фотоволтаици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 19 Sep 2023 12:43:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png фотоволтаици – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Подрачното Даме Груев во Долно Оризари, прво училиште кое ќе добие фотоволтаици во Битола https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podrachnoto-dame-gruev-vo-dolno-orizari-prvo-uchilishte-koe-ke-dobie-fotovoltaitsi-vo-bitola/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podrachnoto-dame-gruev-vo-dolno-orizari-prvo-uchilishte-koe-ke-dobie-fotovoltaitsi-vo-bitola/#respond Tue, 19 Sep 2023 12:43:32 +0000 https://kurir.mk/?p=879545

Во кабинетот на градоначалникот Тони Коњановски, денес беше потпишан трипартитниот договор, по кој започнуваат оперативните активности за поставување на фотоволтаици на подрачното основно училиште „Даме Груев“ во с. Долно Оризари. Фотонапонскиот систем ќе биде поставен со средства во висина од 400.000 денари, донација од Амбасадата на Народна Република Кина во земјава. Амбасадорот на Народна Република Кина Џанг Ѕуо како донатор, градоначалникот Тони Коњановски како примател на донацијата и претставници на фирмата изведувач Солар Спектар АГ Дооел од Скопје, го потпишаа трипартитниот договор, со кој практично започнува изведбата на системот со вкупна инсталирана моќност од 12,1 kWр. Подрачното основно училиште „Даме Груев“, опфаќа околу 160 ученици од прво до деветто одделение, а во состав на објектот е сместена и една група на деца од предучилишна возраст. Покрај обезбедувањето на донацијата, општина Битола продолжува со капитални инвестиции за кои оваа година исплатени се 154.000.000 денари, што значи реализација на 45,10% од планираното, а во моментот на општинската сметка има 237.000.000 денари. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/podrachnoto-dame-gruev-vo-dolno-orizari-prvo-uchilishte-koe-ke-dobie-fotovoltaitsi-vo-bitola/feed/ 0
Општина Гостивар планира преку јавно-приватно партнерство да постави 11.300 фотоволтаици https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-planira-preku-javno-privatno-partnerstvo-da-postavi-11-300-fotovoltaitsi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-planira-preku-javno-privatno-partnerstvo-da-postavi-11-300-fotovoltaitsi/#respond Thu, 06 Jul 2023 13:43:23 +0000 https://kurir.mk/?p=853651

Советот на општина Гостивар донесе одлука со која ќе отпочне со постапка за поставување на фотоволтаици на имот кој е во нејзина сопственост. Локалната самоуправа на денешната седница на советот од советниците побара и доби поддршка за реализирање на проект со кој на имотот и покривите на 29 објекти, да се постават соларни панели за производство на електрична енергија. -Овој проект треба да се реализира по принцип на јавно-приватно партнерство, со што економскиот оператор ќе треба да инвестира и да ги користи минимум 15 до максимум 25 години. Општина Гостивар како партнер може да добие 5 или 10 отсто од добивката, кажа претставникот на општина Гостивар. Во дискусиите дел од советниците напоменаа дека времетраењето на концесијата треба да биде помала и да се однесува на рокови од 15 години и 10 години да се обезбеди повисок процент од профитот. Како важен услов беше напоменато, идните оператори да ги намируваат сметките за струја на објектите на кои ќе бидат поставени фотоволтаиците. Според физибилити студијата, со овој проект на објекти како градинки, спортски сали, училишни згради, општински претпријатија и во дворовите треба да се постават околу 11.300 панели кои би произведувале околу 7.500 мегават часови електрична енергија.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/opshtina-gostivar-planira-preku-javno-privatno-partnerstvo-da-postavi-11-300-fotovoltaitsi/feed/ 0
Лефков: Си потпис на Артан Груби фирма на сопругата на Ковачевски купува државно земјиште за фотоволтаици по цена од 70 дена за м2 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-si-potpis-na-artan-grubi-firma-na-soprugata-na-kovachevski-kupuva-drzhavno-zemjishte-za-fotovoltaitsi-po-tsena-od-70-dena-za-m2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-si-potpis-na-artan-grubi-firma-na-soprugata-na-kovachevski-kupuva-drzhavno-zemjishte-za-fotovoltaitsi-po-tsena-od-70-dena-za-m2/#respond Wed, 05 Apr 2023 10:21:33 +0000 https://kurir.mk/?p=820474

