франциско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 06 Feb 2019 09:17:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png франциско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Папата Франциско: Добив писмо од Мадуро, сѐ уште не сум го прочитал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-dobiv-pismo-od-maduro-s-ushte-ne-sum-go-prochital/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-dobiv-pismo-od-maduro-s-ushte-ne-sum-go-prochital/#respond Wed, 06 Feb 2019 09:17:59 +0000 https://kurir.mk/?p=160756

Евентуалното посредување на Ватикан во Венецуела бара одобрување од две страни, изјави синоќа поглаварот на Римокатоличката црква Франциско и додаде дека примил писмо од претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. -Почетните услови се такви што двете страни треба да бараат посредување, рече папата во авион при враќање од повеќедневната посета на Обединетите Арапски Емирати. Според него, треба да се почне од можностите за дијалог и приближување на двете страни. Папата рече дека примил писмо од Мадуро, но сѐ уште не го прочитал. -Ќе видам што може да направиме кога ќе го прочитам писмото, изјави папата Франциско. Мадуро вчера изјави за италијански медиуми дека испратил писмо до папата, со кое од него бара помош и посредување. – Му испратив писмо на папата Францсиско. Му реков дека во служба на Христос и во тој дух, го замолив за помош во процесот на олеснување и јакнење на дијалогот, рече Мадуро, додавајќи дека побарал од Франциско да вложи најголеми напори и да помогне на патот кон дијалогот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-dobiv-pismo-od-maduro-s-ushte-ne-sum-go-prochital/feed/ 0
Папата Франциско: Мојата посета на ОАЕ е ново поглавје во односите https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-mojata-poseta-na-oae-e-novo-poglavje-vo-odnosite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-mojata-poseta-na-oae-e-novo-poglavje-vo-odnosite/#respond Thu, 31 Jan 2019 15:26:04 +0000 https://kurir.mk/?p=158762

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, упати топли поздрави до раководството и до народот на Обединетите Арапски Емирати пред својата посета на таа држава во февруари. Во видео-пораката, која ја објави Ватикан, папата рече дека ОАЕ е земја, која ги почитува различностите и во која голем број луѓе наоѓаат сигурно и спокојно место за слободен живот и работа. Порача дека се радува на средбата со луѓето, кои го живеат својот момент во сегашноста, а се радуваат на иднината. Цитирајќи го починатиот шеикот Зајед бин Султан Ал Нахјан, основач на ОАЕ, папата рече: „Вистинското богатство не лежи само во материјални работи. Вистинското богатство на една нација го сочинуваат поединци кои имаат слух за иднината, која е пред нив “. Папата се заблагодари на шеикот Мухамеду бин Зејад Ал Нахјану, крунисан принц на Абу Даби и заменик на врховниот командант на вооружените сили на повикот да учествува во дијалогот на религиите наречен „Братство меѓу луѓето”. – Верата ни поврзува дури и кога сме соочени со разлики. Тоа нè држи подалеку од непријателство и рамнодушноста. Среќен сум што Бог ми ја даде оваа можност, која ќе создаде ново поглавје во историјата на меѓуверските односи, наведе папата. Тој пораката ја заврши со зборовите: Се радувам на средбата со семејството Зајед во нивниот дом, дом на просперитет и мир, дом на соживот и соработка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-mojata-poseta-na-oae-e-novo-poglavje-vo-odnosite/feed/ 0
Папата Франциско: Не треба да се игнорираат они кои „животот ги расфрла на сите страни“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-ne-treba-da-se-ignoriraat-oni-koi-zivotot-gi-rasfrla-na-site-strani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-ne-treba-da-se-ignoriraat-oni-koi-zivotot-gi-rasfrla-na-site-strani/#respond Sun, 18 Nov 2018 13:12:27 +0000 https://kurir.mk/?p=129208

Папата Франциско денеска ја критикуваше растечката нееднаквост во богатството и третманот кон мигрантите, порачувајќи дека светот не би требало да ги игнорира оние „кои животот ги расфрла на сите страни“. – Неправдата е изопачениот корен на сиромаштијата, истакна Папата по повод Светскиот ден на сиромаштијата. Папата посочи дека „плачот на сиромаштијата секојдневно станува се посилен, но се послабо се слуша, загушен од вревата на малкубројните богаташи, кои се се помалку, а се побогати“. Тој повторно ја истакна неговата поддршка за мигрантите, заклучувајќи дека луѓето мора да обрнат внимание на „сите оние кои се принудени да бегаат од нивните огништа и од родната земја поради неизвесната иднина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-ne-treba-da-se-ignoriraat-oni-koi-zivotot-gi-rasfrla-na-site-strani/feed/ 0