фото – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 22 Nov 2022 07:34:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.2 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фото – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ФОТО: Во воздухот +30 степени, на терените +21, еве како Катарците ги ладат стадионите https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-vo-vozduhot-30-stepeni-na-terenite-21-eve-kako-katarcite-gi-ladat-stadionite/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-vo-vozduhot-30-stepeni-na-terenite-21-eve-kako-katarcite-gi-ladat-stadionite/#respond Tue, 22 Nov 2022 07:15:01 +0000 https://kurir.mk/?p=764517

Поради високите температури, Светското првенство во Катар е прво во историјата што се одржува во зимските месеци, а сите стадиони се опремени со клима уреди за играчите и гледачите да бидат свежи. Поради високите температури кои се над 30 степени, сите стадиони се опремени со револуционерен систем за климатизација. - Играчите ќе го имаат најдоброто искуство во својот живот. Ја имаме најдобрата термичка технологија во нашите машини и најдобри сензори околу стадионот, изјави Сауд Абдулазиз Абдул Гани, кој е одговорен за тоа што сите стадиони во Катар се подготвени за високите температури. Така, играчите и навивачите ќе уживаат во постојана температура на воздухот од 21-23 степени, а сензорите околу стадионот ја одржуваат температурата постојана, па дури и се прилагодуваат на условите, на сенка или на сончев сјај. Студениот воздух постојано дува на теренот преку големи цевки поставени веднаш до тревникот. Токму поради оваа причина, најстудено ќе биде за оние кои се во непосредна близина на тие цевки, како што се играчите кои се загреваат за натпреварот на работ од теренот. Гледачите можат да уживаат во натпреварот во лесни долги ракави или кратки ракави на температура од приближно 23 степени. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/foto-vo-vozduhot-30-stepeni-na-terenite-21-eve-kako-katarcite-gi-ladat-stadionite/feed/ 0
ФОТО: Ова е најнискиот пар во светот, нивната вкупна висина е 180 сантиметри https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ova-e-najniskiot-par-vo-svetot-nivnata-vkupna-visina-e-180-santimetri/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ova-e-najniskiot-par-vo-svetot-nivnata-vkupna-visina-e-180-santimetri/#respond Wed, 02 Nov 2022 08:25:46 +0000 https://kurir.mk/?p=754243

Бразилски пар е прогласен за најнизок во светот и влезе во Гинисовата книга на рекорди. Катисиа Ли Хошино Барос и Пауло Габриел да Силва Барос се во брак шест години, а нивната вкупна висина изнесува 180 сантиметри. Парот се запознал пред повеќе од 10 години, а на социјалните мрежи со следбениците споделуваат детали од нивното секојдневие. Некои од работите со кои секојдневно се соочуваат се превисоките, за нив, тоалетни школки, но и неможноста да достигнат работи на полиците во продавниците. -Кога се зборува за инклузија и достапност, луѓето мислат на параплегија или слични недостатоци. Џуџестиот раст речиси никогаш не се споменува. Затоа практично и нема пониски банкарски шалтери, прилагодени тоалети и слично, вели Пауло. Пауло е професионален готвач, а неговата сопруга е козметичарка. Велат дека од нивните обожаватели секојдневно добиваат позитивни коментари и поддршка. Тој за побарал за жена Катисиа во ресторан, а парот се венчал во 2016 година. Истата година добиле сертификат од Гинисовата книга на рекорди за најнисок пар во светот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-ova-e-najniskiot-par-vo-svetot-nivnata-vkupna-visina-e-180-santimetri/feed/ 0
ФОТО: Се’ е пеплосано, еве како изгледа станот кој се запали вчера во Штип, жената собирала картони и пластика https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-se-e-peplosano-eve-kako-izgleda-stanot-koj-se-zapali-vchera-vo-shtip-zenata-sobirala-kartoni-i-plastika/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-se-e-peplosano-eve-kako-izgleda-stanot-koj-se-zapali-vchera-vo-shtip-zenata-sobirala-kartoni-i-plastika/#respond Mon, 24 Oct 2022 10:26:27 +0000 https://kurir.mk/?p=749822