Додека Димитар Ковачевски е премиер, неговата сопруга добива државно земјиште со Одлука на влада по багателна цена. Наместо Ковачевски, потпишал Груби, имено додека Ковачевски го брани Артан Груби за криминалниот надзор од 22 милиони евра, Артан Груби потпишува Одлука за продажба на земјиште за фотоволтаична централа на сопругата на Ковачевски по цена од 70 денари за метар квадратен. На 14 март на седница на владата, со која претседава Груби, е донесена Одлука со која што се задолжува општина Радовиш да се продаде државно земјиште од 1.119 м2 на фирмата Сол Груп 5 ДОО Скопје, каде сопственик е сопругата на Ковачевски. Владата, во случајов Груби, прави непосредна спогодба со фирмата на сопругата на Ковачевски, и врз основа на таа непосредна спогодба е донесена Одлуката за продажба на 1.119 м2 државно земјиште по цена од 70 денари за м2. Фирмата на сопругата на Ковачевски ќе купи 1.119 м2 земјиште за вкупно 1.273 евра. Ова е последната сложувалка која е потребна за фирмата на сопругата на Ковачевски да ја дооформи парцелата и да пристапи кон вадење на дозволи од институциите за изградба на фотоволтаичната централа, и тоа е направено со потпис на Груби. Да потсетиме ова е втор бизнис на семејството Ковачевски со фотоволтаици, првиот е основан од Димитар Ковачевски преку фирмата Пиксел Груп, која сега е во посед на неговиот кум Горан Паунов, фирма за производство на фотоволтаични панели, која својот бизнис забрзано го шири со доаѓањето на СДС на власт, кога е и формирана. Ја повикуваме ДКСК да отвори случај и да ја испита Одлуката потпишана од Груби со фирмата на сопругата на Ковачевски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/lefkov-si-potpis-na-artan-grubi-firma-na-soprugata-na-kovachevski-kupuva-drzhavno-zemjishte-za-fotovoltaitsi-po-tsena-od-70-dena-za-m2/feed/ 0
За два месеци нови 88 фотонапонски електроцентрали, може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-mesetsi-novi-88-fotonaponski-elektrotsentrali-mozhe-da-se-zadovolat-potrebite-na-domakinstva-od-osum-gradovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-mesetsi-novi-88-fotonaponski-elektrotsentrali-mozhe-da-se-zadovolat-potrebite-na-domakinstva-od-osum-gradovi/#respond Sat, 04 Mar 2023 09:07:19 +0000 https://kurir.mk/?p=807978

Во првите два месеци од годинава во државата има нови 88 фотонапонски електроцентрали со моќност од 29 MW за производство на електрична енергија од обновливи извори кои се стекнаа со лиценци за работа од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Кумулативно ако се анализираат бројките, од кога се регистрира тренд на зголемен интерес за инвестиции во обновливи извори, за само 14 месеци РКЕ има издадено лиценци за 355 фотонапонски централи, со чија вкупна инсталирана моќност може да се задоволат потребите за електрична енергија на домаќинствата со просечна потрошувачка од осум градови низ државава. -Сведоци сте дека интересот за изградба на фотонапонски централи рапидно се зголемува од месец во месец. Последните податоци заклучно со февруари покажуваат дека за само 14 месеци (1 јануари 2022 до 28 февруари 2023) во земјава има нови фотонапонски централи со инсталиран вкупен капацитет од 181.2 MW од обновливи што можат да ги задоволат потребите на 72.500 домаќинства кои имаат просечна потрошувачка на електрична енергија. Односно со овие капацитети од обновливи извори на енергија може да се задоволат потребите на домаќинства од осум градови: Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св Николе, Ресен и Дојран, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/za-dva-mesetsi-novi-88-fotonaponski-elektrotsentrali-mozhe-da-se-zadovolat-potrebite-na-domakinstva-od-osum-gradovi/feed/ 0
Водечки прехранбени компании, иако побарале, нема да добиваат субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици  https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechki-prehranbeni-kompanii-iako-pobarale-nema-da-dobivaat-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechki-prehranbeni-kompanii-iako-pobarale-nema-da-dobivaat-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/#respond Mon, 28 Nov 2022 15:21:22 +0000 https://kurir.mk/?p=767729

