франција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 30 Oct 2023 13:35:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png франција – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемен бројот на македонски кандидати за студии на универзитетите во Франција https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-makedonski-kandidati-za-studii-na-univerzitetite-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-makedonski-kandidati-za-studii-na-univerzitetite-vo-frantsija/#respond Mon, 30 Oct 2023 13:35:51 +0000 https://kurir.mk/?p=894543

За над 40 проценти има зголемување на бројот на кандидати од земјава кои сакаат да запишат прва година студии во Франција и за 20 отсто повеќе корисници на стипендиите за извонредност на почетокот на оваа академска 2023/2024, соопшти францускиот амбасадор во Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, на отворањето на 16. Саем на студии во Франција, што денеска се одржува во НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје. Покрај овие стипендии, рече тој, има и други поволности благодарение на потпишаниот Договор меѓу Францускиот институт-Скопје и Универзитетот во Каен. Наведе и два, како што рече, „опипливи резултати во универзитетската соработка“ меѓу двете земји – вклученоста на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ од Битола и Универзитетот од Ле Ман во рамки на Алијанса на европски универзитети. -Во тек е уште еден таков проект и се надевам дека ќе успее бидејќи оваа е последната година да се одговори на повикот за проекти... Постои и друг проект што го спроведува ИНАЛКО, за основање докторска школа на Западен Балкан во рамки на Франкофонската универзитетска агенција, рече Бомгартнер. Саемот во НУБ, што го организираат Францускиот институт во Скопје и Француската агенција за високо образование „Кампус Франс“, е можност македонските средношколци, студенти, универзитетски професори да се запознаат со можностите за високо образование во Франција или за остварување универзитетска соработка, да се информираат за понудата на студиските програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција. „Кампус Франс“ е достапен за високообразовните установи и за студентите во текот на целата година во просториите на Францускиот институт-Скопје. Амбасадорот ги повика да го посетат и порача универзитетите да ги користат и придобивките од европската образовна програма „Еразмус плус“. - Последната сума што беше доделена во износ од осум милиони евра за 2023 година само за Северна Македонија, зборува дека средствата се зголемени за дури 20 проценти споредено со 2022 година. Среќен сум што француските високообразовни институции денес се двојно повеќе присутни овде споредено со минатата година. Ви посакувам на сите, плодни размени, а особено на вас, драги студенти, не двоумете се да соберете што е можно повеќе информации за да ги реализирате вашите проекти за мобилност во Франција и да ја подготвите вашата иднина, истакна францускиот амбасадор. Министерот за образование и наука Јетон Шаќири на отворањето на Саемот оцени дека Северна Македонија и Франција имаат традиционално добра соработка што се потврдува и во сферата на образованието. -Сите оние на кои им е предизвик да студираат во една од најразвиените европски земји, на овој саем може да се информираат за студиските програми на француските државни универзитети, бизнис-школите, специјализираната школа за инженери, како и за Универзитетот за политички науки чии претставници ќе им ги појаснат процедурите за упис, можностите за стипендии и се друго поврзано со студентскиот живот, рече Шаќири. Истакна дека неколку француски универзитети се високорангирани на Шангајската листа  и тоа говори, рече, за високиот образовен квалитет. Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилности, Марко Ѓоргиевски, на отворањето на Саемот соопшти дека во периодот  2017-2022 универзитетите од Северна Македонија реализирале 32 студентски мобилности во Франција, најчесто во областа на општествените науки. -Ова значи дека може да се искористат можностите за образование и истражување во една од најпрестижните земји во светот. Овие мобилности во Франција на студентите им овозможија унапредување на нивното знаење и развој на нови вештини. Можеме да се пофалиме дека за овие проекти беа доделени повеќе од 60 илјади евра за поддршка на студентите во реализација на нивните академски и истражувачки амбиции, рече Ѓоргиевски. Покрај студенти, и 12 професори од нашите универзитети, успешно реализирале наставни ангажмани во Франција и придонесуваат, рече за збогатување на нашите студиски програми и за квалитетот на образованието. Ѓоргиевски  посочи и дека македонските универзитети успешно соработуваат со универзитети од Франција, нагласувајќи дека Битолскиот универзитет првпат влегол во Алијансата на европски универзитети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zgolemen-brojot-na-makedonski-kandidati-za-studii-na-univerzitetite-vo-frantsija/feed/ 0
Франција го заврши повлекувањето на војниците од северната база во Нигер https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-go-zavrshi-povlekuvaneto-na-vojnitsite-od-severnata-baza-vo-niger/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-go-zavrshi-povlekuvaneto-na-vojnitsite-od-severnata-baza-vo-niger/#respond Mon, 23 Oct 2023 15:24:41 +0000 https://kurir.mk/?p=892254