Пеплосан е целиот стан, од каде што почнал пожарот синоќа во зградата на улицата „Широк дол“ во Штип. Црнила и вода на сите страни, изгорена е покуќнината, но и картони, пластики кои станарката ги собирала. МИА денеска беше во зградата, каде што станарите ноќта ја поминале под ведро небо, или кај своите роднини. Сите заедно го чистеа влезот, вратите од црнилата, кои чадот и огнот ги оставиле зад себе. Снежана Шалева која живее под станот, што целосно изгоре вели дека сликата синоќа била страшна. -Вивна пламенот нагоре не можевме да ги спуштиме ролетните, ниту прозорците да ги отвориме. Јас успеав да се симнам до доле, но се онесветив и право во Брзата помош ме однесоа. Мажот ми остана два саата во станот, се додека траеше пожарот, после и него го изнеселе и него го однеселе во Брзата помош со кислород, вели Шалева. Станарите велат дека не е првпат да се пали станот на нивната сосетка, пожарната во изминатите 20 години интервенирала минимум трипати. Ване Монолев станар вели дека досега пишувале петиции и барале од надлежните институции да се згрижи нивната сосетка. -Еве и вие самите гледате, што има горено, картони, пластики. По двапати се појави пожарната синоќа. Благодарение на брзата интервенција на пожарната се изгасна пожарот, а беа излечени и сите станари. Јас, сопругата и соседката останавме горе, пробав да се симнам со тубите со вода еве до трети спрат, но повторно се вратив назад, оти се загушив и морав да се вратам, вели Манолев. Станарите велат дека пред неколку години им бил забетониран хидрофорот, сега бараат надлежните институции да го стават во функција. Штипското комунално претпријатие „Исар“ попладнево ќе го изнесува сметот и остатоците од пожарот. Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков вели дека со градежна механизација ќе се чисти просторот. Според увидот на надлежните институции и на пожарникарите, синоќа во зградата целосно е изгорен еден стан, додека вториот делумно е зафатена. По увидот струјата е вклучена во зградата. Надлежните по синоќешниот увид ќе утврдат кои се причините за пожарот, а сомнежите на станарите се дека настанал од свеќа или плинска боца.

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-se-e-peplosano-eve-kako-izgleda-stanot-koj-se-zapali-vchera-vo-shtip-zenata-sobirala-kartoni-i-plastika/feed/ 0
ФОТО: Триесетина интервенции на ЈП „Паркови и зеленило“ по вчерашното невреме, екипите и денеска на терен https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-triesetina-intervencii-na-jp-parkovi-i-zelenilo-po-vcherashnoto-nevreme-ekipite-i-deneska-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-triesetina-intervencii-na-jp-parkovi-i-zelenilo-po-vcherashnoto-nevreme-ekipite-i-deneska-na-teren/#respond Thu, 28 Jul 2022 08:55:38 +0000 https://kurir.mk/?p=711208

Екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ по вчерашното невреме кое го зафати Скопје интервенирале на 30-тина локации. -Синоќешното невреме што го зафати Скопје, проследено со силен ветер и дожд, предизвика оштетување на гранки и дрвја. Во текот на ноќта екипите интервенираа на 25 локации во општина Аеродром, Гази Баба и Центар, информираат од ЈП „Паркови и зеленило“. Од претпријатието истакнуваат дека денес теренските екипи продолжуваат со расчистување на останатите локации, онаму каде што граѓаните продолжуваат да пријавуваат паднати гранки и дрвја. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-triesetina-intervencii-na-jp-parkovi-i-zelenilo-po-vcherashnoto-nevreme-ekipite-i-deneska-na-teren/feed/ 0
Стојановиќ одбра 20 ракометари за подготовките во Маврово (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/stojanovikj-odbra-20-rakometari-za-podgotovkite-vo-mavrovo-foto/ https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/stojanovikj-odbra-20-rakometari-za-podgotovkite-vo-mavrovo-foto/#respond Thu, 28 Jul 2022 05:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=711059

Селекторот на македонската репрезентација, Раде Стојановиќ го скрати списокот на 20 ракометари кои ќе заминат на подготовки во Маврово за ЕХФ шампионатот У18 во Рига, кој ќе се одржи од 8. до 14. август. Македонија на ова првенство ќе игра во група со Летонија, Косово и Турција. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/rakomet/stojanovikj-odbra-20-rakometari-za-podgotovkite-vo-mavrovo-foto/feed/ 0
ФОТО: Седми ден масовен протест во Скопје против францускиот предлог https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sedmi-den-masoven-protest-vo-skopje-protiv-francuskiot-predlog/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sedmi-den-masoven-protest-vo-skopje-protiv-francuskiot-predlog/#respond Sun, 10 Jul 2022 18:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=702952

