фосфор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 10:48:26 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фосфор – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 На месечина на Сатурн забележан клучниот елемент во создавањето на животот на Земјата – фосфор https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/#respond Thu, 15 Jun 2023 10:48:26 +0000 https://kurir.mk/?p=846057

Научници од САД открија дека фосфорот - клучен елемент во создавањето на животот на Земјата, го има и во океанот под ледената површина на Енцелад - еден од природните сателити на планетата Сатурн. Ова откритие се заснова на анализата на податоците собрани од сондата „Касини“ на НАСА, а објавено е во престижното научно списание „Нејчр“ (Nature). - Ова е неверојатно откритие за астробиологијата. Пронајдовме изобилство на фосфор во примероците мраз кои избиваат од подземниот океан, изјави Кристофер Глен од Југозападниот истражувачки институт. Гејзерите на јужниот пол на Енцелад исфрлаат парчиња мраз преку пукнатините на површината и на тој начин се лепат на прстените на Сатурн. Научниците претходно забележаа одредени други минерали и органски соединенија во тој мраз, но не и фосфор, којшто е суштински елемент за градењето ДНК и РНК и се наоѓа во коските и забите на луѓето, животните, па дури и кај океанските планктони. - Геохемиското моделирање претходно предвиде дека фосфорот најверојатно ќе биде присутен и тоа предвидување се оствари, но едно е да се предвиди нешто, а друго да се потврди, рече Глен. Сондата „Касини“ почна да го истражува Сатурн и неговите прстени и месечини во 2004., пред да изгори во атмосферата на гасовитиот џин кога нејзината мисија заврши во 2017 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/na-mesechina-na-saturn-zabelezhan-kluchniot-element-vo-sozdavaneto-na-zhivotot-na-zemjata-fosfor/feed/ 0
Гардијан: Прекумерната употреба на фосфор може да го наруши глобалното производство на храна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/#respond Tue, 14 Mar 2023 11:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=811754

На нашата планета и се заканува „фосфогедон“, предупредуваат научниците, изразувајќи стравувања дека злоупотребата на фосфор може да резултира со недостиг на фосфатни ѓубрива што би го нарушило производството на храна на глобално ниво. Прекумерната употреба на фосфор ги исцрпува резервите кои се клучни за глобалното производство на храна, а со тоа се придонесува за климатската криза, пишува Гардијан. Во исто време, процесот на испирање на фосфатните ѓубрива од полињата заедно со отпадните води, кои потоа се влеваат во реките, езерата и морињата, резултира со широко распространето цветање на алгите и создавање на водни мртви зони кои ги загрозуваат резервите на риби, предупредуваат научниците. Дополнително, прекумерната употреба на овој елемент го зголемува ослободувањето на метан низ целата планета, истовремено влијаејќи на зголеменото глобално затоплување и растечката климатска криза предизвикана од емисијата на стакленички гасови. -Дојдовме до критична точка. Можеби ќе можеме да се вратиме на стариот начин, но сега навистина треба да се вразумиме и да почнеме да го користиме фосфорот на многу помудар начин. Ако не го сториме тоа, ќе соочиме се со катастрофа која ја нарековме „фосфогедон, вели професорот Фил Хејгарт од Универзитетот Ланкастер. Фосфорот бил откриен во 1669 година од германскиот научник Хениг Брант, кој го изолирал од урината. Се покажа дека е неопходен за живот. Коските и забите главно се направени од минералот калциум фосфат, соединение кое произлегува од него, а овој елемент е присутен во нашата ДНК и во клеточните мембрани. -Едноставно кажано, нема живот на Земјата без фосфор, објасни професорката Пени Џонс од Универзитетот Бристол. Глобалното значење на овој елемент е во неговата употреба - фосфорот го помага растот на земјоделските култури. Секоја година во светот се продаваат околу 50 милиони тони фосфатно ѓубриво. Оваа количина игра клучна улога во прехранувањето на осумте милијарди жители на нашата планета. Но, поголеми наоѓалишта на фосфор се наоѓаат само во неколку земји: Мароко и Западна Сахара имаат најголеми количини, Кина е второто најголемо наоѓалиште, а Алжир е трето. Зголемениот притисок врз наоѓалиштата ги натера експертите да се загрижат дека светот може да се соочи со намалени резерви на фосфор во рок од неколку години, оставајќи многу нации да се борат за да го набават за да го прехранат своето население. Ваквите предвидувања загрижуваат многу аналитичари, кои се плашат дека неколку картели наскоро би можеле да го контролираат најголемиот дел од светските резерви, оставајќи го Западот многу ранлив на скок на цените. Резултатот би бил сличен на нафтената криза од 1970-тите. Аналитичарите велат дека се однесуваме расипнички при користењето фосфати на нивите. Изваденото ѓубриво, како и испуштањето отпадни води богати со фосфор, резултираат со големо загадување на водата и влијаат на штетното цветање на алгите. Некои од најголемите слатководни подрачја во светот се исто така погодени од овој проблем, вклучувајќи го Бајкалското Езеро во Русија, езерото Викторија во Африка и езерото Ири во Северна Америка. Цветањето во Ири резултираше со целосна контаминација на водата за пиење во последниве години. Исто како и на копно, фосфатите помагаат во растот на водните растенија, но нивниот раст го задушува цветањето на алгите, па затоа во овие области се формираат водени мртви зони. А таквите кризи доведуваат до дополнителни еколошки проблеми. - Климатските промени значат дека ќе има уште повеќе цветање на алги по единица фосфатно загадување поради потоплите временски услови, рече професорот Брајан Спирс од британскиот центар за екологија и хидрологија Мидлотиан. - Проблемот е во тоа што кога таа алга ќе умре, таа може да се распадне и да почне да произведува метан. Значи, зголемувањето на цутот ќе значи дека повеќе метан ќе се пумпа во атмосферата, а метанот е 80 пати помоќен од јаглерод диоксидот кога станува збор за затоплување на атмосферата... Тоа е причина за вистинска загриженост, предупреди Спирс.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/gardijan-prekumernata-upotreba-na-fosfor-mozhe-da-go-narushi-globalnoto-proizvodstvo-na-hrana/feed/ 0
ПОСТОЈАН ЗАМОР И ИНФЕКЦИИ: Недостатокот на овој МИНЕРАЛ може да предизвика сериозни здравствени проблеми https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/postojan-zamor-i-infekcii-nedostatokot-na-ovoj-mineral-moze-da-predizvika-seriozni-zdravstveni-problemi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/postojan-zamor-i-infekcii-nedostatokot-na-ovoj-mineral-moze-da-predizvika-seriozni-zdravstveni-problemi/#respond Mon, 07 Feb 2022 19:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=628277

