француска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Dec 2022 18:35:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png француска влада – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Француската влада повика на вакцинација против коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-povika-na-vakcinacija-protiv-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-povika-na-vakcinacija-protiv-koronavirusot/#respond Fri, 09 Dec 2022 18:35:22 +0000 https://kurir.mk/?p=773373

Француската влада денеска побара од граѓаните да примат дополнителни дози од вакцината против коронавирусот пред новогодишните празници и препорача носење маски во јавниот превоз. Бидејќи епидемијата на коронавирус повторно владее во Франција, но и во соседните земји, надлежните сметаат дека е потребна дополнителна доза, бидејќи е евидентирана и епидемија на грип и на бронхитис. Француското Министерство за здравство соопшти дека од почетокот на октомври 2,8 милиони луѓе примиле вакцина против коронавирусот, што е помалку отколку во соседните земји. Што се однесува до грипот, во аптеките се продадени 9,9 милиони вакцини, што е намалување за пет отсто во однос на 2021 година. Министерството потсети на превентивни мерки, како што се често миење раце, проветрување на просториите и носење маска во затворени простории, особено во јавниот превоз. Носењето маска се препорачува, но не е задолжително.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-povika-na-vakcinacija-protiv-koronavirusot/feed/ 0
Француската влада го претстави буџетот за 2023 година за „заштита“ на домаќинствата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-go-pretstavi-budzetot-za-2023-godina-za-zashtita-na-domakjinstvata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-go-pretstavi-budzetot-za-2023-godina-za-zashtita-na-domakjinstvata/#respond Mon, 26 Sep 2022 14:41:06 +0000 https://kurir.mk/?p=737594

Француските министри за економија и за финансии Бруно Ле Мер и Габриел Атал денеска го претставија буџетот за 2023 година, кој треба да ги штити домаќинствата од наглиот пораст на инфлацијата, но исто така го зема предвид, како што велат, императивот за стабилизирање на јавните финансии, јави дописникот на МИА од Париз. Ле Мер и Атал информираа за деталите за Буџетот за „заштита“ и притоа настојуваа да покажат дека целосно го преземаат прашањето за инфлацијата, поврзано со зголемувањето на трошоците за енергија. Тие потврдија дека зголемувањето на сметките за електрична енергија и гас на почетокот на 2023 година ќе биде ограничено на 15 отсто (наместо 120 отсто доколку не се преземат мерки) и дека 12 милиони помалку богати домаќинства ќе добијат енергетски ваучери. Министрите, исто така, уште еднаш ја поздравија нивната одлука за индексирање на скалата на данокот на доход со инфлација, со што ќе се избегне зголемување од 6,4 милијарди евра дополнителни давачки за домаќинствата, како и укинувањето придонес за ДДВ за претпријатијата-за две години, одлука која многу ги разочара компаниите. „Ова треба да им овозможи на компаниите да се вратат во Франција“, рече шефот на Берси, отфрлајќи дека „сепак би било парадокс доколку земјата е најпривлечна за странските инвеститори, а не за француските компании“. Од друга страна, министрите посочија дека јавниот дефицит ќе биде задржан на 5 проценти од БДП следната година, на исто ниво како и во 2022 година. „Ниту долгот нема да се промени на 111,2 отсто од БДП по 111,5 отсто во 2022 година. Заштитата на Французите значи и заштита на нашите јавни финансии“, истакна Атал. „Раст, активност и целосна вработеност: оваа линија отсекогаш била наша, да падне под 3 отсто јавен дефицит во 2027 година. Излеговме од тоа без оглед на цената, не треба да се враќаме на тоа и одбивам луѓето да кажат дека паѓаме на лесен начин или дека не сме одговорни“, рече министерот за економија. Берси предвидува пад на обемот на расходите (без инфлацијата) од 2,6 отсто во периодот 2022-2023 година и планира да ја намали тежината на јавната потрошувачка од 57,6отсто од БДП на 53,8 отсто во текот на петгодишниот мандат, „напор без преседан од пред 20 години“. „Оваа цврстина и оваа доследност во секој случај се суштински кога имаме 10-годишни стапки на задолжување од 2,5 отсто“, додаде министерот за економија. Бруно Ле Мер рече дека реформите на кои се обврза извршната власт ќе бидат добро спроведени: онаа за осигурување од невработеност, но и за пензиите. „Целосно е можно да се спроведат фер и ефективни реформи во разумна временска рамка. И дотолку повеќе што претседателот на Републиката доби мандат од францускиот народ да ја спроведе оваа реформа“, рече Ле Мер. Тој не исклучува структурни реформи ниту за намалување на расходите. Во меѓувреме, 10.000 дополнителни државни службеници ќе бидат регрутирани следната година за да се исполнат приоритетите поставени од Емануел Макрон, во образованието, безбедноста и правдата. „Овој буџет ја држи цврсто економската линија која отсекогаш била наша, валоризација на работата, конкурентност на компаниите, заштита на Французите, енергетска транзиција“, истакна Бруно Ле Мер. Се очекува презентираниот текст да има тешкотии да помине во Парламентот, во контекст на релативното мнозинство во Националното собрание, како и тоа што извршната власт во исто време го презентира својот нацрт-закон за финансирање на социјалното осигурување во кој може да се воведе амандман за контроверзната пензиска реформа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-go-pretstavi-budzetot-za-2023-godina-za-zashtita-na-domakjinstvata/feed/ 0
Верен нов портпарол на француската влада, пошироката реконструкција во текот на денот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veren-nov-portparol-na-francuskata-vlada-poshirokata-rekonstrukcija-vo-tekot-na-denot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veren-nov-portparol-na-francuskata-vlada-poshirokata-rekonstrukcija-vo-tekot-na-denot/#respond Mon, 04 Jul 2022 08:32:50 +0000 https://kurir.mk/?p=699493