Граѓани со развиорени македонски знамиња и со маички на кои е напишано „НЕ“, како и „Навиваме за Македонија“, се дел од учесниците на протестот против францускиот предлог што вечерва почна пред Владата. На булеварот „Илинден“ се уште стои паролата „Но пасаран“ испишана со црвени букви, а група млади луѓе со тапани го скандираат името „Македонија“. Може да се забележат и транспаренти „Сепак ние ќе победиме“ и „Стоп за бугаризација“, но главниот и најголем е „Со фашисти не преговараме“. Протестот против францускиот предлог, под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“, се одржува седми ден. Вчера, поради муслиманскиот празник Курбан Бајрам протест не се одржа, а не се организираше ниту во петокот кога незадоволството беше изразено преку блокади во Скопје, на булеварот пред Владата, како и на магистралните патишта Штип – Велес, Струмица – Радовиш и Плетвар – Прилеп. Протестите продолжуваат и во следните денови. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/foto-sedmi-den-masoven-protest-vo-skopje-protiv-francuskiot-predlog/feed/ 0
ФОТО: Посебна серија патики за љубителите на Порше, позната е и цената https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-posebna-serija-patiki-za-ljubitelite-na-porshe-poznata-e-i-cenata/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-posebna-serija-patiki-za-ljubitelite-na-porshe-poznata-e-i-cenata/#respond Sat, 11 Jun 2022 12:28:39 +0000 https://kurir.mk/?p=689540

Порше и Пума претставуваат лимитирана серија со која оддаваат почит на еден посебен модел. Porsche 911 Carrera RS 2.7 е премиерно претставено пред половина век. Кога е претставен, овој автомобил беше најбрзото германско возило,  но и едно од најбрзите во светот. Постигнуваше брзина од 245 км/ч. А сега патиките Puma x Porsche Suede RS 2.7 се оние кои ќе го одбележат големиот јубилеј. Ќе бидат произведени 500 пара од секој модел, односно боја, баш како што Порше произведе 500 примероци од автомобилите. Во продажба ќе има 10 бои кои се идентични на автомобилите. Осум бои ќе бидат достапни за целиот свет, додека портокаловата е резервирана на холандскиот пазар, а црните за јапонскиот. Цената е околу 120 евра. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/foto-posebna-serija-patiki-za-ljubitelite-na-porshe-poznata-e-i-cenata/feed/ 0
ФОТО: Автомобил се преврте во паркот кај Јужен булевар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-avtomobil-se-prevrte-vo-parkot-kaj-juzen-bulevar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-avtomobil-se-prevrte-vo-parkot-kaj-juzen-bulevar/#respond Mon, 02 May 2022 13:29:19 +0000 https://kurir.mk/?p=670741

Автомобил „Фиат“ денеска се преврте во Урбан парк кај Јужен булевар. Од МВР за Курир велат дека во 14:20 часот добиле пријава за превртено возило кое претходно излетало од коловоз. Неофицијално, нема повредени лица. Повеќе детали се очекуваат во текот на денот, а полициските екипи се на терен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/foto-avtomobil-se-prevrte-vo-parkot-kaj-juzen-bulevar/feed/ 0
ФОТО: Гром удри во зграда во Велес, нема настрадани https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-grom-udri-vo-zgrada-vo-veles-nema-nastradani/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-grom-udri-vo-zgrada-vo-veles-nema-nastradani/#respond Sun, 01 May 2022 13:54:03 +0000 https://kurir.mk/?p=670456

Силно невреме денеска го зафати Велес. Гром удри во зграда во близина на основното училиште Васил Главинов, при што се запали стан на поткровјето од зградата. Во пожарот за среќа нема настрадани. Лекарска помош им е укажана на две лица кои имале проблеми со дишењето поради вдишан чад. Пожарот го гасне противпожарната единица во Велес, а на помош пристигна цистерна од ЈКП Велес. На лице место се и локаните власти и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Игор Здравковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/foto-grom-udri-vo-zgrada-vo-veles-nema-nastradani/feed/ 0
ФОТО: Кралицата Елизабета Втора го прославува 96 роденден, објави досега невидена фотографија https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kralicata-elizabeta-vtora-go-proslavuva-96-rodenden-objavi-dosega-nevidena-fotografija/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kralicata-elizabeta-vtora-go-proslavuva-96-rodenden-objavi-dosega-nevidena-fotografija/#respond Thu, 21 Apr 2022 07:58:02 +0000 https://kurir.mk/?p=666369

На официјалната страна на британското кралско семејство на Фејсбук објавена е фотографија од кралицата Елизабета Втора на две годишна возраст. Со фотографијата е објавена и порака со која на кралицата и се честита 96-тиот роденден. Кралицата оваа година просласува и 70 години на тронот. Никогаш не се очекувало таа да стане кралица, но во 1936 година нејзиниот живот се менува. Тогаш нејзиниот вујко, кралот Едвард Осми абдицира и нејзиниот татко станува крал, а тогаш младата принцеза наследник на тронот како прво негово дете. По смртта на нејзиниот татко во 1952 година, Елизабета станува кралицата Елизабета Втора на 25 годишна возраст. Таа е прв монарх во британската историја која е толку долго на тронот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/foto-kralicata-elizabeta-vtora-go-proslavuva-96-rodenden-objavi-dosega-nevidena-fotografija/feed/ 0