франциск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 10:18:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png франциск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Папата Франциск одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-odbelezhuva-10-godini-na-chelo-na-rimokatolichkata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-odbelezhuva-10-godini-na-chelo-na-rimokatolichkata-tsrkva/#respond Mon, 13 Mar 2023 10:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=811250

Папата Франциск денеска одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква со миса со кардинали во капелата Санта Марта во Ватикан. Роден во Аргентина, Франциск, кој има 86 години, стана првиот латиноамерикански понтиф на 13 март 2013 година, наследувајќи го Бенедикт Шеснаесетти, првиот папа во шест века што се повлече од светата столица. - Се чини како да беше вчера. Времето лета, рече Светиот Отец во подкаст објавен денеска на веб-страницата „Ватикан њуз“. Поранешниот кардинал Хорхе Марио Берголио се обидува да остане скромен и покрај свечената улога што ја извршува и никогаш не се населил во папските станови во Апостолската палата што ги користеле неговите претходници. Тој изјави дека претпочита да живее меѓу луѓето заради своето „ментално здравје“. Папата ги покани сите кардинали кои се во Рим да присуствуваат на денешната миса. Постојаното заболување на коленото го принуди Франциск повремено да се движи со бастун и инвалидска количка, но се чини дека е во добра здравствена состојба, коментираат светските агенции. - Со црквата не владее коленото, туку главата, му рекол тој на својот помошник откако минатиот мај првпат почнал повремено да користи инвалидска количка во јавност. Франциск јасно стави до знаење дека би бил подготвен да се повлече доколку сериозни здравствени проблеми го спречат да управува со 1,38 милијарди членови на Римокатоличката црква. Но, тој исто така рече дека мисли оти папите треба да се обидуваат да владеат доживотно и дека таканаречениот почесен папа, како што е покојниот Бенедикт Шеснаесетти, „не треба да стане мода“. Бенедикт поднесе оставка поради здравствени причини, живеејќи уште речиси 10 години. Со 10 години како понтиф, Франциск веќе е на тронот на Свети Петар подолго од просекот. Претходните 265 папи биле на чело на Римокатоличката црква во просек 7,5 години. Тој посети 60 земји и територии, патувајќи речиси 410.000 километри. Се верува дека најдолгиот понтификат е на апостол Свети Петар, првиот папа, за кој се верува дека траел околу 35 години. Најдолгото папство во последните векови било она на Пие IX – 32 години, помеѓу 1846 и 1878 година. Потоа е понтификатот на Јопван Павле втори – повеќе од 26 години меѓу 1978 и 2005 година. Се верува дека најкраткото папство е на Урбан VII, кое траело 13 дена во 1590 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-odbelezhuva-10-godini-na-chelo-na-rimokatolichkata-tsrkva/feed/ 0
Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta/#respond Sun, 18 Sep 2022 09:50:05 +0000 https://kurir.mk/?p=734360

Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, соопшти Ватикан. Од Рим соопштија дека Римокатоличката црква ќе испрати висок функционер кој работи како претставник на Ватикан за надворешни работи, објави „Индепендент“. „Пречесниот Пол Галагер, секретар за односи со странски држави и меѓународни организации, ќе биде претставник на папата Франциск на погребот на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“ – соопшти Ватикан. На почетокот на оваа недела, Франциск испрати телеграма со сочувство до новиот британски крал, Чарлс III. Кралицата и папата се сретнаа во Италија во 2014 година. Папата Франциск во четвртокот ја заврши тридневната посета на Казахстан, каде што учествуваше на 7. Конгрес на светските и верските лидери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta/feed/ 0
Папата Франциск го родното место на пророкот Аврам во Ирак https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-go-rodnoto-mesto-na-prorokot-avram-vo-irak/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-go-rodnoto-mesto-na-prorokot-avram-vo-irak/#respond Sat, 06 Mar 2021 13:29:25 +0000 https://kurir.mk/?p=478192

Папата Франциск денеска имаше историски состанок со врховниот шиитски верски лидер Али Систани, во ирачкиот свет град Наџаф, а подоцна го посети и Ур, родното место на пророкот Абрахам, каде го осуди насилството во името на Бога како „најголема богохулство“. Меѓуверските настани, оддалечени меѓу себе околу 200 километри, едниот во прашлив град, а вториот во пустинската рамнина, ја потенцираа главната цел на ризичното патување на папата во Ирак, а тоа е да каже дека оваа земја премногу претрпе и од неа да повика на мир. -Од ова место каде што се родила верата, од земјата на нашиот татко Аврам, да потврдиме дека Бог е милостив и дека најголемото богохулство е омразата кон нашите браќа и сестри, рече папата Франциск од Ур, родното место на пророкот. Папата Франциско во 4000 години стариот град седеше и разговараше со лидерите на муслиманските, христијанските и јазидските заедници, и тоа пред археолошките ископувања што се состојат од станбени комплекси, храмови и палати.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-go-rodnoto-mesto-na-prorokot-avram-vo-irak/feed/ 0
Папата Франциск на 7 мај ќе ја посети Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papata-francisk-na-7-maj-kje-ja-poseti-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papata-francisk-na-7-maj-kje-ja-poseti-makedonija/#respond Thu, 13 Dec 2018 11:18:32 +0000 https://kurir.mk/?p=139671

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, на 7 мај наредната година ќе ја посети Република Македонија, соопшти денеска владината прес-служба. – Неговата светост папата Франциск, прифаќајќи ја поканата на највисоките власти на државата и на Католичката црква, ќе оствари апостолско патување во Република Македонија, на 7 мај 2019 година, при што ќе го посети Скопје – родниот град на света Мајка Тереза, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата. Пред Македонија, папата Франциск од 5 до 7 мај ќе престојува во Бугарија каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/papata-francisk-na-7-maj-kje-ja-poseti-makedonija/feed/ 0