Францускиот претседател Емануел Макрон ќе го назначи својот поранешен министер за здравство Оливие Веран за нов портпарол на неговата влада, објави денеска француската телевизија БФМ, пред пошироката реконструкција на владата што се очекува во текот на денот. Веран е познат како технократ кој како клучен министер за време на пандемијата на Ковид-19  ја водеше земјата низ голем дел од здравствената криза. За министер за здравство ќе биде назначен Франсоа Браун, доктор со искуство во итните служби, додека Кристоф Беш, актуелниот министер за односи со локалните власти, ќе го добие ресорот за животна средина, објави телевизијата БФМ. Поранешниот министер за европски прашања Клеман Бон треба да стане нов министер за транспорт. Како што пренесуваат француските медиуми, реконструкцијата стана неопходна за Макрон откако некои министри беа поразени на изборите за Долниот дом на Парламентот минатиот месец, принудувајќи ги да се повлечат, во согласност со француската политичка традиција. Актуелната владина портпаролка Оливија Грегоар победи во трката за парламентарно место во богат париски кварт, додека францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави за радиото Франс Интер дека ќе остане на својата сегашна позиција. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/veren-nov-portparol-na-francuskata-vlada-poshirokata-rekonstrukcija-vo-tekot-na-denot/feed/ 0
Француска Влада: Распуштањето на Националното собрание засега не е тема https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuska-vlada-raspushtanjeto-na-nacionalnoto-sobranie-zasega-ne-e-tema/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuska-vlada-raspushtanjeto-na-nacionalnoto-sobranie-zasega-ne-e-tema/#respond Mon, 20 Jun 2022 08:35:14 +0000 https://kurir.mk/?p=693017

Распуштањето на Националното собрание, Долниот дом на францускиот Парламент, засега не е тема, изјави портпаролката на француската влада Оливија Грегоар за радиото Франс Интер, откако претседателот Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство во парламентот. – Елизабет Борн е реизбрана (за пратеник), тоа не беше доведено во прашање. Ќе видиме во наредните часови. Ова не е тема во моментов, одговори Грегоар на прашањето дали Елизабет Борн може да остане премиер. Елизабет Борн вчера најави дека нејзината влада в понеделник ќе почне со работа за да дојде до потенцијалните партнери и да го собере мнозинството зад себе, обезбедувајќи стабилност во втората по големина економија во еврозоната. Макрон денеска се соочува со обид да го спаси владејачкото мнозинство, како и неговата програма за економски реформи, откако гласачите ја казнија неговата центристичка коалиција „Заедно“ на француските парламентарни избори. Конечните резултати покажуваат дека центристичката коалиција на Макрон освоила само 245 места, а за апсолутно мнозинство потребни се 289 места. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuska-vlada-raspushtanjeto-na-nacionalnoto-sobranie-zasega-ne-e-tema/feed/ 0
Француската влада до крајот на август бара со две дози да бидат вакцинирани 35 милиони луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-do-krajot-na-avgust-bara-so-dve-dozi-da-bidat-vakcinirani-35-milioni-lugje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-do-krajot-na-avgust-bara-so-dve-dozi-da-bidat-vakcinirani-35-milioni-lugje/#respond Thu, 24 Jun 2021 13:37:08 +0000 https://kurir.mk/?p=527526