За фосфорот не се пишува колку за калциум, магнезиум или железо, но калциумот е најзастапениот минерал во човечкото тело. Затоа, неопходно е да се погрижиме храната што ја јадеме редовно да има доволно количество фосфор, бидејќи недостатокот може да предизвика чувство на замор, но и подложност на инфекции. Го има во брокулата и млечните производи Фосфорот игра важна улога во енергетскиот метаболизам, го регулира нивото на хормоните, а нивото на киселинско-базната рамнотежа во голема мера зависи од него. Всушност, фосфорот може да има недостаток кај веганите и вегетаријанците бидејќи минералот се наоѓа во месото и рибата. Сепак, фосфорот го има и во храната како брокула, пченка и млечни производи. Брокулата е многу здрав производ кој е особено погоден за оние кои се на диета или едноставно внимаваат на својата фигура. Факт е дека зеленчукот содржи голема количина на витамини (групи Б, Е и Ц), а има и многу влакна. Богат е со магнезиум и калциум. Во исто време, брокулата е нискокалорична, но богата со фосфор. Важно е оние кои не јадат производи од животинско потекло да го вклучат во исхраната, за да го заменат овој минерал. Житарици Многу зрна, исто така, содржат големи количини на фосфор во нивниот состав. На пример, пченката, овесот и јачменот се добри извори. Овие производи, покрај фосфорот, се корисни и за други елементи кои исто така му се неопходни на организмот. Совет е пченичното брашно да се замени со пченкарно брашно. Млечни производи Млеко, кефир, јогурти, сирења - сето тоа се резерви на фосфор. Во исто време, телото подобро го апсорбира фосфорот ако се конзумира заедно со калциум, а такви материи има многу во сите млечни производи. Затоа, доколку сакате да го зголемите нивото на фосфор, додајте го омилениот млечен производ во вашето мени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/postojan-zamor-i-infekcii-nedostatokot-na-ovoj-mineral-moze-da-predizvika-seriozni-zdravstveni-problemi/feed/ 0