу Израел и Хамас. Реакцијата со која Ф1 го потврди одржувањето на трката закажана од 24 до 26 ноември, уследи откако на социјалните мрежи се појавија шпекулации дека настанот ќе биде откажан поради безбедносни причини. Претпоставките се дека гласините ги иницираше соопштението на британското Министерство за надворешни работи во кое се наведува дека британските туристи кои ги посетуваат Обединетите Арапски Емирати требал да бидат внимателни поради зголемени закани од терористички напади. Дополнително, известување со иста содржина за своите граѓани објавија и Германија, Франција, Белгија и Бахреин.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/f1-nema-opasnost-od-otkazhuvane-na-trkata-vo-abu-dabi/feed/ 0
Адокатот на Шумахер објави зошто никогаш не бил објавен извештајот за состојбата на легендата https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/adokatot-na-shumaher-objavi-zoshto-nikogash-ne-bil-objaven-izveshtajot-za-sostojbata-na-legendata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/adokatot-na-shumaher-objavi-zoshto-nikogash-ne-bil-objaven-izveshtajot-za-sostojbata-na-legendata/#respond Wed, 01 Nov 2023 05:17:18 +0000 https://kurir.mk/?p=895121

На 29 декември ќе поминат точно 10 години од страшната несреќа на Михаел Шумахер на скијањето на француските Алпи, по кои никогаш не беше ист. Информации за здравјето на Шумахер има малку, односно понекогаш се појавуваат нови детали, но неговата сопруга Корина одамна не дава изјави. Адвокатот на семејството Шумахер, Феликс Дам објаснува зошто е тоа така и го објасни начинот на кој Корина се бори да ја зачува приватноста на Шумахер. „Сè уште во мојата глава ја имам сликата на голем број новинари кои со денови чекаа информации пред болницата. За да се намаи притисокот, првите детали беа дадени на прес-конференции. Се работи за заштита на приватноста. Се разбира, многу разговаравме за тоа, а исто така размислувавме дали конечниот извештај за здравјето на Шумахер може да биде вистинскиот начин да го направиме тоа“, вели адвокатот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/adokatot-na-shumaher-objavi-zoshto-nikogash-ne-bil-objaven-izveshtajot-za-sostojbata-na-legendata/feed/ 0
Макс Ферстапен славеше и на трката за ГН на Мексико https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-ferstapen-slaveshe-i-na-trkata-za-gn-na-meksiko/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-ferstapen-slaveshe-i-na-trkata-za-gn-na-meksiko/#respond Mon, 30 Oct 2023 05:12:06 +0000 https://kurir.mk/?p=894313

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на трката за Големата награда на Мексико на патеката „браќа Родригез“, што е негова 16-та победа оваа сезона. Макс после победата во Остин дојде и до својата 50-та победа во кариерата, а сега запиша 51-ва победа после која се израмни со легендарниот Алан Прост. Ферстапен потврди дека за него не е проблем да победува и кога не стартува од првата позиција, па во САД победи тргнувајќи од шестото место, а во Мексико на стартот од трката беше трет зад возачите на Ферари. На второто место во Мексико заврши Луис Хамилтон, додека третото место на подиумот го пополни Леклерк од Ферари пред клупскиот совозач Саинц кој заврши на четвртото место. Британците Норис од Мекларен и Расел од Мерцедес завршија на петтото и на шестото место.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-ferstapen-slaveshe-i-na-trkata-za-gn-na-meksiko/feed/ 0
Квалификациите пред ГН на Мексико во знак на возачите на Ферари https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kvalifikatsiite-pred-gn-na-meksiko-vo-znak-na-vozachite-na-ferari/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kvalifikatsiite-pred-gn-na-meksiko-vo-znak-na-vozachite-na-ferari/#respond Sun, 29 Oct 2023 06:31:51 +0000 https://kurir.mk/?p=894130