Францускиот премиер Жан Кастекс ги повика Французите да се вакцинираат против коронавирусот, истакнувајќи дека се помалку луѓе се пријавуваат за вакцинација во летниот период. – Ние вакцинираме 200.000 луѓе на ден со првата доза, рече Кастекс за време на посетата на југозападна Франција, каде што 70 проценти од сите нови случаи се заразени со новата варијанта на вирусот – Делта. – Тоа не е доволно, се справувавме многу подобро и треба да направиме уште подобро, рече тој. Владата бара 35 милиони луѓе да бидат целосно вакцинирани со две дози до крајот на август, односно повеќе од половина од француското население, во споредба со сегашните 28 проценти. Кастекс, исто така, рече дека регионалните власти можеби ќе треба да ја одложат следната фаза на релаксирани ограничувања за социјална дистанца, што треба да започне на 1 јули, вклучително и укинување на ограничувањата за капацитетот во повеќето затворени простории и за концерти на отворено или спортски настани.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-do-krajot-na-avgust-bara-so-dve-dozi-da-bidat-vakcinirani-35-milioni-lugje/feed/ 0
Комплетирана француската Влада со единаесет државни секретари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompletirana-francuskata-vlada-so-edinaeset-drzavni-sekretari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompletirana-francuskata-vlada-so-edinaeset-drzavni-sekretari/#respond Mon, 27 Jul 2020 09:42:55 +0000 https://kurir.mk/?p=381938

Со последните назначувања на единаесет државни секретари, владата на Жан Кастекс ќе брои 43 членови, со што стана една од најбројните во поновата француска историја, јави дописникот на МИА. Со назначувањето на новите членови на владата не се случија некои поголеми промени во политиката, туку само мало урамнотежување меѓу континуитетот и потребата од обновување на екипата. Така од 43 членови на владата, 22 се жени. Новата влада со новите државни секретари е свртена кон територијата, семејството, социјалата, хендикепираните лица, приоритетното образование, дигитализацијата на општеството. Министерството за Европа и надворешни работи го доби својот државен секретар за европски прашања, тоа е 38-годишниот Клемон Бон, кој беше досегашен советник на Емануел Макрон кога беше министер и сега во Елисејската палата. Тој е почитуван од европските престолнини, неговото име се споменуваше и во претходните најави за реконструкција на владата, за европските избори или, пак, за француски комесар во Комисијата од Брисел. Макрон досега го држеше до себе како „скапоцен“ советник за европски прашања. Додека владата на Жан Кастекс е комплетирана, сега ќе треба да се реконструира кабинетот на претседателот Макрон, бидејќи тој се испразни со заминувањето на специјалниот советник Филип Гранжон, шефот на кабинетот Франсоа-Ксавие Лоч и советникот за печат Жозеф Зимет. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kompletirana-francuskata-vlada-so-edinaeset-drzavni-sekretari/feed/ 0
Француските власти ветуваат 7,6 милијарди евра за подобри плати на медицинскиот персонал https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francuskite-vlasti-vetuvaat-7-6-milijardi-evra-za-podobri-plati-na-medicinskiot-personal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francuskite-vlasti-vetuvaat-7-6-milijardi-evra-za-podobri-plati-na-medicinskiot-personal/#respond Mon, 13 Jul 2020 17:46:31 +0000 https://kurir.mk/?p=375352

Француската Влада и медицинските синдикати денеска потпишаа договор за зголемување на платите на болничкиот персонал, откако беа поздравени како херои за време на епидемијата на коронавирусот, јави ДПА. „Историскиот“ договор ќе вклучува дополнителни 7,6 милијарди евра (8,6 милијарди долари) годишно, изјави министерот за здравство Оливие Веран. – Околу 1,5 милиони работници би добиле нето зголемување од 183 евра месечно, а ќе бидат ревидирани и „скалите“ за некои групи, како медицински сестри и медицински помошници, рече Веран. Претседателот Емануел Макрон вети во март план за инвестирање во болници и подобро наградување на здравствените работници откако ќе заврши епидемијата.Групата што организираше протести ја отфрли зделката како неадекватна и повикаа за утре штрајк во Париз. (MИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/francuskite-vlasti-vetuvaat-7-6-milijardi-evra-za-podobri-plati-na-medicinskiot-personal/feed/ 0
Француската Влада ќе ја образложи втората фаза за ублажување на мерките https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/#respond Thu, 28 May 2020 10:02:55 +0000 https://kurir.mk/?p=350984