Франција денеска го заврши повлекувањето на војниците од северната база во Нигер како дел од планираното заминување од западноафриканската земја каде воената хунта изврши државен удар во јули. Речиси 200 војници, 28 камиони и дваесетина оклопни возила ја напуштија воената база Уалам, изјави портпаролот на хунтата. Повлекувањето на Франција се очекува да заврши до крајот на годината. Околу 1.500 француски војници оперираат во Нигер, кои ја обучуваат армијата и спроведуваат заеднички операции. Соопштението дојде неколку недели откако францускиот претседател Емануел Макрон објави дека Франција ќе го прекине военото присуство во Нигер и ќе го повлече својот амбасадор од земјата како резултат на пучот со кој беше соборен демократски избраниот претседател Мохамед Базум. Базум речиси три месеци е во домашен притвор со сопругата и синот, а хунтата му ги исклучила струјата и водата. Адвокатот на Базум денеска изјави дека викендов еднаш успеал да разговара со затворениот претседател, кој му рекол дека е добро, но дека веќе нема редовен контакт со него. - Тој е дома, неговиот лекар можеше да го посети и тој е здрав. Но, ние веќе немаме директен контакт со него бидејќи нивните телефони се одземени", изјави Рид Броди, американски адвокат во тимот на Базум. Во месецот откако хунтата ја презеде власта, насилството поврзано со екстремистите се зголеми за повеќе од 40 отсто, според Проектот за податоци за локации и настани за вооружени конфликти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-go-zavrshi-povlekuvaneto-na-vojnitsite-od-severnata-baza-vo-niger/feed/ 0
Во Франција повторно евакуирани неколку аеродроми поради закани за бомби https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-povtorno-evakuirani-nekolku-aerodromi-poradi-zakani-za-bombi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-povtorno-evakuirani-nekolku-aerodromi-poradi-zakani-za-bombi/#respond Thu, 19 Oct 2023 12:52:45 +0000 https://kurir.mk/?p=890822

Неколку француски аеродроми денеска повторно се евакуирани по нови закани за бомби. Станува збор за аеродромите во Бордо, Нант, Лил и Монпеље, а дојава стигнала и на аеродромот во Бове. Летовите се пренасочени и се очекуваат значителни доцнења во текот на целиот ден, а на лице место се полициски и контрадиверзантски екипи. „Во Франција 17 аеродроми добија дојави за бомба, што доведе до евакуација на 15 аеродроми, откажување на 130 летови и многу доцнења“, изјави францускиот министер за транспорт Клеман Бон. Тој предупреди дека лажните пријави не се шега, туку дека се работи за криминални дејствија. Француската влада се закани со затвор и високи парични казни за оние кои испраќаат закани за бомби, а властите се сомневаат дека можеби за тоа се одговорни млади луѓе и деца. Според француските закони, ваквите повици се казнуваат со затвор до три години и парична казна од 45.000 евра. Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво од петокот вечерта, откако наставник беше убиен во училиште во францускиот град Арас, а главен осомничен е Мохамед М, кој претходно и ветил верност на Исламска држава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-frantsija-povtorno-evakuirani-nekolku-aerodromi-poradi-zakani-za-bombi/feed/ 0
Минута молк на фудбалските натпревари во Франција https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/minuta-molk-na-fudbalskite-natprevari-vo-frantsija/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/minuta-molk-na-fudbalskite-natprevari-vo-frantsija/#respond Wed, 18 Oct 2023 19:06:42 +0000 https://kurir.mk/?p=890487