Возачите на Ферари, Големата награда на Мексико ќе ја започнат од првиот ред. Пол-позицијата ја освои Шарл Леклер, втор беше Карлос Саинц, а трет квалификациите ги заврши светскиот прввак Макс Ферстапен. Шарл Леклер ја освои втората пол-позиција сезоната, вкупно 22. во кариерата. Најбрзиот круг го извозе со време 1:17.166 минути. Неговиот колега задоцни за само 67 ијладити делови од секундата, а 30 илјадити делови од секундата зад Шпанецот беше Ферстапен. До Ферстапен трката ќе ја започне изненадувањето во квалификациите Даниел Рикардо од сестринскиот тим на Ред Бул, Алфа таури. Миленикот на публиката, кој има огромна поддршка Серхио Перез е петти, а до него е седумкратниот шампион Луис Хамилтон. Во Топ 10 завршија Оскар Пјастри, Џорџ Расел и возачите на Алфа Ромео, Ботас и Жу. Трката за Големата награда на Мексико, ќе започне во 21 часот по средноевропско време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/kvalifikatsiite-pred-gn-na-meksiko-vo-znak-na-vozachite-na-ferari/feed/ 0
Макс Верстапен ја постигна 50-та победа во кариерата https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-verstapen-ja-postigna-50-ta-pobeda-vo-karierata/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-verstapen-ja-postigna-50-ta-pobeda-vo-karierata/#respond Mon, 23 Oct 2023 05:55:01 +0000 https://kurir.mk/?p=892053

Актуелниот светски шампион во Формула 1, Холанѓанецот Макс Верстапен во тимот на Ред Бул победи на трката за Големата награда на САД во Остин, остварувајќи ја 15-та победа сезонава, а јубилејната 50-та во кариерата. Ова беше 18-та трка оваа сезона и дури 15-та прослава на 26-годишниот Холанѓанец, кој пред две седмици во Катар ја обезбеди третата светска титула. Остануваат уште четири трки до крајот на сезоната, во Мексико, Бразил, Лас Вегас и Абу Даби. Само четворица велемајстори во Формула 1 триумфираа повеќе патои од Холанѓанецот. На врвот е Хамилтон со 103 победи, втор е Германецот Михаел Шумахер со 91, трет Германецот Себастијан Фетел со 53, а четврти Ален Прост со 51 победа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-verstapen-ja-postigna-50-ta-pobeda-vo-karierata/feed/ 0
Макс Ферстапен победник на спринт-трката во Остин https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-ferstapen-pobednik-na-sprint-trkata-vo-ostin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-ferstapen-pobednik-na-sprint-trkata-vo-ostin/#respond Sun, 22 Oct 2023 07:03:00 +0000 https://kurir.mk/?p=891775

Макс Ферстапен е победник на спринт-трката за големата Награда на САД која се вожеше на патеката во Остин. Тој рано во трката успеа да го обезбеди предност пред Луис Хамилтон, стана првиот возач кој победил на сите спринт-трки во една сезона. Второто место му припадна на Луис Хамилтон, додека зад него заврши Шарл Лекер.Бодови од спринт трката освоија уште и Ландо Норис (Мекларен), Серхио Перез (Ред Бул), Карлос Саинц (Ферари), Пјер Гасли (Алпин) и Џорџ Расел (Мерцедес).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/maks-ferstapen-pobednik-na-sprint-trkata-vo-ostin/feed/ 0
ФИА ги зголеми казните во Формула 1 до еден милион евра https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-gi-zgolemi-kaznite-vo-formula-1-do-eden-milion-evra/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-gi-zgolemi-kaznite-vo-formula-1-do-eden-milion-evra/#respond Fri, 20 Oct 2023 12:55:22 +0000 https://kurir.mk/?p=891267