Компании од прехранбената индустрија, иако опфатени со мерката за субвенционирана струја, не ќе може да склучат договори со ЕСМ. Аплицирале, но се одбиени зашто имале фотоволтаици. Како што велат за МИА од Стопанската комора на Македонија, се работи за носечки компании во одделни прехранбени сектори. -Иако опфатени со мерката за субвенционирана струја од 1 декември, некои компании од прехранбената индустрија, водечки во своите сектори, не ќе може да склучат договори со ЕСМ зашто имаат поставено фотоволтаици, истакнуваат од Комората, но не откриваат конкретно за кои компании станува збор. Заклучно со 23 ноември, кога истече крајниот рок за пријавување за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена, апликации доставиле 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор. Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vodechki-prehranbeni-kompanii-iako-pobarale-nema-da-dobivaat-subvencionirana-struja-zashto-imaat-fotovoltaici/feed/ 0
Стапија во сила законските измени за поедноставни процедури за фотоволтаици https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stapija-vo-sila-zakonskite-izmeni-za-poednostavni-proceduri-za-fotovoltaici/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stapija-vo-sila-zakonskite-izmeni-za-poednostavni-proceduri-za-fotovoltaici/#respond Tue, 25 Oct 2022 08:23:23 +0000 https://kurir.mk/?p=750072

Граѓаните и деловната заедница ќе може да постават најбрзо и по најповолни услови фотонапонски електроцентрали за производство на струја. Стапија во сила измените на Законот за градење како дел од низата мерки за поддршка во услови на најголемата светска енергетска криза, информираат денеска од владината прес-служба. На овој начин, додаваат, се поедноставува процедурата за поставување фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до шест киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите. -Клучно е што процедурата е без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение/решение за градење од локалната самоуправа. Инвеститорите се сега должни само да ја известат општината и да ги достават потребните документи. За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а за физички лица копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект. Контролата дали се поставени фотоволтации како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори, се вели во соопштението од Владата.3
Како што прецизираат, граѓаните треба да достават известување за поставување фотонапонска електроцентрала кон кое ќе приложат копија од лична карта, имотен лист за објектот на кој се предвидува да се постави фотонапонската електроцентрала, со право на сопственост на инвеститорот, доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот, се доставува договор или согласност од сопственикот на објектот основен проект за фотонапонска електроцентрала до шест киловати за домаќинствата, односно до 40 киловати за компаниите. Со измените се предвидува и посебна постапка за поставување фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа. -Владата работи во интерес на граѓаните и на стопанството, за ублажување на последиците од најголемата светска енергетска криза. Покрај приоритетното обезбедување со електрична енергија и храна, се инвестира во проекти за зголемување на енергетската независност, развој на зелена економија и подобар животен стандард, велат од Владата. Од почетокот на кризата, додаваат, со цел забавување на прелевањето на инфлаторните притисоци, беа преземени мерки во износ од 400 милиони евра, кои потоа беа надополнети со мерки предвидени во ребалансот на Буџетот и како трет сет мерки е најновиот пакет од 360 милиони евра поддршка за граѓаните и за стопанството.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stapija-vo-sila-zakonskite-izmeni-za-poednostavni-proceduri-za-fotovoltaici/feed/ 0
ССК: Да се овозможи инсталирање фотоволтаици паралелно со обезбедувањето дозволи https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-da-se-ovozmozi-instaliranje-fotovoltaici-paralelno-so-obezbeduvanjeto-dozvoli/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-da-se-ovozmozi-instaliranje-fotovoltaici-paralelno-so-obezbeduvanjeto-dozvoli/#respond Wed, 05 Oct 2022 13:43:19 +0000 https://kurir.mk/?p=741403

