Фрајле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 04 Aug 2022 09:29:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Фрајле – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Неочекувано издание: „Фрајле“ позираа во костими за капење- вакви не сте ги виделе (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neochekuvano-izdanie-frajle-poziraa-vo-kostimi-za-kapenje-vakvi-ne-ste-gi-videle-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neochekuvano-izdanie-frajle-poziraa-vo-kostimi-za-kapenje-vakvi-ne-ste-gi-videle-foto/#respond Thu, 04 Aug 2022 09:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=713928

Групата „Фрајле“ од Нови Сад летово го поминува и во обиколка на целиот регион. Моментално се на хрватското приморје, поточно во Истра, каде имаа концерт. Освен по музичкиот правец, Наташа, Јелена и Невена се препознатливи и по автентичниот имиџ, но досега не сме ги виделе во издание на плажа. Тие на најдобар можен начин го искористија топлиот августовски ден, покрај базенот, за потоа полни со енергија да излезат пред фановите. Тие споделија моменти на уживање на Инстаграм, а фотографиите добија многу позитивни коментари. Наташа Михајловиќ избра зелено-бели бикини кои ја истакнаа нејзината витка линија. Невена Буча се одлучи за црна боја, додека нејзината сестра Јелена размислуваше за секој детал – бел костим за капење на едно рамо со морски мотиви придружени со нејзината коса во пунџа и ефективен корален лак. Сумирано, како што сме навикнати од нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/neochekuvano-izdanie-frajle-poziraa-vo-kostimi-za-kapenje-vakvi-ne-ste-gi-videle-foto/feed/ 0
Девојките од „Фрајле“ доаѓаат два дена пред концертот во Скопје: Вие Македонците го живеете животот и ви завидуваме! https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/devojkite-od-frajle-doagjaat-dva-dena-pred-koncertot-vo-skopje-vie-makedoncite-go-ziveete-zivotot-i-vi-zaviduvame/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/devojkite-od-frajle-doagjaat-dva-dena-pred-koncertot-vo-skopje-vie-makedoncite-go-ziveete-zivotot-i-vi-zaviduvame/#respond Thu, 16 Jun 2022 12:52:07 +0000 https://kurir.mk/?p=691697

Уште само два дена до концертот на миленичките на македонската публика, одличните „Фрајле“. Во сабота на 18-ти пред платото на МОБ, Наташа, Невена и Јелена ќе ги забавуваат скопјани со неколкучасовен концерт. Девојките во Скопје ќе допатуваат уште денеска во Скопје, но тоа не е поради проби за концертот или слично, туку само поради тоа што тие се заљубени во нашата земја. Тие веќе имаат и широк круг на пријатели, а во многу интервјуа кажале дека Македонија е нивниот втор дом. „Како да сме родени тука, не знам, некоја чудна енергија чуствуваме уште кога ќе го поминеме граничниот премин Табановце. Да не зборуваме за народот кај вас, прекрасен е, роден за музика. И покрај сите проблеми кои ги имате, вие го живеете животот и ви завидуваме поради тоа – велат девојките од „Фрајле“ и додаваат дека едвај чекаат да дојде сабота. Она што е важно е тоа што во сабота на 18-ти времето е идеално за интимен концерт, бидејќи се очекуваат вистински летни температури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/devojkite-od-frajle-doagjaat-dva-dena-pred-koncertot-vo-skopje-vie-makedoncite-go-ziveete-zivotot-i-vi-zaviduvame/feed/ 0
Девојките од „Фрајле“ со голем концерт на отворено во Скопје https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/devojkite-od-frajle-so-golem-koncert-na-otvoreno-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/devojkite-od-frajle-so-golem-koncert-na-otvoreno-vo-skopje/#respond Wed, 20 Apr 2022 10:26:12 +0000 https://kurir.mk/?p=665853

Тие се миленички на македонската публика, па токму поради тоа и тие често во нивните интервјуа споменуваат дека од Македонија ги носат најубавите спомени... Поради таа причина, Наташа, Јелена и Невена од триото „Фрајле“ повторно ни доаѓаат во нашата метропола, но овојпат на еден голем концерт и тоа на отворено. Имено, на 18-ти јуни пред платото на МОБ овие популарни новосаѓанки закажаа неколкучасовно дружење со публиката. Нивните бројни хитови и преработки како што се: „Мењам дане“, „Мени требаш ти“, „Ich Liebe Dich“, „Битола мој роден крај“ и многу други ќе бидат само дел од нивниот пребогат музички репертоар, а нека не ве чуди ако вечерта на 11-ти изненадат со некоја нова преработка на песна... „Доста беше од корона, карантини и слично. Време е да се вратиме на оној „стариот“, но добар живот, каде што никој никому забранува да пее и да се смее на глас. Искрено се радуваме на повторната средба со македонската публика - велат популарните девојки од Војводина. Организаторите на овој настан - „Прагма продукција“ велат дека скопјани заслужуваат еден ваков музички подарок. „Публиката во Македонија ги обожава овие девојки и она што тие го прават. Интересот е преголем, а ние може да ветиме одлична музичка вечер - накусо изјавија од продукцијата. Влезниците се веќе пуштени во продажба и истите може да се купат онлајн преку продажната мрежа на „www.kupikarta.com - како и во „Југотон“ и „Розе Веро 2“. Се гледаме на 18-ти јуни пред платото на МОБ - голем концерт на „Фрајле“! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/muzika/devojkite-od-frajle-so-golem-koncert-na-otvoreno-vo-skopje/feed/ 0
Фрајле, Камерен оркестар: Сезона на концерти во битолскиот Центар за култура https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/frajle-kameren-orkestar-sezona-na-koncerti-vo-bitolskiot-centar-za-kultura/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/frajle-kameren-orkestar-sezona-na-koncerti-vo-bitolskiot-centar-za-kultura/#respond Wed, 19 Feb 2020 09:07:27 +0000 https://kurir.mk/?p=305833

Националната установа Центар за култура-Битола во овој период од годината организира и ги реализира планираните музички концерти и други културни настани. Концертната сезона почна со два концерти на битолскиот Камерен оркестар, кои пред бројна публика се одржаа во големата сала на НУ Центар за култура, а денеска почна продажбата на влезници за концерт на женскиот квартет „Фрајле“. -Женскиот квартет „Фрајле“ предизвика голем интерес кај публиката во Битола уште со самата најава дека на 29 февруари ќе настапат во битолскиот Центар. Нивниот музички стил, познат како  „Војводинско танго“ има многу вљубеници и тоа беше доволно за да бидеме домаќини на 4 дами кои прекрасно је пејат и „Битола мој роден крај“, информираат од НУ Центар за култура-Битола. Како што е познато женскиот квартет „Фрајле“ снимиле неколку студиски албуми, а во Битола ќе гостуваат по пауза од 6 години, кога во Пациото на НУ Завод и Музеј одржаа незаборавен целовечерен концерт. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/frajle-kameren-orkestar-sezona-na-koncerti-vo-bitolskiot-centar-za-kultura/feed/ 0