Водечките возачи во Формула 1 останаа шокирани од најновата одлука на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) да ја зголеми до еден милион евра евентуалната казна која можат да ја добијат во случај на кршење на правилата. ФИА соопшти дека четирикратно ќе ја зголеми казната која стјуардите можат да им ја изречат на возачите и нивните екипи. „Не мие јасно што заслужува казна од милион евра“, наведе во својата реакција возачот на Ферари, Шарл Леклер. Тој наведе дека станува збор за „многу пари“, додавајќи дека „некои возачи заработуваат помалку од тој износ“. Возачот на Хас, Кевин Магнусен ја нарече одлуката на ФИА „смешна“, а Даниел Рикардо од тимот Алфа Таури рече дека одлуката на ФИА е „застрашувачка“. Новата казна има за цел да ги одврати екипите и возачите од најневеројатни и најопасни кршења на прописите, а ФИА соопшти дека сите пари кои ќе бидат собрани од изречените казни ќе се искористат за финансирање програми за развој на мото спорот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/fia-gi-zgolemi-kaznite-vo-formula-1-do-eden-milion-evra/feed/ 0
Претстојната трка за ГН на САД ќе биде најжешката Ф1 трка во Остин https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretstojnata-trka-za-gn-na-sad-ke-bide-najzheshkata-f1-trka-vo-ostin/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretstojnata-trka-za-gn-na-sad-ke-bide-najzheshkata-f1-trka-vo-ostin/#respond Thu, 19 Oct 2023 12:25:45 +0000 https://kurir.mk/?p=890812

Трката за Големата награда на САД ќе се вози во некарактеристично топли услови за есен. Минатогодишната беше најжешка откако трката во Остин се појави на календарот на Формула 1 во 2012 година, со дневни температури кои достигнаа 33 степени. Оваа година се очекува нов рекорд. Според прогнозата на ФИА, утре температурата ќе се искачи на +35 за време на квалификациите, во сабота ќе биде до +34 за време на спринтот, а за в недела за време на трката се прогнозира 33-34 степени. Ова е значително повисока од просечната дневна температура во градот во овој период од годината (+27 степени). „RaceFans“ веруваат дека Гран при ќе биде помалку исцрпувачки за возачите во споредба со викендот во Катар поради помалата влажност. Сепак, патеката на Америка би можела да биде една од физички најпребирливите во сезоната. Етапата од Формула 1 шампионатот во Остин, Тексас, ќе се одржи од 20 до 22 октомври.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pretstojnata-trka-za-gn-na-sad-ke-bide-najzheshkata-f1-trka-vo-ostin/feed/ 0
Верстапен: Мекларен ги има најдобрите возачи помеѓу сите конкуренти на Ред Бул https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/verstapen-meklaren-gi-ima-najdobrite-vozachi-pomegu-site-konkurenti-na-red-bul/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/verstapen-meklaren-gi-ima-najdobrite-vozachi-pomegu-site-konkurenti-na-red-bul/#respond Mon, 16 Oct 2023 08:15:21 +0000 https://kurir.mk/?p=889228

Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Верстапен искажа комплименти за пилотите на Мекларен. Возачот на Ред Бул смета дека Ландо Норис и Оскар Пјастри се најдобриот тим меѓу ривалите. - Можеби ова е најстабилниот тим во споредба со другите гонители. Навистина верувам дека тимот го има најдобриот состав од сите нив. Возачите на Мекларен работат многу добро. Ќе биде интересно да се види што ќе се случи на крајот од сезоната. И ќе видиме каде се сите на почетокот на следната сезона, изјави Верстапен./ Холанѓанецот веќе ја обезбеди новата шампионска титула, трета во низа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/verstapen-meklaren-gi-ima-najdobrite-vozachi-pomegu-site-konkurenti-na-red-bul/feed/ 0
Пирели останува во Формула 1 до 2027 https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pireli-ostanuva-vo-formula-1-do-2027/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pireli-ostanuva-vo-formula-1-do-2027/#respond Thu, 12 Oct 2023 19:44:42 +0000 https://kurir.mk/?p=888222

Италијанскиот производител на пневматици Пирели ќе биде ексклузивен снабдувач на гуми за Формула 1 до крајот на 2027 година, објави Меѓународната автомобилистичка федерација (ФИА). Договорот предвидува опција за продолжување на соработката за уште една година „Посветеноста на оваа компанија кон квалитетот, иновациите и нејзиното длабоко познавање на нашиот спорт ќе биде од суштинска важност во годините кои доаѓаат, како што ќе се приближуваме до новите прописи во 2026“, рече првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали. Пирели, кој е ексклузивен снабдувач на Формула 1 од 2011 година, ќе продолжи да биде генерален спонзор и во Формула 2 и Формула 3. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/pireli-ostanuva-vo-formula-1-do-2027/feed/ 0