фосилни горива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 20 Oct 2021 09:26:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фосилни горива – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ОН: Планираното производство на фосилни горива сериозно ги загрозува климатските цели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-planiranoto-proizvodstvo-na-fosilni-goriva-seriozno-gi-zagrozuva-klimatskite-celi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-planiranoto-proizvodstvo-na-fosilni-goriva-seriozno-gi-zagrozuva-klimatskite-celi/#respond Wed, 20 Oct 2021 09:26:23 +0000 https://kurir.mk/?p=582451

Државите во светот во моментов планираат повеќе од двојно производство на јаглен, нафта и гас, што не е во согласност со плановите за ограничување на глобалното затоплување на 1,5 степени Целзиусови, се посочува во денешната реакција од Обединетите нации. Десет дена пред Самитот за климата, кој се смета за клучен за одржливоста на температурните цели на Парискиот договор, Програмата на ОН за животна средина наведува дека плановите на земјите за производство на фосилни горива во оваа деценија се „опасно неконзистентни“ со потребното намалување на емисиите, пренесува Радио Слободна Европа. ОН велат дека емисијата на штетни гасови мора да се намали за речиси 50 проценти до 2030 година и на нула до средината на векот, со цел да се ограничи затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови над прединдустриските нивоа. Но, извештајот за производство покажа дека вкупното производство на фосилни горива најверојатно ќе се зголемува најмалку до 2040 година. Плановите за развој ќе произведат 110 проценти повеќе фосилни горива оваа деценија отколку што е во согласност со ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени над зададеното ниво, и 45 проценти повеќе во делови од светот каде што температурите се зголемуваат за два степени Целзиусови. „Резултатите од истражувањето се јасни: глобалното производство на јаглен, нафта и гас мора да почне да опаѓа веднаш и нагло за да биде во согласност со ограничувањето на долгорочното затоплување“, вели Плој Ачакулвисут, главен автор на извештајот од Институтот за животна средина во Стокхолм. Тој додава дека државите, сепак, продолжуваат да планираат и поддржуваат нивоа на производство на фосилни горива што далеку ги надминуваат оние количини што можеме безбедно да ги согориме. Со сегашната стапка на затоплување од 1,1 степени Целзиусови, планетата се повеќе се бори со чести суши, поплави и бури кои стануваат посилни со зголемувањето на нивото на морето. Според Парискиот договор од 2015 година, земјите се обврзаа да го ограничат затоплувањето на 1,5 до 2 Целзиусови степени преку значително намалување на емисиите на стакленички гасови, потсетува РСЕ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/on-planiranoto-proizvodstvo-na-fosilni-goriva-seriozno-gi-zagrozuva-klimatskite-celi/feed/ 0
Научници: Фосилните горива мора да останат во земјата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-fosilnite-goriva-mora-da-ostanat-vo-zemjata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-fosilnite-goriva-mora-da-ostanat-vo-zemjata/#respond Fri, 10 Sep 2021 06:56:10 +0000 https://kurir.mk/?p=561826

Би-Би-Си – Лондон Речиси 60 отсто од резервите на нафта и гас и 90 отсто од јагленот мора да останат во земјата за да го одржат глобалното затоплување под 1,5 целзиусов степен, велат научниците. Прогнозата се базира на внимателна анализа на глобалната понуда и побарувачка на енергија. Ова е „мрачна“, но реална проценка на „она што науката ни вели дека е неопходно“, велат истражувачите. Тие „насликаа сценарио за иднината“ што остава многу помалку простор за фосилни горива отколку што се мислеше. Истражувачите пресметале дека глобалното производство на фосилни горива би требало да достигне врв во 2020 година и постојано да опаѓа за 3% секоја година до 2050 година. „За време на ковид пандемијата, видовме голем пад во производството – но тоа сега закрепнува, изјави за Би-Би-Си експертот за енергетски системи од УЦЛ (University College London),  д-р Стив Пај. Студијата се фокусира на тоа колку енергија е потребна и колкава треба да биде границата на емисии на јаглерод. Д-р Џејмс Прајс, исто така од УЦЛ, изјави – Со нашиот модел ние порачуваме: Исполнете ги сите овие барања од сега до 2100 година без да испуштате премногу јаглерод диоксид. Резултатот е брзо намалување на фосилните горива – и голема количина фосилни горива (оставени во земјата). Студијата, објавена во списанието „Нејчр“, исто така, покажа дека намалувањето на глобалното производство на нафта и гас потребно до 2050 година – за да се придржуваат до одредени граници на ограничувањето – значи дека многу региони се пред пик на производството – сега или во следната деценија. Многу проекти за фосилни горива кои се веќе планирани или се во функција, најверојатно ќе ги загрозат светските шанси за исполнување на меѓународно договорените цели за глобално затоплување, утврдени со Парискиот договор од 2015 година. И оваа „мрачна слика“, велат научниците, „најверојатно е потценување на она што е неопходно“. Горната граница на емисии поставена со моделирањето ќе му даде на светот 50 проценти шанса да го ограничи затоплувањето на 1,5 степен Целзиусови. Но, студијата во студијата се потенцира дека ова не ја зема предвид неизвесноста околу, на пример, обратната врска со климатските промени. Така, за да се обезбеди поголема безбедност за стабилизирање на оваа температура, (уште) повеќе јаглерод мора да остане во земјата “. Истражувачите ги истакнуваат смелите национални политики за целосно отстранување на фосилните горива, вклучително и алијанса формирана од Костарика и Данска, која ќе стартува на клучната конференција на ОН за климатските промени оваа година во Глазгов, барајќи од земјите да престанат да издаваат решенија за добивање фосилни горива. И научниците велат дека се надеваат дека „јасните бројки“ ќе инспирираат политичка волја за брза и итна промена за да се оддалечиме од зависноста од фосилни горива. Д-р Прајс за Би-Би-Си рече: Физиката не ја интересира политичката волја. Знаеме технички како да го направиме тоа, само треба да го направиме тоа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nauchnici-fosilnite-goriva-mora-da-ostanat-vo-zemjata/feed/ 0
Велика Британија во 2030 година може да забрани автомобили на фосилни горива https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-vo-2030-godina-moze-da-zabrani-avtomobili-na-fosilni-goriva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-vo-2030-godina-moze-da-zabrani-avtomobili-na-fosilni-goriva/#respond Mon, 16 Nov 2020 10:49:08 +0000 https://kurir.mk/?p=430127

Велика Британија може да воведе забрана за продажба на автомобили со мотори на фосилни горива пет години порано во однос на првичниот план. „Фајненшл тајмс“ и Би-Би-Си информираат дека британскиот премиер Борис Џонсон ќе објави забрана за продажба на автомобили со СУС мотори, што ќе стапи во сила во 2030 година, пет години порано од првично планираното. Продажбата на хибриди би била дозволена до 2035 година, но возилата со „чист“ бензински и дизел мотор може брзо да исчезнат од продажните салони. Забрзувањето на плановите, наводно, има врска со намерата да се зголеми продажбата на електрични автомобили со цел Велика Британија да се доближи до целите за климатските промени. Владата е подготвена да потроши 500 милиони фунти за изградба на инфраструктурата потребна за полнење електрични автомобили. Се очекува Џонсон да го објави планот во наредните денови. Локалните медиуми коментираат дека производителите на автомобили веројатно нема да бидат задоволни од одлуката, што може да влијае на британскиот пазар.203]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/velika-britanija-vo-2030-godina-moze-da-zabrani-avtomobili-na-fosilni-goriva/feed/ 0