Во услови на прогласена кризна состојба, да се дозволи поставување фотоволтаични панели паралелно со обезбедувањето на потребните дозволи и целокупната документација, бара Сојузот на стопански комори (ССК). Според Сојузот, голем број компании се подготвени да инвестираат во фотоволтаици и веќе ги имаат направено неопходните набавки, но процесот е закочен заради бирократските процедури за обезбедување дозволи. -Барањето е неопходно, разумно и не ангажира никакви дополнителни средства за реализација од страна на државниот буџет, а ќе се дозволи компаниите со свои инвестиции да ги намалат и енергетската зависност и сметките за електрична енергија, наведува ССК. Владата и надлежните институции, оценува Сојузот, треба брзо и ефикасно да постапат и да преземат се што е во нивна надлежност за создавање подобри услови за работење на бизнисите во услови на криза. -Состојбата во која се наоѓаат бизнисите е исклучително предизвикувачка и неопходно е итно и неодложно да се обезбедат соодветни, таргетирани и реални мерки за поддршка. Енергетската криза му задава тежок удар на стопанството, a ценовниот притисок што го предизвикуваат рекордните вредности на електричната енергија на берзите веќе почна да предизвикува затворање на одредени производни капацитети. Уште во август доставивме 14 барања за мерки од кои со најголемо значење се тие за ограничување на цената на струјата до одредено ниво до кое ќе ја плаќаат претпријатијата, додека над тоа ниво да ја плаќа Владата преку фондови наменети за енергетска кризна состојба како и обезбедување на струја од домашните производни капацитети, по поповолна цена за стопанството, наведува ССК. Во рамки на пакетот мерки што го подготви Сојузот во соработка со експерти беше и барањето за укинување на ДДВ за фотоволтаици и опрема за монтажа на фотоволтаици, како и за инвертер клими и агрегати со кои може да се намали количината на енергија која се ангажира за загреење на објектите. -Со цел да се дестимулира употребата, потребно е да се воведе дополнителен данок за користење енергетски неефикасни уреди за загревање, а во Скопје и во другите градови каде има можност, треба да се обезбеди бесплатно приклучување на систем на централно греење, истакнува ССК. Сојузот предлага и мерки за зголемување на енергетската ефикасност, меѓу кои оданочување со повисок данок на стариот тип светилки со вжарено влакно кои во продавниците треба да се одвојат на посебен рафт и да се обележат како енергетски неефикасни, во Законот за градење да се изврши измена со која при градбата на нови објекти задолжително да постои обврска за монтирање енергетски ефикасни решенија и фотоволтаици на крововите. Потребно е и да се класифицираат новите градби според степенот на енергетската ефикасност и еден дел од комуналните давачки да се одредува според енергетска класа на објектот, дополнува ССК. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ssk-da-se-ovozmozi-instaliranje-fotovoltaici-paralelno-so-obezbeduvanjeto-dozvoli/feed/ 0
И по Црпко, Таче… https://arhiva.kurir.mk/kolumni/i-po-crpko-tache-2/ https://arhiva.kurir.mk/kolumni/i-po-crpko-tache-2/#respond Mon, 03 Oct 2022 09:06:43 +0000 https://kurir.mk/?p=740299

  И по Тито, Тито, а „и по Црпко, Таче“. Се сомневавте? Не, знаеме дека ни на крај ум не се сомневавте во квалитетите на Заевиот престолонаследник, тоа се подразбираше. Во светот, круша под круша паѓа. Во СДССС, пак, лидер над лидер се дига. Во антинационалните дејанија и криминалот. Така би и со Ќуран, кој експресно на сто полиња го засени менторот. Си го бивало човечето. И точка. Или БРОИЛО беше? Таче и од претходно е шампион во антинационални дејанија, премиер кому вода можат да му носат и Заев и Бранко и Љубчо. Талент кој за само 6 месеци владеење со инстант-прифаќањето на „Францускиот предлог“, успеја да не’ продаде гратис на Бугарите и да направи да преговараме за ЕУ со Софија, не со Брисел. Симптоматично е и тоа што според анкетите - над 60 насто од македонските граѓани се против овој забеган пробугарски предлог, а бројката на противење се поклопува со онаа контра Заевата промена на името на Референдумот во 2018-та. Со таа разлика што сегашното изјаснување го спречи Таљо Дезертерот, изведувачот на собраниски диверзии. А што да прави лик возљубен во ликот и неделото на Црпко? На страна, и тој дезертер ко него и Форина. Па, го продолжува неговото недело, разбира се. А во контекст на континуитетот, тука е и криминалот. Имавме „чест“ да не води црпнат муртинец со дузина кривични пријави, човече чиј зачеток беше „Глобал“, а следеа „Поткуп“, „Пуч“, те Цареви села, марихуана семеен бизнис и што ли не, па чуму неговиот црпнат престолонаследник да биде поинаков? Кој нормален, воопшто и би помислил дека Зоче би избрал некој кој е поинаков од него? Не дај Боже некој чесен, доблесен и со вистински вредности... Проблемот е што чесните луѓе не можете да ги држите на синџирче чии алки се составени од различен тип криминал, тендери, рушвет, корони, поткуп, малверзации, кризни состојби, вакцини, учебници, деривати, фотоволтаици и ред други црни бизниси. И таман помисливте дека трајно неспособниот премиер заврши со „Францускиот“, оп дојде дезертерството. Замина и тоа, дојдоа и 26-те милиони со кумот за фотоволтаици. И буквално и фигуративно, „струја е“ Таче, ама за афери и скандали. Вистински „премиер“ и топ есдеесовски пример за алаш-вериш, само што овој не продава пиперки, туку електрична енергија. По ново и историја. А, што знае престолонаследник што се 26 милиони евра? Гарант, кога ќе заврши со продавањето на историјата на Бугарија, и тој планира да одмара на плажа во Грција. Викендицата ќе му биде знаете каде и знаете со кого ќе биде комшија. Оти, Таче под Заев паѓа. Велат, и Стево ПреЦедник бил во позиција на низок старт во Вила Водно, спремен да го аболира Ковачевски. Три пати ако треба. Традиција... Ме мачи само, којзнае колку први девојки имал Ќуран...]]>