Со минута молчење пред почетокот на натпреварите во првата и втората фудбалска лига претстојниот викенд во Франција ќе им биде одадена почит на жртвите во неодамнешни напади во Европа и во судирот меѓу Израел и Хамас, објави денеска француската Професионална фудбалска лига (ЛФП). „Натпреварите од 9. коло во Лига 1 и 12. коло во Лига 2 ќе почнат со минута молк во сеќавање на професорот Доминик Бернар кој до смрт беше избоден со нож во петокот, 13 октомври, пред гимназијата во Арас, потоа двајцата шведски навивачи, кои беа убиени во Брисел каде дојдоа да го гледаат квалификацискиот натпревар за ЕУРО2024 меѓу Белгија и Шведска, како и во знак на сеќавање на големиот број жртви во драматичните настани, кои неодамна се случија во Израел и во палестинските територии“, соопшти ЛФП. Со минута молчење им беше одадена почит на жртвите во нападот во Брисел и на вчерашните квалификациски натпревари за ЕУРО2024.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/minuta-molk-na-fudbalskite-natprevari-vo-frantsija/feed/ 0
Поради дојави за поставена бомба: Во Франција евакуирани 11 аеродроми https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-dojavi-za-postavena-bomba-vo-frantsija-evakuirani-11-aerodromi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-dojavi-za-postavena-bomba-vo-frantsija-evakuirani-11-aerodromi/#respond Wed, 18 Oct 2023 14:00:04 +0000 https://kurir.mk/?p=890382

Единаесет аеродроми во Франција беа евакуирани денеска поради дојави за поставена бомба, потврди француската цивилна авијација. На некои аеродроми е во тек евакуација на луѓе, а на некои аеродроми веќе се евакуирани патниците и персоналот. Други, пак, продолжија да работат по извршените проверки, соопштија повеќе извори. Министерството за внатрешни работи соопшти за францускиот весник „Ле Парисиен“ дека „неколку аеродроми добиле закани за напад“ преку е-пошта, додавајќи дека „се применува принципот на претпазливост“ и дека аеродромите се евакуирани заради безбедносни проверки. Дојавите за поставени бомби во Франција следат откако млад радикализиран исламист во петокот уби професор на северот на земјата. Поради зголемената опасност од нов напад, безбедносната тревога во земјава е подигната на највисоко ниво. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poradi-dojavi-za-postavena-bomba-vo-frantsija-evakuirani-11-aerodromi/feed/ 0
Шест француски аеродроми евакуирани по „закани за напад“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-frantsuski-aerodromi-evakuirani-po-zakani-za-napad/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-frantsuski-aerodromi-evakuirani-po-zakani-za-napad/#respond Wed, 18 Oct 2023 11:15:13 +0000 https://kurir.mk/?p=890298

Шест аеродроми низ Франција се евакуирани денеска откако по имејл беа испратени „закани за напад“, изјави полициски извор за локални медиуми. Евакуацијата на аеродромите во Лил, Лион, Нант, Ница, Тулуз и Бове во близина на Париз ќе им овозможи на властите „да ги расчистат сите сомнежи“ дека заканите би можеле да се реални, рече изворот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/shest-frantsuski-aerodromi-evakuirani-po-zakani-za-napad/feed/ 0
ХОРОР: Наставник во Франција избоден до смрт, протекоа вознемирувачки снимки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-nastavnik-vo-frantsija-izboden-do-smrt-protekoa-voznemiruvachki-snimki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-nastavnik-vo-frantsija-izboden-do-smrt-protekoa-voznemiruvachki-snimki/#respond Fri, 13 Oct 2023 12:03:40 +0000 https://kurir.mk/?p=888515

На социјалните мрежи кружат видеа кои го покажуваат напаѓач кој денеска со нож избоде наставник и повреди неколку други лица во средно училиште во градот Арас во северна Франција. На снимката, која е направена во училишниот двор, се гледа како помлад маж мавта со нож во рацете додека се расправа со постар човек. Во прашање е наставник кој напаѓачот подоцна го убил. Како што сведочат самите ученици за локалните медиуми, наставник се обиде да го спречи напаѓачот да влезе во училиштето. Францускиот весник „Фигаро“ наведува дека напаѓачот упаднал во училиштето вооружен со нож извикувајќи Алаху Акбар, а потоа го избодел наставниот. „Наставникот се обиде да го смири и да не заштити. Ни рече да излеземе, но не разбравме. Истрчавме, а некои се вратија горе“, рекол еден од учениците, додека други тврдат дека напаѓачот имал два ножа. На друго видео се гледа како напаѓачот се расправа и трча низ дворот со неколку лица за кои се верува дека се вработени во училиштето. Еден од нив во еден момент зема столче во обид да се одбрани од напаѓачот, но тој го соборува на земја и го клоца. Полицијата веднаш го уапсила напаѓачот, како и неговиот брат. Според „Фигаро“ и двајцата се по потекло од Чеченија. (МИА) ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-nastavnik-vo-frantsija-izboden-do-smrt-protekoa-voznemiruvachki-snimki/feed/ 0
Франција утре ќе ги врати „најранливите“ државјани од Израел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-utre-ke-gi-vrati-najranlivite-drzhavjani-od-izrael/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-utre-ke-gi-vrati-najranlivite-drzhavjani-od-izrael/#respond Wed, 11 Oct 2023 14:18:37 +0000 https://kurir.mk/?p=887765

