фосили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 05 May 2022 07:02:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фосили – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Фосили стари 66 милиони години пронајдени во Бангкок https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fosili-stari-66-milioni-godini-pronajdeni-vo-bangkok/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fosili-stari-66-milioni-godini-pronajdeni-vo-bangkok/#respond Thu, 05 May 2022 07:02:23 +0000 https://kurir.mk/?p=672044

Повеќе од 70 школки заглавени во пешачка патека пред трговски центар во Бангкок се идентификувани како фосили од морски суштества кои живееле пред повеќе од 66 милиони години, потврдија тајландски стручњаци. Купувач, всушност, со изострено чувство за оваа област, ги забележал фосилите во облик на праисториски полжав со пречник до 12 сантиметри, по должина од 400 метри низ тротоарот до трговскиот центар „Сијам сквер“. Палеонтолози од Министерството за природни ресурси и животна средина сега ги проучува школките и откриле дека има 77 фосили од амонити, но се верува и дека се невообичаени за Тајланд. – Амонитите се морски суштества за коишто се верува дека исчезнале пред 66 милиони години… Но, овие фосили се различни од оние што вообичаено се наоѓаат во Тајланд, појасни Прича Сајтонг, директор на Одделот за заштита на фосили. Тамошните медиуми објавија дека тротоарот бил поправен пред две години и дека школките можеби биле ставени во бетонот како украс од страна на подизведувачот. Фосилните мекотели кои го населувале океанот пред милиони години се продаваат како сувенири во повеќе популарни туристички дестинации ширум светот, како Мадагаскар и Мароко.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/fosili-stari-66-milioni-godini-pronajdeni-vo-bangkok/feed/ 0
Шестгодишно дете барало црви во дворот, а потоа ископало нешто старо 488 милиони години (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shestgodishno-dete-baralo-crvi-vo-dvorot-a-potoa-iskopalo-neshto-staro-488-milioni-godini-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shestgodishno-dete-baralo-crvi-vo-dvorot-a-potoa-iskopalo-neshto-staro-488-milioni-godini-foto-video/#respond Wed, 05 May 2021 08:13:47 +0000 https://kurir.mk/?p=505712

Момче (6) од Велика Британија пронашло фосил стар стотици милиони години со помош на детска алатка за пребарување фосили, што го добил како подарок за Нова Година. Момчето вели дека копал во дворот „во потрага по црви“ кога неочекувано пронашол предмет стар милиони години. Сидак Синг Џамат, наречен Сид, вели дека бил „возбуден“ кога нашол фосил во неговиот двор во англискиот град Валсал. Неговиот татко, Вис Синг, подоцна успеал да добие информации преку Фејсбук група дека се работи за остаток од коралите. Вис Синг проценува дека фосилот е стар меѓу 251 и 488 милиони години. - Копав во потрага по црви и предмети, па го најдов овој камен што изгледаше малку како рог, но помислив дека може да биде заб или канџа, а всушност тоа е остатокот од корали - објаснува момчето. - Бев многу возбуден кога сфатив за што станува збор. Беше вистинско изненадување да се најде предмет со толку необична форма ... Прво пронајде корали и некои помали делови до него, а следниот ден цел блок песок - додава неговиот татко. - Пронајдовме многу школки во тој песок, нешто што личи на пипало од лигњи и разни други праисториски фосили - наведува тој. Постариот Синг вели дека остатоците од фосилите, најверојатно, припаѓале на коралите ругоса, за кои се проценува дека постоеле во палеозојскиот период - пред 251 и 488 милиони години. - Англија во тоа време беше дел од суперконтинентот Пангеа [што некогаш постоеше], а исто така беше и под вода .... Тоа беше многу одамна. Семејството потенцира дека тие не живеат во дел од земјата позната по фосили, како што е Јураскиот брег во Англија, но дека во нивниот двор има многу природна глина, каде што се пронајдени фосили. - Многу луѓе велат дека чувството е неверојатно кога ќе откриете такво нешто во вашиот двор - вели Синг. -Тој исто така кажа дека фосилите се насекаде, само треба внимателно да гледате но пронаоѓањето на овој голем фосил е права реткос, заклучува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/shestgodishno-dete-baralo-crvi-vo-dvorot-a-potoa-iskopalo-neshto-staro-488-milioni-godini-foto-video/feed/ 0
Антарктик: Пронајдени фосили стари 280 милиони години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/antarktik-pronajdeni-fosili-stari-280-milioni-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/antarktik-pronajdeni-fosili-stari-280-milioni-godini/#respond Wed, 17 Jan 2018 08:53:53 +0000 http://kurir.mk/?p=12103

Научници од Универзитетот „Висконсин-Медисон“ на Антарктикот открија фосили на дрва стари 280 милиони години, што можеби се доказ за најстарата позната поларна шума, објави „Индепендент". Професорите Ерик Голбрансон и Џон Исбел ги откриле праисториските примероци на Трансантарктичките Планини, каде што некогаш имало зимзелена широколисна шума. Пронајдени се делови од 13 дрвја чија старост се проценува на 260 до 280 милиони години, што значи дека во областа имало вегетација и пред појавата на диносаурусите. Откритето покажува дека дрвата вирееле на географска ширина каде што научниците сметаа дека не може да има растителен свет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/antarktik-pronajdeni-fosili-stari-280-milioni-godini/feed/ 0