https://arhiva.kurir.mk/kolumni/i-po-crpko-tache-2/feed/ 0
Се проширува локацијата за фотоволтаични централи кај селото Тркање https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-proshiruva-lokacijata-za-fotovoltaichni-centrali-kaj-seloto-trkanje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-proshiruva-lokacijata-za-fotovoltaichni-centrali-kaj-seloto-trkanje/#respond Wed, 03 Aug 2022 16:22:12 +0000 https://kurir.mk/?p=713600

Општина Кочани почнува нова постапка за донесување урбанистички план вон населено место, за локацијата Грамади во атарот на селото Тркање, каде што е предвидено да се постават фотоволтаични централи за електрична енергија. Според предлог планот, на продажба ќе се понудат над 28 хектари неземјоделско земјиште, со што се проширува локацијата на која ќе можат да се инсталираат соларни фотоволтаични панели со вкупна моќност од осум мегавати. – Преземените активности претставуваат продолжување на проектот за производство на електрична енергија од обновливи извори што беше почнат пред околу две години, а со кој кочанската локална самоуправа реализираше продажба на осум градежни парцели во државна сопственост за оваа намена. Земјиштето на кое во иднина треба да се постават фотоволтаичните централи се наоѓа во месноста Страна, во атарот на Тркање, истакна, Дејан Рашков, секретар на Општина Кочани. Со претходниот проект Општина Кочани продаде над 18 хектари за истата намена и инкасираше околу 30 милиони денари, при што презеде обврска, како сопствена инвестиција, да обезбеди пристапен земјен пат до парцелите. Во рамки на дополнувањето на урбанистичкиот план, од средината на август ќе почне едномесечна јавна анкета, на која месното население и другите засегнати страни ќе можат преку писмени дописи да ги достават своите мислења и евентуални забелешки. Локалната самоуправа ќе организира и јавна презентација за предлог планот, што ќе се одржи на 22 август во салата на Советот на Општина Кочани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/se-proshiruva-lokacijata-za-fotovoltaichni-centrali-kaj-seloto-trkanje/feed/ 0
Стапија на сила олеснетите правила за монтажа на соларни панели за струја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stapija-na-sila-olesnetite-pravila-za-montaza-na-solarni-paneli-za-struja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stapija-na-sila-olesnetite-pravila-za-montaza-na-solarni-paneli-za-struja/#respond Fri, 17 Jun 2022 14:30:12 +0000 https://kurir.mk/?p=692252

Со драстично олеснети услови, без поседување лиценца или барање дозвола од општина, од денеска секое домаќинство наместо 4 - ќе може да инсталира фотоволтаици со капацитет од максимум 6 киловати а вишоците да ги продава. Новиот Правилник за обновливи извори на енергија, кој веќе е во Службен весник, треба да ги мотивира граѓаните спасот од скапата струја и неизвесноста од испорака на гас да го бараат во природата. Канал 5 исконтактира неколку фирми кои поставуваат фотоволтаици и ја пресмета исплатливоста на инвестицијата. Доколку, хипотетички, поставите панели со моќност од 5 киловати – земајќи ги предвид местоположбата на живеалиштето, поставеноста на панелите и временските прилики, годишно би произвеле околу 5800 kW електрична енергија. Ако просечната месечна потрошувачка на струја, како што покажа последната анализа на Регулаторна за сите домаќинства во земјава, е 410 киловати месечно или 4920 киловати годишно – значи дека инсталацијата ги покрива потребите за струја, па дури и останува вишок. За него граѓаните ќе имаат две опции – или да го продаваат на ЕВН или да го чуваат за зимските месеци кога фотоволтаиците произведуваат 4 пати помалку енергија од периодот помеѓу јуни и август. Ако, согласно сегашната цена на струја за еден киловат, годишно за сметки за струја „одат“ околу 50.000 денари а една фотонапонска централа од 5 киловати чини помеѓу 5000 и 6000 евра – ќе бидат потребни 5 до 7 години за да домаќинството да си ја поврати инвестицијата. Министерството за економија наскоро ќе распише и јавен оглас за субвенции за фотоволтаици од максимум 1000 евра по домаќинство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ekonomija/stapija-na-sila-olesnetite-pravila-za-montaza-na-solarni-paneli-za-struja/feed/ 0