Францускиот премиер Едуар Филип попладнево ќе ја претстави втората фаза за ублажување на рестриктивните мерки, која ќе започне на 2 јуни, јави дописникот на МИА. Благодарејќи на здравствената ситуација која се подобрува, и вториот епидемиолошки бран, кој засега не се најавува, Владата на Франција ќе може да ја започне втората фаза за ублажување на мерките. Едуар Филип околу 17 часот ќе ги соопшти рамките на неговиот план, веднаш по одржувањето на Советот за одбрана во Елисејската палата. Една од очекуваните мерки е проширувањето на дозволата за слободно движење на граѓаните, која во моментов е ограничена на радиус од 100 километри од домот. Другата многу очекувана мерка е повторното отворање на кафулињата и рестораните во зелените зони, почнувајќи од 2 јуни. Исто така се очекува најава за помасовно враќање во основните училишта, откако на 11 мај се вратија во училишните клупи само 20 до 25 отсто од учениците. Се очекува и одлуката во сферата на културата, која е тешко погодена од кризата. Премиерот веројатно ќе даде попрецизни информации за отворањето на киносалите, театрите и салите за одржување културни манифестации. Во очекување на владините мерки, на повеќе места во Франција, како во Стразбур и во парискиот регион, беа забележани собири на повеќе стотици лица, кои организираа спортски турнири и покрај забраната за собирање на повеќе од десет лица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-kje-ja-obrazlozi-vtorata-faza-za-ublazuvanje-na-merkite/feed/ 0
Француската Влада ја отстрани контроверзната страница „Дезинфокс“ од нејзиниот веб портал https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-ja-otstrani-kontroverznata-stranica-dezinfoks-od-nejziniot-veb-portal/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-ja-otstrani-kontroverznata-stranica-dezinfoks-od-nejziniot-veb-portal/#respond Tue, 05 May 2020 17:48:32 +0000 https://kurir.mk/?p=342113

Францускиот министер за култура Франк Ристер соопшти дека од владиниот портал за информации за Ковид-19, на кој имаше избор на статии за вирусот ќе биде отстранет еден негов дел, јави дописникот на МИА. Соочена со едногласно незадоволство и негодување на медиумите, француската Влада направи отстапка. Одговарајќи на прашање во Националното собрание, министерот за култура Франк Ристер објави дека услугата „дезинфокс коронавирус“ ќе биде отстранета од владината страница. Таа беше воведена од владата со цел да им дозволи на посетителите на владината страница да пронајдат „избрани“ статии кои се борат против лажните вести за „Ковид-19“, што веднаш предизвика негодување во новинарската професијата. Развиена од владината служба за информации оваа платформа „очигледно немаше за цел да избира статии или информации. Сепак, можам да ја разберам загриженоста што ја предизвика оваа услуга во редакциите, увери Франк Ристер, осигурувајќи дека извршната власт поради тоа „донесе одлука да ја отстрани оваа страница“. Лансирана пред две седмици засегнатата страница понуди само избор на написи од „Ле Монд“, „АФП“, „Франс Инфо“, „Либерасион“ и „20 минути“. Односно само медиумите со посебен сервис за проверка на факти од пред најмалку две години. Другата критика покрај исклучувањето на одредени медиуми, овој простор целосно ги игнорираше многубројните истражувања објавени за управувањето со кризата од владата, особено во однос на маските и тестовите. Одговорот на медиумите беше брз. Здружението на новинарите (СДЈ) и здруженијата на уредници (СДР) и триесетитна уредници ја осудија оваа постапка на владата. -Разликувајќи го овој или оној напис на својата страница, владата остава впечаток, со мешање на штетни жанрови, дека врши етикетирање на производство на одредени медиуми. Според истата таа логика, другите не се достојни за дозвола за објавување, за што државата сепак нема никаков легитимитет да ја испорачува, во земја каде што слободата на печатот е фундаментална слобода “, може да се прочита во реакцијата на новинарските здруженија. Во таа насока Националниот синдикат на новинарите (СНЈ) во понеделникот најави дека ќе се обрати до Советот на државата (Највисокиот управен суд) поради „напад врз слободата на печатот“. Судот по повлекувањето на страницата сега нема потреба да се изјаснува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/francuskata-vlada-ja-otstrani-kontroverznata-stranica-dezinfoks-od-nejziniot-veb-portal/feed/ 0