Ер Франс утре ќе оперира со лет за враќање од Тел Авив до Париз за француски државјани во Израел, идентификувани како „најранливи“, соопшти француската влада. - Малолетниците без придружба, особено бремените жени, лицата со попреченост или во медицински ситуации кои претставуваат одредена итна ситуација се сметаат за приоритети, се вели во соопштението. Специјалниот лет е организиран на барање на француската министерка за надворешни работи Катрин Колона. Амбасадата на Франција во Израел преку својата веб-страница ги повика француските државјани да се пријават и да се регистрираат за летот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/frantsija-utre-ke-gi-vrati-najranlivite-drzhavjani-od-izrael/feed/ 0
Алиев: Франција ќе биде виновна доколку избувне нова војна со Ерменија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aliev-frantsija-ke-bide-vinovna-dokolku-izbuvne-nova-vojna-so-ermenija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aliev-frantsija-ke-bide-vinovna-dokolku-izbuvne-nova-vojna-so-ermenija/#respond Mon, 09 Oct 2023 07:02:26 +0000 https://kurir.mk/?p=886712

 Азербејџанскиот претседател Илхам Алиев ја прекори Европската унија и предупреди дека одлуката на Франција да испрати оружје во Ерменија може да предизвика нов конфликт во регионот на Јужен Кавказ, по молскавично брзата азербејџанска воена операција од  минатиот месец. Минатата недела Алиев не учествуваше на средбата со ерменскиот премиер Никол Пашинјан, организирана од Европската унија, на која Брисел соопшти дека ќе застане на страната на Ерменија, пренесува Хина. Претседателот Алиев кажа дека „поради добро познатиот став на Франција, Азербејџан не учествувал на состанокот во Гранада“ каде се одржа состанокот на европската политичка заедница, соопшти кабинетот на азербејџанскиот претседател. „Претседателот на државата истакна дека француското испраќање оружје за Ерменија не е пристап што би му послужил на мирот, туку е насочен кон пумпање нов конфликт, а доколку избие нов конфликт во регионот, Франција ќе биде одговорна за неговото предизвикување“, соопштија од кабинетот на Алиев. Франција се согласи за идните договори со Ерменија за набавка на воена опрема за нејзината одбрана, кажа шефицата на француската дипломатија, Кетрин Колона, на 3 октомври за време на посетата на Ереван, одбивајќи да појасни каква воена помош се планира за Ерменија според идните договори за снабдување. Францускиот претседател Емануел Макрон го прекори Азербејџан, велејќи дека Баку се чини дека има проблем со меѓународното право. Алиев минатиот месец за само 24 часа ја врати контролата врз отцепениот регион Нагорно-Карабах, со воена операција што предизвика егзодус на повеќето од 120.000 етнички Ерменци во Ерменија. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/aliev-frantsija-ke-bide-vinovna-dokolku-izbuvne-nova-vojna-so-ermenija/feed/ 0
Џоел Ембид доби ултиматум – Франција и САД https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dhoel-embid-dobi-ultimatum-frantsija-i-sad/ https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dhoel-embid-dobi-ultimatum-frantsija-i-sad/#respond Tue, 26 Sep 2023 04:11:01 +0000 https://kurir.mk/?p=881719

Француската кошаркарска репрезентација се подготвува за настап на Олимписките игри на кои сака да стигне до голем успех. Репрезентацијата на Франција сака да добие помош од Џоел Ембид на натпреварувањето, но искусниот центар засега молчи и не кажува дали ќе го облече нивниот дрес. Ембид има француски и американски пасош,  но наскоро ќе мора да донесе конечна одлука затоа што Франција му постави ултиматум. „Треба да добиеме одговор од Ембид до 10 октомври. Сакаме Ембид да игра за нас, но мора да го знаеме и неговиот став“, велат од Франција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/kosarka/dhoel-embid-dobi-ultimatum-frantsija-i-sad/feed/ 0